Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    @male Кога коцките почнуваат да се изместуваат во врската, а ти се трудиш и понатаму да ја прифатиш целината, тешко дека ќе можеш да ги доведеш во првобитната состојба. За се нешто се потребни двајца.Твојот партнер очигледно нема волја да учествува во подобрување на односите во врската. Не ти преостанува ништо друго, освен да мислиш на твојата иднина и да се збогуваш со него. Сигурно и самата си свесна дека тешко можеш да опстоиш во врска која не те прави среќна, интелектуално те уништува и емотивно те исцрпува.
    А за тоа дека ќе останеш сама, воопшто не треба да размислуваш. За се нешто постои момент, само треба да дозволиш да се случи.
     
    На toogood, Hipica, Miss.M5 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Полека почнувам да сум свесна за ова...и баш добро ми ја опиша состојбата...ме исрцпува веќе сето ова...особено последниов месец откако нема разбирање за се.. Сум му кажала што сакам, зошто се нервирам, зошто нешто не ми одговара, но негов одговор е пане се мисли за совршена никогаш ништо не сум ти пререкол, но тоа не значи дека немам нешто против. Кажи велам, вика си имаш преголеми амбиции и очекувања од луѓето околу себе затоа постојано си незадоволна и на мене ми се исипуваш (он цело време мисли јас сум пресреќна рози на глава ми цветаат а незнам од каде му е тоа мислење :( ) Еве и за нова година, пак дома ќе седиме...од вчера не сум била кај него..веќе немам ни желба да одам..сами ќе дремеме ко мисири некои, ќе сме гледале тв... веќе ми оди дома да си седам барем со моите и онака откако сме посозреани (мислам како индивидуа на самата себе, после 15 години)не сум славела заедно со моите. А он цело време си размислува на деца, на иден брак со мене...Јас несакам ваков брак! Секој ден ајде остани овде, јави им се на твоите дека тука ќе си седиш (не преспивам кај него никогаш). И мајка ми веќе приметува дека сум потиштена, дека имам испади на нервози... а најмалку што сакам е они да забележат...секако не ми одговара ситуацијава...се ближи мн битна сесија за мене :(

    Ви благодарам девојќи на издвоеното време, Ви посакувам најсреќна година со најсреќни моменти и премногу љубов!
     
    На toogood, poenta, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Male тоа дека внукот му бил болен и нормално е тој да не биде расположен и да несака да излегува и слично за тоа нема збор и ќе го оставан на страна меѓутоа мој совет и мислење е следново. САМО ЗАТОА ШТО ТИ СЕ ДОПАЃА КОЛЕГАТА, СЕБИЧНО Е ОД ТВОЈА СТРАНА ДА МУ БАРАШ ГРЕШКИ НА ДЕЧКО ТИ И ДА ГО ОБВИНУВАШ НЕГО ЗА СЕ. Ако дечко ти после целата ситуација со внук му откако се добро се завршило (фала богу, господ никому да не даде) продолжил со такво ладно однесување, а тебе истото ти пречело си требала да раскинеш. И друга работа која ми е сосема бесмислена е тоа мене дечкото да ми кажува јас што да правам и кога. Ако знаеш да си го испланирап времето ќе имаш и за курс време и за се. Сега тука не ја префрлај вината на дечкото за се и сешто, да си имала свое јас и да си си стоела јасно на ставот дека сакаш да одиш на курс ќе си одела, кој може да ти го скрати тоа право? Ти како и секоја друга девојка сакаш од својот дечко да добиваш повеќе нежност, внимание и слично. и во ред е сетоа тоа но доколку гледаш дека врската не оди повеќе преќини ја и толку. Јасно е дека дечко ти нема намера да се поправи, залудно се трудиш за врската да ви успее треба да се трудите и двајцата, ти сама да се трудиш малку е. Залудно е да се лепи нешто коа одамна се скршило. По многу работи сфатив дека вие двајца не сте еден за друг. А во врска со колегата ви те советувала да оставиш на времето да е избрзуваш за да не има после каење, плачење и кубење коси.
     
    На male му/ѝ се допаѓа ова.
  4. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    @eloves потполно си во право, сама сум виновна за ситуацијата...сама си дозволив што викаш за курсот и слично, имав време и за него и за учење, но.него не му пречеше тоа што нема да сум крај него,туку потребата јас да се надоградувам, бидејќи имам во план да не останам овде, а он од тоа се плаши..и мислам тоа му беше некој начин да ме натера да си помислам дека не сум толку способна да одам некаде или да станам поуспешна!
    Цела година имав разбирање за целокупната состојба кај него, не ни барав да се забавуваме да дремеме по дискотеки, на никому не му посакувам тоа што се случи,но тој веќе заборави да живее,заборави дека има 25 години, дека животот е пред него,самиот сака да се осуди за состојбата што се случила. Кога е веќе добро, мислам во ред ќе беше да се врати во нормала.

    Вчера нова година, сами кај него. Отидов, седнав и толку од него.. Му викам дај да збориме што е работава,зошто так станува,он пак ти премногу бараш,мн очекуваш и на крај рекпв имаш 1 месец да се опоравиш..а он ми вика а ти...јас веќе научив да се однесувам како тебе,да бидам рамнодушна...твое е да ме предомислиш... И замислете тоа ни беше целиот разговор цела вечер! Ме бакна само еднаш и ми рече среќна нова и толку! Спиевме,вп 2 станав и си заминав... Ете така ми помина најлудата ноќ! :( Денес вика да се видиме..јас почнав да учам..а он па добро подоцна ќе останеш да учиш ( кога работи јас ќе му речам да се видиме тој неможе..имал работа)... Сега јас неможам! И нормално како и минатите две години и оваа не добив ништо за подарок,дури ни пакетче :( Минатите години купував подарок но за мене немаше подарок,затоа сега не се ни обидов д најдам нешто соодветно!

    Инаку што се однесува до колегата....апсолутно не би почнала врска со него туку така одма! Можеби ќе излагаме, ќе се дружиме но повеќе не би очекувала сега...
    Јас се плашам да излезам на кафе со колега! Значи како да не смеам, така ми останало од дечко ми.бидејќи стално сме се карале ако излезам со друштво од факс или др другарки..па камо ли на кафе со колега! Сама сум крива, но тоа сум го правела само за да не се караме и да не ја отежнувам неговата состојба и пак... Но тоа е...ќе видиме како ќе бидеме!

    Фала ви многу :*
     
    На eloves, Daleron и tessie им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    ^ Мале,
    Знам дека е тешко да го оставиш дечкото, дека имате споделено убави и неубави моменти што ве сврзуваат,се надеваш дека ќе се промени и дека ситуацијата ќе се среди. Ама мислам дека треба да бидеш со дечко кој ќе го вади најдоброто од тебе. Во смисла на тоа да те поттикне да учиш,да се надоградуваш,да одиш надвор ако тоа ти е желба. Си имам разменувано лп со тебе и знам колку труд имаш вложено во факултетот и колкава посветеност бара истиот. Не дозволувај некој да ти ја смали вредноста на постигнатото. Треба да се гордееш со тоа. Некаде поназад прочитав страв да не останеш сама,па каков страв гледаш веќе имаш некој кој сака да е во твоја близина(мислам на колегата). Млада си ,паметна си, искрено ти кажувам треба да го баталиш дечково и око да не ти трепне. Посвети се на себе, на надоградување,на остварување на желбите,на дружење.Немој ни ден повеќе да поминуваш во страв што некој друг ќе каже за некоја твоја постапка.

    Освен тоа,на секоја жена и треба внимание,нежност,убав збор,милување,чувство на посебност.Мажите не се свесни дека нити нивната убавина,ниту паметот,силата,ништо не не задржува до нив како посветувањето внимание кон нас и чувството дека сме му посебни. И кога тоа го нема ,отприлика целата топлина на жената кон мажот исчезнува.
     
    На Hipica, Miss.M5, male и 2 други им се допаѓа ова.
  6. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Итно помош ми треба ве молам..многу ми е тешко 3 години одам со момчево,многу се сакаме зачи премногу ама неговиот инает во нашата караница беше поголем од се..незнам зошто така го викнав излеговме тој беше крив се извини ама џабе тој рече Јас нема да откажам некој планиран план заради женската (тоа ми го направи за втората вечер за нова година,инебеше во рпаво испадна другарот побитен од мене) исеа наемсто да трча по мене се прави дрзок и дури сношти пиша те сакам ванте танте неможа без тебе..денеска прв пат по три дена мизазвони не му кренав..незнам што да правам..да не испаднам лесна па одма да му простам а од друга страна ми е лошо,го сакам мние страв со друга да не појди :/ првпат вака ни се случува,прва врска и прва долга караница не сум искусна толку и само се тажам ко некоја специјалка..ај вемолам мислење :/ дали да му одговарам на следниот повик или ??
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    После 3 години нема да излезеш лесна ако му опростиш.
    Ти најдобро си знаеш ама мислам дека малку сакал да се излуфтира дечкото да биде со другари.
    Тоа не значи дека другарот му е поважен од тебе едноставно сака и со други да се дружи.
    Кога ќе зазвони ќе одговориш и смирено без кавги ќе разговараш со него.
     
    На SwanMay и eloves им се допаѓа ова.
  8. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ама и ти си дрска, зошто да не оди со другарот ако веќе испланирал.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    AngelchE23 да беше обратна ситуацијата, тој тебе да ти се налутеше затоа што си излегла со другарка сега ќе те советувавме да го баталиш, дека не ти треба, дека љубомори, дека со тек на време ќе те одалечи од сите и слично. Па според тоа и тебе сега ќе ти кажам дека немаш право да се лутиш. Ако е во врска, поточно ако тој има девојка незначи дека треба да ги заборави сите другари и целото слободно време да го поминува со тебе. Ако веќе планирал за 2 вечер на нова година да биде со другари нормално дека треба да отиде, па срамота е. И нема ниту причина ниту потреба да се лутиш. Ти си таа која треба да се јави и извини, а не тој да ти ѕвони ти да не креваш. Вака само можеш да си ја уништиш врската ништо повеќе. И ако ти е битно туѓо мислење мене дечкото вака да ми се налути за без врска и да не ми крева телефон би мислела дека сака да ме шутне по брза постапка.
     
    Последна измена: 5 јануари 2015
    На SwanMay и Daleron им се допаѓа ова.
  10. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека не би требало да се лутиш, доколку со време ти кажал дека е договорен со другари да слави вторс вечер во ред е, но да сте биле вие договорени о наеднаш да те откачи е тука веќе јас би дала една убава воспитна! :) Три години не е мал период, мислам дека доволно веќе се познавате и си верувате па нема потреба да се плашиш за други ( нормално освен ако не е склон кон девојки :) )

    Крени му нареден пат, гледаш се труди...
     
  11. bliznak89

    bliznak89 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Се мувам со еден тип.. Типо почна да ме игнорираат од кога последниот пат решивме да сме интимни, тогаш многу се деси неочекуваното... Него не му се дигаше и јас бев пијана и го изнавредив како и он мене. го избришав од фб а цело време мислам на него.. Решив ја погазив гордостА и mu pisav тој ми врати иронично.. Незнам како да му привлечам внимание нон стоп мислам на него... П. С тој има 20 јас 24 а пред него се смував со најдобриот негов другар.. ве молам совет ке полудам... Се ова почна ради другар му и на крај се заљубив во овај
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Лоша сосотојба мој совет бегај од тоа друштво започни нешто ново, премногу си ги помешала лончињата.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски

    си ги испомешала работите, прави што ќе правиш ама пази си ја честа, бидејќи сега се расправаш со повредено машко его... и да,мој совет е подобро да се тргнеш целосно од ова
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bliznak89

    bliznak89 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Сакам совет како уште еднаш да се видам со него хелппп...
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Нема што да се гледате веќе, дај ново дете работава. Сте оплескале и нема враќање назад.
    Читам тука „повредено машко его“, ово оно... и он нејзе ја изнавреѓал. И она треба да биде иронична и саркастична со него. Не постои машко и женско его. Постои степен на допуштање и попуштање на машките којшто сметам дека во многу случаи е повисок одошто треба да биде. Не мислиш на твоето его? На тоа што и тебе те навредил? Батали најсериозно. Наместо да го кренеш носот откако си го скршила ледот а тој бил циничен, тука мислиш како пак да го видиш. Поплачи, ќе ти помине. Кој сака нека е, принц нека е, не заслужува толку тинтрање.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    Бре, драма со три кулминации. Прво не му се дигнал ти си се пошегувала на негова сметка тој го земал тоа при срце и вратил со иста доза на погани зборови. Второ му пиша тој сеуште се лутеше. Трето за да му привлечеш внимание воедно одмаздиш си се смувала со другар му и тоа пред него. И сеуште сакаш приказнава да има среќен крај. Мој совет е најди некој на кој му се дига :D
     
    На anina, eloves и tessie им се допаѓа ова.
  17. mariahe

    mariahe Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Има еден дечко со кој си разменувавме долго време погледи ама ништо не бидна.
    Сосем случајно пред некоја вечер на една забава се најдовме маса до маса, беше спроти мене, и повторно почнаа нашите погледи.
    Пред крајот на вечерта, собра храброст ми пријде и се запознавме. Таму беа сите негови другари, сите мои другарки,другари и други познаници. Ме фати за рака и ме повлече накај него,ми призна дека ме свиѓал, а во тој момент почна една љубовна песна. Почна да ми пее, ме гушкаше и ме баци во образ. Така гушкајќи, сакаше да ме смува, ама се потргнав зашо ми беше непријатно таму пред сите. Откако заврши песната, сакаше да одиме до надвор ,,да сме се запознале подобро,, ама требаше да си идам со другарките, и неможев да ги оставам така, па му реков некоја друга вечер ќе се запознаеме.
    Наредната ден го наоѓам на фб, и гледам ,,во врска,, со едно девојче. Дури заедно чекале НГ, слики, све......
    Јас не го сваќам овој тип? Што сакаше од мене? За една вечер? Ама чудно ми е како покрај тоа што има женска, пред сите негови блиски, речици пред цел народ(зашо мал град, разбирате) таа вечер беше мн.близок со мене. Не сваќајте ме погрешно мене колку и да ме се свиѓа нема шанси да го побарам зашто има женска, ама кога ќе го сретнам,ако ми пише? Како да се понашам?
     
  18. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Мислам дека најубаво е да го оставиш и да не му враќаш на пораките, ако ти пише. Многу е очигледно дека сакал да те има за една вечер и да не било така како би можела да му веруваш во иднина ако он се пушта по други девојки додека е во врска.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    35.093
    Пол:
    Женски
    Хаха, види идиот бре!
    Мила, најубаво е да го баталиш, таков идиот не ти треба. Искрено ја жалам и женска му. Тргни се со време, да не си направиш проблем.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    mariahe најверојатно мислел да те смува еднаш, само за таа вечер и толку. Ама подобро е што не си дозволила да се случи тоа и на време си забележала врската. Стој си подалеку од такви кои си имаат женска а сепак си шара наоколу. Таков не ти треба, игнорирај го максинално и ќе имаш и следни прилики.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.