Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ Епа штом е така, подобро е да остане како што е сега. Можеш пријателски да одржуваш контакт со него, нормално ако тој сака повторно да контактирате, ако не......здравје, ќе се најде некој што ќе ти го поремети животот на најпозитивен начин :) ;)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    јас мисалм дека има друга-таа шо му звонела, ако немал што да крие ќе одговорел на повикот :^)
    не ми иде 27годише да се плаши од врска :?: а и плус те блокирал...
    Најдобро сврти ја страницата и заборави
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас напишав дека го избришав од пријатели а како шлаг на тортата тој ме блокна. И реков дека со бивши не останувам другарка. Не разбирам, што бараат да ми се враќаат пак. Минато си е минато.
    Исто така му реков да не ми се враќа после со каење и да не ме аднува. Може бев дрска со него, но сепак тоа си се мои правила.

    И јас на тоа прво помислив...но како и да е, можеше отворено да каже, бидејќи јас за се бев отворена. И сам претходно ми има кажувано дека кога ќе го повредела некоја девојка до касно работел и касно се враќал дома, и јас го прашав вчера искочи ти и он ми кажа до касно работев јас. Си ги поврзав коцките.
     
    На green.eyes и feminium им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    buba4e89, знаеш како викаат - треба да бакнеме многу жаби за да го најдеме принцот. Дечково е очигледно тежок жабец и не му личи на годините такво однесување. Важно е дека си му го видела вистинското лице сега а не откако би почнале врска.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Имаш право така е. Од вакви работи можеш многу да научиш.
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Блиска другарка беше во многу слична ситуација- запозна фин, културен дечко, почнаа да се гледаат, дечкото и симнуваше ѕвезди, и се јавуваше секој ден и одеднаш, буквално преку ноќ, го снема :^) Дали она нешто рекла, дали тој имал девојка, дали тоа што не се од ист град (иако тој моментално е на стан во Ск), милион `дали` и се вртеа низ глава. Вистина можеше да му се јави и да се искара со него ама што ќе добиеше со тоа? Само ќе се спуштеше на едно многу ниско ниво а тој ионака немаше да и ја каже вистината.

    Јас на ваквите `попатни` типци гледам како на скалила кои треба да се поминат за утре да знаеме да го познаеме и цениме тој вистинскиот :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    ^^ Добро се тоа ми е јасно. Јас не разбирам само постари се и уште прават детски работи. Право машко за мене е кога ќе ја каже јасно вистинската причина, а не вака да се лажеме како мали деца.
     
    На Juicy и feminium им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Дека човекот незнае што сака во животот. Ако не мислел ништо сериозно требал да каже на почеток, а не после тоа да вика сакам другари да останеме. Мислам ..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Луѓето да беа искрени и коректни, светов ќе беше многу поубаво место за живеење. За жал, одвреме навреме налетуваме на типци како тој на Бубаче...
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Мене ми е криво што за краток период имав мислење за него позитивно и си реков конечно можеби ќе ми тргне и на мене. Но за жал не испадна така.
    Дека му кажував некои работи што се дел од мојот живот имав доверба секако.
    Но, не мораше да ме блокне така ми даде до знаење дека е друго девојче во прашање. И верувајте дека ќе го разберев да ми кажеше дека друга му се допаѓа и му е поинтересна, отколку вака. Но, добро лека полека ќе си дојде на свое место се.
     
  11. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Девојки ми треба мислење за една ситуација.
    Јас имам 16 години, за неколку месеци ќе полнам 17, а излегувам 8 месеци со 20 годишен дечко, за неколку месеци тој ќе е 21.
    Не знам дали ова е проблем, дали јас погрешно ги сфаќам работите или можеби сум во право.
    Јас не знам како да да го дефинирам ова нашето, дали е само гледање, или дали пак сме во не толку сериозна врска. Сеа не сфаќајте ептен буквално ,,серизно,, (одење за заедно секаде, тоа не)Значи се слушаме 1 или 2 пати на ден, збориме како сме поминале денот, дали ќе се видиме вечер и онака, почесто тој се јавува.... зимата поради некои обрврски се гледавме само 2 пати во недела, а сега лето, слободни, се гледаме многу почесто. Неговото друштво знае за нас, и моето исто така знае, повеќето знаат за нас. Но не знам што да мислам, како да го дефинирам?
    Тој ми нема спомнато за врска, ми нема кажено дека ме сака, ми има кажено дека многу му се свиѓам, дека сака да биде само со мене, дека му е убаво со мене, и нема ни една причина да биде со други. Ми има кажено дека има голема доверба во мене, да не го злоупотребувам тоа, ако сум испаднала со друг нема више да ме погледне, а јас му имам кажено што планира, ако планира да излага истовремено со поише нека ми кажи, да си знам, и тој ми рече дека не сака, сака само со мене.. ама никогаш ми нема кажено дека му значам, дека ме сака бар малку..... се на се, овие месеци се имаме скарано 3 пати, ама не озбилно.....
    Си мислам вака, ако сум му само за корист( а не знам ни каква корист, зашто немаме имано ни односи, ни па му дозволувам многу многу да фаќа), да беше за корист, ќе ми се јавуваше само коа ќе требаше да се видиме, немаше да се слушаме секој ден, но ако ме гледа на посериозно,не сваќам, тој никогаш ми нема кажено дека ме сака,ова-она, бар дека малку му значам, бар неколку убави зборови..... еднаш кога се скаравме му реков дека јас ништо не му значам, дека не му е гајле за мене, тој рече дека не е така, погрешно сум сфатила, дека ако било така немаше уште да е со мене, ќе идел со некоја друга.Иначе во хороскоп е јарец, и многу е тврдоглав, си мисли секогаш е во право. А вака е мн.добар со мене.... Навистина не знам, вие што мислите, или најдобро е да не се замарам многу, многу што, како. Мислење?
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Најотворено прашај го што правите! Пресрами се и инсистирај да ти каже дали сте во врска или се гледате само `онака`.
     
    На Si-lala му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека само излегувате.
    Тоа значи дека ти е "мувач' или како го викаат тоа шо ја знам.
    И најдобро ќе биде да си го прашаш, иако си женско. Не да го прашаш за врска туку за го прашаш што по натаму и до кога вака. Или пак ако несакаш да го прашаш срам ти е или било што размисли си дали би сакала да продолжиш со ова. Но јас мислам дека потајно се надеваш на нешто повеќе. Јас немислам дека сте во врска оти не те прашал плус ти немал кажано дека те сака, ама очигледно е дека или тој ти се допаѓа тебе или ти нему инаку до сега не би издржале волку време само онака.
     
    На Si-lala и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.191
    Пол:
    Женски
    А зошто мора да праша дали сакаш врска или било како тоа да се официјализира со прашање? Доволно е тоа што се слушате секој ден, се гледате често, друштвата знаат за вас. Ти кажал дека не сака да се гледа со други, ти кажал и дека не сака ти да се гледаш со други. Извини ама тоа е и повеќе од доволно за да ова биде врска, а не мување. Кога е мување па и немаш некои обврски спрема некого и да не се гледаш со некој плус.
     
    На Si-lala и Bah им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ти мислеш така ама на девојчето не и се јасни некои работи очигледно. Поточно таа сака да знае дали се во врска или не. Е сега подобро да си праша и јасно да си знае на што е за подоцна да не дојде до недоразбирања. А може и девојчето сака врска со него, плус кажа дека никогаш не и кажал дека ја сака. И тоа нејзе ја буни. Вака не ја терам јас таа него да го проси туку само да праша и толку.
     
  16. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Доколку премногу се плашиш прашај си на што сте, сепак заедно сте долго време и треба да знаеш дали си во врска или не.

    Јас мислаам дека премногу му значиш, да е само за излегување машко ко машко неколку месеци ке се замара а после ќе те шутне. А што ти наговестува дека не би сакал да излегуваш со други значи дека те сака за себе. Да си му само за видување ке те крие од другари.


    Имав познаничка која беше во официална врска, но сепак се криеја и ја користеше само, а дечко и беше, и кажуваше колку ја сака и колку неможе без неа, по кратко време ја фрли како крпа.

    Мажите се чудо, не се сите исти.
     
    На Si-lala му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Јас навистина не би можела да го прашам што сме ние, глупаво ми е да прашам што ми е тој.....
    Ама навистина и сум збунета, прашањето ми беше според вас, како вие би ја толкувале ситуацијата?

    Eloves, да мене ми се свиѓа, затоа сум со него, а не верувам некој да испаѓа со некој а да не му се свиѓа бар ни малку. Како стигнавме до тука? Не знам, како што реков, откако испаднавме првиот пат, после 5-6 пати излагања ми рече дека му се свиѓам,дека му е убаво со мене,дека отсега сака да е само со мене, и ме праша дали мене ми е убаво со него, и му реков да.... и онака се зближивме, зимата како што реков имав повеќе обврски, исто и тој, и не се гледавме често а се слушавме бар 1 во ден, од кој тој беше почесто што се јавува,јас 2-3 пати во недела, кога тој немаше кредит, ми титкаше, јас се јавував, и ми викаше дека не требало се да оставам на него, не било фер секогаш тој да се јавува, а јас се понашав малце ладно од причина да не бидам повредена, а и прв пат испаднав со него, не знаев ни како да се понашам, и сваќам дека тоа беше многу грешка, ама го сменив тоа.. И сега е лето, па се гледаме почесто..... да друштвата знат за нас, кога се среќаваме на улица ме поздравува, не ме одбегнува....

    Dushice навистина не знам дали му значам, се надевам бар малку му значам, иако тој ми нема кажено такво нешто. А како ја криел другарка ти? Никој не знаел за нив, а и викал дека и е дечко? Според мене да му бев само за мување, тогаш кога ќе го прашував некои работи кои ме нервираат кај него, тој нема да ми објаснуваше, ќе ми речеше што ти е гајле, нема да ми кажеше дека му е убаво со мене и нема причина од други, нема да ми се јавуваше секој ден, е сега ако тој мене ме лажи, ако се гледа и со други, епа сега тој си знае, тој ќе испадне идиот, и онака се се дознава. Но ако бевме во врска, зошто не би ми ме прашал, дали сакам да сум му девојка? Можда малце е глупо прашањето, ама мене многу би ми значело, ако ми кажи некои убави зборови... И уште нешто, негова најдолга врска траела само 9 месеци..... Навистина не го сваќам, а да го прашам што сме ние, уфф тоа не можам, бар не сега.
     
  18. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    И јас бев во таква врска како твојата и уште сум :) ама тоа што ти го рекол дека те цени, му значиш и дека ти верува, знај дека е ЉУБОВ, бидејки секој може да мисли и да ти каже "Те сакам", а да не го чуствува вистински тоа
    Значи имај стрпление, ако го мислиш она што он ти го рекол :)
     
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Зошто ти е глупаво,прашај одоколу.Глупаво е вака да не знаеш на што сте.Подолго време сте заедно би требало да сте позборувале за ова.Иако мене повеќе ми личи само на мување штом ти кажал дека не сака сега да одиш и со други.Кога си во врска нема потреба да кажуваш такво нешто,се подразбира,а при мување можеш секоја вечер со различен да одиш и пак да се враќаш на него Не велам дека не те сака,ама по ова што го напиша,мислам дека не сте во врска..
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Si-lala, како те претставува пред неговото друштво? Дали некогаш ти има спомнато нешто во контекст на вас двајца како пар, дали некогаш себе си се има ословено како тој дечко (пр- види колку паметен дечко имаш)? Исто викаш дека сакаш да ти кажува убави зборови, не знам што подразбираш под тоа - не ти дава комплименти, не ти кажува колку му е убаво со тебе /колку му фалиш кога не сте заедно?

    И воопшто да не ти е глупаво да го прашаш, не сте малку време заедно! Најотворено прашај го што точно правите, дали сте во врска или само лабаво се гледате. Дури можеш да се правиш и малку мутава па да почнеш да мјаукаш како другарките те прашуваат што правите а ти не знаеш како да им одговориш или пак дека од дома те прашуваат за него и ти е многу незгодно од што не знаеш што да им кажеш итн.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.