Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Извини што се осеќаш као штекер, ама ако ти сам не можеш да видиш колку не е нормално родителите на еден млад (или возрасен) човек да му забрануваат да спие со девојка, тогаш јас не можам да бидам Тесла и да измислам наизменична струја. :fubar:

    Кога велам нешто пропушташ, значи дека нешто пропушташ за да имаме комплетен увид на работите и да ти помогнеме поубаво. Доколку нема повеќе од приказната и твоите родители навистина ти „забрануваат“ да бидеш на ист кревет со девојка, тогаш...

    - Или девојката е траверстит,
    - твоите родители сакаат да бидеш геј,
    - девојката има фалинка која не ни ја кажуваш (социјален статус, убавина и сл.)
    - ти имаш фалинка која не ни ја кажуваш, а родителите ја знаат.

    Извини ако не можеш да се соочиш со реалноста која ни ја прикажуваш и особено извини што се потрудив да те разберам и да те поттикнам да објасниш поубаво за да можам и да најдам соодветно решение. As far as i`m concerned, from this point on, можеш да бидеш не штекер, можеш и продужен кабел уклучен сам во себе да бидеш и да очекуваш да има струја во другите приклучоци. Поздрав. :beer:
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ни прва ни последна обиди се не губиш ништо, барем ќе знаеш на што си.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Убаво се наброја, ама јас би додала уште нешто. Конзервативни родители.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ехх не те приметив дека си вратил..Искрено не треба да се спуштам на твоето трол ниво ама ајде да пишеме една две реченици...Како прво капетане дома на твоите можеш да му кажуваш што и како му фали дали тие се траверстити , гејови, дали нешто надворешно му фали, а не мене и мојата девојка да ја споредуваш со тоа и слободно можеш да си ги искажуваш своите фетиши но само таму не тука!Второ ако сакаш да бидиш смрдлив бед бој на форумов како што се прикажуваш преку твоите постови биди си никој не те забранува! Трето користи помалку варваризми за опишување на нештата, во лексиката на македонскиот литературен јазик има доволно зборови за опишување на нештата, Блаже и останатите бадијала не го осмислувале правописот и правилата како да се пишува на македонски литературен јазик за некој од нас да се "фура" со интернационализми.Четврто кога веќе зборуваме за тоа сигурно по дома имаш огледала погледни таму убаво и нека не те лажат од дома дека си многу паметен, тебе ти смета тоа не нас!
    И да ако сакате одговор на прашањето зошто квалитетните членови започнаа поретко да пишуваат на форомов одговорот е даден погоре, се додека за еден пишан проблем наместо да се даде мислење што е на место како од Daleron, а не како од господинот бед бој од погоре нема да има промена во тоа. Убав ден :f: !
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Марјанче, не знам зошто сите се фатија само за спиењето заедно и грешката што може од тоа да се направи, очигледно не ти ја сакаат момата твоите а ова е само еден начин да пробаат да те отргнат од неа. Кажуваш постојано дека имаат нешто против неа а не кажуваш што. А можеби само мислат дека премногу си мал да влечкаш девојки дома и да правите нели, срамотни работи на неколку метри од
    нив :shake: Ако им смета тоа, носи ја што поретко и само на гости, не мора да преспива кај тебе. За онаа работа ќе се снаоѓате и импровизирате.
     
  6. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Па не е поентата да се лаже. Без разлика дали дома му ја сакаат или не му ја сакаат момата, најбитно е дека Марјан си ја сака, тој си ја одбрал и тој е со неа.
    Марјан, па на крај прашај ги веќе што е таа толку голема причина што не ја сакаат. И до кога ќе ти кажуваат што и како да правиш, кого да сакаш итн.
    Соочи се со нив, слободно кажи им дека сам си носиш одлуки за сопствениот живот и дека немаат право така да се мешаат. Ти го живееш твојот живот, и не може никој во твое име да донесува одлуки.

    Само ве замолувам и двајцата, тука сме да си помагаме еден на друг а не да играме кој колку може да навредува.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ќе те разочарам ама после ова ништо нема да биде како порано. И кога веќе не си сакала тој да те смува ама се случило си требала да му кажеш на дечко ти. А тој што те смува незнаеше дека имаш дечко? Си го изневерила, те изневерил и според мене подобро да преќинете додека е време отколку да продолжоте. Ако продолжите верувај дека при секоја кавга тој ќе ти го плеска во лице ова тебе па и ти нему. Врската ќе ви биде со непотребни проблеми.
     
    На puzzle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Дечкото се понаша буквално детски. Еднаш не си му вратила и веднаш отрчал кај друга. Мислам не ти треба таков.
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Незнам колку време сте заедно ама мислам дека си избрзал пред се зошто си ја однел дома башка на спиење. Знаеш како велат запознавањето со родителите колку што е можно повеќе треба да се одложи оти чим ја запознале сигурно е дека ќе и најдат некоја маана и ќе почнат да се мешаат. Ама веќе биднало едноставно повеќе не ја носи дома освен ако работата не ви стане сериозна. И зборувај со твоите немаат право да навредуваат никого и не си ти 5 годинишно дете па ваљда самиот знаеш да си одбереш која девојка е добра за тебе а која не. А тоа што твоите го зборуваат за неа или нејзиното семејство игнорирај го прави се дека не го слушаш. И верувај уште 5 девојки да однесеш дома ниту една нема да им чини ќе го сфатиш тоа некогаш кога ќже бидеш родител. Ниту еден дечко/девојка за родителите не е доволно добар/добра секогаш мислат дека има подобро и дека нивното дете го заслужува подоброто тоест најдоброто.
     
  10. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Значи HoneyAxl, ти кукаш да ти се врати некој кој си излагал со која ке стигне (и само они знаат што се правеле),кој е идиот со тебе и кој бега или ја врти главата кога ке те види само за да не се поздрави? Колку ниско ќе се спушташ за некој кој те зае*ава како сака и кога сака? И згора на се не ти пречат овие работи? Ти не треба ни минута да потрошиш за вакво теле, а не па да му се притресуваш. Во право е eloves, ваков воопшто не ти треба.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Marjan007 , најверојатно проблемот настанал од тоа што девојката почнала да доаѓа на преспивање. Ти не пишуваш колку месеци/ години сте заедно и имале ли време твоите подобро да се запознаат со неа пред да почне да останува кај тебе на спиење. Ова е малку шкакливо прашање и секој родител си има различно гледање на тоа преспивање, за некого е сосем во ред, некој го сваќаат како неморално. Е сега, како што пиша Бриџет, ако се поконзервативни, којзнае што си помислиле за девојката и секако дека нема да ја сакаат и ќе сметаат дека не е за тебе.
    Мој совет ти е да престане веднаш преспивањето (тоа сепак е нивна куќа и ако им смета, тоа е тоа, со инает ништо нема да направиш), девојката некое време нека не доаѓа често на гости а ти обиди се да им ја претставиш во најдобро светло - имаат лош впечаток за неа и сега на тебе и на неа е да го поправите тој впечаток. Битно немој да продолжиш да се караш со твоите, не само што ништо добро нема да излезе од викање и расправии туку само може да ја влошиш целата ситуацијата.
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    На мака сум. Од што мислам многу и несоница имам...

    Еве овака... Сакам да запишам факултет (вонредно), а сакам и бебе.
    Проблем е во тоа што и за едно и за друго реално го "фаќам последниот воз", а и немам намера после 40. година да се замарам за ниту една од темиве.
    За некој месец ќе имам 34 години, имам веќе едно дете од 3 години, во брак сум веќе скоро 8 години. Првите години од брак не сакавме веднаш дете, потоа сакавме ама моравме да се помачиме некое време.
    Кога завршував средно мојата држава се наоѓаше во голем хаос, а моето семејство во дисфункционален однос. Ниту имав избор, а ниту желба да го продолжам образование тогаш (додуша, реално во мое време не се запишуваше волку масовно на факултетите, во прсти од една рака можам да набројам кој од мојот клас се запиша и кој го заврши некаков факултет).
    Понатаму поради Х околности пак не се запишав, животот продолжи, јас се омажив. Постојано и активно почнав да размислувам за да запишам факс веќе година дена и штом ме држи толку долго значи да е сериозно (дури порано и не можев да мислам на тоа, немав државјанство за тука да се запишам некаде).

    До неодамна не се многу мислев и бев задоволна и да останам на едно дете, ама во последно се фаќам како гледам видеа од бебиња на јутјуб и ми е дури болна желбата да имам уште едно. Е сега и тука има проблем што и да сакам бебе, мора посветено да работиме на случајот, бидејќи мислам дека не сум баш од оние жени на кои од прва им се "фаќало". За првото се помачивме и моравме вистински да се фокусираме на работата, па сега и за второво - уф!
    Второто е што со маж ми живееме сами, јас немам никој свој тука, на маж ми родителите се во друг град, го растеме ово дете заедно, на смена што се вика, друго дете, па и обврска плус за мене, не знам колку ќе издржиме и тој и јас, нешто ќе мора да страда.

    Зошто сакам да се запишам на факс?
    Не ми треба таа диплома толку многу во смисла дека ме чека работа кога ќе се здобијам со неа, ама сум уверена дека повеќе ќе имам полза да ја имам отколку да ја немам.
    Пред се, бидејќи ме занима областа која сакам да ја студирам, во нешто такво веќе и сега сум вклучена и го работам, имам завршено некои курсеви, ама не е тоа тоа, би сакала да се дообразувам, би сакала да вложам повеќе во себеси а верувам дека на тој начин ќе вложам повеќе и во другите околу мене (и имам желба да учам што е најбитно).
    Друго нешто, би сакала утре на моето дете да му понудам избор за образованието. Свечено се заколнувам дека нема да му вршам притисок да мора да оде по патот за кој ја мислам дека е најдобар, туку таму каде што тој ќе се пронаоѓа, ама сакам да понудам избор на моето дете/деца, оно нешто што јас го немав кога ми беше потребно, смерница, поддршка и разбирање. Сакам да им бидам на некој начин и пример дека образованието е битно. Не пресудно, ама битно.

    Јас знам дека јас морам да ја донесам последна одлука, ама ете би сакала да слушнам и некое друго мислење, што би вие направиле на моето место, за што би се одлучиле (колку и да звучи грубо ова), воопшто какви ви се размислувања на оваа тема.

    Не многу луѓе знаат за мојот план и двоумење, освен маж ми кој апсолутно ме поддржава за факсот, ама мисли дека нема да можеме да издржиме и со плус едно бебе ако би останала бремена. Другите двајца-тројца блиски што знаат или се воздржани или ми кажаа дека не ми треба сега да се замарам со факсот. Се надевам ќе можете од напишаното да ја доловите комплексноста на моето двоумење и мисла.
    Мислење, совет, поддршка, па и демотивација или искуство со сличен "проблем". Благодарам многу.

    Едит: и се извинувам што очигледно ја утнав темата, насловот ми се чинеше соосветен, ама не обрнав внимание во кој подфорум се наоѓа. Не е баш љубовен проблем, отпосле видов каде пишав. :$
     
  13. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Ова е тешка одлука :(
    Јас би пробала и бебе и факултет :) секако доколку можеш да ги издржиш двете работи наеднаш. Сега и така факултетите се по три години, и башка професориве земаат во предвид кога жени и мајки студираат. Ептен ако мораш само едно да избереш ја би избрала бебе. Сега зависат тука и многу работи, почнувајки од финансискиот аспект, па дали некој ке се најде да ти помага (како што веќе напиша погоре на смени го чувате) итн . Исто знам дека таа диплома што ќе ја имаш ќе претставува голема сатисфакција за тебе (можеби стварно никогаш нема да ти притреба), ама памтам јас како се чувствував кога дипломирав- чуство дека си постигнал нешто во животот. Сепак седнете си со сопругот и направете добар разговор и математика како би било да почнеш и факс и бебе и како би било да се одлучиш само за една работа. Се надевам дека помогнав :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Да е надврзам со пример:
    Моја внука има 3 деца. На времето почна со економски факултет и застана поради семјството. Немаат којзнае какви примања, кредити се полни, третото дете е мало, ама ништо не ја спречи да се запише на факултет за возрани (не е исто како нормално студирање многу е полесно).
    Сега уште малку ќе дипломира.
    Поентата е ако нешто силно сакаш направи го тоа. Годините поминуваат, а вие секако ќе се снајдете. Жив човек жив ѓавол. Запиши се и бебе ќе си дојде ќе биде тешко ама ќе се справите некако.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Значи сакаш се, и тоа во рок од неколку години, а ситуацијата не ти е баш најдобра.
    Ако се запишеш сега, и ако почнете да работите на друго бебе во исто време, имаш отприлика година дена додека да се роди под претпоставка да се фати веднаш. Доколку имате како првото малку повеќе потешкотии тогаш ти е тоа време плус да се посветиш на факултетот. После тоа ќе го ставиш на пауза затоа што нема да можеш со бебе, мало дете, работа, факултет и никаква помош од страна. Ништо чудно да го завлечеш факултетот и после 40-та година.
    Рече дека работиш нешто, и бидејќи сум во слична ситуација како тебе, не можам да замислам како јас би престигнала се ако сега се одлучам за друго дете плус дополнителни студии. Кога сум дома сето внимание ми оди кај детето и не верувам дека би ме оставило на мира да учам со саати.
    Ќе треба да бараш помош или да се откажеш од работата доколку сакаш и дете и факултет во брзо време.
    Инаку од едно ќе мора да се откажеш, ти си знаеш што ти е поважно.

    Daleron дали внуката твоја работеше и колку баби се вклучени во приказната?
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Јас би се запишала на факултет и би се обидувала да затруднам, со факс ќе почнеш од септември, а бебето не знаеш кога ќе дојде, може одма, може малку подоцна, но почнувајќи од сега ќе можеш да ја исчистиш прва година без проблем. Понатака, штом имаш желба, а и поддршка од маж ти, верувај дека ќе го завршиш, дали на време или некој месец покасно, не е ни битно. Ако сега не почнеш и останеш трудна, сигурно нема да се запишеш во следните 2-3 години :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Работеше и уште работи. Двете деца се поголемки и се грижат сами за себе.
    Таткото исто работи, баба една која се грижи сама за себе и за никој друг.
    Вашево сега испаѓа : Шта би било , кад би било.
    Абе само се чудам како некои луѓе успеваат се одеднаш, а вие размислувате за наредни 10 години однапред.
    И уште нешто, ќе се посвети на бебе кое може да биде веднаш, некогаш или никогаш (недај боже не сакам да повредам никого). И годините поминале.
    Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    И јас се чудам на приказнава ама ете изгледа до нашата неспособност е.

    И јас реков дека може, само можеби не баш така како што и е замислено, во брзо време.
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Барем студирањето денес е лесно, а на повозрасните им прогледуваат низ прсти, затоа што повеќето учат факултет за да го задржат работното место.
    Покрај тоа има колоквиуми, а не како на времето ќе почнеме од Октомври ееееееееее сесија во Јуни на цел материјал. Поголемиот материјал се суштински работи , а не колку овци има во Нов Зеланд.
    Така да, можеби со поголема мака ама се има време за се.
    Барем јас така мислам.
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Фала женски за споделените мислења. Ми помогна да ми се изолираат вистинските мисли од овој хаос во главата. :)

    Далерон, каков е тој факултет за возрасни? Да не мислиш некаде во странство нешто со поолеснителни околности за возрасните?

    Јас сакам да запишам факс во Македонија, вонредно, во Скопје, бидејќи само таму во Мак. има смер кој што јас сакам. Кога сме веќе кај возрасните, владата неодамна излезе со проект за поддршка на лица која сакаат да се дообразуваат, ама со условите да имаш повеќе од 35 години и да си мислам 5 години на бирото како невработен. И плус само на одредени факултети можеш да се запишеш, а мојот посакуван не е на листата. Секако не спаѓам во ова група, и условите ми се малку чудни. Возрасна особа а да биде 5 години невработена. Ајде услов од неколку месеци, година, па и две да е на бирото ама 5 години? Па што поддржуваат тие - вечити студенти? Не знам може само јас не гледам некаква полза од тоа.

    А инаку, за да се запишам вонредно јас мора да сум вработена и тоа дури на неопределено време :!:
    И тоа за секоја година пред да се запишам да поднесувам истото.
    Или да поднесувам како доказ лекарско уверение дека не сум работоспособна. Значи би требала да измислувам, бидејќи сум здрава. Нема никакви олеснителни околности за мајки.

    И поентата е токму во тоа што спомна Далерон зошто размислуваме 10 години унапред. Е па проблем е што јас требаше пред десет години да размислувам унапред за 10 години да не дојдам во ова ситуација, да имаше некој некаков мудар совет да ми удели тогаш, ама ајде да ги окривувам погрешните околности. :D
    Затоа млади девојки, имајте си јасно поставена цел во животот. Треба работите да ги планирате, не дека се ќе оди како што замислите, ама може и ќе оди во тој правец во кој ќе се движите со цел. Верувам дека не е никогаш касно за ништо во животот кога се сака, ама сепак може да се наредат погрешни околности, па пак да не ни се погодува моментот, затоа треба план.

    Не е до способноста или неспособноста, само зависи од личноста, кој како и колку може да постигне.
    Јас не сакам да го запоставувам семејството, ама пак не сакам ни да се запоставам себеси. Сакам да бидам уверена дека ќе можам да балансирам во се, за да не дојдам во ситуацијата тогаш да се откажувам од нешто.

    Јас ќе се запишам од септември, па дај Боже барем додека детето не тргне во прво одделение да бидам некаде при крај. Бебето ако дојде, добредојдено е, ќе бидеме поопуштени во однос со тоа, може па така и ќе забременам побргу. :D Како што кажа фемина90 до тогаш барем година ќе исчистам.

    Ви благодарам многу, и патем да кажам дека се надевам дека ќе ме примат :rofl:
     
    На Dentina и okcenzi им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.