Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Си плачеш ти за нови другарки ;)
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    типов според описот гадно ме потсеќа на еден несуден “за малце“ дечко (значи немаше ништо меѓу нас и од денешна перспектива му благодарам на мојот златен инает :lol: за тоа ). Од карактерот, до врската од 5г, до исти муабети итд итд. Нишо чудно да е истиот :D Од искуство, тие се тешки филозофи кои прцо со муабет сакаат да те намамат дури не се осигураат дека ти си толку затрескана што ќе си секогаш тука за нив и тогаш грејачот ти го мењаат со вентилатор. Been there. Според мене не ти треба таков, само нервози ќе си набиеш. Башка мене ми личи и на таков, од себезаљубените, а тие се најлоши. Во мојот случај јас не се фатив со типот затоа што знаев дека секогаш ќе бидам инфериорна, дека колку и да се прави модерен и современ, ќе го има тоа затупено сфаќање шо постоело пред Турците да не окупираат дека жената е сопственост на мажот без разлика на нејзините квалитети, тој е тој кој ќе одреди дали и колку вреди. А инаку човекот исто вака со искуство се глеаше, пошо со муабет успеа да ме далдиса (младост лудост) шо мн наликуваше на овој :lol: и така. Среќно!

    Да, да...знаев дека е тој :lol: Инаку он топик, не видов дека е решена работава, ама еве школо за другиве, пазете се од ваквиве, вистинските се поедноставни на зборови, а потрогателни на дело. Поздрав.
     
  3. Modesti

    Modesti Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    здраво...

    ми треба Совет/мислење....


    пред 2-3 недели се запознав со еден Тип на Фејс бук, дечкото ми се чини дека е добар.

    Но.. нешто ми е сумљиво..
    ние сме од раѕлични градови... тој скопје.. јас Битола....
    сега, оваа недела сака да дојде кај мене и да се запознаеме.
    Постојано ме бара, те на мобилен, те на фејс бук..
    некни ми рече дека ме сака,.. а мене не ми ејасно како може да ме сака ко не сме се ни виделе.
    ми реце дека за него карактерот е пресуден , а не изгледот.
    и дека би сакал со мене нешто повеке и не сакал да прифати на најмало раѕочарување..
    ако има гости дома.. а ми рекол дојди во толку часот. пошто работи,
    седнува пред лап топ.


    му викам што правеш?
    ми вика, еве гости имам. Јас му викам, Ок, ако имаш гости оди, ке се читнеме подоцна. ми вели
    ок, фала на разбирањето..
    за да стане едноставно и во други случаеви од пц, ми бара од мене дозвола..
    и дали може да оде..

    сега сака да се видеме... ама јас не чуствувам никаква заентересираност за него... ве молам за совет/мислење.
    дали е можно кога ке се видеме, еднаш , два пати да сакам нешто и јас појке со него? :(
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Што си правиш од ништо-проблеми? Ако не сакаш да имаш ништо кажи му. Не се знаете, само преку фб и тоа 2-3 недели, можеби е манијак, башка не си заинтересирана за него, зошто да се гледате?....Само затоа што ти рекол дека те сака? Ах деца, деца...
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Не сте се виделе,само на фејсбук 2-3 недели и ти кажал дека те сака?Зар е можно некој преку нок да се заљуби?Зошто воопшто му веруваш?од кај знаеш каква личност се крие од другата страна на мониторот?Педофил,манијак или не знам како да го кажам зборот за да го сфатиш...еммм ми текна ИЗРОД.Не мора да значи дека ја зборува вистината.Не се впуштај во нешто што подоцна може да те кошта скапо.
     
  6. Modesti

    Modesti Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    сега се мислам дали да прифатам воопшто и да се видеме, бидејки сум во дилема.
    пошто ми е премногу чудно затоа што ми рече дека ме сака иначе не би пишувал воопшто со мене.
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нема врска дека ако ти пишува дека те сака,можеби си го тепа времето со тебе,а можеби и не,само ти тоа можеш да го откриеш ама сепак мислам дека е пребрзо за кафе средба.Ама ти најдобро си знаеш.Да не влијаам на твојата одлука. ;)
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Бре! Само затоа ти пишува-оти те сака? Не оти му е досадно, исполнува време, манијачи, заведува девојки...не, не, те сака!
    Ај да не грешам душа, кој знае можеби стварно ќе излезе некое добро типче кое по некоја случајност ќе стане љубовта на твојот живот...Но...претпазливо и со памет во глава...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сакам да ги решам работите, без да има кавги, навреди и зртви
    инаку вчера и денес се врати комуникацијата со личноста бр. 1, а со личност бр.2, мозе да и пишам кога ке е слободна па одоколу да поразговараме :)
     
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е можно како прво да те засака воопшто преку фејсбук, не се имате ни видено. Не можам да сфатам, како е можно? Немате ни еден разговор во живо свртено што се вика, од фб не се сфаќа ни каков карактер има, ни ништо. Додека не го видиш човек во очи, ништо од тоа, според мене. Што, ако не дај Боже не е тој што се претставува?!
    Јас еднаш така се залетав, ми се претстави како Бобо мислам беше, се допишувавме со месеци, и на крај му дадов број, после некое време што излезе... Албанец бил... И тој беше добар така, што рече ти, за се демек бараше дозвола...ама на крајот...не се познаваше дека е албанец по пишувањето, по апсолутно ништо, и тогаш ако не се лажам со Косово нешто беше, осамостојување, и не знам дали нешто реков, како беше, и ми кажа. И јас блокот, бројот го сменив, се спасив. Добро е што ни слика имаше видено моја...како ќе се спасев се мислам..

    Еднаш така, и сега се пазам, што би се рекло, еднаш се попарив на млеко, и сега на јогурт дувам. На никому не му верувам така (за социјални мрежи зборувам)

    Не знам што би те советувала, освен ВАРДИ се :)
     
  11. Emma.A

    Emma.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Знам дека прашањево нема никаква врска со темава но навистина ми треба ваша помош.
    Вака. Јас имам само 14 години, до сега ниту еднаш се немам мувано. Многу ми понудиле но јас сите ги одбивав. Па сакам да ве прашам Што точно се подразбира под Мување? xD :$
     
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Еве ти соодветна тема каде можеш да прочиташ нешто сврзано со тоа
    singl/luge-daj-kazete-sto-podrazbirate-pod-muvanje-t1583/?hilit=%D0%BC%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5
     
  13. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Imam eden problem i se nadevam deka ke se najde nekoj da mi pomogne so nekoj sovet..Inam 28 god.mazena sum i ima 2 deca,Bracniot zivot mi e soliden znaci imame razbiranje ,pocituvanje i vzaemna ljubov.Pred edna ipol godina slucajno vo avtobus idejki nakaj rabota pogledite ni se sretnaa so edno momce koe isto e zenet i ima isto 2 decinja. Mi prijde pocnavme opsto musbet i seto toa se svede da on pronajde kade rabotam i da pocneme edna komunikacija ,prvicno vo avtobus sekojdenevno a potoa i preku mob.Tolku mi e ubavo koga ke go slusnam i koga ke se vidime sto iskreno celiot den mi e nekako poubav,maksimalno ispolneta....Vo mnogu nasi muabeti mi ima kazano deka cuvtvoto negovo ko mene ja minuva onaa prijatelska granica ,deka nemoze da pomine den da ne mi se javi duri i nekolku pati vo tekot na denot koga sum sama i koga sum na rabota....Za celo ova vreme megu nas se nema nisto sluceno zboram intimno iako zelbata postoi obostrano .Znaci ne e covek koj navaluva i seksot toa mu e prioritet .Vo najteskite momenti koi mi se slucija (pocina mojot tatko )on bese pokraj mene sekogas spremen da me nasmee i ottrgne barem za mig od tagata....Se sto ke napisam za naseto funkcioniranje vzaemno ke bide malku ,no iskreno svesna sum deka megu nas postoi precka koja ni jas ni on ne sakame da ja prifatime(mojot soprug ,negovata zena i decata).Kako da postapam ponatamu ,znam samo deka kako pominuva vremeto nie se privrzuvame se poveke....dajte mi sovet.
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам како можеш да кажеш дека бракот ти е солиден кога ти на ваков или онаков начин го изневеруваш сопругот ,а исто така и децата.Не сакам да ме сватиш како некој кој ти суди ,но според мене и ова што го правиш е изневерување.Според мене имаш две решенија 1.Или ќе се разведеш и ќе продолжиш со другиов (но во тој случај растурате две семејства) 2.Ќе прекинеш секаков контакт со човеков и ќе му се вратиш на семејството (можеби ќе го сакаш цел живот и ќе мечтаеш по него ,но можеби и ќе се потврди поговорката далеку од очи-далеку од срце ).Се надевам дека ќе донесеш добра одлука за која нема подоцна да се каеш.Среќно
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно...велиш дека имате љубов, разбирање, почитување со сопругот...што е проблемот што ете си почнала да комуницираш со друг, па и да се зближувате.....Велиш дека во најтешките моменти токму тој бил со тебе, а каде бил сопругот?
    Повремено се сретнувате, разговарате, се смеете...зошто, која е причината што тој го заменува твојот сопруг...ја изгубивте магијата, децата ви се на прво место, немате време за вас, монотоно Ви станува, мора да постои нешто што те турка кон него и што ти го расипува бракот.

    Размисли дали сакаш еден обичен флерт, момент на слабост да ти ја растури брачната и семејна хармонија. Две семејства ќе се растурат, и самата си свесна дека тоа ќе се случи доколку продолжат вашите контакти.
    Не те осудувам, далеку од тоа. Секој брак има кризи, но размисли дали вреди.... не велам да ги игнорираш чувствата туку подлабоко да ги анализираш. Размисли и сигурна сум дека и самата ќе сфатиш дека ова ти е само минлива занесеност, не заљубеност...туку занес.
    Јас би те советувала да се одалечите и тоа под хитно, последиците од вашето натамошно "дружење" би можеле да бидат страшни.
     
    На Kitten, LivingGlam, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.118
    Допаѓања:
    258.740
    Пол:
    Женски

    Да не се повторувам и јас се согласувам со мислењата на форумџикиве пред мене...само сакав да напишам дека ваквите необавезни дружења се секогаш поинтересни и повозбудливи од т.н семејно секојдневие. Но јас тврдам дека и да се одлучите на радикален (според мене) чекор и да се земете оставајќи ги претходните партнери, ќе ви се изгуби магијата што ја имате сега. Ќе ја нема возбудата од забранетите средби и муабети, флертот ќе се претвори во брачен секс и ќе сфатиш дека си си го уништила семејството за нешто што всушност не постои туку и ти и он сте си го искреирале и сте си живееле во вашата приказна.
    Секогаш има опција, да е ТОЈ твојата голема љубов, мажот на твојот живот, итн итн ама тоа само ти можеш да го знаеш не верувам дека никој друг за тебе неможе да донесе одлука.
    Мој совет е сличен како и на форумџиките...прекини ги контактите, ако не одеднаш полека одалечувај се а ако си многу храбра и несакаш да го изгубиш како пријател запознај го со сопругот и ти со сопругата па дружете се како пријатели.
     
  17. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Ке бидам кратка едноставно прекинија врската со дечкото бидејки го доведуваш во прашање твојот брак .А да не спомнувам колку децата патат и се повредени кога родителите се рзведуваат. Врската или флертот ти е интересен во овој момент бодејки е таеин и забранет. Прекини со флертот и обиди се да го распалиш огнот и стрста во бракот па така и бракот ке ти биде интересен а не само солиден
     
    На lolyta777 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јас да ви кажам искрено една работа на форумов не ја сфатив и не ја сфатив....како бре тоа сме се собрале тука се домаќинки, верни до гроба шо никогаш не помислиле на друг освен на доместик мажов...бре бре...абе хармониии. |(

    Јас изгледа улава сум што мислам дека монотонијата, губењето на хемијата и првичната страст е сосема нормална работа после извесно време во врска или брак. Нејсе...

    Секој некој си управува со своите емоции и постапки како сака, јас наминав само да кажам дека не е грев што некому му годи внимание, не е грев ако тагата ја споделиш со некој, ако имаш потреба од нечија прегратка....она што е најважно е само да знаеш каде е твоето место, каде вистински припаѓаш.

    Не сум компетента можеби да делам било какви совети во врска со темава на муабет, затоа ќе кажам дека како и за секоја друга работа во животот така и за оваа постои една работа што се вика црвена линија...не ја пречекорувај!
     
    На Natka87 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски

    Значи бракот твој не е солиден како што толку ти опиша. Сигурно ако го имало сето тоа (љубовта, почитувањето, разбирањето) ти немало ни да се обидеш на таков чекор. Можеби е некоја моментална заљубеност и страст што и самата знаеш дека неможе да прерасне во нешто повеќе. Ќе повредиш многу луѓе а и самата себеси нема да се најдеш среќна поради тоа. Зошто кога си имаш дечина на такво нешто помислуваш. Помисли барем малку на нив, на твојот сопруг кој ништо не ти прави за да ти да му вракаш така. Мислиш дека тој толку многу се интересира за тебе што сексот не муе приоритет. Се лажеш само. Мажена жена не би го интересирала за нешто друго. Извини вака но така е. Многу не зрело размислуваш за твоите години и да знаеш дека ако се обидеш да направиш нешто тоа ќе биде голема грешка.
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ете исто и јас така како девојката со 1то мислење. Одам скоро 2 години но не сме имале сексуални односи. Сме биле интимни но без тоа. Проблемот е во мене што јас не можам да се одлучам на таков чекор. Не се чувствувам се уште спремна. Се плашам од несакана бременост иако постојат милион начини за заштита но ете не знам зошто така се чувствувам. Дечко ми веќе се помири со тоа и го ценам тоа многу од него. Не се плашам дека ќе појди со друга, бидејќи имаме разговарано дека не е се па во тоа. Еден момент на страст и задоволство не може да ја спаси вашата врска.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.