Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Фала на советот!
    Не, никакви забрани, ниту некогаш се имаме скарено, никогаш некогаш не ми забранил, а ни јас.
    Сепак мислам дека така се понаша зашто на почетокот бев премногу ладна према него, не му дигав на повиците, неможев ни да излегувам од дома, ради школо,имав многу за учење, ама тоа беше само 1 ипол месец. Едноставно не знаев ни како да се понашам со него, тој ми е прв дечко кој што сум излегла до сега. Му се имам јавено порано ја прва, и тој е секогаш со другари или нешто друго прави..... Јас навистина не знам како да постапам. Ако му кажам сето ова тој ќе ми кажи, и ти никогаш не си се отворила, можеби си мисли дека не ме интересира, ама не е така...... Таква сум на карактер, едноставно ми треба време да се ослободам, ако тој прв се отвори барем маалку, тогаш нема гајле, ама вака....Сега си мислам да почнам да го избегнувам и на крај да му кажам све, и сето ова да заврши, или пак да почекам уште малку, сега е лето, сега ќе немам толку обврски...
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Може те чувствува како блиска пријателка а ти тоа погрешно го толкуваш. Не ти е дечко, си се гледате онака од забава. Посакал да ти се јави и да ти посвети внимание, веројатно зошто чувствувал потреба тебе да ти се искаже и знаел дека ќе го сослушаш.
    Како што кажаа над нема нема намери да биде со тебе.
    Иначе да не бидам дрска ама нема да ти падне круната ти да го побараш него, да му се јавиш и да го изненадиш со твојот повик.
     
  3. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Ахмм фала за советите :)
    Значи тој ме има научено дека сум слободна, кога и да ме викна, дека нема да го одбијам, па затоа не се замара,бидејќи не покажувам чувства сигурно си мисли дека и мене ми одговара.Ама не, баш кога почнав да го засакувам.....
    Сфаќам, се лади со мене, ме вика кога сака, ми се јавува онака чисто ради контакт, и онака повеќе од 5 минутки не ни збориме повеќе.... ама можеби му е здосадено секогаш тој прв....
    И што сега? Да му кажам, ја више нејќам да продолжиме, или пак да почекам некое време, хм?
     
  4. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    епа вака ми се свиѓа едно дете а со тој што се дружам се дружат и нешо се зезавме вчера за коли дека има и тој иста и овој иста а мене ме зезаат за со другаров а ја тука почнав да си зборам да се зезам за тој што ми се свиѓа. И вечерва му реков дека не се заебавам позз нешо ау бау и другаркава му вика да пушти некој муабет и овој рече ке пуштам бе а сеа мене ме фаќа страв пошо не го знам ја вака лично каков е со девојчиња да не изеде гомна нешто као не бе што ти е и после цело маало нешто да не ме дознае а ми се свиѓа ама карактер не му знам баш да не рече као не ми се свиѓа или нешто друго лошо да не рече пошо ја не сум како да кажам совршена девојка како некои девојчиња напалени и паника ме фаќа.. вие што мислите? :/
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    ДевојКО, проработи малку на основна култура и начин на изразување, а не дечковци да бркаш.
    Да сум на место на дечкото, и да знам дека користиш вакви недолични изрази, никогаш нема да те погледнам , а не пак да имам нешто повеќе со тебе |(
     
    На Saki15 и forumka им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да си купиш шампон од оние за без волумен што се и да се собереш малце.
     
    На Dentina, Elissa, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено ништо не разбрав од напишаново.Ај биди појасна па може ќе ти помогнеме.
     
  8. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    со дечко ми бевме заедно една година пред два месеца направив фатална грешка,во град со другарки играв со друг тип,и тоа експлицитно... дечко ми дозна се смиривме меѓутоа никако не ја врати довербата во мене,се каев се трудев на секој можен начин да ја одржам врската но не успеав. сака да направиме пауза според мене тоа е исто што и раскинување меѓутоа без друга опција се согласив. настојува на тоа дека во наредниот период ќе бидеме само другари меѓутоа тој ќе внимавал како јас се однесувам и според тоа ќе одлучел кога ќе продолжиме да бидеме заедно. незнам збунета сум има ли излез од оваа ситуација би можеле ли да се смириме или треба да се помирам со фактот дека ова е крај... ;(
     
  9. Rak-26

    Rak-26 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека многу зависи како вие двајца сте се поставиле во вашата врска. Ако дружба, нови познанства, играње со други машки ви е 'забрането' на двајцата, тогаш типот ја изгубил довербата во тебе... Ама еј, фала богу, секој човек прави грешки, нека се јави тој/таа што не погледнал/а друга/о женска/машко во текот на една врска :) Дај му до знаење дека го сакаш, дека секој заслужува втора шанса, ама никако не дозволувај да почне да те контролира заради ова. А, ако увидиш дека ти ја вади на нос оваа случка, за секоја мала караница, тогаш размисли дали ќе ставиш крај или не, на крају краева
    there are plenty more fish in the sea :)
     
  10. rustiko

    rustiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    125
    здраво девојки ми треба ваша помош
    имам 17 години и пред некое времезапочнав да си пишам на фб со едно дете на иста возрацт сме и тоа се започна на еден многу чуден начин значи јас почнав да му пишувам на мајтап од друг профил значи не од мојот.пишевме многу доолго можи по 2-3 часови и правевме муабет и тој сакаше да кажам која сум дека многу го инетересирало му било многу убаво дури пишиме итн.. јас не сакав да кажам но тој сватииако ние не се заеме тој свати која сум и ме праша дали сум таа.прво јас негирав потоа му признав и почнавме да пишиме од вистинскиот профил но само таа вецер.по една недела јас решил да му пишам онака да видамдали е налутен нешто и пишувавме некое време и толку.по 1-2 недели тој ми пиша и повторно пишувавме но не некои итни теми.после тоа јас му пишав и се понашаше некако чудно и доро но помина скоро еден месец и немаме пишано.мене стварно почна да ми се допаѓа иако на почеток се започна како на смеа и постојано го измејував.сега ве молам дајте ми совет што да правам ???
    што е најстрашно го немам видено долго време всушност од кога почнавме да пишуваме а пред тоа секој ден се гледавме и ми се смешкаше постојано ме гледаше но сега :(
     
  11. brianna

    brianna Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Според твоето објаснување сватив дека момчето чуствувало некои симпатии кон тебе но така речено со твоето исмејување си му го одтргнала вниманието од тебе па дури и симпатиите што ги имал кон тебе.. Но не губи надеж тоа што треба да се случи ќе се случи,почни да испаѓаш на места каде што оди тој забавувај се на негов начин,впери му погледи па изугрувај ЛАДНА ДЕВОЈКА ,игнорирај го,не гледај во него како ЧОКОЛАДЦЕ едноставно прави го љубоморен,провоцирај го,објавувај слики со други момчиња,објавувај забавни песни не му давај до значење дека ти недостасува неговото внимание но сепак без изоставување на малите,женски и таинствени сигнали. :)
     
  12. broken1

    broken1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Вака со дечково сум веке 8 месеци и секој пат кога че треба да се вијме тој морат да ме заебет да ми викат неможам сеа неможам да го остам другарот сам..Ми вика дека ме сакам многу му има кажено и домаму дека сме заедно сите знаат од негова страна ама стварно незнам многу се измени во почетокот секогаш кога че се скаревме ме молеше да се смириме ова она се че напраеше да се смириме а сега секој пат идеме до раскинвење и тоја само окај окај пишуват не се трудит :( :( Незнам што да прам мн пати имам попуштено за да се смириме,Глупо му било да се потрудвит зш секој пат истото сум го правела... ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  13. septemberinparis

    septemberinparis Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    56
    Епа, се случува луѓето да оладат, најдобро ќе биде смирено и сериозно да поразговарате, дали е ова само период или некој насобран гнев, ако се чести избувливоста и караниците, кажуваш дека од почетокот имало караници и молења, до некаде нормално е човек да престани да се труди. И ти малку почни ноншалантно да се однесуваш со него и знаеш "pick your battles", не вреди за секоја ситница караница.
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.042
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба совет од некој. Еве што е работата кај мене - со дечко ми сме од различни градови и веќе 9 месеци откако завршивме факултет се гледаме на 2 недели. Сега излезе можност за работа за мене во неговиот град, и јас навистина сум збунета и не знам што да одлучам. Инаку јас имам работа овде во мојот град ама јули и август немам обврски, значи слободна сум. Заедно сме скоро 5 години. Јас планирав да полагам за возачка летото, да одам во странство кај татко ми, и еден куп други планови. И сега ова наеднаш излезе. Тој не сака да ми врши притисок, ама сака да одам да живеам кај него. Тоа значи дека за почеток во станот ќе бидеме јас, тој, неговите родители и постара сестра која го спрема нејзиниот стан со дечко и, па кај и да е ќе се омажи.

    Сакам да сум со него, далечината тешко ни паѓа и на двајцата ама се плашам да не избрзам. Не е мала работа ова. Вакви животни одлуки не се донесуваат во 5 до 12. Од друга страна, знам дека се работи за голема шанса, која не знам дали ќе ја имам во скоро време пак - да најдам работа толку брзо кај него.

    Што мислите вие? Ќе згрешам ли ако одбијам? Едноставно не можам да се замислам од следната недела да живеам кај него. Да оставам се овде и да заминам таму, каде што немам никој освен него. Или така секогаш ќе се чувствувам кога ќе треба да се одлучам на тој чекор?
     
  15. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ова стварно е сериозна ситуација и сериозна одлука. Еве како јас искрено мислам дека би испаднало, ако отидеш тоа ќе ја однесе вашата врска на whole another level, ако не отидеш можеби тој ќе си помисли дека чим сега не прифаќаш може и во иднина нема да прифатиш нешто посериозно... ме сфаќаш?
    До негде знам како ти е, јас се одалечив од дечко ми кога почна да ми врти муабети за тоа како неговите планираат да живееме во иста куќа итн... Едноставно немаше теорија во моментот, а и после тоа не можев да замислам. Ние раскинавме затоа што нашето нигде не водеше очигледно...
    Ако си сигурна дека планираш иднина со човеков, и одлучиш дека нема да отидеш него ќе си тераш со свои планови, ќе мораш ептен убаво да му објасниш зошто.
    А од друга страна, можеш и наредното лето ако имаш одмор да одиш кај татко ти, да полагаш за возачка итн...
    Живеење во ист стан со цело негово семејство нема да е лесно биди спремна на тоа, сестра му може тек наредна година ќе се омажи, нема да биде како дома, кога сакаш што сакаш.. Плус тоа вие сте научени да се гледате еднаш на две недели и да, си фалите, ама тоа што сега ќе се гледате секој ден по цел ден скроз ќе ги смени работите, дали на подобро или полошо апсолутно не би знаела.
    Девојко, мислам дека никој не може да ти помогне. Седни и убаво размисли.. Јас познавајќи се себе во вакви ситуации секогаш се испичкувам (извини на израз) затоа што јас мора да имам во секое време своја слобода, а да отидам да живеам кај некој дома со неговите реално нема шанси да ја имам пак истата слобода, што не значи дека тебе тоа би требало исто да ти смета.
    Преспиј денеска и сабајле одлучи со мирна глава, замоли го во меѓувреме да не ти врши притисок.
     
    На cinderella93 и happygirl им се допаѓа ова.
  16. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Те имам читано и друг пат.
    Знам што значи врска на далечина.
    Ама кога не го сакаш дечко ти што го мачиш? Искрено го жалам детето... Штом не го сакаш секој по својот пат и тоа е тоа. Жалосно е 5 годишна врска да се преќине, ама кога нема љубов....
     
  17. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    happygirl еве да појдеме од фактот дека вие ќе живеете како едно големо, среќно семејство. Седнувате на ручек сите на иста маса, домашните веќе си го имаат муабетот, а ти ни снаа не си во таа куќа, зарем би се чувствувала пријатно? Јас, дефинитивно не. :|
    Не можеш да се потпреш на фактот дека сестра му ке се мажи, доколку венчавката не е закажана, можеби тоа ке биде дури наредната година.
    Велиш, за почеток? Имате ли некакви планови за подоцна? Таквите опции, за почеток, најчесто се одолжуваат и повеќе од планираното, па наместо месец, два, минуваат години.

    Јас никако не би се согласила да живеам со дечко ми, пред венчавка, од причина што не сакам да си ја скратам слободата која ја имам додека сум во врска. Реално, не е исто со некого на две недели да си заедно по неколку часа, а одеднаш 24/ 7. Дали си сигурна дека би можеле да функционирате?
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. septemberinparis

    septemberinparis Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    56
    Мене воопшто по мислењето не ми изгледа како да не го сака, немам читано мислења наназад, но мислам дека тука не станува збор за тоа дали го сака или не, туку се работи тешка и важна животна одлука, нормално е на 23 години човек да не е подготвен на таков чекор колку и да е заљубен, а посебно кога брзо треба да ја донесе одлуката, работата нема да биди достапна долго време, нели?

    happygirl, навистина имаш доста за размислување, ова би била тешка одлука за секој.
     
  19. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Види баш ТРЕБА да живееш со дечко ти пред венчавка, ама АКО ја планираш со него. Ти не можеш да знаеш точно каков е некој човек е додека не живееш со него. Додека сте дечко и девојка се гледате може секој ден ама не сте 24/7 заедно, не знаеш како би функционирале така. Како ќе делите финансии, колку е тој по хигиена, кој ќе спрема јадење итн итн, сега ти се чинат ситници ама тоа е во суштина заеднички живот, а само љубов и страст не го градат тој живот. Проблемот кај Хепи е тоа дали таа се гледа стварно за сериозно со него или не?? Па и да живеат со неговите некое време не е страшно ако знае дека кога тогаш ќе си се отселат, ама знае ли??
     
    На cinderella93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.042
    Пол:
    Женски
    Тоа што размилувам многу за ваква одлука не значи дека не го сакам. Зошто би била со него 5 години ако не го сакам, Бубе22?!

    Со него живеев и додека бевме на факултет, а и две лета бевме заедно во Германија. Сигурна сум и знам дека ќе се сложуваме. Се познаваме навистина добро, и нема воопшто да имам проблеми со него во однос на тоа кој ќе готви, којк ќе госредува станот, за финансии или било што друго. Поминавме одреден период кога делевме буквално се додека живеевме заедно. Ама не сум сигурна дека ќе можам да живеам и со целото негово семејство. Сестра му уште немаат закажано венчавка со дечко и, ама планираат до крајот на годината да си го средат станот и да се вселат.

    Кога му кажав што мислам, тој ме разбра дека јас не знам што сакам со него, и дека никогаш нема да бидам спремна да заминам во неговиот град - баш тоа што го рече и ИвановскаМ. :worried:

    Инаку, во текот на овие месеци додека сме вака разделени, повеќе пати се споменуваше темата брак и заедничко живеење. И двајцата го сакаме тоа и планираме, ама не верував дека се ќе се случи толку брзо и наеднаш. И двајцата имаме по 23 години и затоа не ни се брзаше да се венчаме и покрај тоа што не се гледаме секојдневно. Решивме дека за сега е подобро вака да функционираме, а верувајте премногу тешко ни беше и на двајцата на почетокот кога се разделивме. Претходните 4 години цело време бевме заедно, и после факултетот секој си се врати дома и најдовме работа и двајцата.

    А понудената работа е убава, со добра плата и се по ред. Да беше во мојот град веднаш ќе ја прифатев без размислување. И треба да одлучам во овие 2-3 дена :sweat:
     
    На cinderella93 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.