Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Поедноставно здравје. Таквите се продаваат за ситни пари и за лајкови.
    Биди своја оригинална, време ќе помине, а ти ќе вредиш додека нивната вредност ќе биде неважна.
    Запрашај се од каде и се ајфоните? Дали таа ги заработила и со што.
    Не да откачиш другарка, одјеби се во 3 чекори.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Мила Супердевојко, несакам да звучам негативно но реалноста е дека секогаш ќе има некоја девојка која ќе биде повисока од тебе, послаба, побогата, позгодна, со поголеми гради и потенок струк но ти ќе мора да си ја зголемиш самодовербата и да си го најдеш твоето место во светот. Секогаш ќе се најдат момци кои ќе трчаат по богати/ разголени девојки но верувај тебе не ти требаат такви типци. Штом дотичниот се пали по цуца која си ги прчи цицките на фб, заборави го, џабе само ќе се измачуваш себе си со таква залудна љубов.

    Не те разбрав зошто и како сакаш да ја откачиш бившата другарка, нели сте скарани штом е, ете - бивша?
     
    На eloves и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  3. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Феминки, Најискрено Благодарам за советите ;) 8)
    :*
    Веќе напишав.. Кога ќе види дека сум со некого, таа одма ги вади градите, почнува да му привлекува внимание и тој ќе ја забележи - и пааааааф! Тој ќе ми се скара и се лепи во неа.. :swear: Што и да правам, не ми успева, пробав да ја игнорирам, ама упорно досадува, ако не момчиња, кради другарки, ми останаа само 2 искрени другарки, подовро тие 2 искрени одколку да остеанеа дволичите, за кои незнаев дека се дволичну, а дознав кога бившата другарка (напнав со ова) почна да кради другарки, тогаш тие признаа дека никогаш не биле на моја страна.. :fubar: :wasntme:
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Ова мислење е од оној тип на прашања за кои и не ти е потребен одговор.
    Ситуацијата е повеќе од јасна во каков човек си заљубена.
    Неговите критериуми за избор на девојка се репер за да го заборавиш.Тој не те забележува од причина што не си девојка каква што посакува, што не значи дека не постои таков што ќе го привлечеш со твоите доблести и недостатоци.И не дозволувај да ја изгубиш самодовербата во занесот за некој што женските физички атрибути ги заменил за здрав разум.
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Проблемот со другарките нема да го коментирам за да не отидеме оф ама што се однесува до подвлеченото, мораш да прифатиш дека не е до неа, туку е до дечкото- сакала, нејќела секогаш околу тебе ќе се најде некоја разголена наштиклена лепотица, ти нема да можеш со сите да се скараш или да ги игнорираш, едноставно прифати го фактот дека има момци кои се летаат по таков тип на девојки. Добрата работа е што има многу подеднакво убави, згодни, паметни момци кои сакаат да излегуваат со девојка како ти, покриена и ненапрчена на фб :)
     
  6. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Јас знам пар, што ако ги видиш ќе си помислиш како е можно и јас искрено се прашувам, тој е солиден, таа е ниска, дебела и неубава, меѓутоа девојчето зрачи со самодоверба, има помалце комплекси од сите што сме на темава. Дефинитивно ти треба поголема самодоверба, ако не се цениш сама, не очејувај другите да те ценат, треба сама да се бориш за подобро место во светов. Ти си тоа што си и неможеш да смениш изгледот, но можеш да смениш односот и она што излегува од тебе..... само малце посамоуверено :)
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Мислам дека изгледот не го краси човекот толку колку еден карактер. Што има врска кој колку има гледај си за себе, размислувај за себе. Мислам имај си поголема самодоверба, некој па нема заби па ги прават па си имаат самодоверби не па за изглед. Така да, мислам дека ако ти е бивша другарка да ја немаш на фб и да си свртиш нов лист. Да си бидеш своја и да се разликуваш од другите. Другарка ти е желна за внимание со толку 100 400 лајка.
     
  8. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.487
    Се слушаме секој ден. Сеуште немаме излезено. Еден ден ми вели дека многу му се допаѓам и дека замислува како сме нешто повеќе од пријатели, а друг ден дека е неискусен (знам дека е, помлад е од мене прилично) и дека е збунет, дека не знае како да постапи во одредени ситуации. Постојано стравува дека позитивното мислење кое го имам создадено за него, ќе ми се промени и дека ќе му најдам маани. А нема, знам дека нема... Како да го охрабрам, како да постапам, што да направам?
     
  9. Nekoja2674

    Nekoja2674 Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Решив да ставам крај на едно годишна врска. Тој мене мн ме повреди. Јас премногу го сакав и покрај сите проблеми (немам семејство, немам другарки) сепак него најмногу го сакав и тој беше смислата на мојот живот. Тој ми беше се. Ми значеше најмногу. Се правев за него. Секогаш бев покрај него, но тој мн ме повреди. Ме лажеше, ми скриваше мн работи, ме изневери (мислам ама изгледа точно е ова), збореше лошо за мене и тој и цела негова фамилија, ми се смееше во лице и на крајот лошо ме заеба. Прееска разговаравме и го прашав зошто? Тој ми рече, сама си крива, така си заслужи, јас што згрешив?
    Многу пати ме нарече курва, девојка од улица, девојка која се продава итн. Многу ме повреди бидејки мн го сакав сега ми е претешко. Што да правам понатаму? Како? Сама сум без никој и ништо, а и баш таа личност која најмногу ја сакав ме повреди. Што понатаму?
     
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ќе продолжиш понатаму, со јака волја се се постигнува, па и ќе дојде ден кога ќе го заборавиш... штом тој така се понаша со тебе, не те заслужува, и не ти ни треба таков... секој почеток е тежок, но и секој почеток има крај, така да и на тешкотијата ќе дојде крајот кога тогаш... гледај да си вратиш некоја од старите другарки, и да почнеш да излегуваш, посвети се на училитето, оди на фитнес, да стекнеш повеќе пријатели, така полесно ќе го заборавиш ;) само насмеано и храбро и се ќе биде во ред...
     
  11. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    И поарно што се изнаслучиле сите глупости и конечно си раскинала. Не се секирај, другарки се наоѓаат, а дури ги нема се може и без нив. Не знам дали работиш, одиш на факултет? Пробај да најдеш занимација за времето кога си сама (читај книги, пешачи..) и да си најдеш активност кај што можеш да се запознаеш со луѓе (некаков курс, волонтерство..). Пробај се што ќе ти падне на памет, па со тек на време што е твое ќе си дојде. Немој да му се секираш на идиотчето, подобро за тебе сто пати ;) Имаш време, ќе си најдеш нешто што вреди, особено ако се вложуваш во врската како што викаш. А верувај, и сама да останеш подобро ти е одклолку со него.
    Почетокот е тежок, ама ќе се снајдеш. Нека не ти биде страв да пробаш се што ќе ти текне. Ќе излезе нешто добро од сето на крај... ;)
     
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Би ти препорачал да идеш на јога, ти треба малце мир, и ќе се запознаеш со нови луѓе исто почетници и нема да бидеш сама. Среќно :*
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Која јога глупости она не знае каде и е главата па јога, аман и не знаеш каде живее за да препорачаш јога.
    Смирено без нервози иако знам дека ќе ги имаш. Сама избори се не ти треба никој.
    Како што умот ти налага така прави.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Како си сама без никој и ништо? Се имаш себеси, и личноста која најмногу ја сакаш треба да бидеш ТИ. Мое мислење е дека досега си била со него само заради осаменост, ти требала поткрепа од некого. И баш заради тоа, тој си дозволил да се понаша така. Тој видел слабост во тебе, дека немаш поткрепа од никого, па ај ќе се изживувам. |( Никогаш не треба пак да си дозволиш вака. Во овие моменти единствената личност на која можеш да се поткрепиш си самата ти. И да се твоите родители со тебе, пак мораш да се научиш како да преживееш во одредени ситуации САМА. Бидејќи тие нема секогаш да бидат со тебе. Знам, полесно е кога имаш кому да се искажеш, ама и јас што имам родители намерно преќутувам некои работи за да се справам сосем сама, да се научам да живеам сама, бидејќи еден ден нив ќе ги нема и не смеам да си дозволам да бидам слаба.
    Никој и ништо? Се имаш самата себе, работа имаш ли, учиш ли? Немаш другарки? Верувај, поарно биди си сама отколку со погрешни личности. Додека си сама никој не те навредува и не те повредува. А луѓе во твојот живот ќе има уште многу и сама ќе знаеш кој да го одбереш.
    Биди силна и не си дозволувај некој да те влече за нос. Престани да си го сфаќаш како комплекс тоа што немаш другарки и семејство. Не си ти виновна за ништо што се случило. Не мора да угодуваш на сите само заради тоа што немаш семејство и другарки, за да некој биде со тебе. Тој што стварно те сакал нема да бара од тебе да му угодуваш и да те навредува.
     
    На DELFIN-15 и Miss.M5 им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да го сместам ова ако може да се нарече проблем. Додуша не е и проблем. Незнам дали треба нова тема, ама ајде би сакала да дискутираме на оваа тема.
    Бевме излезени јас и другарка ми во клуб во неделата. Се дотеравме, реков ќе се забавуваме може и ќе си најдеме некој тип. Како што сме сами така и ние си имаме желби. И после велат дечко на фб не се наоѓа. За девојките кои дојдоа таму сите беа убави, ама некако и мораш да се припикнеш за да дојдеш до некое машко. Пушташе музика Панчо од Днк колку што се наполни клубот толку и се испразни. И каде што бевме ние карши нас дојдоа мамините синчиња. Залижана коса, пура во рака 5 машки и една женска. Убави машки,но кога ќе ги погледнеш очите им се некако трули. Јас како женско си бендисав машко,ако беше за свиѓање како палто на излог. И тамн ќе помислиш дека и двајцата се свиѓате, типот си ги крева акциите. Или си висока или си му грда или "абе маче не си секси во фармерки". И како јас да фатам дечко, ќе речете во клуб не се фаќа, ама богами ни во улица, ни во кафиќ никаде според вас. А за фб да не правиме муабет. Е да ве поправам, баш дечко од фб се фаќа, колку толку ќе направиш муабет ама реално за разлика од клуб полесно се фаќа. И така се вративме самички, додека посексите девојки беа возени во најскапите автомобили. Разбирам, да се разголиш е едно, а да одиш со манири и принципи во клуб е друго. Е тоа е тој 21 век.
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ти треба нова тема за нова, незнам каков, совет би добила. Но еве од каде знаеш дека биде мамини синови? Дека со залижана коса се, и пудра? Не ми е јасно како може машко да става пудра. Вие исто ми дадовте совет, во клуб не се ваќа, искрено, ете такви луѓе може да си отидат со некој од клуб, а не ние обични смртници.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Не барам совет, сакав да ги чујам вашите мислења. Стандарни девојки со свој квалитет во душа и карактерно се сами, додека некој се вози во скапи автомобили. Не ми е јасно, што им даваат толку да ги привлечат. Заборавив да напоменам дека ни се пуштија двајца од по 30-40 години, што ми се згади. И клубот и моментот ми се одмили. Мислам секакви луѓе се пуштаат таму. Не се води сметка. Тие дојдоа со iphonе's во рацете и со по кутија пури. 19 години не би му дала. Се е тоа во ред, девојчиња имаше ама сепак мислам од правење фраери по тоа колку е јак и што има е бизарно.
     
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    А што мајка тие по 30-40год идат во клубови?
    Ништо немора да им дадат, ние машките сме некад толку глупи за да не приметиме, ако ни каже некоја, одма се лутиме. Види, колку што знам, има клубови каде што идат луѓе што се испод 25год, незнам колку си ти. Помина на времето во клуб да се фати нешто асално,а да не ти се згади.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Имам 25 години, немам потреба да ги кријам годините на форумов. Реално гледано, неможеме дечко да најдеме или нема или е до нас проблемот.
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Епа нема да најдеш кога со 25 години, мажите од 30 ги нарекуваш стари. :D Мала шала.
     
    На SuperGirl24, Tikvice, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.