Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.455
    Пол:
    Женски
    Совет,многу ако му се припотресуваш никогаш нема да го откачиш,едноставно биди ладна ,стави го на игнор после на делит,ќе му кажеш не и толку ;)
     
  2. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Мое мислење е дека и кажал така на девојка му за да не го замара и да не нема сомнеж во него, другарка како сестра не се станува за еден месец, а и не се води по коли. Денес е муабет утре ќе сака нешто друго.
    Како прво ти треба да бидеш свесна дека има девојка и дека кога би имала ти дечко сигурно би ти сметало тој да излева со некоја "Другарка од вчера" по кафиња и коли, а и верувам не излегуваш со него од чиста мира, сигурно ти се допаѓа штом си излегла со него.
    Мене ми е жал за девојчето.. :( . Да сум на твое место не би продолжила :worried:
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И? Што не ти е јасно во ситуацијава? Што се правите со сила настинати? Зошто тој по темни места те разносува и дремете во кола, а има девојка, знаеш? Ти зошто контактираш со него и прифаќаш одење на скриени места? Се знае што сакате и двајцата. И се гледа какви сте и двајцата.

    Уште па совет бара. :tmi: Што совет сакаш да ти дадеме? Бори се за него, љубов е во прашање, батали ја девојка му. Сами си се ставате во комплицирани ситуации па после ќе те читаме пак низ темиве за едно два месеца: "Се заљубив во него, а тој има девојка, ама не сака да и' раскине."

    Јас се надевам само дека девојка му во најбрз можен рок ќе дознае за активностите на дечко и' со "сестра му". Никоја не заслужува вака да ја мавта некој. Недозреан клошар.
     
    На isabella2010, BlondeAngel и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  4. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    ми треба ваше мислење. долго време многу свиѓав едно момче,а другарка ми свиѓаше негов другар. овој што ми се свиѓаше мене ја засвиѓа другарка ми и пишувал таа цело време ми се фалеше, и ја прашал да излезат. другарка ми излезе со него и постојано се фали колку и било убаво и се тоа . :/ што да правам ? а знаеше дека го свиѓав дури цело време за него и зборував
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607


    Тргни се од таква другарка, денес симпатија само а утре дечко ќе ти украде. Тој не е крив, он е мушко, не размислува со главата туку со алатот ;)
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Не би се согласила дека другаркаи е виновна, туку едноставно треба да се помири со тоа дека она не му се свига нему и тоа е тоа. Зошто да ја мрази другаркаи која очигледно е подобра риба од неа.
    Не разбирам зошто спомнуваш крадење, тој не е предмет па некој да ти го украде, едноставно има хемија помегу нив и тоа е тоа. Незнам зошто велиш дека машите размислуваат само со долната глава? Ајде оди фати се ти со некој ако тебе не ти се свига а ти него си му се свигала, сигурно има таков.
     
  7. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
     
  8. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    ви благодарам за вашите мислења и совети
    :*
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам со Strumfeta17. Во оваа ситуација нема никаква врска „алатот“ (плитко размислување), се работи за допаѓање. Ниеден во случајов не е виновен. Ај другаркава да имала нешто со него па и оваа да има, да разберам лутење, ама вака? Не е крив дечкото што му се допаѓа другарката на таа што го симпатише него де, тој ни гледа на гравчиња, ни па може да направи со сила некоја да му се допадне. Исто така, другарката не е виновна, тој ѝ ставил до знаење дека му се допаѓа, а и тој ѝ се допаднал неа и решила дека нема зашто да не возврати. Нејзината грешка е фалењето на другарка ѝ, секако дека треба да ѝ каже, меѓутоа мене малце би ме печела совест, не би можела во никој случај да ѝ се фалам на другарка ми со нејзиниот симпатија. Но тоа е до карактер веќе. Од друга страна, ако не ѝ се допаѓа навистина тој на другарка ти, тогаш и не морало баш со него да флертува, иако таа него му се допаѓа. Но ако е взаемно, не гледам зашто да се жртвува. Не знам колку години имате, ама претпоставувам дека се оние тинејџерските кога сте гз и гаќи со другарките и секоја ситница ве повредува. Во ред е, нормално е. Ама како ќе растете ќе растат и ваквите ситуации само во поозбилна форма, така е кога се појавувате заедно на многу места, никогаш не можеш да знаеш на тој што си го шмекнала дали попрво ќе му се допадне другарка ти. Ќе ви биде смешен овој проблем еден ден. :D Уживајте си, не си го расипувајте другарството заради некоја симпатија. Знам две што имаат ист бивши дечко, па се предобри другарки. Добро, тоа веќе не оправдувам, мислам дека треба да си ѓон за тоа. :D Сакав да ти споредам дека ова не е никаков проблем, не се оптеретувај, симпатии на секој чекор ќе најдеш. :)
     
    На Strumfeta17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    искрено најмногу се согласувам со твоето мислење хахаах :lol: ти благодарам
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Таа не ти е вистинска другарка, јас ќе ти речам да си прекинеш секаков контакт со неа. Не е криво машкото, машко како машко секако дека нема да одбие девојка. Денешнава младина,ау.

    Ти тргни се на страна, некој ден ќе се сврти тркалото ќе си сфати секој кој што и кому направил грев. А утре друг ден ти ќе испаднеш таа правата и ќе трча околу тебе. Не и верувај и бегај од таквата другарка.
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    да но...што мислиш за тоа што ние се дружиме скоро цел живот :/ дали е вредно да го прекина пријателството или на еден начин да се оддалечам од неа поради едно машко ? навистина се дружиме долго време. што мислиш ?
     
  13. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски

    Можеби моето мислење или мојот совет ќе се разликува од другите но... продолжи да се дружиш и со двајцата. Не дозволувај да помислат дека си повредена. Излези со другарка ти на кафе и речи и да го повика и него, за да видиш како ќе се однесуваат. И мислам дека таа му има пишено прво него не тој неа.
     
    На daks и Elissa им се допаѓа ова.
  14. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    Можеби моето мислење или мојот совет ќе се разликува од другите но... продолжи да се дружиш и со двајцата. Не дозволувај да помислат дека си повредена. Излези со другарка ти на кафе и речи и да го повика и него, за да видиш како ќе се однесуваат. И мислам дека таа му има пишено прво него не тој неа.[/quote]

    да и јас мислам дека треба да продолжам да се дружам. секако дека нема да покажам слабост :) ми значи ова ти благодарам
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    И јас мислам така.
    Таа мора да му дала повод за да и пише и да ја покани. Добро ни се познати таквите другарки заводнички кои си гледаат само за нив. Сега да можеш ти да излезиш со него, немора да правиш ништо, чисто онака да виде дека не е она појака од тебе. И раскажи и како и тебе ти било убаво.
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207

    да и јас мислам има повод дадено.зошто до пред тоа никакви симпатии немаше кон него.
     
  17. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    фала на мислењето ама и работтие не се баш такви како што вас ви излгедаат ама нема врска ипак фала :D
     
  18. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Не е проблемот што ви се допаднало исто момче, мене некако не ми се допаѓа тоа што она знаела дека го свиѓаш, а кога и пишувал цело време ти се фалела за тоа...Ама најверојатно сето тоа може да се одбие на тинејџерските години. Остани си во контакт со другарката, само сепак, превентивно, избегнувај некое време муабети со неа за тоа колку некој ти се допаѓа и сл. :*
     
    На Arthur и daks им се допаѓа ова.
  19. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    ти благодарам :*
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со тоа дека другарка ти не е виновна. Јас веднаш би се тргнала од неа. Самата велиш дека си и' кажала дека тој дечко ти се свиѓа, зошто баш морала со него да биде? Тоа покажува каква другарка ти е и каква личност е. Си гледа само за свој кеиф и е крајно себична. Многу добро ги знам тие личности, тие секогаш се најдобри другарки со дечковците на другарките, секогаш имаат некој мубает заеднички со нив, секогаш во нив има некоја заводлива нота, флертуваат со се' што ќе им дојде на патот и нема кај нив принципи, нема правила, се' ќе изгазат пред себе само своето его да го задоволат. Тие секогаш се најдобрите, најнасмеаните, мора сите да се вртат околу нив и живеат со мислата дека можат да го имаат секое машко што ќе го посакаат, па дури ако сака може и дечкото на другарка и' да го земе. И обично немаат нешто многу другарки, зашто секоја на некој начин е зафркната од нив, па затоа повеќе ќе ги видиш во машко друштво. Бегај од вакви.

    Убаво ти пишала и WomaninRed, биди сигурна дека ова повторно ќе ти го направи, ако продолжиш да се дружиш со неа (искрено јас после вакво нешто не би ја ни погледнала) биди внимателна.

    Никогаш, ама баш никогаш не сум ни погледнала некој за кој знам дека другарка моја (блиска или не, не е ни битно, штом се гледате почесто другарка е) го свиѓа. Да ми збори секој ден за него, да ми кажува, да се радува на секој негов поглед, и јас без око да ми трепне да си излезам со него и згора на тоа да се фалам колку ми е убаво со него, а таа до вчера не го вадела од уста??? Страшно. :x
     
    На daks, Nausicaa и buba4e89 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.