Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тргам настрана лајкови, кафиња, непочитување, девојки...

    Маж, здрав, прав на 36 години што се' уште се радува на сепариња по дискотеки и што се' уште мисли дека ако на истото тоа сепаре се слика со некоја атрактивна девојка и притоа ја стави сликата на фб е неговото најголемо достигнување, за мене е едно недозреано дете од кое не можеш да очекуваш ама баш никаква иднина. И тоа веднаш треба да ти кажува нешто.

    А да не збориме пак за лајковите. Срамота. Мене би ми било срам да се појавам со вакво дете во јавност, најискрено ти кажувам дека би се срамела.

    Од која страна и да гледам дечково е во касна адолесценција која од некоја причина не ја поминал. Исто како тинејџер се однесува. А има 36 години.

    Ова ти е еден од оние личности кои во тинејџерски години мама и тато им кажуваа што да јадат, кога да си легнат во кревет, со кого смеат да се дружат, мама и тато ги прашуваа каде да одат, еден од оние кои женска не виделе и се лигавеле на девојките на другарите. Не поминале ништо, па сега на 36 му текнало дека треба да лудува и да се прави фраер ама ги утнал годините. Смешки е човеков, се радува ако му вртат што повеќе девојки на телефон. Ццц, како 17 години да има, се чувствува посакувано и сигурно мисли дека е на врвот на светот. :D :D

    И после речи дека годините се мерило за зрелост. Уште еднаш се докажа спротивното.

    А и ти на 29 години се' уште немаш изградено карактер, плачеш, се нервираш како да имаш 17. |( А и гледам дека се' уште го мислиш за мачо мен кој е посакуван од сите. Убаво си ја наредил тој. На 29 години после 4 години врска требало да знаеш веќе со кого си имаш работа и што можеш да очекуваш од него, а и би требало да можеш и знаеш кога да пресечеш. Туку, убава дијагноза ви даде Bah и на двајцата.
     
    На marijaz и Bah им се допаѓа ова.
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Девојќи ќе ве молам за совет.Во врска сум само една недела со дечко кој ми се свиѓаше уште кога имав 15 години ,а и јас него но околностите беа поинакви.Сега имам 20 тој е една година постар и се започна од кога ме додаде на фејс, почнавме да пишуваме нон стоп и еве една недела секој ден сме заедно освен вчера и денес.Преубаво мие со него, ме третира како принцеза и знам дека има сериозни намери со мене, а исто и јас со него.Е сега проблемот е што пред некој ден немаше бензин во колата па си дојдов со такси сама во 3 вечерта, излегуваме во кафич каде што него најмногу му одговара ама и мене ми одговара убаво е и мирно, ни двата неќиме многу гужви.Проблемот е во тоа што мајка ми цело време ми зборува како тој се зафркава со мене,не сака да ме шета низ дискотеки(а он никогас не оди по дискотеки) и дека ако ме сакал немало да ме пушти сама во 3 сатот вечерта,или ако ме сакал немало да го гледа денес светското со другарите,па шојма везе се договорил нека го гледа и онака мене највеќе ми посветува внимание.Ве молам за ваш совет што мислите дали мајка ми има право, зошто стварно ми влијае на психата.Благодарам однапред
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563

    Викаш дека те третира како принцеза. Викаш дека имате сериозни планови. Дека ти е убаво-најубаво со него. Дека сакате мир о романтика. Во ред. Јасно е. Се сакате. ОДЛИЧНО!

    е сега проблемот е мајка ти.
    Душо извини ама морам да си речам дека мајкати некогаш се изгорела од некој, па сеа мисли дека сите се такви

    Еве сама си кажа дека не сакаш дискотеки ни ти ни тој. Кратко време сте заедно, па сакате што повеке да бидете сами. Разбирливо. А за фудбалот, па еве ги татко ми, брат ми и дечко ми не трепнуваат од пред телевизор. Вчера се вративме од одмор ( зошто само вчера немаше фудбал и мојов можеше раат да вози). Некни имаше фудбал па тој си отиде порано од плажа, за да може да се истушира да се спреми и да му ја збрише на фудбал. Цел свет гледа фудбал. Јас гледам. Тој ако не те сака или почитува нема да те третира како што те третира. Мајка ти греши според мене.
    Викаш дека ти рекла за тоа што си се вратила со такси. Па со такси да дојдеш во 3 часот е посигурно и попаметно одколку да седиш на улица со дечкото и да чекаш некој да ви донесе бензин (ако ви донесе). А што да ти речел дечкото седи ти во кола, јас ке одам со такси до бензиска да наточам5-6 литри? Што тогаш ке каже мајка ти.
    Е и не си мала, како што сватив имаш 20 така да ке приметиш дали некој сака да биде со тебе поради ТЕБЕ или само те искористува ( со оглед и на неговите години)
    :* :* :* :* немаш причина за психички малтретирања :* :* :*
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    blond.bunny, ти си имаш сериозен проблем со мајка ти, биваше ли на секоја негова постапка да му најде мана и замерка? Едвај недела дена сте заедно и не е фер секоја постапка на дечкото да му биде ставена под микроскоп. Читам и не ми се верува...
    Да ти одговорам накратно на прашањето, не е до дечко ти, он си е сосем во ред, до мајка ти е :|
     
    На blond.bunny и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Мило мие што барем вие ме разбирате и благодарам за одговорите навистина ми дадоја некаква утеха, зошто несакам да го изгубам никој не се однесувал вака со мене, за една недела и во врска на фејс, ниту еден лајк на никоја,неговите ме обожаат на секоја заедничка слика се радуваат.Многу е суеверен и голем верник па дури и се колни дека вистински ме сака, неможе да се воздржи кога ќе сме заедно.Дури и од типот на хејтери кога стапивме во врска се сам среди за мене никој ништо да не ми речи.По ова познавам дека намерите му се сериозни,па немаме 15 години да си играме од еден на друг веќе.И двата сме уморни од тоа. Барем мајка ми да ме сватеше дека не е се во парите дека нема секогаш бензин да ме земи (зошто живееме прилично далеку а и кафичот кај што излегуваме е далку од мојата куќа) и дека некогаш морам да одам со такси. Ќе се потрудам оваа врска малку да ја ставам на дистанца од мајка ми не сакам дечко ми да се чувствува лошо зошто јас сум нервозна.Благодарам :*
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Исто така, ако мајка ти проба да те распрашува за него, ти само насмеј и се и кажи и дека го сакаш, дека тој те сака, дека те чува и те третира како принцеза и дека си многу, многу среќна! Не и кажувај ништо во детали туку повторувај и колку ви е убаво заедно. :)
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    ке може некоја девојка да ми пише во лп.ми треба совет.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Е добро де што и е филмот на мајка ти, ако те сакал немало да те остави сама во 3 да си доаѓаш дома, богати.Ете оние девојки што имаат дечковци без коли и што се возат со такси цело време, не знам како ним и дозволуваат да се во врска, еве јас пр си кажувам дека дечко ми нема кола и јас со такси се враќам сама, дали од кај него, дали од излегување и тоа никогаш не ми било проблем.
    Мислам мајка ти е контрол фрик и очигледно иманекој проблем штом прави вакви муабети што не држат вода и тоа на својатга 20 годишна ќерка која веќе е доволно возрасна за да сфати што и кој е добар за неа, а кој не.
    Не е проблемот во дечко ти туку во мајка ти, разговарај со неа и кажи и дека тоа што го зборува најпрво те навредува и повредува и дека муабетите не и држат вода.Твој живот, твои одлуки, доволно си возрасна.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Тоа што те третира како принцеза не се секирај бргу ќе му помине, тоа ќе му трае додека да те легне неколку пати за да му помине меракот а со тоа ќе помине и тој третман на принцеза.
    Користиш некои зборови на кои сум алергичен и претежно ги користат децата а ти баш и не си дете. Тоа се следниве зборови: Јас го сакам него многу а и тој мене и јас со него имам озбилни планови а и тој со мене.
    Првиот дел дека си затрескана во него и дека себеси се гледаш во венчаница покрај него тоа е ок, но како можеш да ги знаеш неговите чувства после 1 недела?
    Верувај ми ниту за мајкати или сестра ти, неможеш да знаеш дали се искрени во она што го зборуваат а камо ли за некој дечко. Верувај ми маж е спремен се да вети па дури и да плаче замо да дојде до п...а така да не верувај во се што ќе ти каже.
    Не секогаш но понекогаш старите имаат инстинкт што не ги лаже, мислам дека мајка ти, овој пат е во право. Треба нешто да ти кажува тоа што те води на некои скришни места, или има и друга а тебе сака да те легне, или нема друга ама се срами од тебе а сака да те легне, трето нема.
    Дали тој колата ја остави на улица и тој си отиде со такси или тебе ти рече дека нема бензин а тој си отиде со кола дома? Да бидам искрен го мрзело да те враќа па те пратил со такси, инаку според дијалектот си од Битола, и верувам дека има ензинска што раоти цела ноќ и верувам дека секој вистински маж оди на бензиска прво па те враќа дома. Или доколку му изгасне сигурно нема да ја остави на улица, туку вика такси одите по бензин и те враќа дома, но очигледно го мрзело и мајкати е сосема во право.
    Некоја од девојкиве рече па има дечковци што немаат коли па и нивните девојки се враќаат со такси. Да но друго е кога нема а друго кога има.
    Мој совет, биди внимателна затоа што на крај ќе бидеш повредена, затоа што ти влегуваш искрено и со цело срце а тој како да манипулира со тебе.
    А, кој е проблемот поради кој не сте можеле да бидете заедно кога си имала 15 години?
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    ^^Долга приказна е тоа на 15 години, немаше и некој баш проблем но ете не бевме доволно зрели и околностите не зафркнаја.Сите машки се различни,некои го прават то само да легнат некоја некои влегуваат искрено, не верувам дека тој би бил со мене 24/7 да не бил искрен и не би ми кажувл работи занего кој скоро никој не ги знае чисто да не дознаам од друг па да ни ја расипи тоа врската,и не би се грижел кај сум,што правам и не би бил љубоморен ако сака само да ме легни, сепак јас најмногу го познавам нели? Дечко ми мометално е во тешка финансиска состојба па од на кафе влеговме кај него в кола зошто студеше многу, а за возење или враќање немаше бензин,не бев слепа,да имаше пари таа вечер сигурна сум дека ќе ставеше и ќе ме однесеше но ете така се погоди...и не ми пречи воопшто тоа што си заминав со такси.А за да има друга ,прво нема време, второ тој инсистираше на фејс да се ставиме во врска и одиме во кафич каде што цело негово друштво изглеува,нов е и популарен само што е тивок не е ноќен клуб.
     
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    цццц а јас тебе те читам и ти се чудам, секој втор збор ти е да те легне. Колку само мизерно тоа звучи. Зарем уште постои тоа дека мажите ги користат женати со тоа што ке "легнат" не ми е јасно до кога вака ке се гледаат работите. Ако таа легне со него значи и таа сака секс не гледам зашто да ја искористи боже боже. Па уште и си пишал дека некој мажи се спреми и да плачат само за да дојдат до П...а, не ми се верува. Ова гледам дека го кажуваш од лично искуство, ама таквите мажи највеке губат и после се цел живот сами. Не се сите мажи исти.
     
    На daks и Lovely93 им се допаѓа ова.
  12. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    цццц а јас тебе те читам и ти се чудам, секој втор збор ти е да те легне. Колку само мизерно тоа звучи. Зарем уште постои тоа дека мажите ги користат женати со тоа што ке "легнат" не ми е јасно до кога вака ке се гледаат работите. Ако таа легне со него значи и таа сака секс не гледам зашто да ја искористи боже боже. Па уште и си пишал дека некој мажи се спреми и да плачат само за да дојдат до П...а, не ми се верува. Ова гледам дека го кажуваш од лично искуство, ама таквите мажи највеке губат и после се цел живот сами. Не се сите мажи исти


    се согласувам со тебе. значи кога жената легнува со мажот и таа тоа го посакува (исклучок е силувањето и др. насилства врз жената). секоја жена легнува со него кога и таа ќе се осети спремна за тоа. а ако веќе мисли дека ја користи воопшто не треба да легнува :?: како размислувате незнам. не се сите мажи исти :/ дали сите сте ги пробале па да знаете?
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Според мене многу бргу си донела одлука за една неделна врска. Не ме сфаќај погрешно може си го познавала и од порано како што кажа ти се допаѓал пред неколку години ама во врска со него е тоа не е исто. 20 години си и свесна си си како треба како не треба. На почетокот секое машко те третира како принцеза но верувај со текот на времето ќе си покаже каков е навистина. И нема никаква врска што сте биле во тивок и мирен кафич и тоа не значи дека има други девојки или незнам што ете на пример и јас повеќе ги сакам тивките и мирни места. нНесакам гужви, галами и такви работи моментално почнува да ме боли глава. Плус тоа една недела сте заедно имате време ќе излегувате и на други места. Е тоа што му снемало бензин добро сега може да се случи секому ете може несакал да те малтретира и да те влечка со него низ бензински и затоа те пратил дома со такси. Во што е проблемот тука? Не мора да значи дека одма отишол кај друга. Значи до овде и нема некој голем проблем. Е сега проблемот е мајка ти. како прво и основно ти си згрешила што си и веднаш кажала требало да почекаш малку. Ако по 2 дена раскинете таа ќе ти зборува како цело време била во право. Инаку мајка како мајка се грижи и секако за својата ќерка го сака најдоброто. На тоа нема што да и се лутиш туку да разговараш со мајка ти како возрасна личност. Не верувам дека таа го познава дечкото и затоа неможе да му суди на некој кој не го знае и неможе да ги знае неговите намери дали се зафракава или не, и да го процени само затоа што еднаш те пратил дома со такси. И пред се ти немаш право да се лутиш ако тој гледа светско правенство и сама кажа дека сте биле секој ден се заедно па остави го човекот еден ден на мира со другарите. Ако фатил женска незначи да ги запостави другарите и обратно. Сега за сега друг проблем освен мајка ти немаш ама обиди се и тој да го решиш. Понекој период можеш дури да ги запознаеш, сега е и премногу рано. И немој да се потпираш многу околу тоа на фејс не се врти целиот свет околу фејс. Ако сака тој да направи нешто ќе си отвори друг фб на кој ќе те блокира и ќе си тера работа, не ти набивам лоши работи во глава туку чисто ти кажувам. Познавам 1000 луѓе кои се на фејс во врска па сепак си се пуштаат на која ќе стигнат со изговор "Па што дека ми е женска, лошо ли ќе биде ако малку сменам". Е за ова суеверноста нема да го коментирам оти мене еден во мајка ми се колнеше дека ме сака па на крај си замина со друга. Но не мора да значи дека и кај тебе така ќе биде ти кажувам чисто пример. И да се надовразам на нешто од предходно значи јас имав врска од 1 година и неколку месеци па моите дома незнаеа не затоа што бев малечка туку несакам да ми се мешаат. Јас не викам да криеш од мајка ти далеку од тоа но сепак малку си избрзала со тоа што си и кажала, за 1 недела неможеш да изградиш сериозна врска.
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Според мене многу бргу си донела одлука за една неделна врска. Не ме сфаќај погрешно може си го познавала и од порано како што кажа ти се допаѓал пред неколку години ама во врска со него е тоа не е исто. 20 години си и свесна си си како треба како не треба. На почетокот секое машко те третира како принцеза но верувај со текот на времето ќе си покаже каков е навистина. И нема никаква врска што сте биле во тивок и мирен кафич и тоа не значи дека има други девојки или незнам што ете на пример и јас повеќе ги сакам тивките и мирни места. нНесакам гужви, галами и такви работи моментално почнува да ме боли глава. Плус тоа една недела сте заедно имате време ќе излегувате и на други места. Е тоа што му снемало бензин добро сега може да се случи секому ете може несакал да те малтретира и да те влечка со него низ бензински и затоа те пратил дома со такси. Во што е проблемот тука? Не мора да значи дека одма отишол кај друга. Значи до овде и нема некој голем проблем. Е сега проблемот е мајка ти. како прво и основно ти си згрешила што си и веднаш кажала требало да почекаш малку. Ако по 2 дена раскинете таа ќе ти зборува како цело време била во право. Инаку мајка како мајка се грижи и секако за својата ќерка го сака најдоброто. На тоа нема што да и се лутиш туку да разговараш со мајка ти како возрасна личност. Не верувам дека таа го познава дечкото и затоа неможе да му суди на некој кој не го знае и неможе да ги знае неговите намери дали се зафракава или не, и да го процени само затоа што еднаш те пратил дома со такси. И пред се ти немаш право да се лутиш ако тој гледа светско правенство и сама кажа дека сте биле секој ден се заедно па остави го човекот еден ден на мира со другарите. Ако фатил женска незначи да ги запостави другарите и обратно. Сега за сега друг проблем освен мајка ти немаш ама обиди се и тој да го решиш. Понекој период можеш дури да ги запознаеш, сега е и премногу рано. И немој да се потпираш многу околу тоа на фејс не се врти целиот свет околу фејс. Ако сака тој да направи нешто ќе си отвори друг фб на кој ќе те блокира и ќе си тера работа, не ти набивам лоши работи во глава туку чисто ти кажувам. Познавам 1000 луѓе кои се на фејс во врска па сепак си се пуштаат на која ќе стигнат со изговор "Па што дека ми е женска, лошо ли ќе биде ако малку сменам". Е за ова суеверноста нема да го коментирам оти мене еден во мајка ми се колнеше дека ме сака па на крај си замина со друга. Но не мора да значи дека и кај тебе така ќе биде ти кажувам чисто пример. И да се надовразам на нешто од предходно значи јас имав врска од 1 година и неколку месеци па моите дома незнаеа не затоа што бев малечка туку несакам да ми се мешаат. Јас не викам да криеш од мајка ти далеку од тоа но сепак малку си избрзала со тоа што си и кажала, за 1 недела неможеш да изградиш сериозна врска.
     
    На Nezna28 и Daleron им се допаѓа ова.
  15. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Кога ке прочитам мислења дека некој е фин со тебе за да те легне, просто се чудам каде живеам |( Од разно разни проблеми што ги читаме на форумот, доаѓам до заклучок дека он и ако се понаша како идиот, па ја "легнува", зашто она, нели, го сака :?:
    Па добро бе луѓе, почеток на врска, се е најубаво, најзабавно, најинтересно...нормално е да се дава максимум и да ја третира како принцеза. Гледал светско, аха, па и ја гледам заедно со дечко ми, па што. Излегувале во мирен кафич, автоматски ја носел по скришни места...Се вратила дома со такси, одма треба да му раскине, зашто него го мрзело да ја вози дома, не дека немал гориво (а како што разбрав ни пари за да наполни)...Значи никакви врски се идеализираат ( де дај му време, де остави му простор може и ке ти се јави, де потруди се околу него, купи нов долен веш....), а на нормална, тазе врска, со тенденција да премине во здрав и сериозен однос, со сила и се наоѓаат маани.
    Девојче, со своето размислување си на одличен пат да си изградиш стабилна врска, а мајка ти...не ја земај здраво за готово, сестра ми имаше слични проблеми со мајка ми, најверојатно затоа што ја веќе имав дечко, а таа фати баш во период каде кај мајка ми почнуваше некој период на климактериум, па стално мрчеше и наоѓаше мани, ама се тоа помина. Ти посакувам среќа :*
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kiki101

    kiki101 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Со дечко ми сме во врска 3 години,порано си ги имавме пасвордите на фб сега не, една негова "пријателка" од контакт ме вади,на се му лајкнува освен на слики со мене,му пиши пиленце, срценца бакнежи, дечко ми знај дека ме нервира за неа се каравме и на нова год исто така му пиша порака која не изгледаше баш другарска а потоа и за неговиот роденден, случајно сношти му го зедов моб на дечко ми и гледам си пишеле и таа му имаше пак бакнеж пуштено не успеав да прочитам ми го зеде моб.

    Се каравме околу тоа демек онака тоа било на фб на мајтап си пишеле а мене не ми го давал пасв за да не се лутам,да не сум се лутела немало ништо демек ако имало ќе ми кажел, сношти помина некако,но јас се повеќе се нервирам и се чудам јас му сум поважна или таа, нема шанси да ми го дај пасв да видам ств дали има или нема ништо, нз што да прам како да го убедам да ми го дај пасв и мислам дека поќе неможи да ме прај будала доста јас секогаш му простувам и секогаш попуштам!

    Знам дека само ќе се скараме и дека нема пак да ми го дај но морам да го убедам, и ме интересира дали вие му ги знајте пасв и дали и некоја има ваков проблем и како го решила!
     
  17. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Не е битно таа што му пишала,битно е тој што и пишал. :!:
    И јас да бев на твое место ќе се искарав.
    Јас сум по природа одмаздлива особа и ќе го направев истото.Ќе му речев на некојси подалечен братучед да ми пушта срциња и слично.(не да правиш лажен бидејќи одма се познава)
    Па да видиме како тој ќе реагира. Претежно мислам дека не е многу битен фејзбукот, и дека не треба многу да се обрнува внимание на лајковите и сл. но не и во ваква ситуација. Или пак евентуално речи му да одберу помеѓу вас двете. Ако упорно тврди дека сето тоа е зафрканција прашај го дали за некоја зафрканција е спремен да те изгуби тебе.
    Маживе стварно понекогаш немаат мозок. :fubar:
    Јас едно време му го знев пасвордот но сега не повеќе а и не ми треба веќе му направив чистка :lol: .
     
  18. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196


    Ако тој на 3 години врска решил да ризикува со таму некоја којзнае која, не вреди ништо. Ако нема што да крие, ќе ти го даде пасв, но дечко ти очигледно има нешто што не сака ти да го знаеш. Посебно мобилниот. Што има во врска од 3 години некој да го крие мобилниот, кога веќе и пријателите ви станале заеднички, не ми е јасно О.о?!!
    Мој совет е, иако велиме дека фејсбук не е важен, овде не е виновен фејсбук, туку твојот дечко е во постојан контакт со некоја девојка, која всушност и не му е пријателка, а потенцијана да не кажам што.
    Ако упорно крие од тебе и вели дека не е важно, предлагам да се оддалечиш од него, па ќе видиш дали ќе биде спремен да се избори за вас или веднаш ќе потрче кон неа. Јас мислам дека ти се плашиш да му раскинеш бидејќи си и повеќе од сигурна дека дечко ти ќе отиде со неа. Но да ти кажам, подобро ти прва остави го, отколку тој тебе.
     
  19. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Профилот на фб е приватна работа, па со тоа никој освен тебе не треба да го знае пасвордот. И не ги сфаќам овие барања некој некому да дава пасворд од личен профил.
    Ама сериозно, ок, ништо не криеме еден од друг, ама што има тој да чита мои разговори со другарки? Дали он треба да знае дали на другарка ми и доцни, дали комшивката сумња дека маж и ја вара, дали братучедка ми сака да му раскине на дечкото и да се смири со бившиот....Аман луѓе, ПРИВАТНОСТ!

    Девојка : Љубави сакаш ли ме ?
    Дечко : Да
    Девојка : Докажи?
    Дечко : Што сакаш да направу за да ти докажу ?
    Девојка : Бори се сс лава заради мене .
    Дечко : Па добро тачна ли си , ќе ме расцепи за 2 секунде ...
    Девојка : Епа тг дај ми password од facebook
    Дечко : Куде е тј лав маму му ебу ?
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kiki101

    kiki101 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Те свакам и јас му го немам и се беше во ред дури не се појави ова која очигледно му се пика и и овој и дозволува па затоа сакам да го дознам пасв за да видам дали е мајтап и ништо сериозно како што тој тврди или пак има нешто тука, срција бакнежи баш на машки другар не му се пуштат, а и ако нема ништо тој нема да крија!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.