Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    За едно машко не е вредно. Ама ти си тука изиграната од неа. Значи она со тебе сака да се скара за него, гајле и е за тебе. Ако ти била права другарка ќе си речела "па чекај бе daks ми е другарка од мали нозе, нејзе и се допаѓаше, често ми зборуваше за него, што барам јас со него да идам и да искачам". Но таа не го сторила тоа така, ти го презела пред твои очи и сега се фали. Таквата врска брзо ќе заврши.
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Апсолутно се согласувам со се Дрим што го има пишано, исто како јас да сум го кажала. Од сопствено искуство можам да ти кажам што побрзо да се дистанцираш од таа другарка, ќе се поштедиш од многу идни нервози и стресови! Тоа се длабоко искомплексирани личности кој за жал своите несигурности си ги лечат со превземање на туѓи дечковци и како што ќе поминува времето ќе стануваат се поочајни и помизерни! Биди среќна што си ја открила на време, пред да ти направи некое поголемо срање во животот. Верувај ми, можам реферат да напишам на темава :|
     
    На WomanInRed, Dinsyyy, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207

    мислам дека ми ги отвори очите... :) се има смисла...благодарам. особено последниот дел од советов.... :/ чиста вистина. се радував за погледи и тие ситници
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Е колку години си ти а колку тој? Самата кажа дека си имала долга врска и не е во ред по 2 дена да си бараш други мислам, а и неможеш само со допишување да дознаеш каков е еден човек. Сите тие се добри, фини и мили додека да те добијат мила моја после ќе сфатиш навистина каков е. Значи има уште 2 месеци продолжи со допишувањето откако ќе си дојде излезете еднаш, два пати не мора веднаш да почнуваш врска види што како ќе ти биде со него па после. Прво запознај го добро па потоа. А бившиот па фала богу и за тоа има решение смени си го бројот 150 денари е еден број, на твоите дома кажи им дека сте раксинале несакаш веќе со него да имаш контакт ако те бара на домашен или дома да не те даваат, блокирај го на фб а ако ти прави други проблеми фала богу постои полиција па никој нема право да те вознемирува. Иако мислам дека и бившиот ако го игнорираш додека дојде овој за 2 месеци и бившиот ќе се откаже само игнорирај го. Незнам колку години си ама ако имаш повеќе од 18 напрај си дома еден сериозен муабет и објасни им на твоите дека во нивните очи ќе бидеш секогаш нивно дете ама доволно си возрасна за да одбереш што е добро за тебе а што не. Ако си среќна со еден човек годините не треба да бидат пречка. Мајка ми и татко мис е цели 10 години разлика. Познавам и други парови кои имаат голема разлика во годинате. Така да разликата во годините и не е нешто страшно ако си ти полнолетна секако.
     
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не мора да нзачи дека му е досадно и си бара занимација. Значи 4 години се тоа долг период сигурно сте поминале се и сешто и нормално е да му недостигаш. Јас со дечко со кој бев 1 година и неколку месеци прекинавме не дека го сакам ама ми недостига некогаш и сакам да го слушнам иако не го барам. Така да може сеуште има некои чуства за тебе ама ако е така зошто си фатил друга не разбирам. Ако и ти имаш чуства кон него и мислиш дека можете па да бидете заедно тогаш прекини со дечко ти и тој нека прекине видете се еднаш два пати излезете видете што како ако мислите дека пак би функционирале заедно зошто да не. :inlove: А доколку дечкото сака тајно да се гледате и да те користи кога ќе те сака или да бидеш втора немој никако. Сепак ти хо познаваш најдобро 4 години сте биле заедно. Значи се е можно.
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Е затоа сум кажала подржувам врски кои имаат некоја разлика во години ама во твојот случај ти си дете за него. И самата кажа дека оди на работа а летен рапсуст е ти сигурно ќе сакаш да излегуваш ова тоа а тој нема да може по цел ден со тебе да се знаимава. И мое мислење е дека тој си има некоја друга а со тебе онака. Ама немора да значи ама и да нема се гледа дека се дружи со колешки и некои на негова возраст и ти кажав ти си дете за него. Те земал некогаш да седите со неговото друштво? Претпоставувам не. Затоа девојче остави го и барај си некој ко за тебе. Се гледа дека оваа врска не ја бива не поради годините ама вие двајца не се согласувате. И јас незнам дали ова може да се нарече врска.
     
  7. lolwow

    lolwow Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Девојки во врска со овој мој проблем ги послушав вашите совети и се "оладив" малку спрема него. Почнав да не го барам како и порано, да се понашам како да не ми е гајле што тој така се однесуваше спрема мене иии... ете го типов уште другиот ден ми се јавува на тел и ме прашува да не сум му лута нешто , дека му фалам , кога ке се видиме и.т.н.. Во следните денови се беше ок, како дасе врати тој стариот што беше. ПОчнав и јас по малку да попуштам. Пред некој ден бев на роденден вечерта кај една другарка па останав таму до кај- 1-2 навечер и утредента ми кажува другарка ми како таа вечер цело време не го фаќало место, чекал да се вратам , и на крајот кога заврши роденденот и му се јавив да му кажам дека си одам рекол леле конечно заврши и ке си дојде. Дојде тој кај мене кај што бев, се видовме, прошетавме малку и не помина ни малку време пак со неговите глупави изговори. И другиот ден излеговме и се видовме и пак иста песна. Разбирам да сака или да треба да си оди ама нека каже . Мене ме нервира тоа што изговорот секогаш му е -треба да му помогнам на татко ми/мајка ми/брат ми . Што ке му помагаш бе во 4 саат наутро??! И се е само тоа. Не знам што да кажам. . Кога ме нема ме бара, му фалам , се е нај. Кога е со мене како место да не го фаќа. Или на друг начин кажано ни е со мене, ни е без мене. Што да правам девојки?
     
  8. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Чекај бе девојко, тек сега почнуваш со нова врска олади малце. Не прави грешка, си излегла од долга врска и сега одма сакаш со новиов дечко да бидете блиски и да се гледате секој ден како со бившиот. Остави работите сами од себе да си течат, не прави сцени, посвети се и на нешто друго освен на дечкото.
     
  9. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Здраво девојки, ве молам за мислење!!!
    Дали е во ред во 4 годишна врска мојот дечко (36 години) постојано да додава нови пријателки на фб, да комуницира и да се дружи со по некоја нив. Поголемиот број од таквите пријателки он ги бара. Дали е во ред да лајкува на секоја слика на женско да им коментира и на тие што ги знае и на тие што не ги знае. До сега нонстоп сме се карале за овие работи. Со неколку од нив ме има запознаено (демек еве види дека ништо не правам со неа) но мислам дека тоа не е во ред. Во озбилна врска не би требало да има толку нови женски пријателства или јас грешам? Како би постапиле вие кога ќе се скарате со дечкото и кај него на профил ќе видите дека се сликал на сепариња со непознати (фини) девојки и на крај ќе ви рече дека он не ги крие сликите и дека јас сум таа што нонстоп го напињала и не можел да го издржи ова? Што е најпаметно да се направи и дали јас претерувам или стварно не е во ред ова? И уште ова што мислите кога ќе седнете два пара на маса а кога вашиот дечко повеќе е загрижен дали вечерата и е погодена другата девојка (девојка на неговиот другар) или на вас? Фала ви !!!!
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Искрено не е во ред според мене, нема веза што има пријателки на фб, но тој постојано ги додава, не ги ни знае, а се допишуваат, не е во ред да лајкнува слики на секое живо женско суштество, посебно не на оние кои не ги знае, во ред е на пријателка што ја знае, има убава слика лајкнува.Сметам дека не се во ред толку нови женски пријателства и да сметам дека не е во ред да биде повеќе загрижен за потребите и удобноста на девојката на другарот, отколку за твоите.
    Знам дека 4 години е долга врска, ама тој со ноговите 36 да се однесува како некој напален слободен ерген, да додава, лајнува и шири нови пријатества строго со женски само, не му доликува ниту малку.Според мене тој е несигурен и со многу ниско его, па тоа му го билда.Не е во ред за тебе, не заслужуваш некој вака да се однесува, сосем си во право што се карате за тоа и што се лутиш.Мислам дека повеќе не треба да прогледнуваш низ прсти и да решиш дали сакаш животот да го поминеш со ваков човек, чии очи цел живот очигледно ќе шараат натаму наваму, а богами сигурно и рацете ќе почнат еден ден.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Дали е нормално? Нормално е до граница ако не му е критериум само да е таа згодна и со набуџени гради, без оглед дали се работи за лажен профил или не тој додава и лајкува. Значи, нормално е ако запознае некоја особа да ја додаде, и тоа е сосема во ред, но доколку е тоа манијакално, да шета по кафичи и да се слика со непознати девојки само за да се направи фраер на ФБ, тогаш тој има сериозен проблем кој не е за тука туку за на психијатрија.
    Да коментираш слики на непознати особено од типот секси си, баш си мачка, имаш убави гради.... е во најмала рака идиотски, посебно за маж во годии.
    Не мислам дека е тој некој голем ебач и дека ти поради тоа треба да бидеш загрижена од тој аспект, тој е повеќе од оние манијаци и дркачи кои ги возбудува да зјапаат по профили на особи кои не ги ни познаваат и да си фантазираат врз основа на нивните слики. Не би ти препорачала да му поставиш скриена камера идејки ке се разочараш со каков манијак си била сиве овие години. Овде не се поставува прашањето дали си ти љубоморна или не, туку дали е тој нормален или не. Според твоето кажување, тој е опседнат со тоа постирање и зјапање во туги слики, што не е исклучено да има и егзибиционистчки склоности и да има профили каде што става и негови и ваши слики со експлицитна содржина.
    Мој совет ти е да бегаш додека нозете те држат од такви манјаци ако несакаш да си го упропастиш животот.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    А да му предложиш да си ги избришете и двајцата профилите и да не се замарате со вакви глупости? Мислам чекај бе не е во ред да лајкнува на непознати девојки ( јаки п*чки) и да коментира и јас би се огласила против ова. Посебно за маж од 36 години да не однесува незрело. Ништо чудно. Јас би му предложила така, па ако рече не тогаш би ти предложила на тебе да размислиш дали вреди да вложиш во оваа врска или не.
     
  13. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Bah, без разлика дали е згодна или не и какви гради има, сметам дека не е во ред постојано само да аднува некои. Тој знае да запознае другарка на негова другарка, да ја адне на фб да и лајкува да ја види по дискотеки/кафичи да се слика со неа за на фб. Е тоа го прави!! Се има неколку пати случено неколку нови другарки да му се јават да го викаат на пијачки и он ке ме праша дали сакам со нив на пијачка да одиме. На тоа го прашувам зошто таа воопшто му е пријател и од кога? Зошто не е само една овие 4 години. Дури јас и да ги запознаам сите тие, незначи дека неможат нешто да направат. Почнувам да плачам кога некоја ке му зазвони а он на тоа ми вика дека сум многу љубоморна и неподнослива. Па стварно веке немам самодоверба. Се чуствувам како гомно кога ке ми каже така. За коментарите он не им пишува срце, мачкица итн. Многу добро знае што да пише за да изгледа привлечно за таа девојка. И стварно ме јаде тоа што е многу гестољубив со некоја си што ја знае 3 дена а сака да остави добар впечаток. НЕ РАЗБИРАМ ЗОШТО ИМА ПОТРЕБА ОД СЕ ОВА СО ДЕВОЈКИВЕ.. Не верувам дека има такви профили педофилични. Но сакам да знам зошто јас се чуствувам толку лошо знаејки дека он не е во ред а не јас????
     
  14. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    buba4e89, џабе е и бришење и се. Зошто јас да го бранам од сите тие кога самиот он им дозволува. Криво ми е што мене ме набедува за распаѓањето на врската и што никако вината во себе не ја наоѓа. Излегува дека залудно потрошив 4 години да воспоставиме добра врска. Како може да е убеден дека се тоа што прави е во ред? не ми е јасно
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Затоа што тоа му е целта на него, ти кажав тој така си го билда егото со тоа што ти плачеш и си љубоморна, демек види јас сум многу јак пичкар(со извинение на речник) можам да аднувам девојки, да одам со нив на кафе и пијачки да имам многу пријателки и пак да те имам тебе таква расплачена и мизерна.Ете тоа му е целиот филм.Арно рече Бах тој има очигледен и тежок проблем и му треба психијатар, со тебе се е во ред, освен тоа што продолжуваш да премижуваш и остануваш со таков човек.
    А секако дека тој нема ништо да направи зошто ја нема таа храброст, тој е мизерен и беден, само се фука...знаеш како велат тие што многу е**т на дума, не е**т ништо уствари, така да ова е тоа.
     
  16. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Во право си, на овој начин само си го полни егото. Што се однесува за е*ењето не сум сигурна дека е така како што пиша зошто знам барем 10 девојки во моментов што би легнале со него. Ова е производ на неговите гестови кон нив (им нуди помош, пријателсство бла бла бла) и девојките си викаат браво каков дечко запознавме.
     
  17. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Мислам дека го преценуваш, или па себеси се потценуваш па ти изгледа дека е тој голем фраер. Ако е така, тогаш сигурно тој легнал барем 20 ако во моментов има 10 со дигнати нозе и чекаат на него. Или, можеби он те плаши со тоа, као они сакаат ама јас неќам.
    Сестро слатка, машко сум и знам дека блефира, какво црно легнување, едноставно само го музат ако има некој денар повеќе и тоа е тоа, тој ако е фраер нема да се курчи со нив туку ќе си ќути и ќе си тера. Но мислам дека ти си сеуште детиште и затоа тебе психопатов така ти изгледа као тип кај кој ред се чека со дигнати нозе.
    Само не ми е јасно, зарем навистина мислиш ако тие сакаат да легнат со него дека тешко ќе им биде да заведат лабилна личност?
    Што се однесува до предлогот на Бубаче, со бришење на профили и слично тоа не заслужува ни коментар затоа што е тоа тотално детски. Една врска никако не смее да се заснова на изолација јас и ти и никој друг, туку на доверба. Ако е така после ќе треба да фрлите и мобилните, и компјутерот, и на крај да се заклучите во соба и да живеете само ти и он. Но за нормална врска потребно е да имаш колку толку нормална личност од другата страна.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Затоа што има слабо ЕГО. Затоа што најверојатно вториот пубертет порано го фатил. Не е ова здраво и совесно што му се случува, ама за жал не е едини. Денешниве момци се послаб пол, по софт у секој поглед па на овој начин си го полнат Егото. Размисли добро зошто си со него. Ако продолжи со ваков однос, превземи мерки. Пресечи. Па нека си се занимава со недозреани гестови.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    141.693
    Се согласувам. 36 годишен маж со потреба да си го полни егото, место семејството, место да праша дали жената на неговиот живот е среќна, а не женската на другарот, е едно обично говедо кое не заслужува ниту една девојка.
    Ако на 36 години не му дошол памет и вината за неговите постапки ја бара во тебе(ти си љубоморна, а он си е сосем океј што очите му течат по други жени), вервај и на 40 ке биде истиот. И на 50.
    Ако не си му доволна ти, тогаш нега го задоволуваат други. Секоја жена треба да е обожувана и ценета од својот маж/дечко и единствена во неговите очи, а не да пати од неговата потреба да биде сликан некаде со некој дроља со цицките надвор и да се увствува посакуван.
    МАЖ КОЈ НЕ Е СПОСОБЕН ДА НАПРАВИ СРЕЌНА ЕДНА ЖЕНА, НЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИ СРЕЌНИ И 10 ДА ГИ ИМА.
    Те сфаќам дека се чувствуваш ниско, понижено, дека ти ја убива самодовербата и дека се чувствуваш безвредна со него. Прашај се дали така треба да се чувствува една жена во врска, или да биде среќна што го нашла совршениот маж за неа?
    На твое место, може ке преживеам лајкувања, ке вриштам на муабети со курвички (не знам подобар збор за жена која знае дека некој има девојка, а приваќа флерт од него), а на сликањето ке има плачки. Излегување на кафе?! со некоја од тие!? Дефинитивно крај, без размислување. Ти треба маж во животот, не дете кое не знае да си го собере у гаќи.
    Ценете се бе жени повеќе...
     
    На eloves и Daydream им се допаѓа ова.
  20. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Bah, прво дали легнал или не незнам и неможам да знам. Целиот муабет не ми беше дали ме изневерил туку дали имам право што реагирам бурно на неговите постапки. Имаш право дека сигурно ми вметнал во главата дека е некој си фраер или срцекршач, е*бач итн., но неможеш да ме наречеш ,,детиште,, зошто кога ке бидеш со некој подолго време учиш на толераницја, разбирање и сите тие работи без кои врската не може да опстане. Мислам дека самата се потценив и заборавив што треба а што не во една врска. Како машко сигурно знаеш дека има многу ,,тралалајки,, т.е девојки кои единствено нешто што знаат е како се шират нозете- СЕКОЈА ПОЧИТ НА ИСКЛУЧОЦИ И ДЕВОЈКИ НА МЕСТО, па по се ова што ми пиша не ме чуди и да легнал со сите тие 20.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.