Форумџика на годината

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    47.243
    Пол:
    Женски
    Зошто бе врската да не е можна.На мојот дечко родителите му се седум години разлика, поточно мајка му е постара толку, се запознале чинам кога тој имал 20, па ете изградиле дом и добиле прекрасно семејство, но девојкава чинам е трол па поради тоа нема да се мачам совети да и` давам.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.146
    Допаѓања:
    144.830
    А што е битно кој е?
     
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ха ха ха можно е да се деца кои им било здодевно виделе дека ти им збориш како на дечко ти нели (ти си не си) па им станало интересно :)

    еднаш звоневме на една од скриен број и и викаме амори шо се праиш удрена не ми ги враќаш парите, а таа озбилно да должела пари па ко се запали жената- уште една недела те моолам бла бла бла...

    можно е и случајов де е сличен :^)

    не верувам дека 24годишник би звонел за вакви глупости :!:
    а иначе можеш да го снимаш разговорот и да пријави изглеа некаде незнам точно како беше
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    6.768
    Дечково беше во истиот смештај кога бев на одмор со другарка, се дружевме со неговото друштво, 3-4 дена цело време бев со него, ми се допадна многу но неговите другари искоментираа дека бил-не бил со мене му е сеедно, за мување не би му било проблем. Иако јас велам дека ми е само за еднаш, и сама знам дека не е така. Како и да е, таму ништо не бидна, на фејсбук ми лајкнуваше и денес ми пиша, а после одморот поминаа околу 15 дена.

    И луѓе, не знам како да изреагирам. Секогаш кога ќе ми пише некој што ми се допаѓа не можам да се соберам, се чувствувам ко да сум се вратила во основно.. не знам што муабет да му свртам. Не викна со другарка ми да сме се собереле да се видиме, ми се пушти но одоколу, не на сељачки начин. Знаејќи се себе, ако излезам ќе се испосрамам, ќе изназборам глупости и се плашам дека ќе ја пропуштам шансата. Не знам како да се опуштам. И друго, според муабетиве, не сакам да ме откачи и да сум му само за еднаш, зошто не сум по тие краткотрајни авантури.

    Не знам дали воопшто да излезам со него, зошто осеќам дека јас ќе се повредам накрај. И чудно ми е што помина толку време, и дури сега ми пиша.. Ах, од мува слон направив.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Па има луѓе што не се замараат многу за одма да пишат, поготово ако е таков како што викаш, а може и намерно не сакал одма, не е толку важно тоа. Излези де, ете вика да се соберете заедно со другарка ти, не е ништо страшно, исто како што сте се дружеле и на одмор. Ако има хемија во меѓувреме ќе ја осетиш и подобро ќе знаеш како да постапиш. Нема што да се плашиш, ако не пробаш нема да знаеш, ако не ти се допаѓа неговото однесување, веднаш ќе си се повлечеш.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Самата си си свесна за работите иако не мора да значи. На дечкото чим му е сеедно значи не е заинтересиран за нешто посериозно. А ти викаш дека несакаш да си му за еднаш. Чим така не прави ништо. Се работи за допаѓање кое ќе помине. Мислам подобро вака отколку да излезете еднаш и после од него ни трага, ни клас па ти да се луствуваш незнам ни јас како ....
     
    На okcenzi и blueeparadise им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Е добро де, и ако излезат па го снема голема работа, нема да му даде она одма па да ја искористи и да го снема, што губи? :D Пак ќе кажам, ако не пробаш не можеш да знаеш, многу пати вистинските работи ни се токму пред носот, а ги испуштаме од немање храброст. Барем кога ништо не губиш вреди да се проба. За почеток секако дека е обично допаѓање, не може љубов да биде. :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    6.768
    Абе вака кога бев со него насамо, мене ми беше океј и не ми изгледаше на "женкар" ,не си придавам важност ама заемно беше и таму и он да сакал, ете ќе ме смувал.. Туку јас се однесувам вака зошто сум била изгорена порано, и не сакам да се случи пак. Не дека после едно мување ќе се заљубам нормално, ама ете таква сум, лесно паѓам на некој што ми се допаѓа.
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Да, можеби ќе бидат во брак и ќе имаат 3 деца.
    Но треба да се земе секоја опција во предвид. Освен тоа дечкото најверојатно сам си рекол дека не му е проблем еднаш да се смуваат. Па на кое машко би му било проблем? Таа ако сака нека се смува со него, но после да не се жали дека не ја барал повеќе оти уште на почеток убаво се изјаснил.
    И ова не е карање, само мое мислење.
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    6.768
    ^Ама он ништо не се изјасни, другари негови така кажаа на другарка ми, они со него не ни зборуваа. Другарка ми имаше краток муабет со него. Тој и рекол дека сака, но ете ништо не бидна зошто искрено немаше некој момент, не бевме ни сами.. За брак не сум ни јас сеуште. :wasntme: Шала.
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ех, епа тогаш гледај ти да се зближиш со него и сама да сфатиш каков е.
    Неговите другари можат да кажат се и сешто ама поважно е тој што мисли.
     
    На okcenzi и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.564
    За тоа што те побарал после 15 дена нема врска посред мене, битно те побарал. Па можеби имал обврски кога се вратил од одмор. Можеби и тој собирал храброст за да пише. Ти излези и види како ке се одвива работата, па ако ти е убаво смувај се, ако не патот под нозе. А пак можеби и тој нема да сака само еднаш да се смувате.
     
    На eloves, blueeparadise и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    И јас и дечко ми да чекавме на другите,сега немаше да сме заедно.Нашите "блиски" ни местеа работа,а уствари ни збореа еден против друг.Многу доверба во други не.Излезете,па ќе видиш што можеш да очекуваш,не губиш ништо!
     
    На okcenzi, blueeparadise и Lovely93 им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам нешто. Се гледате со еден тип и треба да стапите во врска и до сега се било во ред и наеднаш типот се менува за 360 степени и ви вели дека треба да останете другари.
    Што би помислиле вие?
     
  15. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Дека му е страв од обврски.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.473
    Пол:
    Женски
    Штознам, зависи и од другите детали од целата ситуација. :?:

    Би помислила многу работи. Најверојатно прво дека можеби има некоја друга па јас не сум му повеќе интересна, потоа дека можеби некој, нешто му рекол за мене, па можеби е и малку незрел и неспремен за врска, а не знае како да ми каже...

    Може многу работи да бидат, кажи нешто подетално за да ја процениме подобро ситуацијата, па да те советуваме. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.875
    Допаѓања:
    36.040
    Пол:
    Женски
    Или до сега те лажел дека те сака, или има друга. :)

    Прво на ова би помислила, а можат и други работи да бидат. Но, како што рече Дрим, кажи ни по детално.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Па типот има 27 години, се допишувавме на нет месец и пол, ама пред да одам на одмор тој дојде во Скопје да се видиме. Пиевме кафе и падна некој муабет. Мене ми изгледаше сериозен бидејќи тој има 27 години. Зборуваше како сака да си најде девојка, да се согласува со некоја, без кавги итн. Јас всушност таков барав. Ми изгледаше океј, јас се плашев да искочам пред тоа зошто му реков дека не сакам да бидам повредена. Правевме муабет, се отпуштив јас и на некој начин му верував, отидов на одмор немаше ден да не ми пише да ме праша како сум, што правам, немав кредит и сам ми пушти кредит, јас не му ни барав.
    Добро се тоа беше ок. Може да се каже дека наседнав на некој начин, но јас мислев дека 27 годишните машки се посериозен тип. Се вратив јас од одмор и тој дојде пак се видовме, правевме муабет, пиевме кафе се шетавме итн. и пред да ме испрати му зазвони телефонот му вртеше некоја девојка и тој само погледна и остави така. И после тоа го немаше два дена да се јави, што ми падна чудно зошто претходно секој ден ми се јавуваше да ме праша како сум што сум. И прееска пишував и јас го прашав што е работата зошто го нема? И тој наеднаш ми вели јас сакам да останеме другари, премногу брзо е се, многу бил искусен поминал се и ми вели ние сме слични карактери ќе се караме.Човек по 2 пати излегување одма му го знаел карактерот,абе ајде. И јас сфатив дека тоа има врска со девојката која му звонеше тогаш. И тоа отворено му го кажав и му реков дека требало да биде фер и да каже на почеток, му реков дека ми е криво што мисли дека може да ме направи будала, а за друго ич не ми е криво. И му реков дека јас со бивши не останувам другарка, и го избришав. И тој после сее што беше ме блокна.
    Си викам боже детска работа.
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ bubace, можно е и да се уплашил од обврски, без разлика што кажувал дека сака да се среди, а да нема никаква врска со девојката што му звонела :?: Очигледно не му се баш средени мислите, искрено не би рекла дека е во твој интерес да почнете врска сега :) Барем нема да се нервираш ако евентуално има променливо расположение, или променлив однос кон тебе и вашата врска.

    Или па евентуално да сфатил дека би била комплицирана врската зашто би била на далечина (бидејќи спомна дека дошол во Скопје за средбата), па колку теба да вложи во таа врска за која не би знаел дали ќе испадне нешто или не итн итн.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Па можеби си во право не викам не. Иначе не е во мој интерес. Јас на почетокот кажав дека не сакам да брзам и да се залетувам, па да погрешам. Му реков да се гледаме, па ќе видиме што ќе биде. Искрено, јас се надевав бидејќи типот ми се свиѓаше надворешно. Но изгледа се преварив себе си повторно.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.