Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Ако било за глупости зошто си му го вратила прстенот? На секоја караница така ќе го враќаш?Би го побарала ти ако тој ти го вратеше така прстенот?
    Како и да е си направила голема грешка така што си избрзала и ако сакаш да си ја спасиш врската ти си таа што треба да се извиниш а не постојано тој да ти проствува. А ако толку не можеш да си ја погазиш гордоста тешко дека ќе ви успее врската.
     
    На awl и only44you им се допаѓа ова.
  2. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Aко сметаш дека извинувањето би значело „да се понижиш“ а уште повеќе ако „не можеш“ да го направиш тоа дури и по цена на вашата врска, мислам дека и немаш нешто вредно што би изгубила.
     
    На crimson, kjukli, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.009
    Ако мислиш дека извинувањето во љубовта е понижување, тогаш и не заслужуваш да ти прости. Извини вака.
     
    На MamaYette, Viktorijaaa5, Candid и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Продолжи да глумиш лудило и надевај се дека и за ова ќе ти прости.
    И зошто да му се извинуваш, кој е тој за ти нему да му се извинуваш?
    Сигурно дека извинувањето е понижување, круната ќе ти падне од глава.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    178.158
    Пол:
    Машки
    После тоа што си го направила, тој нема да те побара, сигурно. Ако го сакаш, ти побарај го и извини му се и моли го да ти прости. Ако не можеш да го направиш тоа, тука ќе биде крајот на вашата врска.
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Ice&Fire не сакаш да се понижиш ама си претерала малку повеќе. Мислам, и самата си велиш дека било за глупости и знам, си реагирала импулсивно ама не можеш да очекуваш дека ќе ти оди по газот секојпат кога ќе ти прдне да го вратиш прстенот. Ако не те повредил, не знам зошто да не се извиниш.
     
  7. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Се среди работата, разговаравме, мислам дека сега се е ок. Фала ви на сите :*
     
  8. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Разговаравме, мислам дека сега се е ок, се среди работата. Фала ви на сите :*
     
  9. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Шуќур !!!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    ќе бидам подолга бидејќи сакам да ви ја доловам целата ситуација која ми се случува, па ќе ве замолам доколку сакате да ме посоветувате, особено ми треба цврст совет од повозрасен/поискусен.Имам долгогодишна врска од 7 години.Јас имам 26години, а дечко ми 27.Во почетокот, како и секој почеток се беше многу убаво, подоцна не сум ни свесна јас самата колку самиот тој стана љубоморен на се, буквално се му сметаше, се ми бранеше а јас од пуста љубов се занемарив, само да не се расправам се што му сметаше оставив, сменив.Сите другарки ги занемарив заради него, само на него се посветив, се за него правев, толку многу се зближивме, се чуствував како да сме во брак а не во врска. Тој беше првиот дечко со кој и спиев.Ме сакаше знам, велам сакаше, бидејќи сега мислам дека веќе не ме сака.Љубомората мислев ќе исчезне со текот на времето, ајде велам како сака така правам, ама не како поминува времето тој станува неподнослив.Тој мене психички ме малтретира, ми бара оправдувања за глупости, не ми дозволува никаде да излегувам, со никој да не се дружам ако не ми се закануваше во неколку наврати дека ќе завршиме.Јас верувајте се сум му допуштила.И така минувајќи во последно време многу се расправаме и кога ќе се скараме тој е толку ладен, го нема со денови ни да се јави, секој пат јас му звонам а тој звучи незаонтересирано.И сега тоа ме чуди кога е се во ред тој е мн љубоморен а кога се скараме него никаде го нема, зошто тогаш не го интересира кај сум.Сега ми вели па оди излегувај бидејќи знае дека немам никој.Сега ми вели дека тој сака да излегува повеќе сам, дека мн го замарам, оптеретувам.Постојано ме навредува дека сум глупава а што највеќе ме погодува ми вели и дека сум курва :( Помине некој ден све ок, повторно ме мн сака, се ми брани после некој ден јас не сум интересна.Незнам од него душата ми плаче, вез него исто.Дури и ми има речено дека сум го заробила јас во најубавите години и дека не ни планира сериозни намери дека јас не сум достојна за него.Мн сум поминала, повеќе лошо и доволно пишав, мн има долга е историјата, мн случки но ве молсм иако сум понижувана, и не ми е вратено сето тоа што сум го правела за него јас го сакам, ќе можете ли да ме посоветувате што да направам за да ме цени како што треба.Извинете за долгиот текст ве молам.А за друг дечко несакам ни да помислам, неможам а и моите години си минуваат чуствувам онака безпотребно во оваа врска,ама сакам да се изборам за неа.
     
  11. Plamenka

    Plamenka Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    епа вака јас сум помала од тебе но сепак ќе кажам мое мислење.Па и не треба да си кизнај колку зрел за да сватиш некои раб.Викаш дека повеќе не те сака,а проста причина може да биде тоа што ти мн му имаш дадено слобода односно за се го слушаш и батето виде дека може лесно да води контрола над тебе и решил да си погира со тебе ( не го свајќај ова како да мора да е то можеби и те тестира до каде е твојата љубов спрема него,што сепак не ми се верува дека е тест чим те навредивал и ти рекол дека си курва) Според мене време е малце да си построга да имаш цврсто ЈАС да знаеш на што си!И како тоа ти вика курва?го знае ли тој значењето...девојко јас мислам дека некое време треба да се одлачиш од него не ти велам да не го сакаш само покажи му дека си силна и можеш без него дека додека тој те расплакува и навредува има некој кој ќе те насмејува до солзи и крева до небо...со еден збор ТОЈ НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА!!!!!!!!!!!!!
     
    На my heart cry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека дечкото е психопат, треба само да го замолиш да ти се откачи од глава и да се однесува како да не постоиш. Инаку тој има премногу ниска самодоверба и си пати од некои комплекси штом твоите чувства кон него ги искористил за да се пофали на луѓе и сега те навредува од истата причина, пати за нечие внимание. Чувствата ќе ти поминат, без секој се може, ако попуштиш и ако почнеш пак да се зближуваш со него ќе заглавиш верувај. Продолжи да го игнорираш и не се нервирај за навредите на некој идиот, јас на твое место би се смеела :)
     
    На tessie и Luna91 им се допаѓа ова.
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам со @Katina007 типот си пати од ниска самодоверба и неговите набиени комплекси од денот на раѓање досега ги лечи врз тебе.Што си ти?Марама за плунка? стависи го прстот на глава и нека ти текне дека си човечко суштество,кое некој се измачил да го израсне во 26 годишна жена, дека и ти имаш потреба за внимание и нежност.Достоинството и карактерот никој не ни ги дал сами си ги градиме време е да се тргнеш од овој сељак кој те уништува само за да си го наполни егото и да започнеш да ЖИВЕЕШ.Сега е тешко но никако не смееш да се предадеш погледнисе во огледало видија таа девојка неа и треба да и надокнадиш за овие изгубени години и неа и должиш љубов од твоја страна и достоинство.Со среќа
     
    На blond.bunny и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Ништо од оваа врска девојко, пиши пропало. Можеби грубо звучи, но нема да се оправите. Толку долго врската ви оди надоле така што нема поправање, не си троши сили време и нерви, стави крај. Ти и да се бориш, тој нема да се бори, впрочем тој веќе дигнал раце, Ќе најдеш нова љубов, без сомнеж...Кога ќе преболиш, ќе дојде самото по себе. Знам дека делува многу толку години со една личност, станува како член од фамилија, но времето поминува и се може да се преболи и заборави. 7 години не се ништо во однос на тоа што цел живот треба да бидеш со таков човек.
    Бев во таква гнила врска, 2 години ми требаа да сфатам дека животот ми поминува а тој не се менува.
     
    На marama, Hipica, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Девојко, треба да знаеш дека љубомората не е знак на љубов, во никој случај, знак е на несигурност. А ова неговото не е ни љубомора, туку начин да управува со твојот живот.И делува психопатски, да.Зошто сакаш да останеш во врска каде си понижувана, психички малтретирана. Курва???? Од некој со кој делиш толку години живот???? Не си ни свесна како љубовта може брзо да премине во омраза. Не го чекај тој момент. Земи си го живот и иднината во свои раце. Не дозволувај друг да управува со него.
     
    На DELFIN-15, tessie и my heart cry им се допаѓа ова.
  16. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
     
  17. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Незнам како да се справам со тоа,навистина.Само многу ми е криво зошто така се поигрува со мене.Секогаш јас молам дали крива или не.Незнам пишав љубомора, сепак неговото однесување ми е чудно.
     
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    20.045
    Пол:
    Женски
    @my heart cry Во случај и да го оставиш, не си стара, ќе си најдеш друг. Засега почни да си се дружиш со некој, обиди се да си повратиш некои пријателства.
    П.с морав да се докажам, знам дека не е лесно така само да го оставиш,и лесно е друг да каже. Ама подобро да ссе тргнеш,ако некоја врска е измачување.
     
    Последна измена: 2 април 2015
    На okcenzi и my heart cry им се допаѓа ова.
  19. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Душо, верувај имам доволно искуство да ти кажам, подобро сега да го преживееш тоа, отколку многу покасно. Имав пријателка што беше 10 год.во таква врска, понижена, омаловажена, безгласна буква. Тој цело време и велеше дека нема ја се жени со неа, таа упорно веруваше дека ќе се смени.Знаеш ли како е на 30 год. да сфатиш дека скоро пола живот ти поминал со личност која не те заслужува и да почнеш се од почеток? Тешко е, ама побарај помош од пријатели, семејство, најди начин да имаш што помалку време да мислиш на тоа. Мораш да најдеш сила да го поминеш тој период.
     
    На tessie, okcenzi и my heart cry им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Прво сама си крива што ради него сите си ги откачила, тоа ти е грешка која сега си го зима својот данок. Тој го користи тоа и ти го пребацува сакајќи да ти каже ти без мене не можеш да излезеш и немаш со кого. Второ јас незнам како си можела таков да го трпиш, прво кога си видела дека е љубоморен и се завлекува си требала да си поставиш граници. Се согласувам со членките дечкото има проблеми со психата, велиш те сакал некое време после му е досадно тоа е знак дека те сака ама на други не те дава. Затоа подобро ти самата стави КРАЈ. И полесно ќе ти биде што ти ќе му раскинеш и ќе поставиш таа граница. Не се враќај и да те моли, бидејќи не те заслужува.
     
    На my heart cry му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.