Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Кај сакам таму ќе постирам. И замолив за совет, не некој да ми чита непишани правила по форумов.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Не мораш со сите да се караш што ти даваат совет.
    Гледам и на другите теми се раскара за истиов проблем, а само сакаат да ти помогнат. И навистина нема потреба за истиов проблем да пипуваш на 4 различни теми.
     
  3. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Не знам на колку теми имаш пишувано за проблемов, ама јас ќе ти одговорам овде...
    Прво, другарка ти е многу неопределена. Како човек да и даде совет кога и самата не знае што сака?
    Да си бидеме искрени, да сакаш двајца истовремено, и тоа баш да ги сакаш до мера да не можеш без нив, не е возможно! Ако беше така ќе си имавме сите по произволен број партнери кои ќе ги сакавме еднакво, и на сите ќе ни беше супер.. Во случајов најмногу може да си помогне таа самата, или да и помогнеш ти во муабет, со цел сама да си го каже одговорот, решението (оти ти не го знаеш).. Нека се преиспита еднаш кого сака, со кого сака да биде, што сака да и се случува понатаму. Ако не може да се одлучи, многу е похумано да се откаже од двајцата отколку цело време да го лаже и дечко и, и бившиот, а притоа колатерална штета да биде сегашната девојка од бившиот.. Гревота е, стварно нема смисла. Таа ја зафркнала работата веќе одамна, и како поминува време само полошо си прави себе, а и на сите кои се свесно или несвесно вмешани во приказната.
    Не знам колку години има другарката твоја и колку свесно размислува за проблемот, колку се труди да го реши или само се препушта на случајноста (мене ми изгледа како да е второто). Во секој случај работата е сериозна, особено затоа што не е сама во збрката.. Пробај помогни и да ги си дефинира барањата и да направи нешто.. На што и да се одлучи е подобро отколку сите да ги лаже и да се уништува себе си.
     
  4. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    ми треба совет, мислење... од вас
    во врска сум 2ипол месеци.. и ми побара.. и незнам што да правам, премногу е рано? :tmi:
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Ние не можеме да знаеме дали ти е премногу рано или таман,тоа е индивидуална работа.Ако ти се чувствуваш спремна и тој навистина ти значи,тогаш направи го тоа.
    Ама штом прашуваш тука,значи не си уште сигурна,така да,не брзај и не размислувај за времето и за него,туку само за твоите чувства.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  6. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    од една страна се чувствувам спремна од една страна се плашам ...што ќе биде понатаму.. пр да не ме остави итн... неќам да го изгубам...
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    По колку години имате?
     
  8. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски

    јас 18 тој 20
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека го познаваш доволно добро и дека нема да те остави после тоа направи го. Но пред се важно е дали ти го сакаш и дали сакаш тој да ти биде прв? Немој да го направиш тоа само затоа што тој сака или сите другарки го направиле!
    Ако не си подговена немој, тој ако те сака искрено ќе те почека уште малку.
     
  10. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    :) фала за советот
     
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Додека те секираат овие работи значи дека не си спремна т.е. не си сигурна. Така да почекај уште малце. Во моментот кога нема да имаш потреба да прашаш на форум и кога нема да се секираш дали ќе те остави после сексот тогаш е право време. Верувај ќе си осетиш!
     
    На Marossa, Daydream, Twinkles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Јас и другарка ми порано така ги аднувавме на фб од лажен профил и резултатите баш и не ни се допаднаа. На другарка ми тогашниот дечко се однесуваше како да е сингл и си бараше дечкото состанок да си закаже само незнаеше дека од лажен профил му пишуваме. И мислам дека се поретки се машкиве кои искрено ке кажат дали се во врска/брак итн. Може ништо нема да направат ама како предизвик им е да си пишуваат или флертуваат со фб пријателки.
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за избор на партнер,а во конкретниов случај за одлука меѓу сегашниот дечко и т.н. бивш, навистина е несериозно и незрело да се очекува дека проблемот ќе го реши некоја блиска личност.Другарка ти остава впечаток на девојка со ниска самодоверба која не знае што сака.
    Од една страна многу го сака дечкото и не може без него,а од друга страна мислите и се преокупирани со сеќавањата за бившиот и некаква фамозна средба со него што ја прави психички целосно изгубена и дезориентирана до степен на очај за што самата е виновна.Да се сакаат две личности истовремено и со ист интензитет е невозможно.Неопределеноста остава впечаток на лабилна личност.
    Таа е единствената што треба да одлучи како ќе постапи, дали ќе биде со двјцата,со еден од нив или пак сама, затоа што е голема веројатност да го изгуби и тоа што го има.
    Секој е одговорен за сопствените одлуки,а животот ни е таков какви што ни се мислите,благодарение на нашиот разум.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    141.763
    Какви работи смислуваваме ко помлади...
    Нов профил од вистинска девојка, со сите слики крадени, кој си постои со месеци, и е направен совршено за никој да не дознае дека е лажен. Му договоривме на дечко на другарка состанок, и нормално, се појавивме ние.
    Другарката плачеше, ама барем не и го направи ова кога ке биде со стомак до заби.
     
  15. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Па ја сношти разговарав со неа, по што ми рече дека не и се излегува в град и мислам дека нејзе проблемот и е што сегашната девојка нему навистина му е девојка и таа е само љубоморна што тоа со неа никогаш не се случи (имаше х причини за тоа, таа сакаше да биде се во тајност), ама како и да е, упорно вели дека одвај чека оваа работа да заврши на некој начин и таа не знае на кој.. Сите мене ме прашуваат што и е, а како да им кажам бре луѓе, и јас со неа се чувтсвувам глупаво, навистина..
     
  16. urbaan

    urbaan Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Diamonds.in.the.sky, нема да ширам паника, ама сестра ми, за жал, беше речиси 3 години во таква ситуација, Западна во депресгија, додека дечко и (сегашниот сопруг) и сите други околу неа се чудевме што и е, додека не ми раскажа дека тајно се гледа со бившиот и дека неможе да го заборави. Јас лично побарам од нејзиниот дечко да се позанимава со ситуацијата, секако не му реков дека таа со гледа со бивши, па сестра ми е. Туку му реков внимавај некој друг без разлика на полот да не прави работи со кои таа западнала во таа ситуација.
    Целата работа отиде до таму, што сестра ми си ги пресече вените. Среќа во несреќа, не ги беше исекла длабоко, инаку страв ми е да помислам што ќе се случеше. Тогаш во болницата дојде незиниот бивши и лично јас, тогаш имав 16 години, разговарав со него и го замолив да исчезне од нејзиниот живот инаку ќе ја изгуби, не само тој, туку сите ние. Дечкото си замина, а после кратко време слушнавме дека има нова девојка. Инаку тој беше од друг град.
    Советувај ја другарка ти да внимава да не го изгуби сегашниот дечко, бидејќи тој другиот, кој и да е, секогаш ќе ја гледа како некоја која го изневерувала дечкото, па зошто тоа да не го направи и на него доколку му биде девојка. Машките се чудни створења, незнам што да речам, но ситуацијава е посериозна отколку што мислите, мислам, секако доколку се работи за слична ситуација како кај сестра ми. ;( :| :| :worried: :worried: :worried:
     
  17. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Urbaan, се надевам дека работата нема да отиде до таму, навистина.... Наредната недела ќе отидат на летување, се надевам ќе се опорави малце од се и колку може да заборави. :doh: :doh: :worried: :worried:
     
  18. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Епа вака.. имам дечко со кого сум во врска 6 месеци :inlove: . Се беше друго во ред освен тоа што во тие 6 месеци ме тргна од сите другари кои ги имав бидејки наводно сите ми се пуштале и етц... И престанав да комуницирам само за да не се расправаме а и не ми беше толку важно дали ке комуницирам со други машки или не... Потоа истото се случи и со моите другарки. Наводно според него не ми биле вистински другарки биле вакви биле онакви... :devil: . За некои од нив навистина беше во право и се тргнав од нив :?: .. И од пред некое време стапив повторно во контакт со едни другарки за да искачам со нив малку. Секој има потреба од другарки, оговарање, кој каде бил на одмор ау бау :D . И ајде некако успеавме да се договориме меѓутоа тоа што почна да ме нервира е тоа што или инсистира да дојде со нас кога јас искачам со нив, или ме следи он лично или праќа други да ме следат. Се чуствувам како да сум заробена |( . Како да се обидува да го живее мојот живот наместо мене... кога да искачам па со кој да искачам па од колку до колку... И се обидувам да најдам златна средина и по мое и по негово. Но незнам што да направам за да престане да ги прави овие работи. Како да сум излезена од затвор на условно и се посматра секој мој потег што и како ке направам |( .
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Разговарај отворено со дечкото и кажи му дека ти сметаат овие работи што ги прави тој.
    Една врска не би требало да биде заробеништво, ти треба да имаш свој живот, другарки!
    Твоја е грешката што си се оддалечила од другарите и другарките и сега тој тебе те смета за свој заробеник! Доколку не го смени своето однесување, бегај од таква врска :x
     
    На Nina23a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Нина, јас отсекогаш сум била за тоа дека треба да се има и дечко и другарки. Секако дека не треба да се остават другарките ради дечкото. Јас мислам дека треба отворено и искрено да разговараш со него за оваа ситуација и да му кажеш што ти смета. Ти си дозволила да контролира тој со тебе и со твојот живот и затоа си се скарала со другарките. Неможе тој да си шета а ти да седиш дома.
    Јас мислам дека доколку сега не воспоставиш граница и ако не му поставиш ултиматиум утре друг ден, ќе ти брани да се гледаш со родителите и ќе ти зборува лошо за нив, а кога ќе дојде да раскинете ти ќе бидеш сама и ќе ти биде тешко, а тој ќе си има друшство. Нина, си направила огромна грешка. Ти уште на почетокот си требала да му кажеш дека сакаш и дечко и другарки, дека сакаш слобода во врската да искачате со другарките и без контрола. Тој нема доверба во тебе, Нина. Мислам премногу е ,за тоа до колку ќе бидеш излезена треба само на твоите да им кажуваш. А не, на некој кој сега во животот ти е само дечко. Јас не го кривам него воопшто, пошто самата си крива ти. Дечкото си ја постигнал целта воспоставил контрола врз твојот живот. Инаку Нина јас уште на почеток разговарам со некое момче и му кажувам дека секој од нас двајцата треба да си има друшство, па да си излегува, некогаш заедно, некогаш сами со нив. Но, затоа треба да се има доверба.
    Ништо сега обиди се да разговараш со него, доколку не те послуша единствено пробај да бидете малце разделени за да видите дали ќе си недостасувате или ќе ставите крај.
     
    На Nina23a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.