Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Ете сте се разделиле, не сакам да те разочарувам ама ионака ти пишал неважни и неконкретни работи , може само сакал да те поздрави , да види како си , некои партнери после врски продолжуваат со пријателство ..ке си видиш со тек на времето на што ќе излезе , ако сметаш дека ке те врти во круг , не му давај шанси за тоа , прекини секаков контакт.
    Бај да веј знам дека колку и да се има љубов и доверба, потешки се врските на далечина , не дека е мн далеку СК и ГВ, ама ете секогаш некое црвче може да те јаде одвнатре во вакви случаеви ..поздрав и секое добро.
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.098
    Пол:
    Женски
    @Девојката Ако добро го познаваш типот, не треба толку вознемирено да реагираш на пораката што ти ја пратил. Не знам колку години имаш, ама многу наивно и незрело реагираш. А можеби тој успеал да ти ги пронајде слабите особини, па изненадното пишување е проверка за твоите чувства кон него. Ти кажал дека не верува во врска на далечина и очигледно не бил заинтересиран да и даде шанса на вашата врска.
    Проблемот не е во тоа дали веруваме во фразата "Што трезен мисли, пијан кажува ", туку дали ти му веруваш. Нема потреба од патетика и паника од твоја страна. И ако си успеала да го заборавиш, што те поттикнало да го отвораш неговиот фб-профил. Јасно е дека самата се убедуваш во нешто што не е така и живееш во исчекување емоциите што тлеат во тебе во секој момент да пламнат, па макар и со некое површно тест-прашање, како си?
    Ми оставаш впечаток на ранлива личност со ниска самодоверба која емотивно и рационално е преокупирана со бившиот. Наместо да продолжиш понатаму се изјаснуваш дека си се помирила со судбината. Пропаднатата врска не значи крај на љубовниот живот, освен ако ти сама си пресудила, па се повлекуваш од можноста да ја пронајдеш вистинската личност и да ја сознаеш љубовта понесена од некакви виртуелни пораки.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eci.eci11

    eci.eci11 Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем, па ве молам за било каков совет. Се заљубив до уши во еден дечко , со кој најпрво бевме добри другари но имавме симпатии еден кон друг , но откако јму дадов убаво до знаење( индиректно) дека го сакам тој го промени неговото однесување спрема мене, се однесуваше ладно со мене, ме исмејуваше со неговите другари дека сум " луда'' по него, и што ли уште не. Иако ми беше многу тешко поради ова успеав да соберам храброст и да ставам крај на се со него. Го ставив на тотален игнор.После ова работите се свртија, сега тој почна да трча по мене и тоа ко некое куче. Оди секаде кај што одам и јас, ме гледа , ме зјапа, гледа да се најде на некој муабет со мене ,( инаку не збориме) и ред други работи. На некој начин ми покажува дека му е криво за се , ама јас го одбегнувам цело време, не го рецкам ни малку. Сега да преминам на главното.. Минатата сабота бевме излезени големо друштво, и ете го него ,доага и тој во истиот кафич на истата маса. После некое време помина мојот бивши дечко, се поздрави со мене и застана малку да позбориме. И зборевме што зборевме, ја му викам морам да си одам сега ке се видиме.. И овој другиот(стана многу нервозен, ваљда затоа што зборев со бившиот) се вмеша нешто, почна да ми префрла затоа што ке си одам и не знам ти што уште. И јас му одвратив на тоа и си заминав. И од таа вечер тој буквално збесна. Утревечер пак на истото место, тој почна пак да збори , индиректно праеше некои муабети во стилот ку**ва, таква, онаква, и така ми стана непријатно заради него по што одма си заминав. И после тоа ко заминав другиве ми пренесоа дека ко некој ненормален се понашал до крајот на вечерта, се карал со други, пиел многу и не знам тти што уште. Веке 2 дена не излегувам од дома, тешко ми е многу заради ситуацијава , не знам како да се справам со него што вака се понаша????? . А морам да признаам дека и покрај се, сеуште имам чувства за него, го сакам, и премногу ми е тешко поради се ова. Ве молам за било каков совет што да правам понатаму. Поздрав
     
  4. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас наговестив дека се помирив со судбината конкретно меѓу нас двајца а не за се околу мене .. Нема да паднам за еден човек и да дозволам да ја уништам мојата самодоверба , напротив можеби така се изјаснив па така си сфатила .. Сепак благодарам за советите ама мојата самодоверба напротив сега е поголема од кога и да било од грешките се учи и така стануваме посилни па така и јас...
     
  5. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    девојки ке ве замолам за еден совет...прво грешката ја наогам во мене тешка особа сум немам доверба во никого.па така немам ни во него додуша порано имав во него сега немам...имам некое големо чуство дека мн мн ме лаже и дека крие мн раб од мене.он за мене знае баш се и лошо и добро значи баш се а он ништо не кажува се морам да дознаам сама па да се налутам да се испокараме и после да ми рече да така е и што сеа? имаше период коа не бевме заедно и нормално аднувал женски мегу кои бившата негова и моја бивша најдобра другарка.и нормално ја сама дознав од неговиот фб и се налутив и одоколу му кажувам да ми каже и му спомнав за фб и ми вика ај не збори за фб шо ти се напинјаш ја кој имам и зашто имам на фб.па као он не се замарал битно ме имал мене и дрн дрн јариња.и ај ја не зборам за ова повеќе добра нок и фино леп.и ај како човек да не полуди.ми иде да му раскинам и се у пм нека иде
     
  6. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @eci.eci11 колку и да се кае за минатото, не смее да те навредува и понижува. Според муабетов што го кажуваш мене ми личи на недозреано детиште. Кога некој сака, има начин како да те придобие и да направи муабет, а не да те навредува. Сметам дека треба да продолжиш да го игнорираш, чим сега не те почитува и те нарекува со грди зборови што ке биде ако сте во врска?
     
    На eci.eci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се додека се замарате со фејсбук и се однесувате вака несериозно сигурно дека врските ќе ви пропаѓаат. Седни и разговарај си со дечко ти и решете ги проблемите. Со инает ништо не се постигнува. Ако имаш чуство дека лаже прво среди си сама со себе, дали има некоја причина да мислиш така, љубомора е или што е. И во право е човекот, ако за се и сешто се лутиш секако дека нема да ти кажува.
     
  8. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Очигледно се работи за некој тинејџер кој има симпатии кон тебе, ама машко како машко сака да се направи фраер и затоа така се понаша ко тебе. Односно јас ова го сфаќам како: ја сакам, нејќам да се врзувам во врска со неа ама не сакам ни да ја гледам со друг. Мој совет е да си продолжиш како што беше, немој да му кажуваш ништо, едноставно игнорирај го. Бидејќи ако седнеш со него да разговараш на таа тема он ќе те направи луда за да излезе фраер. Се надевам детето ќе се спушти на земја и ќе се среди се.. Држам среќа (fingers)
     
    На eci.eci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.487
    Со дечкото имаме тазе врска да речам 2месеци и се е она океј интересно како на почеток, знам дека пред мене пред да биди со мене, пред околу 7-8месеци имал предходно долга врска, и јас пред неколку месеци имав така подолга врска, инаку се си кажуваме, јас за бившиот како се скаравме, тој ми кажува, немаме тајни за било шо, и ме прашува секогаш дали уште нешто чуствувам за бившиот. Но вчера кога зборувавме пак нешто свртивме муабет за бившата негова ми кажуваше работи шо како и не знам зошто се почуствував многу грдо не убаво, и почнав да размислувам на тема да прекиниме, да му кажам дека најубаво било да прекиниме и денеска така се однесував по ладно. Не чуствувам ништо за него, само ми е интересно кога сме заедно, а тој некако ме брза, ми кажува дека му недостигам, едно друго, добро не ми смета тоа, ама не знам зошто вчера така не убаво се почуствував јас како идиотка
     
  10. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Немој да му раскинуваш сепак, сигурно чувствуваш нешто барем малку за него. Верувај ако му раскинеш ќе се каеш после тоа. Имам и јас слична таква ситуација како тебе. Он поранешната девојка многу ја сакал но таа многу го повредила, изневерила и он прекинал со неа. Тоа било пред 2 години од кога ние се запознавме. И секогаш кога ќе почне нешто да збори за таа, да раскажува, секогаш грдо се осеќам. Во себе си велам што има да ја спомнува ако завршиле веќе одамна. И мене ми треба мислење што да правам со тоа. Но сепак мислам дека се чувствуваме загрозени, длабоко во нас можно е да има страв дека ќе не остави дечкото за да се врати кај бившата или пак дека уште нешто чувствува за неа.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Како да дознаам дали има девојка ? Ми пишува , многу ми се допаѓа но има една девојка и тврди дека оди со него , дознав преку една друга особа го прашав дирекно не признава , ми кажува дека му била бивша девојка многу ми се допаѓа ама не сакам да се мешам меѓу нив ама сакам да ја знаам вистината и дали ме лажееее :(
     
  12. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка со која се дружиме веќе 2год. ама не сме ептен блиски. Таа има дечко, другар на мојот дечко и со него е 2год. и јас знам дека ја изневерува, го имам видено со две девојчиња до сега. Сум го прашала зошто и прави така но тој вика тој си знаел најдобро што прави. Најглупаво од се ми е што таа мисли дека тој многу ја сака и не би бил способен да ја изневери. Па сега незнам дали да и кажам, незнам како ке го свати тоа. Кога размислувам како би ми било да сум на нејзино место, подобро би било да ми каже некој за тоа. Ми треба искрен совет за тоа како би постапиле вие да сте на мое место.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Незнам колку си блиска со неа и колку ти верува, но можеш да разговараш, ноо ќе ти треба доказ за тоа, зашто може да испадне дека ти лажеш. Подобро сликни го дечкото каде ја изнерверува и покажи и ја сликата, зашто може да ти каже дека ти сакаш да и расипеш врска, може да ги нарушиш односите со неа.
     
    На Oneo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Зависи колкави другарки сте .. Знаеш за онаа поговорка што гласи сите ја бараат и сакаат да ја чујат вистината и кога ќе им ја кажеш е тогаш не сакаат да ја прифатат...Се согласувам со предходната девојка докази најди , сликај го и покажи и ги зошто ако некогаш таа дознае од друг и ако слушне дека ти си знаела може многу да ти се налути ..
     
    На ebola и Oneo им се допаѓа ова.
  15. ana-0258

    ana-0258 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите. Сакам да ве замолам за некој совет. Во долга врска сум, во последно време некако не ни оди и имаме често кавги. Бев решена да попуштам и да се смириме но дознав уште нешто што не сум го знаела па сега си го сменив мислењето. Би сакала да слушнам совет од вас. Често знаеше да си прави грешки но јас си простував и велев ова е последна шанса и така си тераме..10 последни шанси му имам дадено и пак си згрешава. Не ме изневерува туку лаже за разни работи за кој знае дека ми сметаат и не ги сакам. Правевме компромиси пак си почнуваше по старо и ајде пак нова шанса( немало да се повтори- се повторуваше). Порано имаше многу пари потрошено на коцкање ( спортка, казино), јас му дадов пари да си ги исчисти долговите, летото па даде така многу пари и се скаравме и пак се колнеше, ветуваше дека немало пак. Досега беше супер и еве сега пак. Јас не сакам цел живот долгови да враќам затоа што некој не знае да се контролира... ве молам кажете ми мислење од ваша гледна точка....
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Со последнава реченица сама си даваш одговор.
    Те научил дечково дека постојано ќе му простуваш и дека секогаш ќе си тука за него, па твоите простувања си ги зема здраво за готово. Сама си крива. Слабата точка ти ја нашол.
    Според мене, треба да собереш сила и да пресечеш. Ти најдобро знаеш дали вреди таа љубов твоја (доколку уште го сакаш и после сите овие работи) за сите нервози.
     
    На ebola и ana-0258 им се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Најдобро ќе биде да го наместиш дечкото, тоест таа со свои очи да го види. А колку си сигурна дека ја изневерува? И што поточно виде? МОже само правел муабет не значи дека ја изневерил. За ова ти треба цврст доказ. Во право си што сакаш да и кажеш, па никој не сака да го прават будала но ако онака одеднаш и речеш дечко ти те изневерува тој тебе ќе те намести дека си љубоморна и ем ќе се скараш со девојчето ем нема ништо да направиш. Или како што кажа Бубаче ако неможеш да направиш некако таа да види како демек случајно, земи сликај го и покажи и ја сликата.

    Со ваков човек иднина јок.
    И уште илјада шанси да му дадеш, еднаш коцкар цел живот коцкар. Кој се излечил од тоа? Скоро никој. Човекот може те сака, но болеска која ја носи со себе (за коцкањето) е посилна од тоа.
     
    На ana-0258 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ми раскина сериозна 2 и пол годишна врска за да си проживее живот и да си нема никакви обврски, затоа што е бил спремен да се жртвува за сериозна врска. Жално. По се што направив за него, вака ми врати. Гледав за него, за нас, па за себе. Од една страна сакаше да е сам, од друга страна ќе ми се јави или ќе ми пише како тоа едвај сум чекала да не сме заедно за да зборам со бивши или други машки, дури и ми влегол на фб за да ми чита пораки. Ми префрла како сега сум одела на милион кафиња со другарки, како сум одела во кино, како нон стоп сум излегувала, како него сум му се правела скршена, а од друга страна сум обновувала стари пријателства :o Он сакаше ваков крај на врската, зошто го интересира со кога зборам, со кој си пишувам, дали излегувам или не?
    Го прашав дали сака да ги средиме односите, зошто ако не сака, да престане да ми се меша и да ми префрла со кого седам, зборам, а најмалку да не се замара со мојот фб и со мои приватни пораки. Добив одговор: Ако ме прашуваш ова само за да бидеш сигурна дека јас и ти нема да сме заедно, само за да си почнеш нова врска, тогаш прави што сакаш бла бла-љубоморни муабети.
    Не знае што сака, изгубен е. Во моментов го дрма втор пубертет, не знае кое девојче попрво да го лајкне на фб, буквално како куче од синџир кога е пуштено.

    Јас знам дека ме уништи, паднав во депресија, не можам ни да се препознаам. Ме претвори во човек, каков што никогаш не сум била, да патам и да молам за љубов.
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Toj seriozno ne znae sto saka. Od edna strana saka da e sloboden, da ne e vo vrska, da lajknuva flertuva i se sto sledi. A od druga strana e ljubomoren i se interesira za tebe bidejki :nod:mu si vazna. Ne se zaborava taka lesno 2 godisna vrska. Mozebi se kae. Dokolku ne iskazva deka saka da se smirite i da se sredi situacijata, podobro ignoriraj go za tvoe dobro za da ne pominuvas niz istiot pekol povtorno. So sreka :hug:
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.136
    Допаѓања:
    5.339
    Ако има некој расположен за давање совет, во инбокс ќе се молам :)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.