1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pufchence9559

    pufchence9559 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    @Portishead најболно е тоа што секогаш се расрпаваме за исти работи и пак ги прави истите грешки јас сум таква на карактер мн брзо замерувам ама секогаш прај муабет само за работата тоа повеќе го интересира да не го избркат а не го интересира дали јас ке се налутам дали ќе се навредам и гледа кога ќе го обвинам за нешто да ме споредва со некој лоши личности а јас сум таа секогаш прашувам кога ќе се видиме одалечени сме окулу 17 км а се гледаме само два пати во неделата како далечна врска и што е најкритично јас се трудам секогаш повеќе да му направам убави изненадувања а тој многу ретко :/
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    1. Наместо ти да се мислиш дали да му се извиниш, треба да мислиш дали би му простила кога би ти се извинил. А не е толку виновна роднината што зборува, колку што е тој затоа што ја слуша.

    2. Тука проблемот е во неговиот карактер, а не во поклоните.
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bate-bane

    bate-bane Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    човек е невин се додека не се докаже спротивното.. Чим немаш докази, не те вара, ти си правиш филмчиња, познати сте вие девојките по тоа правење филмчиња без везе..
     
  4. bate-bane

    bate-bane Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    маж ти е па да ти купи нешто? немаш мајка татко за да ти купат? мене вака девојка ми да ми каже одма ја диксам.. со ова докажуваш дека си спонзоруша.. Еееееј земал плата па ќе го молам да ми купи палто или не знам ти што.. Абе треба он сам да изрази воља ако сака да ти купи, а не ти да му кажуваш.. Чим девојка ми кажува што да правам со мојата плата, па кога ќе ја земам за жена неа ќе и ја дадам да си ја троши.. Абе имате ли вие жените некад гордост?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    142.101
    Прв болд - негова работа колку заработува, тебе не треба да те интересира колкава му е платата. Јас со дечкото живеам, и за плата го прашав дали му дале дури кога стигнаа сметките. Никогаш порано не сум изустила збор плата.

    Втор болд - негова плата сакаш само за тебе да ја троши? Колку често купување за тебе ти е доволно?

    Трет болд - ај па купи ми палто?! Ти немаш родители да те облечат, па бараш од дечкото? Ако сака, ке ти купи подарок, и тоа сам ако помисли, ти немаш што да просиш.

    Четврт болд - излегло како ти да си го натерала? Немало што да излезе, така си е, си му се качила на глава и морал да ти купи за да заќутиш, и кога нашол за погодно, ти кажал дека ти купил оти си барала, не оти сакал.

    Петти болд - се понашате ко у петто одделение, кој ке добие петка или четворка. Може и било зафрканција, ти се испотресе за оцените кои ви биле на факултет. Па јас би била прегорда ако дечко ми има подобри оцени и секаде го фалат, ќе го бодрам и уште подобар да стане од мене.

    Шести болд - Какви нивоа препознаваш? Посиромашна е, послаби оцени има на факултет, поефтини алишта носи, не и купува дечко и палта?

    Уште не ми се верува дека си барала да ти купи палто... А ти плаќа ли после секс, или тоа е гратис, инвестиција во ново палто?
     
    На Marossa, molikaMk, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Пробај да ја игнорираш, ако таа знае дека ти со одела со него, ќе те провоцира, значи не и враќај на фб и не излегувај со неа. Најдобро е така според мене, зошто колку повеќе време поминуваш со неа се повеќе ќе мислиш на него, не од што сакаш, туку таа ќе го спомнува :)
     
    На beauty17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Prcule33

    Prcule33 Нов член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здравоо...се караме со мојот дечко секој втор ден и само се нервирам заради тоа...се трудам да му кажам на добар начин дека некој работи што ги постапува не се добри и заради тоа и се караме...а тоа дека често знај да ме мајтапи пред роднини пријатели..незнај да ме цени како негова женска...работата му е поважна од мене и од кога се вработе како повеке да се цени како да не го интересира толку врската...само за неа зборува...само се плаши да не биди избркан итн..кога ќе излезат пробеми за нас..незнае кој збор да го искористи за да ме навреди...многу сум го нервирала...и сега се лутиме окулу 5 дена...секогаш се плашам во друштво да не ме навреди нешто..наместо да бидиме среќни во друштво после тоа се караме заради него..милиони пати му имам кажано дека неќам да ме коментриа да ми игра мајтап пред другите и пак истото..се има случувано кога ќе излезевме да си купам нешто ке се дотерав и мора значи да ми најди некоја замерка...а не сум некоја шо незнај да се дотерва...наместо да ја поминиме убо вечерта излезени расположени ке те изнервира со неговите неубави комплименти.
     
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.608
    Пол:
    Женски
    Сега ти е дечко, а тек кога ќе ти стане сопруг замисли колку послободен ќе биде. Размисли си.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ако остануваш во таа врска само поради тоа што мислиш дека тој ќе се промени се лажеш.
    Едноставно дечко ти е дибек кој што пати од помала вредност и со својата доминантност сака да се истакне пред другарите. Не може по магарето па удри по самарот.
    Ти се чудам зошто остануваш во таа врска!
    Ништо не можеш да смениш верувај, трупот останува труп колку и да го формираш.
     
    На H.VAGA и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека дечко ти тебе воопшто не те цени, мислам и самата тоа веќе го имаш приметено. Тешко дека ќе се промени, штом е ваква ситуација мислам најдобро е да му раскинеш.
    Доколку се подолго време во врска тој си ја дава сета слобода и се однесува како сака со тебе, не дозволувај да си поигрува. Сепак, заслужуваш подобро. Тој треба да го почитува тоа.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    А добро, @Prcule33, зошто ти воопшто остануваш во врска со човек кој те исмејува и кој си лечи комплекси на тебе?

    Постојатно те навредува пред други, ти наоѓа замерки за однесувањето, ти вика дека не изгледаш убаво- значи прави се што е во негова моќ психички да те скрши и да ти ја уништи самодовербата. Сето ова што го пиша за неговоро однесување мене воопшто не ми е нормално, туку напротив - многу загрижувачки ми звучи (освен ако ти не преувеличуваш) и јас би ти рекла да се тргнеш што поскоро од него. Физичкото насилство не е единствена форма на насилство и напишаното ми изгледа баш како школски пример за психичко злоставување и верувај дека со време само ќе стане полошо.
     
    На Miss.M5 и Cka им се допаѓа ова.
  12. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ќе сака ли некој да ми пише во порака, имам проблем и не можам тука да го напишам..
     
  13. bate-bane

    bate-bane Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    раскини му уште во истиов момент, ќе си најдеш подобар што ќе те цени, заљубен дечко секогаш ја става девојката на пиедестал и ја опсипува со комплименти, а не ја навредува и понижува..
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Здраво... Бидејќи темите во врска мажите и порното не се многу активни, затоа се решив тука да пишам. Имам проблем и не знам како да постапам. Сакам да ми кажете како би постапиле вие доколку дознаете дека вашиот долгогодишен дечко гледа порно филмови во оние моменти кога вие не сте тука, значи тоа го прави мојот дечко. Порано кога се беше супер, мене не ми сметаше тоа што знаев дека сите мажи гледаат и нема никогаш да престанат... Но, сега кога типот е уморен, има многу обврски, не можел да се опушти, не му било тоа тоа на таков начин да има односи со мене, затоа било така, не било во мене проблемот... А, има време за порничи. Значи ме иритира тоа што ме заменува со порничите, значи односите ни се се поретки и полоши, иако вика дека немало никаков проблем меѓу нас, само тоа што бил под стрес било проблемот... Знам дека сите би се посомневале дека има друга, но за тоа сум сигурна дека не е така, е сеа нешто ако испадне на крај, друга приказна... Значи сум разговарала со него, и демек ќе се подобруваше... Па одврти заврти пак по старо... А љубов, разбирање... се, се е во најдобар ред... Само тоа... Ме убива овој проблем, страшно ме повредува. Му кажав гледај порно колку сакаш, се додека со мене си во ред... Ама.... Што мислите, дали сте биле во ваква ситуација? :worried: :u:
     
  15. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Факт е дека скоро сите мажи имаат потреба од самозадоволување колку и да е богат нивниот сексуален живот, така да доколку проблемот бил единствено тоа што тој гледа порно филмови, воопшто не би требала да се грижиш. Но штом веќе го избегнува сексот со тебе, проблемот е многу покомплексен и сигурно има длабоки корени, со оглед на тоа што водењето љубов е нешто најинтимно кое што може да се случи помеѓу двајца луѓе.
    Постојат безброј нешта кои би можеле да се причина за ваквото негово однесување. Можеби му недостасува самодоверба и смета дека не е добар во кревет (ма да оваа опција иако и сега е можна, би ми била поверојатна доколку сте имале проблеми од самиот почеток, а ти рече да ви било супер), можеби навистина има друга, не се разочарувај, но можно е и неговите чувства кон тебе да се промениле што допринело повеќе да нема желба за водење љубов со тебе... Можам да одам до бескрај, но вистинскиот одговор можеш да го дознаеш само ти.
    Претпоставувам дека не си сакала да го притискаш, но верувај, правиш многу поголема грешка доколку се обидуваш да го игнорираш овој проблем. Верувам дека многу повеќе нешта стојат зад неговото вакво однесување, и дека треба да разговараш со него што поскоро и да не се откажуваш додека не добиеш прецизен одговор. На овој начин само остануваш незадоволна, и во емотивна и во сексуална смисла. А тоа воопшто не е добро за тебе. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Да, сфаќам и знам се... Сум се расправала сто пати, сум пробувала и на добар начин и кога ќе ми дојдеше преку глава и со карање... Меѓутоа не добивам никаков прецизен одговор, според него се е во ре и тоа што е вака е резултат на немање време, работа и учење го мачеле, па затоа не можел да се опушти, а и морам да напоменам дека пред два месеци доби спортска повреда која се искомплицира и со тоа уште повеќе е никаква ситуацијата... И многу пати вика дека бил здебелен, не личел повеќе на ништо... Макар што тоа не е толку колку што тој го гледа... Па можеби се работи и за помала самодоверба... А за чувствата... Не знам стварно, бидејќи се друго е онака како што би сакала да е, значи нема никакви знаци дека нема љубов, освен ова... Можеби нема страст, само што не можам сама да се трудам, за се треба двајца, нели... Мислев дека би можела да чекам да ги заврши обврските со факултет, па можеби се ќе биде добро.... Ама изгледа дека џабе ќе чекам, бидејќи сексот не е напорна работа и кој знае колку време е потребно... Сите го користат сексот како уживање и релаксација, а у овој случај... :| Не знам навистина... Доколку раскинам заради оваа причина, знам дека во негови очи ќе бидам јас виновна, да не зборувам во очите на другите... Јас го сакам премногу, ама ова ми фали од него, потребно ми е... И мислам дека колку и да ми се силни чувствата со тек на време, ако продолжиме вака, би исчезнале... Некоја идеја што би можела да направам? Последна расправија кажав дека веќе не се замарам и не му зборувам воопшто за сексуални работи, оф Боже... Како да сум во брак едно добри 30 години :?::worried:
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.526
    Пол:
    Женски
    А сигурна си дека тоа е проблемот за вашите влошени сексуални односи?
    Некако нелогично ми изгледа, зошто одеднаш би почнал така да се однесува. Мислам дека треба да пораговатате искрено да не има уште некој, подлабок проблем тука...
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    ^ Да нее период што ке помине,можеби чувстува потреба од тоа не се нервирај почекај малку остави не го притискај не му спомнувај за тоа види дали нешто ке се промени.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Си има типот друга за тие работи, што вртите одоколу јас незнам. Кратко и јасно, тоа мислам јас.
     
  20. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    па добро да се проба се пред да се донесе таков заклучок ипак вика дека го сака затоа.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.