Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.606
    Пол:
    Женски
    Мене дечкото ми делува на лабилна личност. Како тоа сте иделе толку време а сега се мувате само, притоа и тогаш и сега по дома, не ми е јасно. Кажи му уште еднаш јасно како сакаш да ја терате врската или баталиго, и ич не се замарај со неговите депресии, па маж е бре алоооо. На крајот на краиштата зошто ти е таков понатаму во животот, тој ќе паѓа во депресии а ти ќе треба да трчаш и да ги завршуваш сите семејни обврски.
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.098
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да си купиш карта и да заминеш на патување со твојата другарка.
    Со оглед на тоа дека си во врска 2 години со опсесивно-љубоморен тип и си поминала преку многу работи за да му ги удоволиш неговите егоистични особини, може да најде секаков начин на изговор за да ти префрла за твојата моралност.Ако дозволиш врската да се базира на ултиматум, треба сериозно да размислиш што понатаму и дали можеш да опстанеш во таков брак доколку дојде до тоа.
    Можеби си премногу трпелива личност и го сакаш, но тоа не е начин на живот со човекот со кој треба да споделуваш секакви моменти.
    Во твојата врска нема разбирање, доверба и компромис од негова страна, што значи дека основни елементи за заедничко функционирање не постојат.Кога тоа не постои меѓу вас можноста за среќа е минимална.
     
    На Schmetterling01, Nausicaa, DjinTonik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам. Можностите за врска се никакви, а не минимални.
    За понатаму како што вели Poenta, замисли каков ќе ти биде животот??????????
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Запрашај се ти како би постапил тој во случај да биди на твое место, односно да го викаат на виќенд пријателите. Дали ќе одбие или дали ќе прифати. Одговорот на тоа прашање може да биде одговор и на твојот проблем.
    Искрено, јас на твое место би отишла и ич око нема да ми трепка. Од такви забрани и ултиматуми ми се превртува во цревата. Човеков не е сигурен во себе и твојата верност кон него па ајде чекај ќе ти се закани мислејќи дека може со тоа да се спречи.
    Во врската треба да се има малку слобода а не напнување. И ако го послушаш сега утре повторно ќе биде исто. Ако и после 2 години тој не го надминал проблемот со љубомората не знам што да ти кажам. Дали сакаш таков човек покрај себе?
    Мислам и ти имаш право на забава и опуштање. Нема сигурно да седиш дома и да плетеш чорапчиња :tmi:
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    DjinTonik, ако си во врска ти имаш слобода да си го живееш животот со полни плуќа, тоа што некој не може да се износи со патолошка љубомора не е причина ти да жртвуваш некој работи кои можеби никогаш нема да се повторат. Тоа што имаш можност да пропатуваш некаде со другарка воопшто нема ама баш никаква врска ни со немањето почит кон него, ни со тоа дека ти сакаш да ја загрозиш врската. Но, ако за него патувањето е доволна причина да прекине со тебе, јас викам-дозволи му, не ти треба таков идиот! Штом ни после двегодишна врска нема доверба во тебе и мисли дека ќе го изневериш во моментот кога тој ќе го тргне погледот од тебе, запрашај се на што тогаш ви е градена врската. И не, нема што ти него да го слушаш и да правиш како што тој ќе ти рече-мислам, ееееј во кој век живее дечкото?

    Купи си карта и убаво да си поминеш на патувањето :)
     
    На DjinTonik, mimiiiii, leona83 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам само кратко. Купи си карта и оди на патувањето. :*
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Schmetterling01

    Schmetterling01 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    Немам што да коментирам на сево ова, едноставно сите останати форумџики ти го кажаа истото што и јас сакав да ти го пишам... Такви несигурни личности со кои што би била само поради сожалување не ти требаат, а и да го сакаш подобро спречи отколку цел живот да лечиш. На дечкото му треба очајно професионална помош.. Среќно!
     
    На Miss.M5 и DjinTonik им се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Можеби тој претерува, но и ти не го сакаш ако покрај се купиш карта и отидеш без негова согласност. Не викам што е исправно или кој е во право, викам дека ако свесно направиш нешто што може да влијае да го загубиш, ти него не го сакаш. Те разбирам и тебе дека ти е криво да пропуштиш таква шанса, меѓутоа за овие две години веројатно си сфатила каков тип на врска и личност до себе бара тој? Зошто си со него ако сакаш да живееш со полна пареа? Најди си полиберален дечко, кој ќе те пушта секаде, барем такви ги има на секој чекор. ;)

    Ако дозволите ова да ви ја расипе врската, и подобро за вас да ти кажам, значи не е љубов. Ова важи и за двајцата, ниеден од вас не би нападнала затоа што според мене и двајцата сте си во право и не сте во право на свој начин. Мислам дека во оваа работа нема еден кривец и некој што греши а некој што е во право. Тоа е договор меѓу вас двајца. И токму затоа постои компромис и затоа и според мене е најважен темел во една врска, покрај љубовта и довербата. Не верувам дека мисли дека ќе го изневериш ако те познава, тоа го кажал од бес бидејќи не сака да одиш, така да олади. Да не ти верувал нема да е со тебе. Што и да одбереш да направиш, размисли си убаво прво, да не биде после лелееее го изгубив саканиот за едно патување или пак вечно да му префрлаш и да се прашуваш зашто си со него кога не ти дозволува работи кои ги сакаш и те гуши. Со среќа.
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.800
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека не го сака типов затоа што во спротивно, не би поминала низ многу работи и не би му простила нешта коишто му ги простила за да останат заедно, како што си пиша во мислењето погоре. Кога некого не го сакаш, повеќе постојат шанси да ти се јави тенденција за едвај да ја чекаш во заседа да му ја уловиш грешката. Ако во врска ова е забрането, во брак што ќе биде? Што ќе биде ако пример живеат странство. Ваквиот и кај мајка и` без него нема да ја пушти, немој случајно да го изневери.

    За еден викенд вакви ли проблеми се прават во врска? :o Ццц, што би правела таму без негоо??? Веројатно ништо, ќе јадеш купечко. Ништо што не можеш и тука да направиш ако сакаш. Вака ли тој ги цени годините во коишто си се борела за вашата врска? Луѓе во брак, па некогаш ако само така дозволува ситуацијата одделно одат на патувања, па не значи дека ќе изневерат одма. И шо, а во различни земји биле, а во иста. Ти ако сакаш, тој дури спие на два чекори од тебе ќе го изневериш...

    Ич, да си купиш карта и убав викенд. И највеќе да го сакам тоа би го направила ако барем малку се почитувам себеси. Затоа што тие таквите, обично, прва прилика ако им се укаже за патување без тебе, одма ќе ја сменат плочата, па згора и вина ќе ти набијат.

    И не, врската нема да ви ја уништи тој викенд, туку неговата несигурност. Баш ако те сака ќе се радува за можноста што ти се отворила да прошеташ.

    Убав викенд во странство, а он дома нека си ја погледне приказнава за пишманиот поп, па можеби ќе му станат јасни некои работи.

    http://www.youtube.com/watch?v=TrHqLLbv-rY
     
    На DjinTonik, mimiiiii и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.773
    Пол:
    Женски
    Девојче пропуштена шанса во животот не се враќа. ;)
    Ако сега му дозволиш да ти забранува вакви работи, секогаш ќе ти забранува. Биди јасна и цврсто стој на своја одлука, повеќе ќе те цени и почитува. Купи карта и "пут под ноге". :)
     
    На DjinTonik и Viki693 им се допаѓа ова.
  11. GiM

    GiM Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Женски ми треба ваш совет,немам каде па морав тука да се искажам:одев извесен период со еден дечко бевме од два различни града али сепак си бевме среќни без разлика на далечината во почетокот на врската ме праша за едно дете ,а јас со тоа ве во минатото но нормално не му кажав се одма бидејќи бевме малку време заедно,али подоцна му признав се а и крај на крај сите имаме минато......се изналути за тоа и раксинавме како демек неможел со лаги да биде...а планиравме и брак сега и нависина се сакавме ама пусти негов инат...помина едне месец неможам без него,секој дел е се полош без него а тој упорно ми тврди дека има друга а и да има нам дека не ја сака туку му слуќи за да ме заборави....Неможам без него мислам дека ќе полудма како да докаѓам дека го сакам како кога тој не сака да слушне..ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ МИ ШТО ДА ПРАВАМ !
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Да сумирам - сте се сакале и сте планирале брак ама ти раскинал кога разбрал дека не ти бил прв и за помалку од месец дена си фатил нова девојка. Ај потсети ме уште еднаш зошто сакаш да бидеш со таков примитивец ?
     
    На Captain-Omni, Viki693 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    За да ја малтретира и понатаму затоа го сака па уште и мисли дека тој неможе да ја преболи. А, работата е следна, тој ја мавтал и си ја работел додека може, ветувал кули и градови, кога го притегнала за брак, нашол причина да ја откачи. Таа цело време ила жрта на измамник ама дури ни сега неможе да свати.
    Му пречело што идела со некој ља не му пријавила, демек се требало да му се каже.
     
  14. GiM

    GiM Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Но јас не го притискав за брак тој беше тиа што инсистираше на тоа дури и еднаш го одбив и мислам дека и тоа има глемо влијание...Незнам зошто скам да бидам со него а знам каков идот е но го сакам и незнам како да го променам тоа кај мене....
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Епа болдов, затоа сте сами. Точно дека имаме сите минато, но минатото се кажува баш на почетокот на врската бидејќи тогаш градите доверба, а ако потоа му кажеш секако дека ќе загуби доверба и ќе се сомнева. Тоа секогаш е така и тоа е секогаш почетничка грешка, што ние женските ја правиме мислејќи дека нашите тајни ќе ги носиме во гроб.

    Второто си пишала таа му служи за да те заборави тебе. Ама да ти кажам, тој ако те сака нема да има друга девојка и нема воопшто да ти кажува дека има девојка. Тој не те сака тебе. Само не можел да се понесе со фактот дека нема да ти биде прв. Значи сакал невина девојка, така му доаѓа ова твоето. Ти џабе ќе го сакаш него и ќе умираш и се, бидејќи тој сега не те рцка ни 2%. Затоа заборави го, и најди си друга страница. Не трчај по таков примитивец.
     
  16. GiM

    GiM Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Епа зошто не му кажа, ако не ти било ништо посебно? Зошто си криела тогаш. Абе тој ако сака и пријатели ќе ги лаже, он си знае дали има или нема.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.800
    Пол:
    Женски
    Драги мои жени, каква црна иднина ќе градите со луѓе коишто се опседнуваат со минатото? Kако ќе чекорат низ иднината во рикверц? Вака?
    [​IMG]

    Коа читав, мислев којзнае што ти се случило, оно ти дечко си имала. Сериозно? Ова му е причината? Нема што доверба да се гради врз случки за коишто партнерот не бил присутен. Не мора и не треба да се зборува за минатото со дечковците. Не ни` кажуваат они ни за стотинка од нивните минати авантури, trust me. Остај го него, нека си најде некоја со хименопластика којашто ќе му трепка со очињата и ќе се дуе од среќа дека и` бил прв, или пак некоја на која искрено ќе и` биде прв ама нема ни оддалеку да и` биде последен. :D

    Е, затоа не` мафтаат како сакаат. Они немаат обврска да реферираат за минатото, нАли различниот полов орган ги ослободува од таа должност, они имаат право да вараат, нели машки се, други им се потребите, они смеат да удрат, па избувливи се, ние сме посмирените, а жените не смеат дечко пред нив да имаат.

    Морее, ако сака да се декларира како маж, штом ужива во тоа што си сега, ќе го почитува и нема да го истражува минатото што таква те создало. Се` друго за мене е во најголема рака wannabe маж.

    Да се разбереме, почитувам личности коишто се чуваат до брак, но не го почитувам како обврска, се` додека се наметнува како иста само на жената. Фаланогуипријатно.
     
    На imelda, Glasna, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. GiM

    GiM Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
     
  20. Tiki22

    Tiki22 Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми треба ваш совет. Имам 16 год. и летово се запознав со момче кој има 26 год. се запонавме на нет. Во живо се немаме видено, јас него на фб, а тој мене само му пратив слики од бебе и кога бев мала значи не знае како изгледам но тоа ни год, на далечината од различен град сме, ништо не ја спречува нашата љубов. Тој е предобар со мене, премногу ме сака, јас сум му се во животов. Збориме постојано на тел. Тој не ме напнува да се видиме, јас прво му реков во декември и се согласи на тоа. Но јас го сменив мислењето. Решив да се видиме почеток на ноември. Заедно сме и се сакаме. Јас му предложив да одиме во друг град еден викенд. Се договоривме кога каде и што. Пресреќна сум. Ваков прв состанок до сега сум немала. Мајка ми ке ја ислажам дека сум кај другарка лесна е за мотање, а татко немам па затоа е полесно. Е сега нашиот прв состанок нема да биде обичен здраво јас сум тој јас сум таа, тоа е невозможно бидејки премногу се саламе. Но има еден проблем. Ке спиеже заедно во иста соба во исѕ кревет и малу ми е срам. За односи знам дека нема да ме напнува бидејки ми кажа тој имал девојка што ја чекал цела год.
    За односи не ми ни спомнува и нема ништо да ми рече. Инаку уште сум невина. А не знам дали знае пошо за тоа немаме правено муабет. Како прво како да се пресрамам? Прв состанок и како да спијам до него? Сакам бидејки го сакам ама ми е срам. И како второ тој е возрасен маж, јас и он сме во врска ке спиеме во една соба на ист кревет и да немаме односк нели е малу чудно, ама пљк и чудно е што односи на прв состанок....
    Како да се пресрам Како да се однесувам?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.