Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Одевме 1 месец и нешто..Еден ден не му вратив се брзав и тој ми се налути ли незнам и веќе не ми пиша и као сме раскинале..И после тоа гледам искачал со друга и пишувал со една ако можам да ја наречам "негова бивша" и згора на сето тоа она е поголема од него а и со уште една..Се изненадив,не очекував..И последните два дена заедно бевме и многу идиотски се понашаше спрема мене :x цело време ми збори но како да не си дозволува да ми пријде пак :( А го сакам...Незнам како да го вратам..А и не ме ни поздравува кога ке дојдам или кога ке си одам ;( Не дека ми пречи тоа но мислев дека ке останев подолго време со него,али јебига.. Незнам што да правам,ПОМОШ :wasntme:
     
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Хани очигледно си затрескана во типот до уши.ама малку затвориго срцето и отвори ги очите.Зарем покрај толку машки тебе ти треба некој кој те третира како ѓубре,без никакво сваќање,без принципиелност....дај жити се уживај во животот и прекрасните опции кои ти ги нуди....ТОА ДА ПРАВИШ.
     
  3. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.347
    Само игнорирај го. Ако се врати добро, ако не, има уште еден мал милион машки кои што нема да се однесуваат кретенски. (некои и ќе се однесуваат ама млада си ќе имаш време да го пронајдеш вистинскиот)
     
  4. nadja30

    nadja30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Се наоѓам во љубовен триаголник подолго време,од зафрканција стана главоболка се заљубив во него.Во почеток ми беше забавно,убаво и не мислев што се случи подоцна,но како што ме бараше се повеќе и повеќе се заљубив во него,но подоцна тој се смени тотално се однесува како идиот спрема мене не ме бара повеќе толку,ми наоѓа изговори дека има работа,ми вели да му верувам и да чекам да ме побара но веќе подолго време само комуницираме на скајп и на фб.повеќе незнам што да правам а премногу го сакам за да го оставам.
     
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Никогаш не замислував ниту во моите кошмари дека ќе се случи ова...заљубен сум ја сакам ме сака и таа убаво ни е заедно но проблемот е што моите многу ми се мешаат, ја кудат, одморот ни се упропасти поради нив...не беа вакви пред некој ден се се промени во еден ден кога таа беше кај мене со спиење не сакале да спиеме заедно на ист кревет, најдобро би било во иста соба на различни кревети за да не се случела таа грешка...јас секако им објаснив дека ако ние сакаме и со пранги да не стават ќе го направиме тоа но не сакаме затоа најдобро е да си спиеме заедно и да не ми се мешаа во врската...цело време се обидувам да му објаснам но не свајќаат тврдоглави се, ме притискаат да се откажам од неа за мое добро а јас пак упорно им викам дека никогаш нема да се случи тоа, никогаш нема да ја оставам девојката која што искрено ме сака на цел свет, знам дека ме сака и сака се да биде во ред и со моите по дома зошто секогаш ме советува да се смирам со нив на некаков начин, никогаш не рекла нешто лошо за нив иако тие за неа премногу...не го заслужува ова таа, таа треба да биде само среќна но периодов само ја растажувам поради тоа...што да правам насредина сум не сакам да изгубам ништо, дали да продолжам со оваа тврдоглавост па со време да попушта моите? А од неа не се откажувам сигурен сум во тоа...никогаш не би го направил тоа...сакам да слушнам ваши мислења, звучи како да сум дете и дека сум премногу зависен од нив но воопшто не е така, нивните закани не ме плашат воопшто.
     
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    По колку години сте, и колку време во врска?

    Доколку сте средношколци и зависите од родителите пробај да ја одалечиш девојката од твоите, излегувајте, шетајте ама не се затварајте дома кај тебе или кај неа.
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Марјан а зошто пак морала да спие кај тебе ? Си и ја намалил вредноста во нивните очи , мислам не сте размислиле .. Ти веројатно си ги познаваш родителите и според пишаното се гледа дека се конзервативни па не си морал да ја носиш дома на преспивање , веројатно помислиле дека е со лесен морал. |(

    Значи непотребно си ставаш трн во здрава нога, гледам 21 година си , терај си ја врската настрана од твоите родители , само ќе ја изложиш на непријатности доколку продолжиш да ја носиш на спиење..
    Не си дете , возрасен човек ... Ако ја сакаш девојка ти мајка и татко ти воопшто не се пресудни . Јас лично би те советувала да не и ги пренесуваш муабетите од твоите на девојка ти , така само повеќе ги инволвирате во вашата врска.
     
  8. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    А да го баталиш?
    Да бил како што треба немаше да те остави да чекаш. Си користи разни изговори а сигурно има милион комбинации позади себе. Ако има друга не е вреден да го чекаш. Дури и да е со тебе незнаеш дали истото ќе ти го прави.
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Џизс факин крајст. Како бре твоите не сакаат да спиеш со девојка? Чекај малце, девојка ти да не се вика Трајче и да има нешто меѓу нозе чија именка е во машки род? :o
    Нешто прерипуваш во приказнава.

    Баба ми викаше „од играчка-плачка“. Епа срц, од зафрканција, да си се епкате додека девојка му не гледа, сега е главоболка зашто си се заљубила во човекот кој во парни денови ја оплодува девојка му, а во непарни ти ја полни устата тебе? Ноу лав фор ју, дир, седи дома пред компјутер и впивај ја силно болката, за да ти биде памет за следниот пат.
     
  10. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Ве молам за совет!
    Бевме заедно две години. Последната недела дена не ни беше тоа тоа, беше некако како напнато и сосила. Тој, најискрено фер постапи и ме викна да направиме отворено муабет. Ми рече дека ме сака, не може да рече дека не ме сака ама сето тоа не било како што ни беше во врската. Не е во прашање никаква друга девојка. Не сакал да ме лаже, па отворено ми направи муабет. Како нешто да се сменило, како да му било напнато и со сила. Искрено и јас го почувствував тоа. Ми рече да не го сфаќам како раскинување или оставање, дека сеуште ке комуницираме и ке излегуваме како другари. Дека ме почитува мене и овие две години, и дека КЕ ВИДИМЕ ШТО КЕ ДОНЕСИ ВРЕМЕТО, можеби повторно ке бидиме заедно..
    Но од тогаш мина еве еден месец, а мене ми е многу тешко. Многу го сакам. Не знам што да правам. Излегуваме во друштво се собираме, но мислам дека не му е баш најпријатно и не е најопуштен. Се плашам да не го притискам, а и вчера баш бевме излезени.. И мислам дека во една ситуација можеби ме сфати погрешно и ми се налути.. Не знам што да правам. :( Да оставам на времето? Како да го вратам пак?
     
  11. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Прво и основно глупаво е да се навреди и поплука на туѓата мака, најискрено "капетане" ако даваш совети давај треба да се стави црта во теми каде што се дозволува шала а на теми каде што се прави сериозен разговор доволно сум долго тука за да го разберам тоа и никогаш не сум се посмеал или поплукал на туѓа мака, така да сумирам паметногазловци не ни се потребни тука...и второ не не е во машки род и приказната си е супер само ти неубаво си прочитал, си избрзал со тоа да ме направиш мене со интелегенција на штекер.
     
    На puzzle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Маријан и јас би те советувала врската да ја држиш понастрана од твоите барем извесен период, додека се среди малку ситуацијата. Не ја носи девојката дома и не и ги пренесувај разговорите со врска со неа помеѓу твоите. Подоцна ако сте заедно и створите семејство, да не се прави дополнителна тензија и напнатост меѓу нив.
    А кога твоите ќе видат дека стварно си среќен со девојката, се надевам дека ќе попуштат. Сепак сметам дека среќата на детето треба да битна за одлуките на родителите.
     
  13. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Доволно време поминало, а и реално гледано, неможеш да го гледаш само како пријател тој што го сакаш. Не сакам да го напишам ова, но мислам дека оладил од тебе, Како и да е искреноста му е на завидно ниво. Можеби е време да почнеш да размислуваш за друг дечко во твојот живот.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Направи уште еден смирен разговор, доколку се чуствува подготвен да продолжите онаму кај што сте застанале продолжете, доколку веќе е решен да нема ништо со тебе нека ти каже и одалечете се, бидејќи вака само ќе сакаш да го вратиш а нема да можеш. Полесно ќе ти биде да го заборавиш доколку не го гледаш воопшто.
     
  15. kafee

    kafee Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    имаш 18 години и 2 годишна врска, верувај поубаво ќе ти биде ако му дозволиш малце интима, а ако не си спремна за односи кажи му допирите да останат само допири
     
  16. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    И последни два дена излегувавме заедно и тој првиот ден он збореше на телефон скоро пола час со таа ,а вчера пробаа да не смират но тој одби..а прееска само молчеше ништо не зборуваше..како да го преболам,едноставно имам навикнато да го малтретирам,гушкам,гњавам,а сега ништо од тоа неможам,дури немаме ни поздрав :(
     
  17. coco47

    coco47 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки имам 19 години и имам еден проблем па сакав да ви се обратам вам. Се започна откако се запознав со еден дечко (ќе го именувам како личност А, 26 години, воедно другар на дечкото што ми се допаѓа), со него станавме пријатели. Бидејќи мене ми се допаѓа неговиот другар (ќе го именувам како личност Б, 26 години и нема поим дека го свиѓам :D) го видов А како шанса за зближување со Б. Цело време кога јас се поздравував некаде со А, а Б беше со него тој мило се потсмевнуваше ^_^. Се беше океј се до една журка каде А откако го однесе Б дома со неговата кола повторно се врати на журката и ме праша дали сакам да одиме негде насамо да поразговараме и на мир да испушиме некоја цигара, јас бев поднапиена, но можеби и бев малку свесна каде води работата и со мене си земав и две другарки :D. Кога се качивме во неговата кола бев сигурна дека се е на другарска база. Отидовме на едни изолирано место и сите бевме вклучени во некои интерсни муабети кога одеднаш “пријателот„ почна да ми се доближува, да ме гушка и на крајот нападно проба да ме бакне, ми требаа 15 минути да го оттргнувам од мене за му докажам дека не сакам да имам ништо со него и му кажав дека имам причина за тоа (не му кажав дека причина всушност е дека сум вљубена во другар му ). После случкава паднав во депресија и две недели не излегов од соба оти само што бев излегла од љубовно срање, бев сигурна дека никогаш нема да можам да бидам со Б. Го избегнував А кога и да беше излезен, но во некои неизлезни ситуации морав да се поздравувам со него, но кога и да беше Б со него тој секогаш се смееше (незнам зошто се смее, претпоставувам ја знае случката па му се смее на А). Потоа случајно дознав дека всушност дотичниот А има девојка со која се заедно долго време. Тука ми пукна филмот, бидејќи си има женска а мене ми ја растура среќата и бев решена да одам и да му плеснам се во лице, но се откажав си помислив дека не заслужува да трошам зборови на кретени како него. Потоа ете уште една журка каде што дојдоа А и Б со другарите. Иако бев пијана го избегнував за да не се поздравам кога одеднаш се појави пред мене и бев приморана да се поздравам, А почна да ме гушка и бакнува во образ и замислете Б беше до нас, мене ми пукна филмот го оттурнав и без збор заминав а Б почна да се смее (најверојатно на јавната корпа на другар му, инаку Б е страшен шегаџија). После таа журка се сретнав со Б и еден негов друг другар, со кој исто така сме блиски и се поздравивме. Тогаш за прв пат се поздравив со Б и забележав колку е тој срамежлив, хаха. Му пружив рака за да се поздравиме и рацете си ги задржавме толку долго што полека ни се слизнуваа, кога се осетив дека рацете ги држиме повеќе од вообичаено поздавување го погледнав и тој ме гледаше па си ја повлеков раката. По 2-3 дена ги видов А, Б и другарот како шетаат и почекав А да замине па тргнав да се поздравам со нив. Иако му бев најдалеку за поздравување (поблиску му беа моите другарки, јас бев на крајот) Б прво се поздрави со мене и овој пат тој прв ми подаде рака за поздрав ^_^. Проблемот е што незнам како да му дадам до знаење дека ми се допаѓа и како да го сватам неговото однесување, како да дознаам што чувствува и дали чувствува или само се лажам себе си, дали ќе биде проблем ние да сме заедно, дали можеби и тој чувствува нешто за мене но А го преварил пред тој да му каже на него... имам милио дилеми, советувајте ме што да направам. :worried:
     
  18. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Како што кажа дека си излегла од љубовно срање,јас би те советувала да му пишиш на Б и така ќе ти се разјаснат повеќе дилеми.Ќе го запознаеш подобро и каква личност е.Биди подиректна и дај му до знаење дека ти се допаѓа.Но немој премногу нападно.Позз и пиши што ќе направиш.
     
  19. coco47

    coco47 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас сакам да го направам тој прв чекор бидејќи и таква е и ситуацијата, но страв ми е од реакцијата, т.е што ако бидам одбиена?!
     
  20. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Ride or die. Незнајш дали ќе си одбиена,не му се пуштај одма само пишувајте ќе ја видиш неговата реакција.А одбиена од чат неможе да си..така да немаш што да изгубиш :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.