Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Наједноставно почни од фб. Пиши му ти прва прати му некој виц, некоја смешна слика и пиши му како демек кај си бе, што праиш, жив ли си. Доста е за почеток така па после види, кога ќе ти врати разврзи муабет, и на почеток нормално онака зезај се, немој сериозно да почниш. Па после ќе видиш како ќе се одвива дискусијата. Ако е уште сака да се дружи со тебе ќе ти пишува, ако не сака ќе го нема, и тогаш барем ќе си знаеш на што си и нема да се замараш.
     
  2. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Пробав пред 2-3 недели слично и се однесуваше малку ладнокрвно и затоа го пуштив пошо мислев дека има друга девојка но после тоа кога ме гушна така додека гледавме фудбав...сеуште имам надежд, сепак ти благодарам за советот, стварно ми значи ^_^ ќе му пишам пак, се надевам ќе излезе добро
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Феминки ве молам помогнете !

    Буквално делам мислење со девојката над мене. Од ова ти што го кажа значи заедно сте 3 месеци, тој се лути за нешто што се случило уште ко не сте се познавале, вика дека е гневен и нема да му помине додека не имате и вие односи? Јасно е дека сака да те искористи само. Па зарем до сега не сфати. Тој ако искрено те сака ќе те прифати таква каква што си. А тој сега знае дека еднаш си го направила тоа и ќе те убедува со изговори дека чим еднаш биднало нема шо да се плашиш втор пат. Затоа таков не ти треба, шутни го пред тој да те искористи и шутне тебе. Размисли малку каков ти е тој дечко што уште првите 3 месеци те прашува вакви работи? Ако навистина имаш толку години како на профилот шо ти пишува тогаш размисли малку јас на треба ова да ти го кажувам јас сум дете у споредба со тебе.
     
    На SimonaTino и cinderella93 им се допаѓа ова.
  4. aip

    aip Нов член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Феминки ве молам помогнете !

    искрено, немој да брзашш.. ако вистински те сака ке му кажеш дека сега во овој период не си спремна и дека сакаш да почекаш уште малце, ако не ти раскине верувај те сака,ако ти раскине сакал само да искористи нешто од тебе .. затоа не брзај .. одлучи полека но сигурно за да не се кааеш цел живот :)
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Феминки ве молам помогнете !

    Мил на мајка, тој сигурно молитви читал и гоблени везел со девојките.

    „Многу сум гневен. Ќе се затворам, и тоа нема да ми помине додека да имаме и ние односи.“
    - Сељак, 2014

    Иде на тактика ќути-бутни-шутни. Шутни пред да се испосељачи, не ти треба таков кромањонец.

    Ама, муабетот бе не можам да го замислам.
    - Абе, скината си?
    - ...
    - Одговори ми.
    -...Види, душо, пингвин има онаму.
    - Леле мааа, дај, се нервирам.
    - Види го де, мил е...
    - Леле, Маја (рандом име), се напнувам. Скината ли си, кажувај?!
    - Ама, не сум јас Маја...
    - Не ми мењај тема! Одговори!
    - Ок, да.
    - Многу сум гневен. Ќе се затворам, и тоа нема да ми помине додека да имаме и ние односи.
    - Прерано е, само 3 месеци има.
    - Е СЕГА САКАМ МА, СЕГА! :@
     
    На pamelche, mimiiiii, Madam-A и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Noname05

    Noname05 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    До неодамна имав долга врска точно до пред 1 месец, случајно запознав еден друг дечко 2 дена по раскинувањето на врската. Колку и да звучи чудно 24 часа се допишувам со него затоа што не равоти тука и ке си дојде за 2 месеци и полека полека почнува да ме освојува. Но бившиот не ми дава мира и ми е страв дека доколку ме види со него ке искочат големи проблеми незнам што да правам дали е паметно да излезам на кафе со него или тајно да се гледам. Има и друг проблем премногу ми се допаѓа а постар е од мене... Иста генерација со бившиот а него го оставив и ради тој разлог а сега пак запознав дечко кој е иста генерација. Моите дома и сите ми бранат повторно да фатам дечко кој е постар од мене но против чуствата неможе никој како да им се спротиставам на сите ?!?!?!??
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Терај си како ти одговара на тебе, што е битно дали е поголем или помал од тебе, битно ти е тебе да ти одговара и да се сакате. Не почнувај со врска во тајност, тоа е нај глупавото нешто. Нема што да криеш, прави како ти одговара на тебе. Доколку во случај имаш проблеми со бившиот, само кажи му дека сте раскинале и дека ти имаш право да имаш нов дечко, сосем прифатливо е. :)
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Феминки ве молам помогнете !

    Рано било бла бла бла.Ај што е сељак овој- е,ама немој да мислиш демек ако чекаш со месеци,дека ќе бидеш којзнае колку почитувана,бидејки не си легнала веднаш.Зошто го сфаќате тоа како да е потреба само на мажите?Зар вас не ви е убаво?Ма дај ве молам. |(
    Ако те сака и почитува што има врска кога си легнала со него.Колку мои пријателки имаат веднаш легнато со дечкото и еве ги сега со години одат.А поголема глупост од оваа немам прочитано ''а тој ми вели нема да ти раскинам само ке ти кажам дека многу сум гневен ќе се затворам и тоа нема да ми помине додека да имаме и ние односи'' |(
     
  9. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Девојки ве молам за совет..овде проблемот е мајка ми,имам 2 годишна врска со најпрекрасниот човек на светот..навистина не би го заменила за никој друг.Нас во врската ни е супер,се сакаме,почитуваме..но неразбирам што е проблемот со мајка ми.Прво беа против заедно со татко ми,сега тој е добар прифати се,истото беше и со мајка ми..сега последниот месец мајка ми многу ми врши притисок,постојано ми префрла нешто,со мене се однесува како со ѓубре,ме навредува и секојпат него го спомнува.Стварно нема причина за да го прави сето ова,но јас незнам како да се однесувам со неа? Што мислите,зошто го прави ова? Зошто вака ме измачува,преку глава ми е веке од ова...Помошш?
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    ^ Прво: колку години имате ти и дечко ти?
    Второ: за какви тоа работи мајка ти ти префрла и што и‘ пречи кај дечко ти?
     
  11. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Он има 24,јас 19 години ...не ми префрла конкретно за нешто,само тоа што не и се допаѓа тој на неа,отворено она тоа го покажува ... ама нели е битно тој да ми се допаѓа мене,а не на неа? Стварно незнам како да се справам со ова
     
  12. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    А си пробала ли некогаш да седнеш со неа и да разговараш ?
    Можеби знае нешто да него што не и се допаѓа, а ти едноставно не и дозволуваш да ти го каже тоа...
    Или пак само не и се допаѓа како изгледа, однесувањето и сл.

    Имам една пријателка 6-7 години одеше со еден дечко и нејзините не сакаа да го смислат. Годинава кога бил да ја бара за жена прв пат се запознаа со него. Пред тоа не сакаа да го видат, мораше да ја остава 100м пред куќа да не видат дека стои таму. Муабет му немаа направено.
    Сега се е супер, многу се зближија. Таа бремена, цело време си одат на гости...

    Па можеби твоите кога ќе видат дека го сакаш, дека ви е добра врската, имате некоја иднина, дека си среќна со него ќе попуштат.
    Не е од не знам какво значење твојот дечко да и се допаѓа на твојата мајка, сепак таа ти е мајка и не ти мисли лошо. Можеби само не го гледа како дечко кој ти одговара. :^)
     
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Пробај да не се замараш, поминувам низ слично и знам дека не е лесно ама што и да направиш исто ќе биде. Повторно исто ќе се однесува со тебе и за се ти ќе си крива.
     
  14. jelena8

    jelena8 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Од време на време

    Значи.. се мувавме 2 месеци а потоа прекинавме одреден период.. и од тогаш по сите журки, родендени т.е секаде кај што се видиме се измуваме и останува тоа за тоа.. пред 2 дена другар му ми кажа дека е као заљубен у мене али ја мислам дека само бара разлог за да се смуваме пак( му реков пред 1 недела дека неможам повеќе да продолжам така).. што да правам? помош.. :(
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Си опишала што и како ви се случува и имаш прашање што да правам. Што да правиш со што?
    Ако сакаш да се мувате мувајте се, ако не - не. :^)
     
  16. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Мој бивши, со кого бев пред 4 години, сега е во сериозна врска повеќе од година, а и јас исто така. Јас сум во подолга врска од неговата. Но сеуште ме бара и сака да ме види. Тоа досега не биднало, нема ни да се случи, но ме интересира како другите гледаат на ситуацијава. Што сака од мене? Тој живее во друг град и знае дека е невозможно да ме види, зошто настојува да сме во контакт и упорно бара да ме види?!
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Човек без работа, од љубов сигурно не е, може досадно му е, па си тражи занимација.
     
  18. S25

    S25 Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Со дечко ми одиме 3 години и сега од септември тој сака да живееме заедно во градот каде заедно студираме т.е. да бидеме цимери меѓутоа моите од дома не дозволуваат.. јас имам 20 години а тој е една година постар од мене. Јас не сакам да го изгубам и незнам која е правилната одлука
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Јас не разбирам што има лошо во ова, сепак се работи за врска долга 3 години. Сигурно има причина што твоите не го сакаат тоа, Да не го нејќат дечко ти? да не им смета нешто кај него? седни и разговарај, крај краева долга врска е и тоа мора да го сватат. ти одбираш да бидеш со него, не си веќе мала.
     
  20. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Имам 16, тој има 20. Мене ми е прва врска, и навистина јас не знам како да реагирам во некои случаеви.
    Излагаме 7 месеци, 2 пати во викенд, и проблемот е тоа што тој не искажува никакваи емоции.. ми нема кажено ништо, дури не знам, дали само ми е мувач или нешто повеќе, бидејќи скоро секој ден се слушаме а се гледаме 1 или 2 пати во недела. Кога е со мене секогаш е фин, не ме навредил, и секогаш ми се јавува прв. Како што реков, тој никогаш не ми кажал нешто убаво, како ,,те сакам,, или пак ,,ми недостигаше, убаво ми е кога сум со тебе,, ама баш никогаш....
    Друг проблем е што тој скоро секогаш е зафатен, или е на работа, или е изморен, или е со другари, ама ајде некако го оправдувам дека оди на работа, и станува рано...
    Друго е тоа што на фб, лајкнува скоро на секое 2 девојче, да, точно така, и тоа навистина ми пречи, а неможам ни како да започнам муабет со него на оваа тема, како што реков јас не знам всушност и што ми е тој. Уште повеќе ме повреди, кога го видов со девојчето кое работи, како пред другари, и цело друштво, се закачаа, ја штипкаше по образ, и уште повеќе се изнервирав. Не ми пречи тоа што со негова најблиска другарка седи на кафе по цели денови, зашто се знаат од мали, ама навистина криво ми е кога тоа девојче го познава само неколку месеци..... Јас сакам само да биде искрен, зашо на почеток ми збореше, дека сака да биде само со мене, и дека му е преубаво, и не сака да испаѓа со други, ама со неговото понашање не ми изгледа така... И сега што да правам?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.