Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ако убаво познаваш англиски јазик би ти кажала да пишеш на www.reddit.com/r/TwoXChromosomes/
    Не ретко читам тука, и има секакви проблеми, на кои се даваат секакви одговори. Ќе добиеш многу одговори од многу девојки/жени/мажи кои можеби и поминале низ нешто вакво затоа што има многу луѓе што го посетуваат овој форум. Не сум во брак така да не знам што да ти кажам, ама ти препорачувам да пишеш тука. А имаше уште еден како подфорум ама не ми текнува сега точно како се викаше, ќе треба да побарам, нешто во врска за брак без секс. Ако имаш некои прашања како да се логираш, пишуваш, и слично пиши ми порака ќе ти помогнам колку можам. Биди силна и не се обесхрабрувај :hug:
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariahe

    mariahe Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Што кога наеднаш засакувате толку силно, а не го покажувате тоа, затоа што и тој не покажува нешто многу.
    Во врска 10 месеци, многу силна хемија, се има чуства бар од моја страна, ама не се доволно искажани...
    Што кога се плашите од љубов? не сакам повторно да бидам повредена, страв ми е дека ако покажам повеќе, нема да ми биде возвртаено, а и не знам како да покажам љубов. Иначе имам 17, се немаме скарано досега за нешто големо, понекогаш се однесуваме како странци, никогаш не сум му се доверила за некои мои маки, ни тој мене, не разговараме ни за нашите проблеми, нашата врска е слободна, каде на почеток влегов само за да заборавам друг, онака чисто за забава, покажав таков ладен став кон него, а сега го засакав толку многу. На почеток тој беше збунет, а сега се однесува како да му е сеедно, како воопшто да не ме сака.Немаме исти интереси, мн.различни карактери сме. Единствено меѓу нас е силната хемија, кога сме заедно не се одлепуваме, прегратки, бакнежи цело време, а ниедни убави зборови. Толку многу го засакав сега, што не можам да замислам да бидам со друг. Како да го сменам ова? Сакам само повеќе љубов, колку и да ме боли подоцна....
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Уф ... со спротивни карактери ... многу тешко. Само хемија не е доволна за сериозна врска.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Многу убаво си си напишала.
    Хемијата ќе помине и што тогаш?
    Ништо во однс со тоа Љубов не можеш да направиш. Едноставно така сте ја започнале врската и тој не внел емоции во сето тоа. Мислиш дека го сакаш затоа што ти е недостижен.

    На времето многу одамна и јас влетав во една таква врска. Кога шетавме му ја пуштав раката за да не ме види некој. Тој бил свесен цело време за тоа. Се вљубив и после тоа тој за се ми врати.

    На крајот таа врска се распадна затоа што немавме за што да разговараме како што велиш ти немавме ништо заедничко.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariahe

    mariahe Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ама, барем сакам да се потрудам, затоа што ако му раскинам ќе ми биде многу,многу криво.
    Ама секако еден ден се ќе се разнише и ќе е крај, ама не сакам да мислам на иднината, сакам во моментот да живеам. И да фатам друг дечко, не е тоа, тоа, ако му раскинам и ако си најдам друг, зарем тој другиот ќе биде совршен, или пак ќе треба да раскинам и со тој, без да се обидам да решам? Веќе не сакам да бегам од проблеми, да имам инат и гордост за глупи работи, сакам барем да се обидам да ја сменам ситуацијата, за подоцна да не ми биде жал, дури ете полесно ќе ми биде ако тој ми раскине. А во мојата средина нема ни еден нормален дечко....лесно е да најдеш дечко, ама навистина многу е тешко да се најде нормален дечко.
    Daleron, на почетокот тој ми се јавуваше секој ден, повеќе пати, денски, и ретко му дигав денски, сакав само 1 да се слушаме, и тоа му го кажав индиректно, кога разговаравме како да се гледаме, му реков дека е најдобро викенд, зашто преку неделата ,,имам многу за учење,, кога ќе го видев во град, се понашав ладно, незаинтересирано, кога ме испраќаше понекогаш, не ми беше многу мило, едноставно не сакав да го сакам, ама на крај го засакав, кога почна да се дружи со други девојчињаа, е тогаш ми падна криво. Сега нему му е сеедно. Тој ги поздравуваше сите мои пријателки, а јас не ни се поздравував со неговите другари, на почеток кај и да ме видеше застануваше и по малку се задржуваше иако го чекаа другарите, а сега се понаша исто како мене, како порано. Единствено што сменивме е дека сега се гледаме и преку недела, кога тој ќе ,,нема обврски,, и сега почесто јас му се јавувам. Што да направам друго, навистина ми значи.....
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ништо душо ете ти го мојот пример.Не го сакаш верувај, само ти проработело егото од неговата незаинтересираност.Пробај пак да се однесуваш незаинтересирано колку и да сакаш да му се јавиш немој. Може тоа ќе упали.
     
  7. Tutan

    Tutan Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    58
    Здраво.
    Итно ми треба мислење од вас девојки. Девојка ми ми кажа дека многу и се допаѓа една алка, па решив да и ја купам. Сакам да биде изненадување, а проблемот е во тоа што со алката оди и буква. Е сега дилемата е во тоа што се мислам дали да ја купам алкава со првата буква од моето име?! :)
    - Благодарам. :)
     
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    А зошто да не ако се ставаат две стави ги вашите букви а ако се става само една може да биде твојата прва буква мислам од името секако...секако тоа е мое мислење види шо ќе кажат другите па на крај најдобро ти ќе си одлучиш:) е сега на букви и имиња се шегуваме сите регистрација де ова она...реков да ти напоменам ...пиши што ќе сториш позз
     
    На sadgirl21, Tutan и tessie им се допаѓа ова.
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
  10. Tutan

    Tutan Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    58
    Те разбирам се тоа. Само кога ќе подразмислам малку да не делува малку нелогично, сум слушал такви реакции кај некои.. Демек логично било само ако имињата ви почнувале на иста буква.. :)
    Сепак фала ти.
    Добредојдени се и други мислења.
     
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    тоа ти викам ијас почекај уште малку да кажи секој што мисли па среќно;)
     
  12. Tutan

    Tutan Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    58
    Фала за одвоеното време. ;)
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    A зошто да биде нешто очекувано и “логично“ ? Скрши го мразот, можеби и тренд ќе стане. ;) Секој однос и секоја личност е индивидуална за себе. И заслужува ... малку поразличен подарок од она што е шаблон. Веќе и на 2-та ви е јасно дека имињата убаво ви изгледаат едно до друго, така што... зошто да не? :)
     
    На eloves и Tutan им се допаѓа ова.
  14. Tutan

    Tutan Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    58
    Знам дека делувам несигурно, али ете морав да прашам за мислење... :(
    Ама ме предомислуваа некои мислења од девојки што велат дека им било глупо тоа, па си реков да не згрешам ( ма да ако овојпат згрешам, за следниот ќе си знам) :)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    @Tutan
    Се` додека е од срце подарокот, не може да е грешка. :) А и баш поромантично е тоа што е несекојдневен и е лично твоја идеја, на некој начин персонализиран подарок. Сигурно повеќе ќе се израдува на таков подарок што ќе биде дел од твоите чувства и желби и истиот повеќе ќе ја потсетува на тебе, отколку на мече шо носи срце со испишано „те сакам“ на пример. :) Ај со среќа!
     
    На awayfromyou, Daydream и Tutan им се допаѓа ова.
  16. Tutan

    Tutan Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    58
    Благодарам на одвоеното време! :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Крај краева ако толку не и се допаѓа буквата, претпоставувам дека може да се вади и пак може да си ја носи. Инаку мислам дека намерно ти кажала што и се допаѓа за да знаеш што да купиш. :lol::lol:
     
    На Tutan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Баш убаво и симпатичноо да биде со твојата буква ..кога веке неможе и твојата и нејзината :)
     
    На Tutan и tessie им се допаѓа ова.
  19. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.347
    Не сум во брак но со 4.5 годишна врска мислам дека можам да ти дадам совет. Кога веќе си пробала со разговор можеш и да пробаш со тишина. Претпоставувам дека поголемото време ( читај постојано) ти збориш, ти се трудиш, ти се отвараш, му ги даваш срцето и душата на дланка за само тој да ги испушти. Пробај да не бидеш ти таа која го турка бракот понатаму. Кога ќе се соочи со тишината ќе му биде чудно, ќе те праша зошто си таква. Твојот единствен одговор нека биде научив од тебе. После тоа ќе следи уште малку период тишина, во која тој повеќе ќе размислува што да направи за да се врати старата ти, ќе му недостига фактот што се бориш за да успеете. Ако го примениш ова ќе ги проценуваш сите моменти кога тој ќе си дојде од работа а ти ќе го оставиш сам, кога ќе ти дојдат солзите на очи доволно за да те види и ќе избегаш во друга соба за да знаеш понастаму како ќе постапиш. нус појава на овој вид на разговор е дека ако се научиш доволно добро во тишината може да не ти треба повеќе разговор...
     
    На tessie и Candid им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите кои одвоивте време и внимание да ме посоветувате. Работите се движат во подобра насока сега.
     
    На S.J.Parker, senza.parole, Tatjana95 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.