Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Се навратив назад и го видов постот. Еј не сум паметна што да ти кажам Хммммм.
    2 збора, недораснато дете.
    Машала па и 36 години има. До кога тој мисли ќе заведува, му поминало времето, фамилија треба да гледа , а не да се однесува како недоквакан.
    Жал ми е само што си потрошила толку време на тој неандрталец.Тој така ќе си го продолжи животот мислејќи дека е неодолив, ама лошо му се пишува.
    Што сака од тебе, сака да се нервираш. Знам дека не можеш да бидеш имуна на провокациите, ама ќе види не види ќе те остави раат. Добро постапуваш што не реагираш, тој тоа не го очекува (нели се замислува неодолив).
    Не се ни обидувај да го разбереш, нема да можеш. Тој најверојатно така се однесувал отсекогаш во врската ,ама си му прогледувала низ прсти. Луѓето не се менуваат одненадеш. Можеби јас така ги гледам работите од постовите, не мора да значи дека е така.
    Мој совет, добро е што си прекинала отколку да се измачуваш во непродуктивна врска, не си веќе ни од помладите.Главчето горе животот продолжува шугав и никаков (за кого како).
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^^
    Оти е сељак, затоа. Што сака нека става на фб, сам се бламира, ти ако си паметна нема да реагираш. Освен ако не претера, тогаш можеш да пратиш некој мускулест роднина ако имаш да поразговара малку со него.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7

    Што се случува со ова машкиве бе? Буквално се однесуваат како со губре кон девојките.
    Знаеш што...Ке ти кажам едно нешто што научив овде од советите кои мене ми ги дадоа.
    Стој си на своето. Ако му покажеш дека се нервираш тој ке продолжи уште повеке.
    Немој, не му покажувај. Биди силна и не покажувај слабост. Тој тоа го чека.
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Само игнорирај го мила, и ке видиш дека ке се откаже од се.Тој со тоа сака само пак да го придобие твоето внимание ништо повеке.
     
  5. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Се ова што го пиша е така, се согласувам. Спремна бев дека ке има слики со девојки, провоцирачки статуси, коментари итн, но ова со родниниве ми дојде како гром од ведро небо, ни на крај памет не ни помислив дека ке му текне на ваква работа. Знам дека секогаш најдобро е да се игнорираат провокациите, јас тоа и го правам но трпениево веќе ми е на граница. Ај нема врска ке го голтнам и ова и нема да му изреагирам. Но што е следно што ке направи? Колку далеку ке оди со овие работи? Колку треба да издржувам вакви работи? Не сум камен, имам и јас душа и емоции, а моментално ми е како некој со стап по глава да ме мава постојано. Стварно мислам дека ова ги поминува сите човечки граници, незнам како воопшто може паметот толку настрана да му оди.

    Bridget, ни на крај памет не ми текнува некој да му испратам да го заплаши. Мислам дека тек тогаш ке си земе замав и ке направи уште потешка ситуација.
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Вака сега, според мене што е најдобро да напрвиш за да останеш глува на провокациите.
    Предупреди ги сите околу тебе, дека не сакаш повеќе да слушнеш ама ни Б од буква за него.
    Другарки, комшии, роднини и секој кој се обидува да ти го спомне, со самото тоа ќе се заштитиш себеси од голготата која што ја поминуваш.
    Јасно ми е дека нашата радозналост нема граници, собираме информации за да дознаеме нешто повеќе за некого кој ни е драг или барем ни бил.
    Заштити се себеси, стави се малку под стаклено звоно лично поради себе. Биди себична, штеди се.
    Не велам дека ќе биде лесно, ама сепак полесно од она што го доживуваш во моментот.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    puzzle, сите овие негови глупости не ги гледај како провокација (иако се) туку свати ги како потврда за тоа колку е мизерија од човек и колку не го бива. Секое негово ново недолично однесување нека ти биде потсетник колку паметна ти била одлуката да прекинеш со него ;)
     
  8. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Издржи и не реагирај. Штом почнеш да му враќаш, му го храниш егото. Плус ќе си влезете во војна, ќе се препукувате преку фб или роднини а тоа отстрана ич не изгледа убаво. На крајот пак ќе се сведе на тоа дека е крај на врската ама дотогаш можат секакви ваши лични муабети да излезат во јавност. Верувај дека од љубомора и бес се прават секакви работи.
    Мој совет е да го игнорираш, а и оние што сакаат да ти зборат за него. Јасно им кажи дека не те интересира ништо за него.
     
  9. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    До вчера денски си бев ок. Вчера вечер кога видов ме фати некој гнев и нервоза и уште не ме пушта. Немам што друго да правам освен да игнорирам. Не доаѓа во предвид да му возвратам на провокациите или да му пишам зошто вака, зошто така, знам дека тој тоа и чекаше. Се надевам дека со моево игнорирање ќе пукне од мака :devil: и на крај ке се откаже.
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Хмм што вака заплан човекот, немој еден ден да се изненадиш ако го видиш на слика кај баба ти на гости како и носи локум. Што знам овој отишол со мозокот, коа си го шутнала. Ах фраеришта и мажишта бреее, кај му се сега цицките да ги става на фб м? Се изнервирав од сабајле. Глупак. Овој ке престане да те оптеретува само кога ке види дека ти си ептен сериозна и дека нема вракање назад.
     
  11. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Okcenzi, да знаеш ме изнасмеа. Срека што баба ми нема фб па неможе да ја тагне хахахахахах. А за цицките верувам уште ги става на фб, само среќа моја ме фати инат уште кога раскинавме и не му отварам да проверам :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Добро си направила што си раскинала со него. И смешно и одбивно ми е некој 36 годишен маж да се однесува како тинејџер од 16 години. Мислам такво дете не ти треба дефинитивно. А тоа на фејсбук со статуси да навредуваш некого за мене е многу проста работа. И посебно тоа не му доликува на 36 годишен маж. Нема причина за нервози и вознемирување тој губи не ти. Не реагирај никако почекај да видиш до каде може да се избрука, излигави, засрами и така натаму. Ако некој се смее нема тебе да ти се смее туку нему затоа што не му доликува тоа што го прави. На секој што ќе ти го спомне кажи му дека не ти е гајле и готово. верувам дека ќе престане со тек на време само игнорирај го не му давај внимание ако одаваш внимание на такви глупости тој ќе мисли дека којзнае што направил и ќе си продолжи затоа игнор.
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ако нема баба ти фб, овој заебаниов ке и отвори и ке ја тагне само за да провоцира и да те демнее. Глупак. Нетокму ( што би рекла мајка ми).
     
    На sweet-bebufce и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Знам дека сака да ме испровоцира за да му се јавам или за да му пишам, но решив овојпат не попуштам. Убаво рече Daleron, ова се случуваше и порано само јас прогледував низ прсти колку да не дојде до ваква ситуација. Стварно ова е многу ниско што го прави и целата иронија тука е што ситуацијава ја претстави пред неговото друштво како да треба сите него да го сожалуваат а мене да ме камшикуваат -уште го нарекуваа "голем човеку" :^) , а не сакам ни да знам како јас сум нарекувана а па и не ме ни интересира. Само се надевам и се молам дека нема да претера до стадиум каде што нема да можам да се воздржам и ке се однесувам неконтролирано. Се си мислам дека следен потег му е да ми дојде на работа, или да ми се појавува на места каде што не треба да биде. Зошто сигурно си свати дека ова со фб веќе не му пали.
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Биди ми здрава и жива, не знаеш како си ме пресмеала од сабајле со коментаров :rofl: :rofl:

    Пазл, главата горе и само достоинствено! Ако го сретнеш, кажи му едно културно здраво, насмеј се од 8ца до 8ца и продолжи си по патот а тој нека пукне од мака што не го рецкаш :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет

    Имам татко кој е премногу чуден човек , најнегативните особини ги има.
    Од аспект гледано мајка-татко многу поблиска бев со него , ама од мали и јас и брат ми имаме всадено страшно поштовање спрема него. Многу беше се хармонично порано откако пред 11 години тетка ми , т.е неговата сестра не му зеде на заем голема сума на пари . Одеднаш тие се збогатија и ден денес не ни ги враќаат парите. татко ми не збореше со неа точно 9 години , ама од толкавата нервоза и стрес ги изгуби нервите. Мајка ми постојано ја малтретира психички , а кутрата само се жали се ја боли и премногу ми е страв да не закачи некоја болест , имаше цин 2 на матката. На моменти премногу ја сака , но за час е обратно. Жалам ,но ке кажам дека татко ми е психопат, според истражувањата сите симптоми асоцираат на тоа. Е сега откако се смири со сестра му и почна да работи кај нив во фирма цело време ја служи , и врши услуги за што и да и затреба , а маж и е газда и ужива во парите не и се замара воопшто. Имам тетка која ја сакам и ме чува ама што ке ми е сето тоа кога направи на индиректен начин татко ми да изгуби нерви и да не малтретира сите дома. Брат ми живее со баба ми и дедо ми во стан , си има своја соба а јас со моите. Секојдневно слушам караници дома и пцовки , дури и пред роднини кога ке дојдат на гости ја пцуе ја понижува. Истото и мене ама јас немам никаков авторитет тука , иако имам 20 години ме толерираат како дете. Трето лето како ни е со дечкото срам ми е да прашам да идам на одмор , толкав страв а и поштовање му имам не е можно . Сакаше да запишам стоматологија , запишав и средно по негова воља, добар смер , со тек на време го засакав. Ама луѓе се плашам да не ја изгубам мајка ми на толку рани години , подочњаците и се кафеави до колена , цело време е во солзи , само и вика.. Со сестра и која е во странство не прави муабет татко ми зашто не сакала брат ми да го запосли таму како демек да е шеф она па ке го запосли а градот им е многу мал башка нема работа.
    Многу пати сум пробала да му објаснам ама се завршувало со караници и пцовки , дури и кучка ме има наречено . Од тогаш се избегнувам за зборам со него . Иако сум женско со цело срце саакам мотор да имам , возам една кинеска веспа никаква , за кола не му ни спомнувам збеснува. Ако ви се верува кога и да му побарам нешто се ми вика дека сум незадоволна од животот и дека ке ми скрател се и факултетот нема да ми го плаќа , колку пати ми има речено омажи се да не те гледам , а на моменти е толку добар неможам да ви опишам... Незнаете како боли што гледам сите дека идат по луксузни одмори а јас дома седам и спремам испити. Повеќето од моите другарки работат негде во странство или пак немаат пари за одмор. Дечко ми ме моли со месеци да идеме на одмор ама како да објаснам ми викаат која девојка си ти да идеш со дечко ти на одмор. Мајка ми пак е многу приврзана со брат ми не дава лош збор да се каже за него , и плус дека не живее со нас и многу гледа да му угоди кога ке дојде , со мене е по на дистанца зашто не сум емотивна да покажувам многу повеќе сум како татко ми , многу се нервирам за генот што го имам ист со него : љубомора , инает ...
    Многу рано ги изгубив нервите карајќи се со него и убедувајќи ја да се смени мајка ми . Ама џабе , и со брат ми ја имаме убедувано ама тоа е. Брат ми е инаку со добра душа ама е многу тежок карактер , со него никад неможам да се отворам и да му кажам што ми лежи на срце , и онака е постојано со женска му и не ми се замара многу . Татко ми е најголема љубомора што постои на сите им завидува , сите ги мрази , и со многу луѓе не збори . А за тоа колку е скржав нема збор. Колку пати му имам кажано да купиме стан со парите што ја продадовме старата куќа и ми вели дека тетка ми кога ке ни доплати тоа што ни е должна ке му купи стан на брат ми а јас ништо нема да видам . Зошто толку иронија?
    Преска седна со мене и со најдобра намера му кажав дека до сега што и да посакал сме го слушале и јас и брат ми , којшто е постар , и упорно се фаќа за братучедите што се скоро на исто ниво со нас , како ги почитувале родителите. А како родителите со нив се понашаат не се прашува, мислам дека на ниедна од вас татко и нема речено " ке скиташ по улици како кучка , омажи се , иди си од оваа куќа"
    после тоа води инает и не ми зборува како јас да сум крива , а мајка ми од страв го брани за да не ја срамни со земја и неа и мене ме напаѓа. Да не е дечко ми јас ке полудам... Што да правам што?
    Утре ке идам кај баба ми и дедо ми да седам , со ист кревет ке спијам со баба ми ама тука не седам , барем неколку дена , неможам да трпам секој 5-ти ден да не ми зборува и да ме поминува низ куќа како да сум туѓинец а истовремено зборувајќи на сите каква сум дрска и безобразна , и како премногу посакувам а другите се помалку имале..Многу сум млада за толку рано да ги изгубам нервите се ме чека потешко во животот ама што да правам кажете? Да не ми зависат парите за факултет од него никад не би го погледнала. Најмногу ја жалам мајка ми , која и покрај се го цени најмногу на свет , се на свет и се татко ми и брат ми...Понекогаш сакам да не постојам да ме нема , да се спасат сите од мене...ке излудам...никој не се осеќа толку осамено како мене , едвај чекам да си дојде од одмор дечко ми барем нешто убаво да гледам пред очите..
     
  17. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Лоша ти е ситуацијава.
    Незнам дали воопшто може да се промени и татко ти и мајка ти. Но карактерот не му чини и многу лошо ке се одрази тоа врз тебе. Да се чуствуваш како туѓинец во сопствената куќа мислам дека секој би се скршил.
    Не очекувај дека нешто ке се смени, јас искрено не верувам.
    Единствено што можам да ти кажам е дека ке мораш сама да се избориш во животот, зосшто од твоите баш и немаш некоја помош. Незнам дали дечко ти ти ја знае ситуацијава и дали може некако да ти помогне. Мислам греота и за мајка ти, ама па и ти си човек.
    Знам дека вака ти изгледа дека немаш иднина, но бори се и биди храбра, не му води инат на татко ти или пак евентуално збори со баба ти прашај ја и неа за мислење.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Очигледно мајка ти се помирила со судбината.
    Го трпи да ја малтретира од причини кои таа си ги знае. Кога гледаш дека ништо не можеш да промениш не се ни труди повќе.
    Чувај си го здравјето многу ќе ти треба. На овие години ако го изгубиш што останува за понатаму, кога ќе имаш своја фамилија.
    Зошто велиш да се спасат од тебе? Ти спасувај се од нив. Нивниот живот каков таков врви.
    Знам дека ти е жал за мајка ти, ама нејзе самата ако не и е жал за вас, сопствените деца не се замарај повеќе. Ова твоево ми личи на мајка и очув.
    Брат ти сигурно случајно не отишол кај баба и дедо да живее. На време ги согледал работите и бришка да го нема, а ти трескај си ја главата.
    Издржи барем додека не станеш свој човек со сопствени пари во џеб, после ќе биде полесно.
    На крај што да кажам, обиди се да не се нервираш и онака гледаш дека ништо не можеш да промениш.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Едноставно за тоа си има служби. Семејно насилство е тоа. Зошто да го трпиш. И да ве напушти должен е да те финансира до 26 години ако си студент. Тогаш и мајкати ке може да работи и раат да биде.
     
  20. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Година и 8 месеци сме заедно. На почетокот имавме многу кавги, расправии и плачки поради негови бивши. На фб сите бивши ги избриша своеволно. Имаше една, со која требало да се мува некое време пред да биде со мене. Ама не го направил тоа. Девојчето сто пати го адна, најверојатно е сакала да има нешто со него, а тој ја одбиваше. И ја блокира. Два-три пати сме се карале поради неа. Денес таа дошла на работата на дечко ми, го поздравила и тој исто, и нешто го прашала, тој одговорил. И ми кажа, но многу се налутив и изнервирав, му реков дека не е требал да ја поздраве, баш таа поради која се имаме спречкано и карано, и поради која имам плакано. Почна да ми кажува дека ме сака, дека никој нема да не разделе итн итн. Знам дека ме сака, дека многу работи праве за мене и дека гледа за се да ми угоде. Ама, ова многу ме погоди, не затоа што и кажал чао, туку поради тоа што нејзе и кажал, онаа поради која се имаме карано. Има неколку поради кои косата ми се крева кога ќе ги видам, а оваа е една од нив.
    И сега сакам да прашам како вие би изреагирале во ситуацијава, дали и вие би се налутиле, или сметате дека ова е некоја банална работа? Не знам што да мислам, не е ова некој проблем, ама сакам некој да ми каже дека не постапив детски.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.