Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gona 2015

    Gona 2015 Нов член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мислам дека премногу си му дала до знаење што чуствуваш за него и токму затоа он се уфилмал. Се сложувам со тебе дека заслужил така да се однесуваш со него. Би те советувала да не го правиш првиот чекор ти најдобро чекај тој да ти пријде и не се опуштај веднаш не му попуштај одма за да не се разочараш повторно. Сепак ако е таков тип денес сака утре нејќе значи дека не те заслужува.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Не знам дали е голем проблем, дали премногу преувиличувам, но сакам да слушнам мислења во врска со ова..
    Вака, во врска сме 1 година и нешто, на почеток и не беше баш сјајно, зашто кај нас беше обратно, на почеток не бевме толку блиски, ама сега веќе 8 месеци се е толку убаво, секако има и мали недоразбирања како и во секоја врска.
    Проблемот е следен, вчера се видовме, си разговаравме и ми спомна за мојот роденден кој е за еден ден после Валентајн, ме праша дали ќе го славам, што да ми купи, се договаравме каде ќе се видиме таа вечер и сл. Баш фино ме изненади, зашто лани ова време тој цел месец не беше овде, во нашиот град, и мислев дека заборави кога ми е роденден. Арно ама, ми отвори тема за Св.Валентајн, и ми рече, не сваќај ме погрешно ама јас тој празник не го славам, се собирале таа вечер со другарите и славеле Св.Трифун, дека празникот бил глупав, дека љубовта не се искажува само тој ден.....толку лесно без да ме праша што мислам јас, ми рече ,, јас не го славам,, и секако му реков, добро, штом така си одлучил....
    Прво што ми падна на памет е можеби зашто пред тој ден ми е роденден, па можеби нема доволно пари за да ми купи нешто.....зашто моментално ја изгуби работата, а не е толку добар со финасиите.
    Второ, ако доволно ме познава, знае дека јас не сакам подароци, доволно ќе е едно чоколатце и една вечер заедно....ама можеби му е непријатно.
    Премногу ме разочара, премногу, си мислам дека дури и не ме сака, јас дури и подарок му имам купено..
    И ајде кажете, што ќе помислите,направите да сте на мое место? Јас веќе мислам дека не ме смета за ништо....на што личи ова, 1 година сме заедно, толку ли ќе му биде тешко, бар да ме прашаше за мислење..
    Друго,искрено не е романтичен и не сака такви лигавења, арно ама преку мали работи ми покажува дека ме сака, секогаш е фин и добар со мене, и се беше во ред, ама ова.......ме разочара.
    Сега се наоѓам во средина, и не можам да мрднам, имам две мислења, и сум сосема разбркана
    И сега?
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Чекај што те разочара? Дека не слави Валентин? Тебе тој те праша за мислење да му купиш нешто или не? Ти значи си сакала сама си му купила, друго Валентин е католички празник, се согласувам со дечкото глуп празник е зошто ти не си католик туку христијанка и нашиот празник е св. Трифун. Јас да сум на твое место нема што да се љутам, ти не можеш за двајцата да одлучуваш. Тој ако сака ќе оди со другари макар и роденден да ти е , ако се љутиш, ако се противиш ќе го загубиш. А ако не те сметал за ништо немало да ти го памти роденденот. Па што сакаш девојче? Валентин или роденден? Што сте запнале со Валентин јас незнам...Со добар мачор секој ден ќе ти е Валентин. Колку да се труди некој за вас пак не сте задоволни и ви фали нешто.
     
    На Candid и black-angel им се допаѓа ова.
  4. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Ajde moze I ne se taka crni rabotite. Ete prethodniot den ti e rodenden zaedno docekajte go I rodendenot I valentine na polnok. Pa utredenta toj neka si bide so drugarite. I dvajcata da bidete zadovolni.
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @Si-lala, непишано правило меѓу моиве другари и другарки е дека навечер оние кои се во врска слават Валентајн а тие што се сингл слават Св. Труфун додека преку ден секој си прави што сака ( со други зборови- сите пијат ;) ) Јас лично не знам ситуација дечко да и каже на девојка дека на 14 фебруари ќе иде на пие со другари место да се види со неа.
    Според мене, имаш право да си разочарана.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    До таму е работава бе? Ми се случило за тој фамозен Валентин да излезам со другарки (ајде ќе речеме единствена опција ми биле зашто сум била сингл), дури нивните дечковци биле по работа или воопшто не излегле.
    Ајде, во ред, на некој можеби му е битен овој празник и, како што вели Наушица, има право да се лути...

    Ама, на дечково не му е битен. Јас го сфаќам, искрено. Не го признавам празников и не сметам дека треба да го прославувам, ниту па да купувам подароци некому доколку тој некој го слави. Ако се решил некој да ми купи подарок, јас не сум му ставила нож под грло за да го прави тоа. Нормално дека нема да го одбијам подарокот, ама нема ни да паднам во несвест „Леле дечкото ми купи Милка срце“.

    @Si-lala јас овде не гледам проблем.
    (Ќе напоменам: очекувам реакции на мојов пост од луѓе кои го слават празникот и тоа е во ред, не размислуваме сите исто.)
    Баш фино што го спомнал празников како предмет на дискусија и што ти кажал со време какви му се плановите, а не ти да си планираш романтична вечер и во 5 до 12 да си останеш сама.
    Од што си толку разочарана не ми е јасно? Кажуваш дека и покрај тоа што не е романтичен тип (овде тотално го разбирам, и јас сум истата), со мали знаци на внимание покажува колку му значиш. За какво мислење да те праша? Да те праша дали да почитува некој празник или не? Не мислиш дека е тоа малку себично?
    Плус тоа, може традиционално секоја година си се собираат со другарите за Св.Трифун. Точно е дека сега има нова личност во неговиот живот, но таа нова личност треба да ги почитува оние кои биле претходно во неговиот живот. Јас и моите другарки секоја година на 13-ти јануари се собираме кај некоја дома и бараме паричка. Тоа трае веќе 7-8 години, многу работи се изменија од првиот пат, се оддалечувавме, па се зближувавме, фативме дечковци, менувавме дечковци.... и ниту една година традицијата не се прекрши.

    Може ни јас не те сфаќам тебе, ни ти ќе ме сфатиш мене, затоа што имаме различно гледиште за празникот, ама сакав да го споделам моето мислење со тебе како некој кој размислува на начин на кој размислува дечко ти. Се надевам ќе се смириш и се‘ ќе биде во најдобар ред.
     
    На black-angel, buba4e89, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Si-lala јас не гледам причина за разочарување.
    14 фебруари никогаш не сум го ниту сметала за некој празник, а ниту пак го славам.
    Не дека сум сингл, туку и да имам дечко сигурно нема да чекам да дојде 14 фебруари, да му купам милка срце, да направам пица во форма на срце, торта или незнам што и со тоа демек сум му докажала дека го сакам. Пфф глупости. Ако го сакам, го сакам секој ден. За подарок немора да чекам 14 да дојде, можам секој ден да му купам нешто мало но значајно и да му подарам. А горе споменатите чоколади и глупости за мене се обично фрлање на пари. И после лигавење слики по фб едно друго.

    Плус на 13 ти е роденден колку што сфатив прославете го роденденот и толку. Сигурно ќе ти купи нешто за роденден. И нема потреба за разочарување, можеш да се разочараш единствено ако си католичка, што не верувам ама ајде нека биде.
     
    На black-angel и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    @Si-lala а по колку години имате со дечко ти? И за што поточно ти се разочара? Твоево ми е апла детско размислување. Да ти го направел ова за твојот роденден, да ти рекол дека на денот на твојот роденден планира да си излезе со другари, тогаш да, имаш право да се налутиш. Јас би. Меѓутоа за Валентајн? Сериозни сте? Уште па се разочарала женската. Не знаела што да прави. Знаете колку други побитни работи има во една врска? Уште колку пати можеби нема да бидете во можност да бидете заедно за одредени денови? Дали заради работа, дали заради некое патување, дали заради нешто трето? Секогаш вака ќе припаѓуваш во несвест? По вакви работи одма можам да проценам дали некој е зрел или не. Најискрено ти го кажувам ова. Сакаш лути се, сакаш не се лути.

    И, не сакам никој да се навреди ама Валентајн за мене секогаш било и ќе биде ден за тинејџерките. Само тинејџерки се потресуваат со срциња, мечиња, торти во форма на срце, милки, балони, конфети... Не можам да замислам двајца зрели, возрасни луѓе, кои се во сериозна врска да се потресуваат до тој степен за еден обичен ден кој е префорсиран и патем, сакале вие да прифатите или не, не е наш празник. Ова ми е исто како да славам Бајрам. За мене е буквално исто. Да, се работи за иста вера, меѓутоа, колку и да сме навидум слични, сепак сме премногу различни и далеку се православните од католичките празници. За мене нема апсолутно никаква цел, потреба, нит па нешто посебно заљубена се чувствувам на тој ден. Повеќе мислам дека фама се крева само заради пофалбите на фб отколку што навистина сакаат да прослават нешто.
     
    На black-angel и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. Kikc

    Kikc Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Совет , мислење од вас!
    Ко бев 4то одд. а брат ми 5то одд и имат еден другар што учит со него заедно во класот во друго училиште а јас во друго и сега брат ми ми вика вака: Еден другар со мене учит и ми вика што е уба е сестра ти , ја сакам! И јас океј што да речам си викам се заебават другарот и после помина вгодина и сеа и јас таму и учам во истото училиште кај брат ми и заедно си ојме , бевме иста смена и после ко бев 6то или 7мо одд и некој ме фати за г'з и се свртив и тој беше што ме сакаше и океј дојде време 1ва год во средно а јас не знаев дека и тој таму учит и ок си викам ми е гајле дојдов за мене да учам а не дојдов по него , и дојде јас 3та год а тој 4та и знаиш уште од почетокот септември го приметив дека ме гледат цело време и тоа секој ден , во автобус се обидуваше пред мене или зад мене да седит а не го имам за пријател на фб , си викам што сакат да се обидуват , што мислите вие?
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Да те запознае, да ти се доближи...му се допаѓаш.
     
    На Kikc, Sara........ и eloves им се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Олабавете со тој пусти Валентај веќе ! Да не речам патетично изгледа ! Мене ми е роденден баш пред фамозниов празник , па уште кога ќе видам дека ми носат поклони поврзани со таа тематика коса ми се крева , искрено ! И сфатете веќе еднаш , машките нема да се воодушеват од торта срце , плишано мече и сл . машки се , тие поклони ко за девојче се прикладни !
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Оф бре девојки......јас не барам ништо да ми купува, единствено доволно ми е да се видиме пола сат па после нека праи што сака.
    Иначе ми рече ,,ние секоја година пиеме другарите, ама некои од нив ќе слават Валентајн, ама јас не сум таков тип,, како да не се разочарам, како? Значи ние не сме пар......За што го имам јас тој дечко?
    За да одам на 17 години со него на патувања ли, на свадби ли, на што?
    Имам 17 години, тој 21.....ако на овие години не се радувам на вакви празници, кога ќе се радувам? Кога ќе бидам 25 или 30 години ли?
    Навистина не знам повеќе ништо......па од кај да се знае, може и за роденден нема да се видиме....веќе се очекувам од него.

    Можеби некои од вас ме сфатија погрешно.....ама се знае ако има било каква почит таа вечер ќе одвои бар 20 минутки......бар 20 минутки.
    Ама ајде, ако направи нешто што ќе ме израдува за роденденот, се ќе премижам зашто сварно го сакам, ама ако и за роденденот ништо не бидне...тогаш блиску е крајот. Можеби е смешно, ама ако за вакви работи не сме заедно, други денови воопшто не ми ни треба.
    Иначе поклон му купив, зашто бев пресреќна, зашто со душа чекав нешто да му дадам, зашто ова ни е прва година, ама за жал тоа е, изгледа за ништо не ме смета.
    Не за друго, и роденденот ќе ми се расипа.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Уште нешто....не знам како да го спојам мислењето затоа ќе ми извинете....
    тој ми рече ,,јас досега не сум го славел овој празник,, значи тој гледа само во минатото....
     
  14. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Istoto ke ti go kazev. Te podrzuvam, ne gi pominuvaj najubavite godini vleckajki se so nekoj koj gledam ne se zamara da ti obrne vnimanie. I sama si go znaes odgovorot da ne dolzam.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски

    Не треба да се разочаруваш ако дечко ти не ти подарил нешто за роденден, кажа и самата можеби не е доволно финанскиски стабилен. Тоа не значи дека не му значиш или дека не те сака. Св. Валентајн ние православните не славиме... нема што да му се лутиш кога во право е дечкото. Сигурно ако нашол време да се види со другарите ќе најде и за тебе време. Немој да си донесуваш сама заклучоци зошто тоа води кон негативни мисли и желба за прекинување на врската. Мој совет е да не се замараш толку за датуми што не се наши и да се гледаш со дечкото кога и двајцата ќе имате време. Подароци очекувај само од членовите од семејството и роднините. :)
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А ти му кажа директно дека ете ти имаш желба да се видите барем на кратко и дека иако тој не сака да го слави Валентајн ти сепак си му купила нешто симболично, па сакаш да му го дадеш? Или очекуваш дечко ти да гледа на гравчиња? Тој ти кажа дека не го слави тој ден, ти си поќуте и сега се пукаш во себе, а на него на секој збор индиректно ќе му префрлаш и ќе го јадеш се додека не те праша директно што ти е, а ти и тогаш ќе му речеш ништо. Како и 90% од девојките.

    Се замараш за глупости и за небитни ствари. Си направила толкава фама, драматизирање, абе мислиш те изневерил. Па и какви зборови си изнапишала, си преувеличила, оф мори мајко. Ама џабе јас тука ќе ти пишувам кога тебе ти треба уште време за да ја сфатиш вистинската суштина на врската. Мала си, и не си доволно зрела за ваква врска. Тоа е тоа. На 25 ќе се смееш на ова. А и сигурно другарките имаат некое влијание. Сега само за Валентајн зборите, и сите очекуваат од дечко ти букети, ружи, цвеќиња, огномети, романтични вечери, срциња... И како сега ќе кажеш дека не сте славеле Валентајн, како да не ставиш слики на фб. Плус па ако имаш некоја другарка што има дечко што и' ги прави циркузиве за фамозниов ден, уште толку ќе биде припаѓувања, кога ќе почне да раскажува како ја погледнал, што и' рекол, па со која рака и' го дал букетот... А ти кога ќе кажеш дека не сте се ни виделе, леле, леле, како ќе се појавиш пред нив.
    Дете си уште.
     
    На Hipica и Daleron им се допаѓа ова.
  17. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Ама ако не се видиме ни за роденден.....толку од мене.
    Еве искрено, многу се разочарав, многуу, ама ради тоа што го сакам, ако се видиме на мојот роденден, и ако си поминам убаво, ете ќе ми биде жал да преќинам само ради ова, затоа ќе премижам.
    Друго, тој досега немал девојка на подолго време, и никогаш не и го славел празников сигурно, ама зошто па вака и со мене да биде?
    Сепак, еден дел од љубовта си оди......колку и да се трудам да не се замарам не можам, ама има шанса да се оправди за роденденот......
    А и зошто кога не е наш празник, сите го слават?
    Баш сме во фаза кога се ни оди добро, и планиравме за прв пат да имаме односи.....и сега уште повеќе не знам што да правам.
    Многу е лесно да се раскине, ама верувајте јас не сакам да му раскинам за ова, а сепак многу ме повреди.
    Навистина премногу сум разбркана.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Зошто сега драмиш без потреба? Убаво си пишала во првиот пост дека сте разговарале и сте се договарале каде ќе излезете за твојот роденден. Сама си пишала. Од каде сега тоа дека нема ни за твојот роденден да се видите?

     
    На Hipica и Candid им се допаѓа ова.
  19. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Daydream, мила тој мене ме изневери уште одамна, ама јас му простив, и верувај збор му немам кажано нити директно нити индиректно, зашто кога веќе решив да простам, таа тема за мене е сосем затворена.....тоа беше на 4ти месец кога уште не бевме толку зближени, и јас самата решив да му простив и му простив, му дадев ете 2шанса зашто ми докажа дека се кае......ете овие месеци се е ок.
     
  20. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Оф леле......сега ги видов новите мислења, извинете што пишувам вака одделно..
    Daydream, ете така чуствувам....веќе не знам и што пишувам.
    А за другарките, да ви кажам срам ми е да кажам дека нема да се видиме за Св. Валентајн, и кажав само на најдобрата другарка и таа рече ако си поминеме убаво на роденден, да не се замарам за Св.Валентајн.
    А како и што да му кажам, воопшто не ме праша како размислувам на таа тема, само се изјасни и толко, му реков во ред е, ама веруј се лутам на себе, не на него. Не планирам да му се лутам, и да го јадам индиректно, туку или да му раскинам или да продолжам и да заборавам.
    Ама ете реков, ако помине добро роденденот, се е простено.....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.