Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Ти пишав јас, доколку можам ќе помогнам ако не ќе ти кажам мислење. :)
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.740
    Допаѓања:
    6.737
    На одмор запознав еден дечко, се смувавме и ми остави впечаток, 2-3 дена излегувавме со неговото друштво но проблемот е што тој си се врати во Битола, значи од друг град е. Си разменивме број и фејсбук, ако не сум го занимала (веројатно) ќе останеше само на тоа и немаше ни да ме побара. Типот е многу опуштен и ко да заприметив дека не се замара многу со врски, иако ми се отвори за тоа како некад бил заљубен до уши и слично.. Во живо беше фин, но во исто време и дистанциран а кога отиде во Битола одма ми пиша, потоа јас на него, не викна во Битола, и они ќе доаѓале во Скопје.. Искрено, не гледам овде некоја иднина зошто не ќе можам јас цело време да одам таму, а ни тој во Скопје.А и не можам да одгатнам што мисли, дали и тој е исто "загреан" како и јас. Не знам дали да се обидам нешто да продолжам или да баталам дур не сум се затрескала.
     
  3. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196

    Мене ми се чини дека ти САКАШ самата да се убедиш дека твојот дечко е виновен што нема време да се гледате и што времето ти го минуваш со другарките. Ти буквално правиш скандал од нешто што не треба да има некое значење. Ако сака да оди со другарите, нека оди, па тој сепак си има свој живот. А доколку продолжиш да правиш така како што велиш дека правиш досега, ќе го изгубиш на најлошиот можен начин.
     
  4. disney.girl

    disney.girl Нов член

    Се зачлени на:
    10 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Постот е огромен, затоа го ставив во спојлер, па кој ќе издржи да дочита нека помага :$
    Не знам која тема е најсоодветна за овој мој несоодветен проблем, па ќе пишам тука.
    Имам дечко, заедно сме многу години, живееме заедно, се сакаме, прв ми е и единствен, цели денови ги поминуваме заедно. Едноставно се е супер. Секако некогаш постојат проблеми, но решливи.
    Да се вратам наназад, на мои 16,17 години имав врска со еден тип. Беше тоа врска од одприлика 1 месец, со тип од друг град. Де јас во неговиот,де тој во мојот град, сме се виделе колку што сме можеле. Јас средношколка, тој 23 години професионален војник, црн, крупен, мускулест, со најслатката насмевка на свет. Немавме којзнае каква врска, повеќе беше мување, ама немавме ни никаков проблем. Секогаш беше грижлив, и се однесуваше со почит према мене. Добро, пробуваше понекогаш да пушти рака ама откако убаво му објаснив дека неколку дена врска не ми се причина да ме допира на тој начин, го прифати тоа.
    Решена бев оваа врска да ја терам накај сериозно, ама пусто луди хормони, алкохол и се смував со друг. Утредента се освестив и решив кога ќе се вратам да му раскинам. Додека тој среќен ме чекаше додека одев накај неговиот град, јас му кажав дека ќе мора да разговараме кога ќе се видиме. Стана многу напнат, ме бараше сто пати по телефон и конечно се видовме. Не знаев што да му кажам, причина немав, беше прекрасен во секој поглед, па на крај ја искористив неговата напнатост. Му реков дека не е во ред така нервозно да се однесува со мене и дека не сакам да бидам со таков човек. Ме гледаше збунето, но толку беше.
    Не дека имаше некоја љубов, но секогаш во мене остана како најпочитуваниот бивши. Никогаш со ништо ниту ме навреди ниту ме повреди, а ми ја даваше најпрекрасната прегратка, така крупен, па уште за градите кога ќе го допрев... сон, и згора на тоа сладок поглед и насмевка.............
    Кратко време после тоа го запознав дечко ми. Во меѓувреме се случувало ете така кога ќе се присеќам на нешто да ми текне на бившиот и да ми изнуди една пријатна насмевка и едно убаво чувство. Ништо повеќе. Се до пред месец ипол.
    Налет на нервоза, монотонија, понекоја кавга низ дома и решив да го побарам бившиот на фб. Морам да напоменам дека сите овие години ниту сум погледнала друг, ниту сум помислила, а и него не решив да го барам со конкретна причина, чисто онака да видам како му оди во животот. Пошто и онака немам нешто другарки со кои можам да си разговарам, а ни дозвола за искачање сама.
    И така се изнамачив, ама го најдов и го аднав. Ја прифати понудата и после неколку дена ми пиша. Нормален муабет за после толку време, кај сме како сме, што сме постигнале во животот, а беше многу позитивно изненаден што сум помислила на него, сум се помачила и сум го нашла. Двајцата си кажавме дека сме во сериозни врски и мислев дека тоа е тоа. Но продолживме да си пишуваме. И воедно тоа почна да излегува од контрола. Ако беше ноќна смена останував будна и до 2,3 иако утредента на работа од сабајле, на работа исто цело време и се така додека не ми кажа дека ќе биде слободен десетина дена и ќе ги помине со девојка му од друг град и тој период нема да си пишуваме. Не ми беше драго, но го прифатив тоа.
    Поминаа 10 дена, а јас постојано зјапав во телефонот чекајќи го да ми пише. Ноќе се будев само за да проверам. И ете го се појави. Неколку реда муабет и покана за частење. Се верил :o .
    Добро нормално е да се земат, заедно се, се сакаат, он со неговата, јас со мојот, се е тоа нормално... 1 момент го викав ова, во наредниот ќе пукнев од бес, па пак првото, второто... цела вечер така. Никако не ми беше јасно што има тука што треба да ме нервира.
    И после тоа почна она што мене сега ме излудува. Накратко ми предложи да се видиме и да имаме секс. Не можел да ми одолее, многу сум му била привлечна и бла, бла, бла. Со денови му пишував дека тоа нема да се случи, ниту сум направила такво нешто, ниту ќе направам, како би го погледнала дечко ми после, како воопшто он ќе ја гледа неговата? За свадба се спремаат бре. А и која е потребата?
    Ама постоеа моменти кога почнав да се впуштам во неговата игра и да враќам на неговите "што би ти правел" пораки. Моменти на занес, лудило. Се додека да се раздени и да ми текне дека сум голема глупача. Но тоа не ми трае долго. Пак се почнува одпочеток кога ќе ми пише. Одприлика пред 2 недели пак беше слободен десетина дена, и повторно тоа исчекување. Девојки на одмор бев со дечко ми, а цело време гледав во телефонот, ме излуде и конечно почнав да се ладам и да го мразам тоа чувство што го предизвикува кај мене.
    И ете пред 2 дена ми пиша пак. И пак истите грди пеперутки (ги мразам) и пак истото задоволно чувство, за кога ќе се освестам да си се гадам сама на себе. Бев со дечко ми, а го замислував него. Не можев да заспијам цела вечер од вина, а тој ете го добро утро ;) .
    Не сакам да биде вака, не сакам да го правам ова, но штом ми пише се топам. Глупава сум знам, лесно се заљубувам и лесно се приврзувам за луѓето. И не знам што понатаму. Ете за неколку саати ќе ми пише, 3та смена е, јас ќе се лигавам колку ми фалел, а он што би ми правел. Мислам дека ја играм неговата игра за да му бидам интересна и да не престане да ми пишува затоа што станав зависна. Не сакам да престане да ми пишува :( . Ама некогаш се внесувам, замислувам како би било, и кога и каде би се виделе. Некогаш се осеќам спремна да се видиме, ама ме кочи срамот. Не сум била со друг, освен со дечко ми... После тоа пак се враќам во реалноста и си се гадам, за после некое време пак да ми недостига. Не сакам на никого да сум му играчка,а не знам кој чива би бил, кога двајцата свесно влегуваме во ова....
    Се извинувам за огромниов пост ама навистина ве молам за совети. Не сум била во ваква ситуација и не знам ни сама како се најдов.
     
  5. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Јас мислам дека не си сигурна за чувствата кон бившиот. Што е можно побрзо оттргни се од него пред да си ја запустиш твојата, а и неговата врска.
     
    На disney.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    А како би ти било тебе ти да си верена и твојот вереник така да прави,како би се чувствувала.?Не прави им го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават.Или сакаш да бидеш нечија играчка,тој си е верен алоо незнам, како со самата таа помисла можеш уште и да одговараш на неговите пораки,аман те бре женски до толку ли немате своја гордост(со извинение ако те навредив) и не се почитувате самите себе па да паѓате на такви финти.И друго нешто тебе изгледа дечкото многу ти угодува,па сега те фатила некоја монотонија и ајдее ќе си бараме закачка,ако го сакаш и несакаш да расипеш друга врска тргни се настрана пред време,и самата кажа дека си го сакаш дечкото.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Disney.girl седни и размисли зошто со дечко ти покрај тебе, во твојата фантазија има место за бившиот.

    Од страна изгледа ко неизживеаност + нефункционална врска.
     
    На exoticgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Земи плесни се со него и ќе го заборавиш.
    Најпрво расчисти си со самата себе што сакаш.
    Сакаш со бившиот (мувач), или со дечко ти кој со тебе најверојатно планира иднина.
    Бившиот сака да те опне да не му биде за џабе мувањето, ама ти после ќе си ја трескаш главата кога сегашниот ќе дознае и ќе те шутне.
    На крај што си направила?
    Тој женет и среќен, дечко ти среќен со некоја друга, а ти повторно во потера по мувач.
    Размисли добро за последиците пред да превземеш било каков чекор.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    141.755
    Ни ти го сакаш дечко ти, ни бившиот ја сака вереницата, ни вие двајца се сакате, и уште секс да имате...

    Тој сака да плесне уште нешто, негира дека засекогаш ке е со една, сигурно и со друга освен тебе си пишува, после сексот ке ти биде потешко, он се вериол и додека пишувал со тебе, гледам колку му значиш. Ке бидеш една цртка над креветот со грижа на совест.

    Прекини со него, раскини со дечкото, оти ако си го сакала немало да поминуваш ноќи пишувајки со кој било друг, и прашај се што сакаш од еден маж и од една врска.

    ЗНаеш што треба да правиш.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Не паѓај на глупави финти ти се молам. Однапред знаеш како се тоа ке заврши и кој ке биде повредениот на крај.
    А дечко ти не се сомнева? Велиш заедно живеете, не му е сомнително што ти нон стоп се допишуваш со некој? Ти не се секираш дека он нешто ке примети?
    Ако ова е потврдно, раскини со дечкото, затоа што врската ви нема смисла, избриши го мангупот од фб и барај си некој трет.
     
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ова треба да биде поучно за другите,зошто не треба да се чепка во минатото.
    Разбирам дека можеби си почувствувала монотоност во врската,поради тоа што сси постојано со дечкоти,како што кажа немаш многу другарки,ти фали малку разонода и ред други работи,ама ваквото однесување може да стане и опасно.
    Бившиот веќе ти кажаа,а и самата си знаеш зошто те сака и зошто те бара.Ќе поминете некоја ноќ заедно,и толку.А вистината секогаш излегува на виделина.И така поради потреба да искусиш нешто ново ( бидејќи велиш не си била со никој друг),а и забранетото е послатко,ти ќе си ја ризикуваш врската.Прво запрашај се што губиш,а што добиваш!
    Прекини со оваа глупава игра,бидејќи ова не води никаде,да не си ја трескаш главата од ѕид кога ќе ти помине оваа фаза на радозналост и потреба за промени.
     
  12. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    2.864
    Ех колку сум глупава значи,ми се плаче,помагајте или ќе си умрам :'( ......Додадов на фб еден дечко што многу ми се свиѓа,ама од лажен профил на фб,една другарка ми го даде,ми беше срам од мојот профил,и сега ми вика како нешто знам дека е лажен профилот,и јас упорно не е му реков и ајде некако го убедив,и сега ми бара камера........сакам да го видам и се тоа.ама кога сум глупава и ова ми е малце :'( како да се извлечам од ова?
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Така убаво кажи му дека немаш камера и деактивирај го тој профил. И престани да си правиш детски работи тој веќе знае дека е лажен (не пасе трава сигурно) утре другден ќе дознае дека е твој и ќе немаш шанси кај него.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Точнo, така наместо да се зближи со него, ке му стане одбивна поради детинестово понашање
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Девојки како ќе го откачите некој ама постојано ви ѕвони секој ден, ви пишува од разни профили и е ненормално досаден пајак шо се лигаве и не рабзира на македонски јазик да не замара. Инаку да напоменам дека се работи за 20 годишна личност (машко) кој е страшно досаден по телефон и фб (среќа што живее далеку инаку нема да ме чуди и дома да ми дојде) дека ме сакал, ќе се обесел, ќе си направел нешто, ми плаче бла бла. Илјада пати фино лепо му одговорив дека јас не го сакамм,нема причина да се лажеме и да не ме бара. Ама тој таман ќе рече добро другиот ден ете го пак. МИ врти со скриен му кажувам да не ќути знам дека е тој па затвара и ми ѕвони со отворен. За 2 недели треба да земам телефон со нов број па за 2 недели не ми се купува и друг број. Ама работата не е да менувам броеви туку да не ми досадува. Или може треба да му го дадам татко ми па тој фино лепо нека позборува со него, ама се срамам незнам што да му кажам на татко ми. Оти стварно веќе неможам да го поднесам човекот. Некогаш и да имал најмала шанса да го засакам барем малку со ова што замара постојано ја изгуби истата таа шанса. Ме додава од лажни профили, братучеди, роднини јас сите ги блокирав ама џабе тој не се откажува. Му пишувал на брат ми кај е дада ти брат ми го испцувал и блокирај овој си продолжува. Незнам веќе што да направам. Не ме разбирајте погрешно не се плашам од него туку едноставно несакам да ме замара и да ми врти на секоја минути за глупости. Имам разбирање за туѓи чуства ама мозоко ми се исуши веќе од него. Незнам дали е можно еден човек да биде волку досаден.
     
  16. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    2.864
    Оф и јас како што напоменав погоре го адд од лажен профил тој што ми се свиѓа ,ама до толку не отидов хаха,како и да е секој човек си реагира различно,а дечково очигледно се опседнал со тебе,или уште е недораснат,што се случило предходно со него?мсм само онака на муабет си била или?Знам за родителите тешко е и глупо некако да им кажеш,не сме деца сепак,ама некој луѓе немаат граница дефинитивно,хаха абе ајде ќе се обесел убиел,дечково има сериозен проблем со себе си,разговарај убаво и речи му на убав начин да не ти sвони иначе ќе им дадеш на некој од твоите да разговара со него,иако по мое мислма дека најдобро ти е да го игнорираш,бидејќи денес е нормално да се полуди па и така дечково неможеш да знаеш на што се е способен,а повторно ако продолжи,мислам дека џабе и да ги смениш броевите,што на пример ако бидеш излезена со друштво тој дојде?не можеш да знаеш,бегај подалеку од такви ,ако мислиш дека е нешто посериозно отгаш кажи и на некоја братучедка,сестра /брат ако имаш,а ако ни то не ти успее тогаш во краен случај со кој од родителите си поблиска кажи,нема зашто да ти биде срам заради некој што уште на 20 години нема памет,и кој психопатски речецици ти ги кажувал само за да те заплаши демек ќе се обесам хаха,заплаши го и ти малце,со тоа што ќе кажеш дека ќе им речеш на некој од твоите да разговараат со него,или со некој од кај него зборувај,најверојатно ќе имаат разбирање.Пиши што си направила
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па тој наводно ме сакал а верувај ми дека не сум дала никаква причина за тоа. Значи полани тој ко беше 4 година јас бев 1 у иста училница учевме ама во различна смена и се гледавме секој ден ние кога доаѓавме тие си одеа и обратно. И онака ми презборуваше чат пат ама крај на школска година беше тој матурант и онака кратки муабети и му враќав мислам како и нормално. Ме додаде на фб за рспустот некој му го дал мојот број ми вртеше ова тоа ама сега ко почнав втора година изгледа тој имаше некоја друга и се откажа. Сега крајот на мај пак почна. Некогаш го нема и со денови па и една недела ама некогаш постојано ми звони од кај татко ми, брат му, мајка му па и со скриен и ќути на телефонот. Прави лажни профлили ме додава, ми пишува од кај роднини, дури на братучед ми кажал дека ме сака братучед ми ме праша незнаеш колку непријатно ми стана. Мислам шо човек ќе беше, некој до сега да беше немаше ниту да помисли на мене овој ѕвони ли ѕвони. За тоа дека ќе се обеси или убие не верувам оти го слушнав тоа илјада пати. Незнам најдобро ќе биде утре да му спомнам на татко ми за што се работи и следен пат кога ќе ѕвони нему да му го дадам телефонот. Оти стварно неможам да се замарам со некој што се понаша како дете. Мислам премногу ме притиска а илјада пати му реков не.
     
  18. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    2.864
    Дечково те чува како ''златна резерва''кога ќе нема некој,кај тебе се враќа и слично,кажи му на татко ти и решете го,верувај дека ќе престане кога ќе види дека некој постар е во игра,и јас сум имала такви случаеви,ама што можеш,секакви луѓе постојат.Најважно е да не покажѕваш дека му се плашиш......види што мислиш дека е најдобро,па извести што као се случило,во иднина игнорирај ги ваквиве,иначе за тоа предходно мислев,да не си зборувала и ти со него нешто ,да не си му дала некакви шанси па сега дечково инсистира.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не сум таква личност никогаш не му дадов шанса. Тој едно време не ме бараше мислеше дека јас ќе се покаам и ќе го барам ама не го барав. И ете пак почна. Инаку да ќе му кажам на татко ми кога ќе се јави тој нека зборува вањда кога ќе види повозрасен ќе престане.
     
  20. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    2.864
    Би требало да не е до толку па да не се разбере од збор...ако не ,следна дестинација кај некој од неговите,сепак никој нема право толкав притисок да ти врши :)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.