Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Полека. Јас колку што разбрав тој краток период дури дечково и (сега веќе) бившата биле сексуално активни бил пред тој да стапи во врска со @katy3 Поправи ме ако грешам.
    Не брзај Кејти, полека. Може стварно му е само другарка, тоа што некогаш пробале да имаат секс ама баш и не им одело кажува за тоа дека тие двајца не би успеале заедно. Може стварно ја цени како другарка и нормално дека нема да ти каже еј, едно време јас и таа спиевме заедно . Не се оптеретувај со тоа дали му се враќаат слики од сексот со неа. Сигурно дечко ти имал претходно и други, не можеш за сите нив да ја врзуваш главата.

    Нормално дека нема право да те присилува да се дружиш со неа ако тебе не ти е згодно, ама немој да ја прекинуваш врската (нормално, ако е се‘ во ред) или да бараш од него да престане да се дружи со неа.
     
    На katy3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.487
    Имав врска на далечина пред некое време. Многу се сакавме, ама далечината си го направи своето. Тој конкретно рече дека никогаш веќе не би имал врска на далечина. Останавме многу добри другари, си ги знаеме и најмалите детали меѓу себе, се слушаме буквално секој ден. Веќе некое време се договараме да се видиме, и веројатно тоа ќе биде во мај. Имам некакво претчувство и наговестување (од разговорите со него) дека има шанси повторно да биде нешто. Можеби има шанси за мување, а можеби би сакал да пробаме пак, тоа ќе видам кога ќе се видиме. Сеедно, ми треба совет. Доколку имате шанси со некого со кого знаете дека ви одело во минатото, дали би ризикувале да се преселите таму каде што живее за да започнете врска?
     
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Toa зависи од многу фактори и е индивидуално...Многу е важно колку сериозна врска сте имале, колку долго сте биле заедно, дали доволно се познавате, дали имаш доверба во него итн...Исто така зависи и лично од тебе дали ти си спремна да напуштиш се овде и да се преселиш таму каде што е тој...Претпоставувам дека доколку се преселиш, ке живееш кај него, што не е мала работа, незнаеш како ке функционирате заедно....Се ова ти е еден голем ризик...Како планираш да се снајдеш финансиски?
    Во секој случај, врз основа на тоа што го имаш напишано, би ти рекла да не избрзуваш,мислам дека имаш преголеми очекувања, а како што кажа не сте повеке заедно и прашање е дали ке се смирите, за да расмислуваш за толку големи работи, затоа што на крај може да се разочараш.
    Сепак ти најдобро го познаваш и пред да направиш било што, запрашај се дали сите овие жртви и ризици, вреди да ги превземеш за него? Ако да, со срека ...:)
     
    На crazylady и littleflower им се допаѓа ова.
  4. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Во ред се тоа се согласувам .. Јас само сакав да напоменам доколку дечко и на @katy3 ја изневерувал со бившата девојка додека бил во врска со @katy3 тоа не треба да му го прости и да премине толку лесно покрај тоа ..
     
    На katy3 и Hipica им се допаѓа ова.
  5. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.487
    Фала ти за мислењето. Инаку во тој град можам лесно да најдам работа, сум имала опции за вработување и претходно, а секако дека нема да живеам кај него. Тој живее со семејството, јас би била под кирија некаде. Веќе некое време се мислам да си заминам од Македонија, и ова некако ми дојде како поттик плус, затоа така оптимистично го напишав, си ги разгледувам опциите :)
     
  6. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Не е некој проблем, ама ќе ми значи и туѓо мислење....
    Има еден дечко, од ист град сме, го знаев вака на лик од одамна.
    Се започна од летото, секогаш кога се разминувавме во град, се погледнувавме, но ништо не превземавме, една вечер ме поздрави, но ништо повеќе не се случи......Тогаш имав дечко, и иако не ни беше сјајно во ,,врската,, и не беше ништо озбилно, но сепак не сакав да направам ништо со никого......Како стануваше полошо во врската, јас толку почнав да го свиѓам дечкото.Ама заврши летото, отиде во Скопје(таму студира), и заборавив, се додека еден викенд, после 3 месеци, се сретнавме во дискотеката во нашиот град, се изненадив, и се израдував, и пак започнаа нашите погледи. Беше веднаш до мојата маса, и поминав откај него, ми ја допре раката, а после дојде на моја маса, и се запознавме, ми рече дека сум преубава, и цела вечер игравме, после тоа сакаше да испаднеме надвор, ама неможев, морав да си одам со другарките. Ме адна на фб, и бев сигурна дека ќе ми пиши, но ништо...и што да видам, тој е во врска, 3год во врска со девојче иод Скопје(таму студира).....ја разгледов и нејзе, и можеби не е во ред што проценувам според фб, но јас проценив дека е нормално, мирно девојче....и објавувала слики единствено со него.Ми личи на девојче кое освен дечко, нема ништо поважно, заљубена до уши, а можда и грешам.... И ништо, тогаш се разочарав, помина време, и ништо не бидна.....Јас раскинав и со дечкото и скрос забоарвив на се.
    Минатата недела беше Велигден, а тој си дојдел од Ск, се видовме во диското, на почеток цело време се погледнувавме, ми се насмевна, знам дека сакаше да дојде и да се поздрави, но се завртив и до крајот на вечерта не сакав да го гледам, зашто ако продолжев знам дека ќе се случеше нешто....И среќа си отидов рано....Утредента станав, и гледам лајкови од него на фб, и ем се израдував, ем ми е криво, ненормално криво што има женска, и ништо. Вечерта пред да изл се окл на фб, и си седам, и не ми се веруваше, тој ми пиша, ми пишааа ова-она, како сум, дали ќе има свирка вечер, дали ќе излагам и такви работи, и толку....за жал или среќа не се видовме таа вечер ни во град...Дојде Понеделник, тој си отишол во Ск, и ја објавил песната ,,Bicu slobodan,, ја ислушав песната и содржината беше во стил, дека женска му го врзува премногу, дека повеќе неможе, и тоа.....
    Во исто време се радувам, и се чуствувам никакво.....мн. ми е чудно, има нешто чудно меѓу нас, како досега да сме се имале со години......
    Знам дека кога летото ќе си дојди, ќе бидне нешто, знам, го чуствувам тоа.....
    Што да направам со него? Што? После бившиот тој е прв кој ми се засвиѓал а има женска.....
    Многу ми се свиѓа, многу, ама не сакам ни да расипувам врски.....Целата сум расеана, не знам ни каков совет барам, важно ми олесна што напишав.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Si-lala врз основа на статуси, песни и објави од фб ти неможеш да правиш вакви проценки.
    Ако објавил таква песна незначи дека искрено го мисли тоа така да не се надевај многу за на крај да не се разочараш. Ти да видиш јас што се објавувам тешко дека ќе процениш дали сум во врска, дали сум заљубена разочарана или тажна и така, се на се објавувам нешто што мис е допаѓа немора да значи дека тоа има врска со мене или е посветено за некого. Во врска со дечкото, 3 години се во прашање, и тој може чуствува нешто за тебе нормално машко е долга врска, може му е здосадено, може сака да смени малку ама немој да дозволиш да излезеш втора и искористена. Се додека е во врска тој човек за тебе е забранет и толку.
    Свиѓањето е пролазна работа, но да растуриш нечија врска за мене и не е баш мала работа знаеш како викаат не прави го тоа шо не сакаш тебе да ти го направат. Човекот може гледа на тебе само како на другарка и ништо повеќе. И тоа што те аднал на фб, што ти пишал, што те лајкнувал, што те поздравил незначи дека веднаш сака да има нешто со тебе. Мене може 10 души ќе ме аднат и лајкнат на фејсбук па дали тоа значи дека сите тие 10 сакаат да имаат нешто со мене? :o Секако дека не. Несакам да те разочарувам ама внимавај за на крај сама да не се разочараш.
     
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Искрено мене ова ми изгледа како обичен флерт..Како што кажа и сама има долгогодишна врска, каде нормално е да има некој монотони периоди, па ете можеби си бара само некаков вид на забава..Во негова одбрана сака само невино да флертува...Тоа и го потврдува фактот што иако долго време сте флертувале, дури сега ти пишал..претпоставувам дека ако бил толку многу заинтересиран и порано би превземал нешто..Од друга страна можеби навистина му се допаѓаш, но само за забава, па бара начин да те придобие...Инаку не гледам зошто прво не би раскинал со неговата девојка...
    Би ти рекла да почекаш, да видиш како ке се одвиваат работите, но немој да му покажуваш дека си загреана за него..На крај краева и да го добиеш само за себе, дали би сакала да имаш дечко кој утре другиден и тебе можеби би те заменил за друга?...
     
    На Candid, Katina007 и Mala Hembra им се допаѓа ова.
  9. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Како што реков доволно ми беше да пишувам, веќе и ми олесна....
    Тоа да бидам втора на некого не, веќе знам колку вредам..Ако раскинат ок, ако не пак ок...
    Eloves, не секогаш она што го правиме ни се враќа, секогаш сум била искрена, ама сум била изневерена.
    Ете и јас станав бесчуствителна, не ми е жал за никој, веќе сум толку цврста, и попрво тој би се затрескал ако веќе сакам, него јас да станам втора. Ги знам оние долги врски, ги знам моментите на монотонија, знам колку е тешко и дека неможе да се раскине толку лесно, ама еден ден или завршуваат или се заедно. Тие летото ќе немат никаков контакт, а мислам дека му е последна година таму, ама ако веќе има толку голема љубов и ако им е само лош период ќе си останат заедно.
    Како проценив преку фб? Јас не реков за сигурно, ама според мене некој кој објавува само слики од дечко, само љубовни песни, ми дава впечаток дека е затрескана премногу, дека е од оние девојчиња кои се зависни од дечко, и ништо освен дечко. Оние кои ибјавуваат нон стоп слики, статуси, со дечко очигледно имат проблем, ама сакат да покажат дека се е во ред, хаха а можеби грешам.
    Ама ич не ми е гајле, што сакат нека праат, ако биде нека биде, ако не пак ок.....не е ни прв, ни последен.
     
    На Katina007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tatuvcee

    tatuvcee Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Незнам дали односите ни се ладат или што ми се случува,можеби само си правам филмови во глава.Заедно сме 2години веќе,досега се беше океј,сега како да сме уморни двајцата од се.Сакам да се видиме и се,но кога ќе се случи тоа како и двајцата сме многу уморни и како едвај да чекам да си заминиме дома,тој на работа..но наоѓа по пола-сат време и за мене.Почнува да ми забранува да шетам многу,несака веќе како порано по цел ден излезена да бидам со него или со пријателките.Кажува доволно беше досега сега малце да се стабилизираме.Знам дека многу ме сака се како што поминува времето се повеќе и повеќе ме сака.Незнам дали е правилно тоа...и што да правам..Или сепак треба да одмориме еден од друг,а не секој да се гледаме.
    А и мисли дека не му верувам,дали тоа навистина го повредува...?!
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Во последно време дечко ми почна да ја претерува со неговата љубомора.
    Одиме скоро 1 година од различни градови сме, но тој е премногу љубоморен..
    Се лути што сум се сликала со најдобриот другар и побара да ја отстрнам сликата од фб,
    а наводно причината за лутење била дека сум немала слика на фб со него па зошто да имам со другарите.
    А ако толку многу сакам да се сликам со другарите ми рече да барам дозвола од него
    Иначе не сакам многу да се сликам, не сум фотегенична и затоа немаме заедничка слика.
    Почна ми забранува да се дружам со машки, а ако не му се јавам додека сум излезена одма се лути.
    Знам дека многу ме сака, но не сакам поради љубомората да раскиниме...
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Не ми оди на добро како е тргнат. Зборувај со него следен пат кога ќе се видите најотворено. Кажи му дека ти смета и да се повлече малку. Кој е он да ти забранува нешто? Бре, бре, стави го малку во ред. Воопшто не е океј тоа што го прави, и немаш зошто да го трпиш. Ако нема доверба, џабе е се. Разјасни му ги малку работите.
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Имаме разговарано многу пати на оваа тема, но изгледа залудно било.
    Јас никогаш не сум му дала причина да се сомнева во мене, го има мојот пасворд на фб може да провери кога сака се што го интересира.
     
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Биди поостра малку. И налути се ако треба. Не бива така, и сама знаеш дека не бива да се нервираш затоа што решил дечкото дека едноставно не му е доволна довербата, па сака да те контролира.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Според тоа што го напиша кај вас љубомората во врската е доста изразена...СИгурно внимаваш и на односот со него за да не дојде до крај на врската....Најдобро е да не регираш мнгоу на љубомората и да не избувнуваш...Најдобро е да седнете и двајцата во 4 очи да разговарате,да ја разгледате целава ситуација,ислушај го и ти него а и тој тебе за да можете отпосле да ја решите ситуацијата...Иако вака со љубомората од страна на твојот дечко нигде не идете,нема ништо да се постигне и на крај ке дојде до грдо раскинување...
    Најверојатно дечко ти е љубоморен по природа и наоѓа поводи за расправии...И тоа се случува бидејки тој едноставно нема доверба во тебе,бидејки љубомората се стекнува со недоверба и несигурноста....
     
    На crazylady и deckoto им се допаѓа ова.
  16. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека е нормално да биде љубоморен на твои другари и некогаш да мрчи за машки, сепак сте во врска, но не е нормално да ти забранува да се дружиш и да ти наредува што да правиш. Можеби се почувствувал запоставено од твоја страна седни и збори со него прашај го зошто се однесува така и најдете решение. Ако продолжи со истите испади или ако почне да се однесува уште полошо поубаво раскини си на време, многу е лошо кога дечко станува болно љубоморен.
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Типацов е болно љубоморен. Да не сум ти на него слугинка или роб? Ваквата врска нема да трае уште долго. поготово ако има некој што е болен љубоморен. Од каде знаеш што прави он? Ова ми изгледа тек на почеток да ти забранува, работи. нема уште долго да биде пред да ти забрани да не искачаш од дома, и ќе ти лупне идиотска причина.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Друг пат прашај го и во веце дали може да одиш.
    Млада си и смешно е најубавите години од животот да ги минуваш со забрани.
    Си се сликала со другар па што? Голема работа.
    Ти ако имаш нешто со тој другар сигурно нема да се издадеш и да ја ставиш сликата на фб.
    И знаеш како, секој ќе ти прави така како што ти ќе му дозволиш.
    Колку повеќе љубомори толку полошо прави и го постигнува спротивниот ефект.
    Ти си млада и сакаш да излезеш интересно ти е, сигурно нема да го одбиеш друштвото затоа што дечко ти не ти дава? Утре ако раскинете сама ќе останеш ем без друштво ем без дечко. И во некои случаи ќе бидеш приморана да го лажеш а на лагата и се кратки нозете и дупло поголема ќе ја направите работата. Далеку од тоа дека треба да се однесуваш како ќе ти светне, но ако ти е дечко не си ти негова робинка. Мене љубомората ме асоцира на недоверба а ако нема доверба во тебе шо мајка бара во тебе? Спомни му го ова и види што како.
     
    На Katina007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Потполно си во право.
    И за мене ова се глупости големи ама ко ќе си фатиш работа со мало дете тешко дека ќе излезеш на крај. Иначе јас имам 26 години а тој 25, ама исто како 12 години да има се однесува.
    Нема врска годините не се пресудни за една врска, но дечко ми некако секогаш си наоѓа некоја причина за кавга.
    Јас сум крива за тоа си признавам, јас му дозволив, а ако се побунам одма почнува да ме обвинува за нешто, секогаш сака да биде во право, а јас сум секогаш кривата.
    Во врска на далечина сме, заедно сме една година, се гледаме еднаш неделно , и тој тврди дека не сме се знаеле доволно за да може да ми верува. Можеби и далечината си го прави своето , но сепак врска без доверба и не е врска.
    Не сум му дала причина да се соменева се слушаме цело време на телефон.
    Иначе тој знае дека немам ништо со другар ми и никогаш нема да имам, но тој не може да ми забрани со кој да се сликам.
    Можеби се чувствува запоставено дека сум се сликала со другар ми а со него не, но како што напомнав многу ретко се сликам и нема воопшто причина да се лути.
    Тој всушност сака да биде главен во една врска а мене тоа ужасно ми смета и му го имам кажано тоа но тој пак си продолжува по старо.
    Не сакам заради љубомората да раскиниме ама од ден на ден станува се полошо.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Crazylady а што бара во врска со некој со кого не се знае доволно?:^)
    Ако така, дај му простор на човекот да те запознае па може и ќе почне малку позрело и посеризоно да се однесува.
    Ако сака да биде главен нека си купи кукла и така ја мести како нему ќе му текне, така ќе го има чуството како тој е главниот, нели?:D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.