Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски

    Зошто одма со напаѓање?
    Многу јасно е искажано што кажував.
    Нели најчест страв заради врски помеѓу братучеди е дека детето може да биде со пречки во развојот.
    Доколку се помеша ДНК на први или втори братучеди најчесто настанува ваква последица.
    Јас не сум го измислила ова. Така си е. Прашај доктор.
    Реков дека има исто шанси детето помеѓу трети брачеди да има пречки во развојот, како рандом дете што значи дека до втори братучеди е зголемена шансата за таква последица, а веќе од трети не се рачуна тоа како последица туку како што сака Бога.

    Не реков никакви глупости ни измислени работи. Се знае тоа дека е така не мораше толку одма да се изреволтираш прочитај убаво што кажувам. А дека децата се дар од Бога и најголемото богатство на родителите без разлика какви ќе бидат, со тоа тотално се согласувам. :hug:
     
    На Hipica, galapce, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    WTF???
    Ај седи си мирна и не туку прашувај глупости оти ако продолжиш со љубомората и ќе престане да ти попушта.
    Ништо корист нема да добиеш од одговорот на тие прашања, само главоболки.
     
    На crazylady, kukla21, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ние девојките сакаме да знаеме за што размислуваат нашите блиски ...
    Но доколку не сакаш да се чувствуваш лошо не го прашувај , не му отворај такви теми за дискусија... Можеби некогаш намерно ќе ти рече дека помислува на бившата само да те направи љубоморна такви се понекогаш сите машки Поздрав
     
  4. samsung12345

    samsung12345 Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
  5. Gona 2015

    Gona 2015 Нов член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Се замараш со глупости (facepalm):rofl:
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Прво да нагласам дека не сум во врска со тој дечко за кого сега ќе пишам ама не знаев каде да го кажам проблемот. (може не толку голем проблем ама мене ме мачи)
    Подолго време си пишуваме со еден дечко. Кога почнавме да пишуваме, јас бев тазе излезена од врска, и тој ми беше најголема поддршка, ми беше рамо за плачење. Го сметав како брат, како најголем другар. Му кажував работи што не можев да ги кажам ни на најдобрата другарка. Нормално и јас него го слушав, ми кажуваше ако има проблем и колку толку се обидував да му дадам совет, но покрај проблемите се зезавме, знаеше да ме засмее, убаво ми беше кога пишувавме и пишувавме речиси по цела вечер.
    После речиси два месеци од кога пишувавме ми кажа дека сакал да се види со мене (не сме од ист град) и ми призна дека МОЖЕБИ чувствувал нешто за мене. Јас бев изненадена бидејќи пред тоа ништо не приметив, ни пак тој спомна нешто слично, но сепак му кажав дека уште ми е тешко од претходната врска, не сум спремна за ништо ново и отворено му кажав дека го сакам како брат, како другар, не осеќам ништо друго.
    Мислам дека добро го прифати тоа и воопшто не приметив разлика во неговото однесување, се правевме како ништо да не било.
    Меѓутоа сега, во последно време нешто се промени. Се уште сме искрени еден со друг, но јас чувствувам нешто чудно.....можеби љубомора, кога тој ми кажува дека пишува или има нешто со друга. Пред некој ден се уклучи радосен и ми кажа дека се мувал со некоја, се договориле пак да се видат и може ќе имале секс. Во тој момент јас магли пред очи гледав, ме фати огромна нервоза, очите со солзи ми се наполнија. Ама нему ладно му пишував и одма сменив тема дека сум тажна и многу ми е тешко дека дедо ми е болен. Тој почна да ме теши и не е битно нешто ненамерно погрешно рече (обидувајќи се да ме расположи), ама јас едвај чекав да му се истурам и одбирав баш зборови за да го повредам.......
    Сега сме пак ок, се смиривме, ама јас уште чувствувам љубомора ли, нервоза ли не знам, кога ќе ми текне дека наскоро ќе има секс со таа.
    Јас мислам т.е. убедена сум дека не сум заљубена во него, не осеќам ништо освен што го гледам како брат и мислам дека само сум опседната. Ми годи неговото внимание и сакам само со мене да е така добар. Не сакам да замислам дека пишува со друга или има нешто друго. Сакам да слушнам од некого мислење. Добро ќе ми дојде некој совет. Дали сама се залажувам или стварно сум само опседната, па да престанам со контакт некое време?
    Инаку да нагласам дека не сме тинејџери, а во живо се имаме само еднаш видено и тоа од подалеку.

    Извинете на подолгиот пост ама мора малку повеќе да ве упатам, се надевам дека ќе има некој време да ми даде совет. Ви благодарам.
     
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.938
    Пол:
    Женски
    Како прво немој да се залажуваш очигледно е дека го сакаш. А како второ штом го прочитав постот прво што ми падна на памет е дека тој приметил дека чувствуваш нешто спрема него и дека сега лаже за девојката за да види дали ке бидеш љубоморна направи и ти така кази дека си почнала да излегуваш со некој и види како тој ке реагира .Се надевам дека сум во право со срека
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас прво што помислив е дека лаже, бидејќи претходната вечер ми кажуваше дека подолго време се немал на никоја пуштено, се смееше дека заборавил како изгледа тоа и другата вечер доаѓа ОП се мувал со некоја, гром од ведро небо.
    Ама може па е вистина, стварно не знам.....
    И исто како што и ти кажа, мислам дека има приметено дека бурно реагирам, низ разговорите имам сетено дека нешто тој насетува дека сум нервозна ама сама се тешам дека не знае.
    Инаку фала за советот, може наскоро и јас да пробам да му кажам дека сум почнала да се гледам со некого ама не одма зашто ќе се посомнева дека лажам.
    Проблемот е што стварно не знам што чувствувам. Го сакам или барем го сакав како брат ама после овие чувства не знам баш
     
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.938
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека се сакате а ако не сте мали стапете во врска сенадевам дека ке бидете срекни
     
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Јас сум била заљубена и знам како е чувството да си заљубен, ама сега не го чувствувам истото тоа чувство. Како што спомнав неколку пати мислам дека сум само опседната со него па затоа можеби чувствувам љубомора. Само се надевав дека некој ќе ми го потврди тоа, а ти ми го кажа тоа што ни на крај памет не сакав да го помислам, ни пак да го слушнам :) и искрено ме натера да се подзамислам......навистина ми значи тоа што ми го кажа.
    Инаку спомнав дека не сме мали и може да сме во врска ама тој толку работи знае за мене и што треба и што не треба, исто и јас за него што мислам дека не би функционирала врската. Се знаеме како дишиме веќе што се вика. Мислам дека треба да се обидам да се дистанцирам од него.
     
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.938
    Пол:
    Женски
    води се со срцето ако сметаш дека треба да се дистанцираш направи го тоа но ако има барем мало жарче кое ти вели да не се дистанцираш не го прави тоа
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Ти најдобро се познаваш и она што го чувствуваш. Мислам дека премногу сте се врзале еден за друг и тоа се преку интернет. Обиди се малку да се повлечеш и да се отргнеш од него. Помини неколку дена без да се уклучиш на фејсбук, вибер, олади, размисли со ладна глава дали си опседната со него и приврзана или е нешто друго. Според мене ни една врска, дали пријателска, дали нешто како љубовна може да функционира ако немате контакт во надворешниот свет. Он ти е како измислен пријател, не си го ни видела, само зборуваш со него преку компјутер, па уште и се нервираш, се сеќираш за некој што не го гледаш кога ќе го затвориш компјутерот.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    :bow:
     
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Знам дека никаква врска не може да функционира преку интернет, ама како што нагласив ние не сме од ист град и дури и во љубовна врска да стапиме пак ќе мора така да функционираме, преку нет, преку телефон.
    Сепак ќе пробам да не се уклучувам некое време и мора сама да си докажам дека само сум опседната со него.
    Имав само потреба со некого сето ова да го споделам, не можам со другарки.
     
  15. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во оваа тема..Ќе ти кажам нешто , го имам истиот проблем и јас исто така се чувствувам кон една особа од мојот град е ама се пресели во друга држава не го знам од блиску...Но ми прати покана за пријател на фб и стапивме во контакт .. исто се нервирам за се околу него иако не го знам , не можам да сфатам што ми се случува .. Дали од премногу комуникација се опседнав со него, истото мислам и тебе ти се случува да мислиш на него да се замислуваш до него .. Но има начин да дознаеш дали чувствуваш нешто кон него да се видите лично да поразговарате пак ако има можност повеќе пати излези како пријател со него .. така ќе дознаеш дали имаш некое чувство кон него или само се залажуваш. Поздрав со среќа
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Ај лп нека ми пише некој ако може
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Да ти кажам искрено, многу си себична, не опседната, туку себична. Сакаш цело негово внимание да биде кон тебе, а ти ништо немаш спрема него. Не го оставаш да живее, и да си шара со други женски. Биди среќна што ти кажа дека се мувал, остај тоа што можеби не биднало ништо.

    Не биди себична и остај го дечкото да ужива
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Зошто себична? Го прочита добро мојот пост? Значи тој појма нема дека јас така се чувствувам, никогаш не сум му рекла ништо, ни пак имам намера да му "забранам " нешто. Напротив, порано го поттикнував да и пристапи на некоја, му давав совети како да се однесува. Проблемот се појави сега брзо. Ама кажав дека ќе престанам со комуникација некој период :)
    И фала за мислењето, добро ми е да знам како би изгледал мојот проблем од машка гледна точка.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Пробај да не комуницирате едно време , јас така направив и сфатив дека бил само опсесија :)
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Па и јас искрено се надевам на тоа, зашто не може да сум заљубена во некој што само еднаш го имам видено во живо. Мислам дека добро му го познавам карактерот ама сепак интернет и реалност не е исто.
    А порано кога не постоеле овие нови срања од технологии многу поубаво се живеело, сега самото време е такво..лошо. Не знаеш со кого комуницираш, каков е стварно човекот, па дури и се опседнуваш со него (facepalm)
    и знам дека не сум единствена со ваков проблем, ете и ти @Mala Hembra си била во таква ситуација, а верувај дека уште мноогу ги има, за жал.
     
    На Mala Hembra му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.