Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.842
    Пол:
    Женски
    Jас мојот го запознав во ДИСКО поточно во Сектор зимното. Не бев облечена во минич напротив носев фармерки,не многу високи штикли и кошула закопчана до врат. Јас имав 25ипол години а тој штотуку наполнето 30. Саат ипол во таа не толку голема гужва јас со кока -колата во рака тој со пивото дискутиравме за ИНФЛАЦИЈА. :tmi: :tmi: Да да,добро прочитавте ИНФЛАЦИЈА.И ден денес се смееме коа ке ни текне на тоа.И јас си имав мака,полагав економија на факултет тој се погоди економист по професија па да ги искористам неговите професионални познавања. :D :D
    Првиот бакнеж се случи истата вечер додека лабаво си ја пушев цигарата потпрена на ѕидот пред Сектор. Си знаминав дома околу 3 истата вечер добив порака од него дека му е многу мило што ме запознал.Утредента ме побара да се видиме. Излеговме неколку пати на пијачка се додека една вечер не постигнавме заеднички споразум дека и двајцата сакаме да бидеме во врска. Ме фати паника и мене дека дечкото е постар и ја надминува мојата граница од 3 со сила 4 години за дечко со кој би можела да бидам но дојдов до точка да си кажам -Пробај види, ништо неможеш да изгубиш.

    Ке се сложам со Абеја ,никогаш ама баш никогаш не можеш да знаеш каде ке ја запознаеш твојата сродна душа. Се додека има стереотипи од типот во диско оџак не зачурува,сите дигнати и мамини синови,сите гледаат само за една ноќ, лезет нема да има.До човекот е .АКо решил да се издува вечерва во диско не го праи позафркнат од тој што дреме во библиотека а паметот му е само во тоа која да ја накачи во моментот коа ке излезе од истата.

    За секој има по некој.Само тој некој на врата дома нема да дојде на ни чукне него напротив може да го запознаеме тогаш кога најмалку очекуваме на место кое ни на крај памет не би ни паднало. Само треба да сме доволно паметни и емотивно отворени без предрасуди да му ја отвориме вратата од нашето срце.
     
    На Daydream, Nimai, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ana.readhead

    ana.readhead Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    ми треба совет од вас девојки оти мислам во последно не размислувам со моја глава. :)
    Со дечко ми сме заедно 7-8 месеци. Се запонавме на студии во странство и поминавме прекрасни 4 месеци заедно и со повремени расправии,функциониравме многу добро. Инаку сум имала врски од по две години претходно каде навидум се функционирало како треба ама секогаш играв на сигурно и јас бев онаа "ладната" во врската. Неможам уште да си сватам како тоа наеднаш се смени и се опуштив во последната врска. И од човек со неверува во љубов станав најзаљубена. Е се ќе беше добро да не се разделевме и да живееме моментално во различни држави. Правевме планови за средби и се останато меѓутоа нештата многу се сменија и за прв пат во животот незнам како да постапам. Нон стоп сум таа што дава иницијатива за разговор за дискусија или слично. Се прашувам дали чуствата ме имаат толку засенето па негледам реално на работите или е нормално пример да ми врати на порака по 24 часа. Не дека тоа е кузнај каков показател ама ние жените имаме голема интуиција и знаеме кога нешто не е во ред. Одново и одново му кажувам дека мислам треба да покажи повеќе внимание веќе вели дека ништо не е сменето. Дури и кога му кажав дека наскоро ќе одам кај него после милион договори како да кажав сосем нормална работа без многу ентузијазам . Премногу ми значи и незнам како да се однесувам за да ги свртам малку барем работите во моја корист. Во друг случај не би се трудела но знам дека вреди бидејќи направил да се почуствувам онака како што не му успеало на никој пред него. Каков и да е совет и мислење е добредојдено. :* :*
     
  3. mistilloue

    mistilloue Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Здраво
    ми треба совет и мислење. Со дечкото сме две години заедно,еден период се скаравме за глупости нема врска и два месеци бевме разделени е сега од кога се вративме има 5 месеци сме заедно и во ред е се некогаш се чувствувам запоставено на моменти ама се претрпува. Е сега се појави едно момче кое јас го знаев од порано ама само здраво имавме,ми пиша и се запишавме онака повеке тој знае дека имам дечко јас и неколку пати ми повтори дека не сака да се меша во врската,му објаснав јас на дечкото рече нема проблем другар е другар и излеговме на кафе муабет вака така мене почна да ми се допаѓаааааа ептен многу премногу е убав добар нежен внимателен. Се слушаме на телефон пишиме и сега некако мене ми се испомешани брзините незнам кај терам ни што да правам. Со дечкото оди работата вака така ама ова е ТОП мислам стварно и сега незнам што да правам незнам озбилно незнам. Некое мислење за ситуацијата некој совет ..? Фала ..
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ете сама си одговори. Ако ти било топ со сегашниов дечко, немаше да ти биде топ со новиов.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Мислам дека ќе дознаеш каква е вашата состојба одкако ќе отидеш кај него. Незнам што совет конкретен да ти дадам во моментов.
     
  6. DElena

    DElena Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Мој совет е прво да се запрашаш дали навистина ти се допаѓа вториот и колку го сакаш дечко ти. Сите ние во одреден период од долга врска чувствуваме монотоност, значи запрашај се дали ова ти се случува поради тоа што сакаш да излезеш од монотоноста и да влезеш во авантура. Преиспитај си ги добро чувствата. Исто проанализирај дали вториот со кого се гледаш, сака со тебе само авантура или пак сака врска. Многу е тешко тоа да се направи знам. Еве пробај со дечко ти да направите нешто невообичаено, нешто интересно, забавно да ја разбиете монотонијата да видиш како ќе ти биде со него, доколку ти е убаво тогаш сеуште го сакаш и според мене не вреди да си ја расипуваш врската заради некоја авантура. Но ако мислиш дека не чувствуваш повеќе ништо за него, раскини му и продолжи со вториот може има добри намери не викам не. Јас само ти викам да бидеш претпазлива, зошто пред 2 години и јас бев во слична ситуација и не заврши добро. Си заебав 4 годишна врска заради тоа што ми беше монотоно и се појави еден симпатичен кој ми симнуваше ѕвезди мислев дека со него ќе ми биде како на филм. Бившиот не знаеше за тоа дека многу ми се свиѓа друг, ама ме сети дека сум ладна, не му обрќам внимание и ми раскина. И сега ни сум со вториот ни со бившиот. Кога по еден месец сфатив што направив беше касно. Цело време се до пред пола година го молев бившиот да се смириме зашто сфатив дека премногу го сакам, но тој не сакаше, се плашеше пак да не биде исто. И еве сега си е заљубен до уши и си има девојка. А јас си останав сама...
     
  7. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Мислам дека прво треба малку да го ставиш на дистанца контактот со ТОЈ ДРУГИОТ, потоа да видиш до кај си со чувствата за сегашниот дечко, да а разгледаш убаво врската каква ви е, што планираш со него, дали овој другиот ти е само авантура и ќе знаеш какотреба да постапиш, еден ден во иднина сигурно ќе знаеш дали си постапила правилно или си погрешила. Ако сегашниот дечко ти го пружа е она што ти треба тогаш ова ти е разбивање на монотонија, а за една минлива авантура не вреди да си расипеш врска или пак дечко ти и а не дознае да го изневериш. Размисли, олади малку и ќе знаеш што треба да направиш. Па пиши ни да знаеме како се одвива ситуацијата.
    Поздрав!
     
  8. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Барам совет. Моето момче никако не можам да го убедам да дојде и официјално да се запозане со моите роднини и фамилија. Скоро две години сме заедно но тој сеуште не дошол кај мене дома. Едноставно кажува дека се срами не му е згодно и покрај тоа што општо ги познава- на улица се поздравуваат , кога е со мене исто така ако ги сретнеме родителите се поздравуваме... но, не знам како да го убедам веќе да го скрши мразот и некогаш да дојде и дома на некој ручек, вечера, дружење итн. Мислење?
     
  9. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    2.597
    Девојки, ми треба вашето мислење. Имам сериозна врска, скоро 2 години и здравје боже еден ден се надевам ќе прерасне и во нешто повеќе. Е сега дечко ми е единец на самохран родител, и денес случајно испадна муабет за тоа дали да се живее со свекор -свекрва или не. Тој јасно ми даде до знаење дека никогаш нема да се оддели и да ја остави мајка му да живее сама- ќе била многу осамена, и зошто пред се му дала се во животот.

    Мене самата помисла утре да живеам со свекрва во мене создава одбивност, која чувствувам дека нема со арно да заврши. 4 години во скопје живеам со стара газдарица и многу добро имам осетено како е да немаш приватност, и како е некој да ти претура по работите додека не си дома.

    Иако јас лично не ја познавам, жената е многу радознала, се ја интересира, се сака да знае. Незнам како да постапам, како да му објаснам дека јас нема шанси да живеам со свекрва со ист стан, дека сакам да имам приватност, дека не сакам да се облекувам од вц до спална од страв да не ме види таа, дека јас сакам одлуките во домот да ги донесуваме ние двајца, а не тројцата. Тој е премногу приврзан за неа, и еднаш ми вели јас сакам да живеам самостојно, сега ми вели не ја оставам сама. Јас не сакам утре да се чувствувам како гостинка, некој да ми го контролира животот. Кога и му правам муабет дека е мамина маза, јас испаѓам таа лошата, дека не ја почитувам мајка му.

    Станбеното прашање не е проблем, дечко ми има и куќа и стан. Јас разбирам дека таа му е мајка, и тоа го почитувам, али после овој разговор во мене се јави таква одбивност и немир, што се плашам дека може да влијае и врз нашата врскаВе молам за совет... :sweat:
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ммм искрено да кажам го сваќам дечкоти и може и ја би постапила така на негово место, таа не само што му дала живот и се, таа сопствениот живот му го дала, не е исто родител и самохран родител, за него таа трпела многу нешта и фино е тоа што е свесен за тоа.
    Знам тешко е да живееш во стан со свекрва ама куќата е друга приказна на едниот спрат вие на другиот таа фин компромис ем блиску ем посебно.
    Сепак прашањето ти беше КАКО да му кажеш- како и да му кажеш нема да те разбере само ќе го ставиш во ситуација да се одлучува меѓу тебе и мајка му што искрено незнам како би резултирало
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Неможеш да бараш да ја остави мајкаму да живее сама, а тој со тебе. Сепак таа му е мајка, а ти би требало наместо да ти смета да се избалансираш со неа и повеќе да се зближиш. Сепак нема да ја остави, го чувала, го родила и којзнае колку пот вложила. Немој да бидеш себична. Тебе те одгледале двајца а него само еден родител.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Дечкоти е во право. Незнам каков совет бараш од нас, но искрено со тоа што ти ке му кажеш дека не сакаш да живеш со мајка му, можеш само ти на него да му станеш одбивна и да недојде до никаков брак него крај на вашата врска. Како што кажа феминката пред мене ако е кука поделете се со спратовите. НО верувај дека тој нема да ја остави мајка му што е и правилно.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Имаш право да си кажеш што ти лежи на душа и тоа не те прави лоша личност. Ако куќата е на два спрата па да сте вие на еден таа на друг спрат не е толку страшно, ќе имаш приватност ако се поставиш од почеток како треба. А ако мисли да сте заедно на еден спрат или во еден стан и така до крај на живот, не се сложувај ако не сакаш таков живот. Во ред е, го изгледала сама, ја почитува и сака да и е секогаш при рака, но тоа не значи дека во брак треба да сте тројцата. Ти како ги оставаш твоите родители, што ако и твоите беа разведени или си само со еден родител, ќе го земеше родителот со себе? Размисли си добро, и пробај со убаво да го убедиш дека секогаш ќе сте тука за неа, често ќе се посетувате и слично. Ако не сака во никој случај, што да ти кажам, гледај си прво за себе.
     
    На Daydream, duffi и molikaMk им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    99.111
    И јас ќе ти кажам - како се чувствуваш така прави.
    Правилно е да и се признае на жената дека има направено храбар подвиг во животот да изгледа сама дете, меѓутоа тоа во никој случај не треба да го користи како емоционална уцена сега кон него и да го има зашиено за нејзе се додека е жива.
    Па добро, еве како што стандард девојките одат кај момчињата после свадба (има и девојки единици во фамилија)и нели логично е еден од нејзините родители попрво да почине, па сега што треба да се прави во тој случај? Не ќе ли се чувствува тој нејзин родител осамено?
    Ај нека се приберат сите на куп и нека биде каша - попара.
    Штом имате каде да живеете одделно, само одделно!
    Грижата за нејзе пак ќе е на вас, ќе ја посетувате почесто (зошто да не), ама заедничкиот живот не е исто како кога ќе знаеш дека после неколку саати поминати кај неа, ќе дојде време кога ќе си одите во вашата дома, каде само вие кажувате што и како.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А од каде тоа е правилно? Кој кажува што е правилно, а што не? И како тој "ја остава мајка му"? Каде ја остава? Божем ќе ја однесат и остават во старечки дом подалеку од нив 200 километри па ја оставиле, ја фрлиле. Никој, никого не остава. Само секој треба да си го знае местото. Тие пак ќе бидат тука за неа, никој нема да ја игнорира ако и затреба нешто.

    Ама тука се работи за мамин син и тоа е тоа. И тоа не е така бидејќи таа е самохран родител, туку зашто е таква личност. Имаме многу мамини синчиња и татини принцези кои исто вака не можат да се одделат од мама, а пораснале и живееле со двајцата родители.

    Мислам, јас разбирам дека не е лесно да си самохран родител, ама тоа не значи дека треба детето цел живот себично да го држиш до себе и да не му даваш да порасне и созрее во вистинска личност. Па и не е некој успех детето да го направиш лигле кое не се дели од сукњата на мама. За мене успех е ако го направиш самостојна личност која е независна и сама се бори во животот. А не: "јас не се двојам од мама, таа се' ми дала во животот". Крај краева molikaMk кажи му дека и ти сметаш дека твоите родители ти дале се' во животот и дека сакаш со нив да живеете, не се двоиш ти од нив, па види што ќе ти каже. И јас сметам дека моите родители ми дале се' во животот, а кој родител всушност не дава се' за своето дете? И тоа значи дека кога ќе се омажам треба со мене да си ги земам? Сите родителите треба да си ги носиме со нас како приколка? Каде јас - таму мама? Браво за неа што го изгледала сама, ама тоа не значи дека не треба да го пушти да го живее својот живот.

    molikaMk имаш право да си бараш приватност и да сакаш семејство во вистинска смисла на зборот. Не правиш ништо погрешно и не, не го двоиш од мајка му, не се секирај, не си ти ништо лоша или злобна или себична. Само сакаш една нормална работа. Мој совет, биди внимателна и повеќе од потребното. Мене лично ми изгледа дека дечко ти не планира да се откаже од идејата да живее цел живот со мама. Тој е мамин син, а тоа може и тоа како да ти го уништи животот, буквално. Размисли само што ќе биде понатака. Мама најдобро знае, мама најдобро ручек прави, мама ќе ја прашаме за ова, на мама ќе и' се јавиме за тоа, мама, мама, мама и само мама... Дури и да живеете одделно, таа ќе биде постојано присутна. Размисли убаво. Дај Боже да грешам ама не ми изгледа така. Добро е што барем уште сега искрено ти кажува и ги гледаш работите какви се, затоа размисли.
     
    На sesilija и Bridget им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Молика, па зарем уште сега се замараш за такви работи, не сте ни почнале муабет за брак а ти веќе си направи цело сценарио како би било кога би живееле со неа. Не велам дека нема да дојде до брак, само многу е рано да размислуваш што би било кога би било па уште да се мислиш како да му кажеш на дечко ти...
    Седи таму уживај во врската па кога ќе дојде моментот ќе видиш, многу работи знаат нагло да се сменат па дури и да се изненадиш (дај боже) :)
     
    На feminium и natemila им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    99.111
    Ако се лажеме, работите се менуваат, луѓето исто така, ахам...
    Ништо нема да се смени, за жал! Можеби ако таа уште сега јасно и гласно си кажува што и како очекува кога ќе дојде денот за брак, па со тек на време да се усмерат работите некако она како што сака, иначе само од себе дека ќе се смени, НЕ.
    Може и бетер да стане кога ќе треба да се земат, мајче да почне да паѓа у несвест, триста болки да почнат да и се појавуваат, а дечкото на Молика уште толку да не прифаќа одделен живот со оглед на тоа дека е заврзан за мама.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Значи јас не реков таа да дозволи свекрвата да и прави што сака и она да биде демек Жртва и да и се уништи животот. Само кажав дека таквите дечковци ретко ги оставаат мајките сами. А и за делот кај што си пишала таа да го викне да живее со нејзините и да биде домазет нема да прифати. Правило е жената да оди кај мажот нели. Како што и кажа и ти, тој нема да се откаже од мајка му, пре би се откажал од нејзе. Не кажав ништо со зло намера, сите сакаме да живееме сами и без свекрви.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Молика, ти уште мајка му не си ја запознала официјално, а уште сега решаваш станбено прашање. :^)
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.237
    Допаѓања:
    91.849
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сеуште ти е рано за вакви муабети и стварање нервози.Па којзнае што ќе се случува во иднина и како ќе биде.Таа му е мајка и како и да е треба да ја почитуваш но пред да кажеш нешто треба да ја запознаеш добро. Можеби за неколку години работите ќе се сменат и таа самата ќе ви отстапи место и нема да биде со вас.
    Сепак јас ти предлагам доколку имаш добра врска да си уживаш и многу да не се замараш за тоа што и како ќе биде.
    Кога ќе дојде време за заедничко живеење ќе си кажеш што имаш ,секако имаш право на тоа и самите ќе си одлучите како ќе ви биде најдобро :)
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.