Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Јас не се потпирам на релативни работи, кога- тогаш и не е некој показател дека нешто ке се случи во блиска иднина.

    На бракот гледам како една сериозна одлука, а подеднакво сериозно гледам и на селењето од дома, кај дечко ми, кој живее со родители.
    Единствено би можела да се отселам и да живеам сама, доколку имам такви услови.

    Не гледам позитивно на тој тест- период, да живеам со дечко, па ако не ни оди, ПУ ПУ НЕ СЕ ВАЖИ, мамо, тато, ја се вратив. :x

    Демек порано, генерации наназад, девојките оделе кај дечковците, за да видат дали им оди заедничкиот живот. Е доколку го нема тоа пробно живеење, бракот е осуден на пропаст, или пак не?
     
  2. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Не немој да ја прифатиш таа работа. Никако. Седи си дома и продолжи си така. И со дечко ти продолжи така. Ама утре немој да плачеш како те оставил. Врмето лета, а ти ако чекаш вака со години, тој до кога ке те чека, до 50 години? Не велам да живееш со неговото семејство и јас сум против тоа, ама твоево однесување е доста незрело.
    Велиш добра работа, добра плата. Абре некои плачат за било каква работа и со најмизерна плата а ти вака уште не ти се допага. Само продолкжи верувај далеку ке стигнеш.
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    happygirl, јас на твое место не би прифатила работа и брзопотезно вселување кај фамилијата на дечко ти ( :!: не дечко ти, туку неговата фамилија - Има огромна разлика).
    1. Од каде знаеш дека нема да имаш никогаш повеќе прилика за понуда за работа кај него.
    2. Вработена си кај тебе. Не е дека немаш работа.
    3. Најбитното е тоа што ти веќе имаш планови да идеш кај татко ти ова лето, па кога ќе шеташ ако не на 23 години?
    Не ги брзајте работиве.
    Заедничкиот живот треба да се размисли и одлучи да се дојде до него, а не да биде наметнат од околностите.

    Бубе ти што ја напаѓаш девојкава цело време?
    Си има она работа, така да тоа што некои плачеле за работа не ти држи вода. И кај лета времето жити се, 23 години има, не 43.
    И ако си го прочитала мислењето ќе видише дека има паметен дечко што не ја тера на ништо, така да ни тоа со чекањето ти нема смисла.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Не ја напаѓам, напротив.
    Има 23 така? Сега и е рано. Ќе чека. Ќе чека. Ќе поминат две години, 5 години, 10, 15 и до кога ќе ја чека дечко и? Се гледа дека е недорасната и неиживеана. Нема намера да се мажи и нема да има се додека не наполни 40 и сфатила дека и поминало времето па тогаш нема она да бира, туку неа ќе ја бираат. Јасно е како ден.
     
  5. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи ај Бубе без глупиве застарени размислувања, не секој сака да се омажи на 20 години и да има дете. На крај краева врската е компромис, ако он не сака да ја чека или обратно, што бараат заедно.
    Хепи ај напиши си на еден лист зошто би отишла, на друг зошто не би. На крај краева, не значи дека ти ќе ја имаш таа работа вечно и дека вие мора одма да се земете ако одиш кај него дома. Ти во случајов одиш заради работа, не заради него.. реално гледано. Па здравје може за година дена сестра му ќе се отсели ама и вие ќе си имате супер сопствени придонеси и ќе можете да си плаќате кирија и да живеете сами, ако родителите не ви обезбедат ваше место пред тоа. Јас сум личност која во животот ја планираше секоја можна ситница однапред и неретко и се дешавало да не уживам во моментот заради тоа, тоа е и причина што скоро ништо и не планирам веќе. А и поучена сум дека не секогаш се оди според план колку и да се трудиш. Така да и најмалце да имаш желба да отидеш-оди и пробај, ако не бива нормално дека ќе си дојдеш дома, а и зошто не би? Да не те зборат у маало дека си се вратила кај мајка ти, затоа што нели порано одма иделе девојките кај мажите и трпеле се за да не ги зборат :D
     
    На cinderella93 и happygirl им се допаѓа ова.
  6. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Кога јас реков дека сега мора да се омажи и да живее со неговите? Само нека не прибира многу бидејки на крај неа ќе ја бираат.
     
  7. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ауф, ауф држ ме мајко се испосрав... Млада и паметна девојка, добро образована не само што може туку и треба да бира. Ало Бубе, 23 години има девојката у кој свет живееш? Кај тебе ако се мажат на 18 не е секаде така. Границите се поместуваат, факт е дека после одреден период не бираш него те бираат, ама за Хепи тој период не е ни малце блиску. И ај идеме надвор од темата со селски размислувања од кои ми се повраќа.
     
    На SuperGirl24, happygirl и septemberinparis им се допаѓа ова.
  8. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Селски размислувања?
    Да те прашам јас нешто. Кога дечко и ќе наполни 30 год ќе сака да се жени, да основа семејство, а она не зарем тој ќе чека до 50 за да се ожени? Зарем толку е глупав да остане сам на крајот?
     
  9. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А ти што си пророчица па цел живот им го предвиде? Ало, 23 имаат дечките тек сега уживаат во животот, не ни треба со мажачки да се занимаваат. И мене почнаа да ме притискаат и да ми вртат сериозни муабети и на тоа додадено ред други глупости јас прекинав уште подолга врска од нејзината и не се каам ни миг. Ама ако они се среќни сега во моментот и не плаираат одма да се земат која си ти да им кроиш планови и да им кажуваш како се недораснати и како нејзе ќе и пројде времето и ќе остане стара мома. Ај молим те.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Јас не им кројам планови не ми е ни гајле за нив што сакаат нека прават воопшто не ме интересира.
    Ама знам дека таа никогаш нема да сака да се омажи, го знам тој тип на луѓе. И се знае како ќе заврши нивната врска.
     
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А мора сите да се омажат?
     
  12. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Нормално дека не, кој сака нека се мажи кој не не мора, нивни живот нивна одлука. Ама што го мафта дечко и кога нема таква намера, а сигурно тој еден ден ке сака да се ожени и да си основа семејство.
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Па и таа еден ден ќе сака, само тој ден нема да е утре.
    И утре нема да полнат 30години, така да има фора уште 7 :angel:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Таа никогаш нема да се омаже. Секогаш ке има причина за да не се мажи. Денес годините, утре ова-она... Тој тип на луѓе се такви.
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Е добро де, и така да биде.. нејзина работа. Таа не побара од нас да и кажеме дали мислиме дека некогаш ќе се омажи туку побара мислење за наведениот проблем и мислам дека нема потреба што понатака ние да и дискутираме за нејзината иднина.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Нема потреба од толку навреди еден со друг.
    На крај сепак одлуката е на Хепи, а ја читам оддамна и знам дека ќе ја донесе правилната.


    Јас би се одлучила на селење во неговиот град , само ако сме во состојба да најмиме некоја скромна гарсоњерка, во која ќе си бидете двајцата.
    Ќе се осамостоите, па потоа времето ќе покаже на каде ќе одат работите.

    Со среќа мила, што и да одлучиш сепак е твое. :hug:
     
    На marama, happygirl и Daydream им се допаѓа ова.
  17. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Тоа е сосема друга работа, уште од старт да се тргнат на страна. Ако е тоа опција тогаш јас би гласала за, ем како што вика Хепи веќе живееле заедно, ем ќе бидат пак заедно. Ако имаат можност за ова тогаш тоа е дефинитивно најдобро решение. Ама дечкото па да не се навреди или неговите што снајка не сака дома да им дојде... Секакви луѓе има, тука веќе најдобро си знае она со кој си има работа.
     
    На cinderella93, happygirl, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Хепи и јас би идела на варијантата што ја кажа duffi.

    Дечко ти работи, ти ако се преселиш во неговиот град велиш дека работата е добро платена, така што претпоставувам дека ќе можете да си дозволите една гарсоњера барем за почеток. Плус, во другиве градови се доста поевтини становите за разлика од Скопје, не мора да е којзнае што, за вас двајца ќе ви биде супер и една соба само да имате. Така што размисли и за оваа опција.

    Јас би идела на тоа ако е изводливо, ако не е, не би се преселила во никој случај кај неговите. Прво, зашто вие двајца не сте официјализирани, се' уште сте дечко и девојка. Јас сум за да се живее со дечко пред брак, да, дури би рекла дека е и задолжително, ама да се живее САМО со дечкото, настрана од сите, а не дома кај него со неговите. Мислам дека ќе си направиш проблеми ако отидеш кај нив. И самата мислам дека си свесна дека едно гледање во две недели со неговите и живеење со нив не е исто. Имаме и тема за свекрвите и снаите и знаеме дека кога си во една куќа сите на еден куп мора да излезе некој проблем. Ти немаш проблем со дечко ти, велиш дека одлично функционирате заедно, ама имај на ум дека таму нема само дечко ти да биде, таму ќе бидат и неговите и сестра му. Ако ти со него одлично функционираш, од каде да знаеш со нив па како ќе функционираш?

    Крај краева имате по 23 години, полека, не се брзајте, ќе излезат уште еден куп шанси, верувај. Може па ќе излезе работа за дечко ти во твојот град. Оствари си ги плановите што си ги замислила, прошетај кај татко ти, положи си за кола... Селење не ти бега, кога-тогаш ќе биде и тоа. :)
     
    На AnaKarenina, Waka-waka, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bodom.child

    bodom.child Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    вака. со дечко ми се каравме затоа што тој имаше пишувано на едно девојче да гледаат филм заедно да излегуваат. јас решив да не се видуваме на некое време , тој не сакаше но ете така бидна.. сега тој го деактивираше фејзбукот и не ми се јавува еве веќе 3 дена.. јас мислам дека ова намерно го прави за да се чувствувам исто како и тој.. што да правам, да му се јавам или да оставам како што е?
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.182
    Пол:
    Женски
    Тој е крив и на крај тој се лути?! :^)
    Ништо, остави како што е. Тој кога ќе си ја признае грешката и ќе ти рече извини, тогаш правете муабет.
    Иначе, гледање филм не е некое големо чудо, ама сепак јас така не би дозволила. Дечко ми и некоја девојка сами да гледаат филм? Некако не ми лепе.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.