Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Можеби стварно нешто му излегло, а можеби и само си игра со тебе. Ти не го барај повеќе не му ни пишувај за да видиш дали тој сам ќе те побара. Ако пак ти направи така или ако го снема, батали го и продолжи си понатаму. Како и да е немој да му оставаш впечаток дека си залетана по него. Но сепак мислам дека ако стварно сакал да се види со тебе ќе најдел време :( . Само не ми е јасно зошто се навраќаш на нешто што веќе поминало. Да бил човек на место сигурно не би бил бивши сега нели?
     
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ти се одмаздува за тоа што ме измучи да ти го читам мислењево напишано на латиница. Како ви успева бе луѓе да пишувате на латиница, мене оноа горе одма ми мења на кирилица, душата ми ја извади.

    Иначе сериозно да ти одговорам што имав на ум. Чим ти ставаш варијанта „ми се одмаздува“, значи дека ти си направила некоја беља. Најверојатно го имаш изневерено. Начекал момент за да ти врати, ама изгледа лесно си поминала. Да, мојот тип е „ти се одмаздува за нешто“, по муабетот делува дека намерно те извисил.
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми изгледа како намерно да ти го направил. Значи прво ти рекол ќе се видиме а тој бил на кафе ваму таму и на крај го сменало. Епа не го барај повеќе. И да бил добар немало да биде бивши. Гледај си напред во животот не се навраќај на стари работи, не вреди.
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не сака да се видите.
    Кажал ДА од учтивост, а тоа јави ми се после, утре , задутре кажува многу.
    Не го барај повеќе бркај си работа, а некои што напишаа предходно дека има нешто за да ти се одмаздува ти си знаеш, ние можеме само да нагаѓаме.
     
  5. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Аман те бе дечки со тие бивши дечковци! Па стварно треба да се има малце самопочит. Навистина има еден куп мужи у градов со лопата да ги ринеш. Каде ви е желбата за ново и неоткриено и нови авантури со нови личности, флертување, бркање...
    Имало причина зошто е бивш, и готово крај на приказната. Не ми е јасно како си мислела дека ќе заврши целава работа, незнам како сте раскинале и зошто,но се случило. И да знаеш бившите секогаш ќе најдат причина за одмаздување. Секогаш од се има по добро и по интересно,па има ли нешто по возбудливо од првиот состанок и првиод бакнеж и докажувањето... Уживај во животот не си прави самата главоболки.
     
  6. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Прво договара, па откажува од култура. А да ти кажам право, и ти си напнала. Прво демек безвезе порака, како е....па да се видите, па си го побарала еднаш, па повторно си го побарала, па не си била сигурна, па си пишала порака да потврдиш..... |(
    Е сега, ти си иницирала дури и премногу, он знае дека сакаш да го видиш, ако сака ке се јави. Единствен совет за тебе во моментот е - не му се јавувај и не му пишувај пораки.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Многу сум конфузна, ми треба мислење...
    Во врска сум 4 месеци, блиску сме многу и искрено имаме нормална и убава врска. На почеток кога се запознавме јас имав недовршена работа со еден тип, (слободно можам да кажам дека ништо немаше со типов, се смувавме еднаш и нејкеше да ми се откачи се затреска, не можев да го откачам)
    Е сега, со сегашниов тогаш се смувавме, бевме заедно а овој досадниот некако успеав да го откачам да не ми пишува да не ми се јавува и ја завршив таа работа.
    По 4 месеци, мојов дознава за тој другиот и ме обвинуваше дека го имам изварано. nevermind
    После тоа јас дознавам дека на почеток на нашата врска и он имал нешто со некоја типка (фактички и тој во случајов ме изневерил)

    Јас го сакам, а знам дека и он ме сака.
    Тоа бил почеток на врска, не знаев едноставно како ќе се развива врската, но во моментот кога видов дека ми е убаво и дека може да ја бидне работата ги тргнав сите работи на страна..
    Верувам дека нашево може да функционира, вчера разговаравме и ме праша како мислиш дека нашево ќе тера понатаму? ти си ме изневерила и јас сум те изневерил на почеток..
    Мислиш дека ќе биде?

    Јас не сакам нашево да прекине, бидејки многу ни е убаво. Но навистина ме натера да размислам, верувам дека можеме да ги надминеме сите работи доколку и двајцата навистина сакаме.

    Што мислите?
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Па и не било неверство!
    Ајде ајде и во брак се изневеруваат па продолжуваат. Ништо страшно поразговарајте убаво, разрешете се и не спомнувајте повеќе.
    Со среќа!
     
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    WomanInRed Штом ти го спомнуа тоа сеуште сигурен сум дека тука не штима и дека од таа врска ема ништо. Тоа веќе требало да биде надминато а тој после 4 месеци повторно ја врти истата работа. Мислам дека не ти верува и дека ќе бара начин да се отараси од тебе.

    RedRoses: Мислам дека на секоја девојка треба да и биде повеќе од јасно што значи кога тип ќе ти каже барај ме. Во превод тоа значи откачување на културен начин. Незнам колку год имаш ама си запнала како некоја клинка, да се видите па да се видите, па плус и да провериш дали сигурно ќе се видите. Човекот бил доволно возрдржан и не те отерал у ПМ, но немој повеќе да ги тестираш негоите нерви.
    Како го кажа тоа као да го тестираш ти него дали уште чувствувате нешто, ама изгледа тој те зезнал тебе и ти го покажал местото, а тоа е во бившите. Секоја чест на типот, поштувам карактерни луге а не да трчаат по секоја сукна и по 100 пати да се смируваат со бившите само заради корист.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Прочитај добро сега разбрал , а не дека знаел 4 месеци.
     
  11. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Ништо страшно штом сте зрели да седнете цивилизирано да разговарате мислам дека ќе ве биде и како што вели Daleron и бракови останувале цели по неверство па не ваква работа. Искрено ако ти е убаво, и он сака да продолжите - уживај и пливај ]:)
     
  12. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    WomanInRed и јас сметам дека не е толку страшно вашево и дека може да имате убава иднина. Имам само еднo прaшање: зошто дечко ти кога дознал дека си го изневерила само те обвинувал а не ти признал дека и тој тебе те изневерил?
    Мислам дека е најпаметно да седнете да разговарате и да си ветите дека во иднина искреноста ке ви биде на прво место и дека тоа што се случило на почетокот нема да се повтори.
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    Е не знам Пузле, има навика да ме обвинува и да ме напаѓа ама тоа е моја кривица, така го навикнав ми се чини. Јас размислив и сватив дека подобро што се случи вака и што искочија сите работи на виделина, немаме веќе скриени работи. И се надевам ќе ги надминеме
     
  14. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Ти вака ако му дозволуваш да те напаѓа и обвинува, ептен си ја утнала работата. Имам чувство дека тој ти крие повеќе работи а не само тоа дека те изневерил еднаш на почетокот.
    Прво:
    Мораш да му се спротивставиш и да покажеш свој став следниот пат кога ќе те нападне или обвини, зошто ако така го научиш ќе те игра како сака и кога сака.
    Второ:
    Постави му го истото прашање што јас тебе ти го поставив- зошто не бил искрен со тебе кога веќе сте ги започнале тие муабети? (баш ме интересира што ке ти одговори)
    Трето:
    Дај му до знаење дека и двајцата сте погрешиле и се каете заради тоа, но дека во иднина нема да толерираш да преминува одредени граници.
    Искрено се надевам дека дечко ти не глуми алфа мажјак зошто на таквите никогаш ништо не им се докажува- или е по нивно или по ничие.
    Со лесно нека е ;)
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба еден совет од вас незнам како да објаснам како се чуствувам,со дечкото мој ајде така да го наречам навидум ги средивме сите несогласувања и сплетки што ги имавме,но незнам зошто постојано сум под некоја тензија и нервоза ;( постојано мислам дека нешто ми прај зад граб или дека лажи за све нензнам што ми е мн сум несигурна во себе дали од минатото што све се случуваше или некое пречуство навистина незнам толку емоционално нестабилна сум што неможам да опишам,незнам ни како да објаснам ;(
    Немојте да ме сватите погрешно дека сум опседната од него или дека постојано го барам не е така напротив ни постојано го барам ни го контролирам понекогаш воопшто не ме интересира ни каде ни што прави мислам не MI SE мислите 24/7 едноставно да речам...
    Најповеќе што ме иритира е тоа што ќе станам насабајле позитивна ќе го побарам ќе кажам што планирам или каде планирам да одиме позитивна насмеана све и до крајот на денот 100 пати ќе се сменат плановите све нешто можи ќе има работа или на работа дефек нешто ќе испадни (привано работи) не е битно и све само испаѓа дека секое излегвање зависи од него и од условите околу него старшно почна да ме иритира то и мн се нервирам,и постојано ми префрлува дека се лутам но тоа што секој мој план зависи од неговата работа или незнам што ставрно ме иритира и неможам да не се налутам,станав нетолерантна личност и мн емоционално нестабилна назнам зошто ;( но многу работи во врска со него почнаја да ме иритират тој битно си ја брка работата па јас ако се нервирам навистина незнам како да се поставам што да правам или све упм да отерам
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    Хахаха извини прво што се насмеав...Но се насмеав зошто како себе да се прочитав во постот ...
    Искрено мислам дека сите поминувам во ова фаза... Мислам дека тоа е од љубомора да речам.
    Не му се сикирај се е до психата...Стави си во глава дека нема потреба од нервоза и сл и се ке биде во ред. Го имав овој проблем и го решив така што одлучив да верувам во позитивно и се се среди...Без гајле...Психата е најголем проблем...Затоа командувај ја ти неа а не таа тебе/
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не знам која е позадината за твоето однесување односно недоверба.
    Ако сте ги решиле работите од минатото смири се малку, обиди се повеќе да му веруваш.
    Знам дека е тешко ама не е и невозможно.
    Штом работи приватно нема планирање на далеку туку од минута во минута.Ова ти го кажувам затоа што и јас живеам со човек што работи приватно и се зависи од неговиот ангажман.
    Ама не се чувствувам како тебе дека се зависи од него.Или усогласи се или..........за да не се нервираш, ама нема да можеш пак ќе се нервираш.Пробај да мислиш позитивно, колку ви е убаво кога сте заедно, на убави заеднички моменти и нее се навракај на минатото што и да било.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Девојки имам еден проблем,ако можете да ми помогнете...
    Имам дечко.И сега бев кај братучетка ми на гости и таму со еден си правевме се муабет,али јас си го сакам дечко ми и ништо не мислев со него туку онака само да си збориме,али дечково ме свиѓаше и одеднаш ме смува и добро јас си се тргнав и отидов на друга страна...И за тоа не му кажав на дечко ми не знам зошто т.е не сакав едноставно да го изгубам...Тој ми нашол број и ја додека седам со него,он ми се јави и јас цела се збунив и морав да му признаам што се случило,и нормално се налути почнавме нешто да се караме демек сум требала да му кажам да не кријам,он ме сакал се правел за мене,јас вака да сум му враќала и секако ми падна ептен тешко...После се тргнавме еден од друг он не знам како се смувал со некоја си се гледал и сега знам дека не е таа тука и го викнав да излеземе да правиме муабет.Се тргна добро ми кажа дека ме сакал,не сакал да прекине со мене и да сме излагале секој ден.Јас го прашав дали излага со мене,само затоа што таа не е тука и дали кога ќе се врати ќе ме остаи и ќе продолжи со нејзе ми кажа не мене ме сакал и ми вети дека ќе ја откачи..Сега за сега сме на мување...
    Али јас сакам да си го вратам...Ве молам кажете ми како да постапам,што да правам за да го вратам назад веќе не знам што да сторам,го сакам многу...:(
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Епа сама си крива, сега треба многу многу да се потрудиш. Но, ништо нема да биде како порано. Дадете си време и видите си дали можете да си простите еден на друг. Ако се сакате, се може да се преброди.
     
  20. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Како тоа те смува?Со сила?Па ваљда ако беше таква жртва на насилство ќе му кажеше на дечкоти.Но никој не е безгрешен,не сум јас никоја да те осудувам.Мој совет почекај да се врати неговата сегашна женска дајте си малку време,зошто можеби му е интересно со неа,ново итн..жалам неќам да те разочарвам,но неќам ни ти на крај да си разочарана.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.