Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Многу драмиш без потреба. Помири се со тоа дека тој не го слави тој празник и дека нема потреба да раскинуваш за ситници. Ти се лутиш за тие причини а размисли како им е на оние кои раскинале со партнерот, кои се осамени и немаат никој кој да им честита роденден ни годианва ни таа пред нејзе.
    Не донесувај брзи заклучоци за да не се каеш подоцна. Чудо големо, роденден ти било и си сакала Валентин да славите, а и убаво ти кажал љубовта не се покажува само тој ден.
    И за крај, што ако навистина е шворц и нема пари да си дозволи да излезете тој ден или за роденденот?
    Мене повеќе би ми било да ми честита роденден искрено отколку да ми купува подароци. Ај молим те цени го она што го имаш покрај себе и не прави глупости. Му простила неверство што е голема работа а се лутиш за ситници што не морат да значат ништо. А замисли да не те прашал за роденденот? Размисли како му е затоа што ја изгубил работата? Не биди себична. Знам дека сакаш да си со него но биди за момент и во негова кожа.
     
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ама тоа со неверството било пред една година, било, си простила, поминало. Завршен проблем. Тоа нема врска со ова сега. Нема ни зошто да го споменуваш неверството. Сега велиш дека ви е ок.

    Види, секоја врска си е приказна за себе и најлошо нешто што можеш да направиш е да ја споредуваш твојата сопствена врска со останатите. Тебе лично не треба да те интересира што ќе кажат другарките, туку што ти лично мислиш. Немаш обврска на нив да им полагаш сметки, па да ти биде срам да им кажеш. Ти си преминала преку неверство, а за ова правиш трагедии. Не можам да те сфатам. Ова е сосема нормална ствар, некој слави, некој не слави и тоа е тоа. Ништо страшно. Ете дечко ти си има некоја традиција со другарите да си излезат вечерта за нашиот празник и ти треба да го почитуваш тоа. Ама се' уште си мала и ти ова сега не можеш целосно да го сфатиш и во ред е, не е за обвинување зашто тие ти се годините, сите сме биле такви на тие години. Со тек на време ќе сфатиш за што вреди, а за што не вреди да се замараш. И ќе сфатиш колку други побитни работи има во една долга врска. А сега, прави си онака како што ти мислиш дека треба.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Колку драми за еден празник кој што кај нас е прифатен со двете раце од младинава.
    Мора да се испофалат после тоа на Фб која добила најубав поклон, е срамота ќе да е ако не добие ништо.
    Земи купи си сама поклон и пофали се пред сите за да не ти се смеат и завршен проблем. И волкот сит и овците на број.
    Јас пак ќе си го славам Трифун пијаницата.:D
     
    На 1209, buba4e89 и JustFun им се допаѓа ова.
  4. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Тоа со фб ми е најглупото нешто......јас никогаш не би објавувала такво нешто.....
    Ништо.....тоа е тоа.
    Ќе продолжам со него, па после дали сум згрешила или не самото време ќе ми покаже.
    Се надевам се ќе биде во ред.....
     
    На maicka 17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maicka 17

    maicka 17 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    има ли некој за разговор во порака
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Вака читајќи ги коментарите човек да си помисли дека никој во Мк не се замара со Валентајн а од друга страна, темата `Што да му купам/направам на дечко ми за Св. Валентин?` брои 37 страни и Џамбо е преполно со срциња, мечиња и слични мотиви. Немојте да ме разберете погрешно но дали вам ќе ви биде сосем сеедно дечко ви да ви каже дека на Валентајн ќе оди со другарите?

    @Si-lala, Дејдрим е во право кога ти пиша да му кажеш како чувствуваш. За момакот Валентајн е глупост но ете тебе ти значи (млада си, заљубена си, сакаш да го обележиш за прв пат во животот празникот на вљубените). Кажу ми дека сакаш заедно да го поминете денот и види како ќе изреагира. Место да бидеш тажна и да се мислиш што ќе биде понатаму, барем ќе знаеш на што си. Може ќе ти каже дека мислел дека и ти не сакаш да славиш, дека мислел дека не си по романтиката и дека Валентајн ништо не ти значи итн и ќе се договорите за искачање но ако повторно ти каже дека ќе оди со другари јас лично мислам дека имаш проблем. Ако почне да ти се вади со традицијата за пиење со другари, тоа мене лично вода не ми држи зошто момакот има само 21 година така да тоа што три-четири години по ред на куп се собирале сингл мушки да локаат воопшто не е традиција (а и сам рекол дека другарите ќе му слават Валентајн со девојките така да толку од традицијата)
     
    Последна измена: 8 февруари 2015
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Му имав купено колекција само и отиде во ѓубре.....Не знаете колку само се изнервирав....иамм дечко, ама исто како да го немам.
    Не знам ништо повеќе што да направам......само сакам да исчезнам
    знам дека не ме сваќате и дека можеби е глупост и е смешно, ама мене многу ми значи.
    Сите зборувате на форумов дека уствари Св.Валентајн ништо не значи, ама надвор од форумов не сум слушнала за таков случај како мене.

    Nusicaa верувај немам повеќе желба да се видам во Саботата со него, немам......дури воопшто немам желба да го видам, а камоли да го прашам. Залудно е се, и да го прашам и да прифати, јас нема да се чуствувам убаво, како насила ќе го терам....а и не планирам да купувам друго.....
    Ете се молам да се случи нешто и да не ме повика ни за роденденот, се молам ништо да не направи и за роденденот, бар да бидам на чисто. Нека му испадне некоја ,,работа,, баш за мојот роденден и тогаш знам што ќе правам. А вака, немам претстава воопшто.
    Од една страна ако се видиме во Петокот, ако нешто подготвил, зашто рече дека ќе одиме на едно место.....
    и тогаш ќе немам срце да му раскинам.
    А Св. Валентајн не е според мене никаква романтика, и затоа не знам што му е толку тешко.
    Романтика е некој што знае како да ја искажува љубовта постојано, некој што на необичен начин ја покажува љубовта, и.т.н
    Ништо не ми преостанува.....освен да си поминам убаво за роденденот со останатите, и да се помирам дека јас не ни имам дечко....

    JustFun.......тие што раскинале со партнерот сигурно се трудат да го преболат, и еден ден ќе го преболат, и сите тие примери што си наброила е сосем трето од мојот проблем.
    Знам дека патам единствено зашто сум премногу наивна, друга причина нема......
    Не е шворц, ја изгуби работата, ама сега се снаоѓа привремено со друга работа, која не е стална....
    И никаде не реков дека сакам да ми купува и да ме носи некаде.....а она за неверството, верувајте полесно ми беше тоа, многу полесно....зашто беше на почеток и не ми беше многу важно. Тогаш знаев а сега ништо не знам....
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Јас пак надвор од форумов не знам некој посебно да му придава на значење на празникот. Се сведува на празник на тинејџерки, и токму ради нив се сите тие срциња и мечиња во Џамбо (бидејќи не верувам дека на било кое машко на било која возраст би му било посебно драго мече да добие - ако случајно другарите му го видат, тешко него ќе биде :D). А дека низ продавници тие мотиви се чести - секако се, и на запад се работи за еден од најкомерцијализираните празници, и е одлична прилика продавачите да дојдат до додатна заработка.
    Лично никогаш не ми сметало дали сум дома или не на празников, и многу почесто сме се собирале друштво во кафана со Св.Трифун како повод да се орасположиме отколку со дечкото да славиме (да не зборам дека сега во брак апсолутно не ни текнува ни да го спомнеме Валентин).
     
    На Hipica, Daydream, zekzeki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @Si-lala, немој да се нервираш за нешто што може лесно да се поправи. Разговарај со дечкото, кажи му дека сакаш Валентајн да го поминете заедно, види тој што ќе ти одговори.

    @darcy, јас пак мислев дека мечињата и перничињата во форма на срце вообичаено ги подаруваат момците. Другаркиве мои кога бевме помлади на дечковците им подаруваа чоколадо а сега кога повеќето успејаа (повеќе или помалку) да се снајдат со работа им купуваат нешто практично како новчаник, парфем или каиш и секако, задолжителното чоколадо:) Што знам, јас никогаш не би му купила мече на машко, бесцелно ми е...
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    @Si-lala , не знам дали приметуваш, ама ти бараш причина по секоја цена да раскинете.
    Мислам, и самото тоа што се надеваш дека нема да те изненади за роденденот, алудира на тоа.

    Проблемов не е во Валентин или Трифун, туку во тебе е.
     
    На Hipica, Candid и Daleron им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А јас имам впечаток дека момциве тоа го прават заради притисок. Барем повеќето. Зашто обично девојкиве се потресени за денов и да не биде плачки како во "проблемот" погоре, силум прилика, шта чеш. Знаат да бидат поголеми глумци од нас. 8)

    Нема да заборавам првата година со дечко ми, пред Валентајн, јас никогаш нит сум го славела, нит ќе го славам, а дечко ми мислејќи дека нешто се притресувам, исплашен, внимателно повеќе денови ме испрашува, препрашува одоколу што ќе сме правеле на Валентајн. Вели абе добро, ако сакаш ти и имаш желба ќе одиме некаде. Јас го гледам :^), каков Валентајн, дај закажи таму у кафана, да викнеме друштвово, да се очукаме. :D Сирот пресреќен беше, како што не е романтичар, олеснување му дошло. :D
     
    На darcy и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. SaraTrajkova

    SaraTrajkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    22
    Здраво
    Нова сум на сајтот бидејќи навистина ми треба помош а незнам каде да се обратам.
    Пред 3 год на излегување едно дете дојде се запознавме, но јас многу многу не му обраќав внимание бидејќи си имав дечко(раскинав со него летото 2012). Кога и да ме поздравеше, застанеше со мене јас секогаш велев здрав, супер сум, брзам,чао. Во декември (2013)пред нова година некако се зближивме, една вечер јас бев со моите другарки излезена, и тој дојде и ми рече дојде кај мене на мојата маса ќе се напиеме по една пијачка, ќе си направиме муабет и мене ми беше досадно и си велам ајде. Отидов ме запозна со неговите другари и си правивме муабет, изглегов ме на по една цигара надвор и навистина се чувстував прекрасно во негова близина(а толку не ми се допаѓаше бегав од него со месеци),оддеднаш ми заѕвони телефонот, другарките ми пишале пораки дека ќе си одиме,му реков дека мора да си одам,рече добро се поздравивме и отидов да си земам палто и пред да излезам погледнав во неговата маса,но не беше таму го глеам пред мене и вели ајде да те испратам, да не очекуваше сама да те пуштам да си одиш хаха и велам ајде, излегуваме надвор,другарките се качуваат во такси а јас продолжувам со него, муабет по муабет се бакнавме на уста, но не се смувавме некако ``несакајќи`` ме бакна во уста. Секоја вечер ме крадеше од другарките(во смисла ќе дојде ќе се поздрави,дојди со мене на цигара или дојди кај мене, кај другарите) и каде јас таму и он, си пишувавме по цел ден, се слушашвме и една вечер пред нова година ме праша за да му бидам девојка а сеуште се немавме смувано,прифатив но му реков дека не сакам никој да знае, Нова Година не отиде кај другарите дојде на местото каде што јас славев, ја поминавме цела вечер заедно, и сеуште сме заедно, прекрасно е, го заскав многу,значи навистина не го сакав пред 3 години си велев ауу нема шанси со овој да одам толку е бљак, но некако со карактер ме освои. Сега незнам што да правам, се договоривме да кажеме на родителите дека сме заедно и им реков ме пред 1 месец, тој на неговите, јас на моите, и мајка ми после толку време вчера ми кажува дека се паѓаме 3 братучеди?? незнам што да правам, па со него ми беше првиот однос, не сум рекла никому,ни на другарки, ни никому, неможам да опишам колку ми е тешко, па како да му кажам извини ние сме братучеди не продолжуваме понатаму, прв ми е, многу ми е тешко, па луѓе јас имав односи со него, го сакам повеќе од се. Незнам дали да раскинам самата помисла на тоа многу боли, по цели вечери плачам, ве молам некако помогнете ми
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски

    Искрено го прочитав два пати твоето мислење и единствено што можам да ти кажам е дека само можам да замислам како ти е. Ние девојките сме посебно поврзани со првите љубови и фактот дека си била прв пат интимна со него додава плус на тоа...
    Доколку си сигурна во фактот дека сте братучеди, добро размисли.
    Сите луѓе имаат поделени мислења за ова...
    Ете отидов и степен понатаму, малце истражував на интернет и повеќето од докторите мислат дека децата на трети братучеди имаат еднакви шанси да се со пречки во развојот колку и доколку имаш дете со човек надвор од фамилијата. Овај ризик се однесува на првите и вторите братучеди.
    Како и да е, мислам дека не би била спокојна во таква врска.
    Значи немам никаков совет засега, само можам да ти речам добро да си размислиш разговарај со мајка ти па дури ако сакаш и со некое стручно лице ако ти е толку тешко..
    Поздрав :hug:
     
  14. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Оф девојки.....јас веќе здосадив, ама нешто одлучив..
    Цела вечер размислував и сфатив дека можеби и не е толку лошо.....
    И онака ми рече дека ќе се видиме на роденденот, можеби во Сабота нема кај да одиме, зашто живееме во мал град, и кај него дома не е слободно, а и можеби нема да знае како да го изведе тоа,тој и онака тешко искажува чувства, а и сигурно нема да ми купува 2 подароци, а и непријатно би било кога ќе размислам подобро.
    Ќе се видиме во петок, сигурно ќе бидеме заедно и после полноќ, а дали барем јас да му купам нешто?
    Зашто неговиот роденден помина, а тогаш бевме скарани, ете во Сабота вечер изгледа нема да се видиме, и дали да му купам нешто?
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Абе многу се замараш, Si-lala. Абе во живот не сум славела Валентајн, ни тинејџерка ни никогаш. Па зошто си ја фрлила колекцијата во канта, ако веќе си ја купила. Поарно да ја чуваше за роденден да му ја дадеш, па парите не врнат од небо така да се расфрлаш. Кога ќе почнете сами да заработувате ќе ги цените парите повеќе.
    Романтичен дечко не значи и добар дечко. Тие работи не одат секогаш заедно!!! И со мажот ми кога ми беше дечко немавме ни трошка романтика, дури подароци заедно си биравме за роденден, па ете испадна супер човек, и сродна душа, ме сака и почитува. Зарем ако ми носеше ружи на Валентајн и ако ме вреѓаше или тепаше по неколку дена требаше да сум среќна? Првото цвеќе од него го добив еден ден после нашата свадба, после долги години, замисли, ама убаво ми е и не ми треба лажна романтика.
    Значи, сталожено, дочекај си го роденденот, забавувајте се и уживајте. Ќе уживате во други денови, на пример годишнината. За нас Валентајн не значи ама баш ништо, ама годишнината ни е празник.
    Ако сакаш да си со него, ќе го прифатиш таков каков што е и нема да се трескаш од земја ако не е се по твое.... не може секогаш да е по наше. Па ти си му простила неверство, а не простуваш оти не славел Валентајн :^)
    И сто пати сум пишала тука, не ги гледајте другарките и нивните дечковци. Можеби слават Валентајн ама имаат други проблеми за кои ти не знаеш. Сите имаат проблеми!!!
     
    На JustFun, Daydream, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @Si-lala а ти знаеш зошто воопшто се слави Валентајн или Трифун?
    Или ради реда, си слушнала дека е ден на вљубени па ај сега имам дечко па морам да славам.

    Треба ли да чекаш цела година за да дојде тој ден да ја прославиш љубовта?
    Сметам дека многу се замараш беспотребно.

    Нема совршено време или совршен ден да ја празнуваме љубовта. Таа треба да се покажува, прима и дава секој ден, секоја минута, секоја секунда од животот, а не само тој ден.
    А ти слободно излези со другарките, наздрави со чаша добро вино и слави ја љубовта секој ден.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Што збориш бе, што ја плашиш живти мајка? Од каде ваков заклучок и каде го прочита ова?
    Детето е дар од Бога, неможе никогаш ама баш никогаш да знаеш дали ќе се роди со пречки во развојот или не.
    Не пишувајте апла глупости.
     
  18. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Фала ви на советите.....
    ете вчера и некни ми беше нервозата, веќе ми помина, а сега ми е жал за колекцијата.
    Бев многу изнервирана, верувајте дека дури плачев и ја фрлив да не ја гледам.....сега ми е жал.
    Ама верувајте не ни замислував дека така ќе ми кажи, ама изгледа во право сте.
    Само не знам дали да му купам парфем? или не? имав доволно заштеда,еден месец не јадев во школо, а плус бев на диета, и така собрав.....
    Се охрабрив со тоа дека не сум била единствена што не сум го славела овој празник.
    Фала ви, што ме охрабрвите некако <33
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не мораш дополнително ништо да купуваш. Не троши пари за џабе. Било - поминало. Заборави. Знаете дека нема да славите Валентајн и сега фокусирај се и спремај си се за роденденот. :)
     
  20. samsung12345

    samsung12345 Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Imam edno prasanje...Mnogu pati koga ke go prasam deckomi koga sedi doma ili koga gleda TV kako i da e ..Dali nekogas mu teknuva na nekoe devojce..Toj mi kazuva deka mu teknuva ama samo na secunda primer ako kaza nesto na TV so go imal od prethodna devojce slusnato,ednostavno samo ke se priseti.Inaku e fin me saka koga ke se raspravame popusta ..Ama nekogas ako go prasam dali na nekoja mu ima teknato ce mi kazi..A jas sum ljubormona ..Sakam samo sovet znam deka mozi e glupo prasanjevo ali ajde :) :D
    A se ima sluceno i da se priseti na bivsha nekogas ne da razmisluva ali od nigde nikade ce mu tekni ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.