Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Нормално дека тоа ќе ти го речат, пред се мала си шо дека одиш 9 месеци.. не ме сфајкај погрешно дека те осудувам или нешо сл. но ако толку сакаш кажи се кај некоја другарка :)
    Пред се родители се непријатно им е и се плашат ..
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Тоа со другарката не сум сигурна дека ќе упали...И нашите минале кроз тоа сигурно веќе знаат кај би одела ако веќе праела муабет на таа тема и и забраниле...
     
  3. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    ок ние и ден денес се собираме другарки на спиење така да кај нас е нормално и е ок :)
     
    На Hipica и Ulove им се допаѓа ова.
  4. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    па да знам,али кај неа е сеа друго ...да не кажела може би прошло некако ова со другарка,ама веќе кога праела муабет на темава и каже дека ќе преспие кај другарка сигурно би знаеле кај ќе оди :D
     
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Иако си полнолетна и треба сама да си одлучуваш што и како ќе правиш, родителите се тие што секогаш ќе бидат покрај тебе и се што ти кажуваат е кажано со најдобра намера и се за твое добро.
    JollyGirl со сета почит ама муабетот со другарката не ми се допадна ни најмалку, не е целта да излаже па да ја дознаат и да ја изгубат целата доверба во неа. Може и да не ја дознаат но нема да биде спокојна оти секогаш ќе постои едно што ако.


    Јас би ти рекла ако работата не ви е сериозна да си седиш мирна. Млада си може ќе имаш уште врски и кај секој дечко ли ќе спиеш дома? Немој да се зближуваш до толку, никогаш незнаеш што те чека утре.
     
    На YoungandBeautiful и Ulove им се допаѓа ова.
  6. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Па да, се зависи до родителите.. Нема што да се чудиш, едноставно не им е пријатно да и дадат на ќерката да спие во туѓа куќа. Пример на дечко ми родителите едвај му дадоа да дојде кај мене да спие, а бев сама во куќа на два спрата 4 дена. А богами и мене не би ми било пријатно да одам да спијам кај дечко ми, иако сме заедно 2 години, ако неговите се дома. Зошто не испланирате некој заеднички викенд или сл. А богами еве за месец дена можете и на одмор да одите заедно, па нема да имате никаков проблем. :D
     
    На Nausicaa, littlevampire, emilice28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    Тоа со викендот повеќе ми се допаѓа или пак одморот :D
     
    На kjukli и eloves им се допаѓа ова.
  8. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Има секакви родители , неможе да се каже дека не е нормално можеби тие така размислуваат , или пак имаат некакво лошо искуство со тоа и поради тоа така ти прават . Мене на пример мајка ми не ми даваше ни кај другарки да спијам до 18 години поради тоа што не сакала нити тие да идат кајмене нити јас да одам кај нив , иако мислам дека не беше тоа причината ама нема врска не е сега тоа темата , туку ако ти даваат кај другарки да спиеш можеш да излажеш и да одиш кај него затоа што 9 месеци не е краток период, мислам не ви е нова врската . Поздравче :*
     
    На emilice28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Може не е нова врската,меѓутоа може и на нејзините не им е пријатно да спие во туѓа куќа.Како прво може си викаат којзнае што ќе помислат неговите..А и ова за другарка пак ќе кажам,ако ја дознаат недајбоже...може цела доверба да ја изгубат во неа,според мене тоа не е добра идеа.Барем јас не би ризикувала,туку би се соочила со нив и би ги разубедила некако...
     
  10. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите женски ми треба совет шо побргу.Имам контакт со еден веќе 5 месеци,инаку не е од мојот град.Требаше да се видиме два пати но не успеа да дојде стварно не беше заради него ама јас не му опростив и го блокирав на вибер а на фб не и цело време ми пишеше ми се извинуваше значи секој саат ми досадуваше јас ништо не враќав.Еден ден му пишав да си најди друга женска оти мене нема шанси да ме добие он пак тука сум за тебе и ќе оставам за тебе и се.И утре дента гледам женска има.....Ме фати една нервоза,бес,иако се немавме видено ние баш имавме нешо посебно нз барем ја така мислам.И му пишам честито и вели сега кажи ми дали осеќаш нешто за мене ? Јас кажав не.Тој ми пиша планирал во иднина да биди со мене,нема да се откаже од мене.Јас му реков не сакам да пишиме веќе незгодно ми е.Он пишеше неколку дена ја не му враќав а се јадев знаев дека осеќам нешто за него и му пишав на вибер дека чуствувам нешто за него тој ми кажа одма ке раскине дека не му идела со неа.Му кажав лошо ми е ради ова ама додека не бидеш слободен нема да ме видиш.И раскинаа поради неа таа вечер она направи една грешка се погоди така.И од тогаш пишиме нонстоп ми се јавува ме известува се грижи за мене...Значи ја бев во врска 2 години така не сум се осетила сакана како сега.........Задутре треба да се видиме секако,знам дека овој пат ке дојди,ама не знам страв ми е да пробам одново.....Он и сега ми вика дека сум негова женска не па откога ке бидеме заедно....Само едно нешто ме кочи се на тоа мислам карактерот е ок ама и убавината си има некоја карактеристика нели...На сликите баш не е убав нз во живо каков е ....Мислам дека нема да ми се свиѓа а неможам да го лажам..Ако не ми одговара во сабота што како да му кажам...Долго е малко ама се ви раскажав...Чекам одговори,благодарам.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Па,ако чувствуваш нешто кон него,иако викаш дека и не е нешто нај......Значи си се заљубила во неговата душа,а не изглед.Пробај,обиди се,може ќе бидеш среќна.И сама кажа дека си нервозна и дека ти било глупо кога фатил нова.Што значи ипак ти значи...Обиди се,ако мислиш дека нема да можеш ќе најдеш начин да му кажеш..
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Пак ќе го блокираш на вибер и ФБ и нема повеќе да го деблокираш
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  13. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека имаш чувства кон него,дека го сакаш.Обиди се,ако не ти одговара во сабота,одблокирај го од вибер,фејсбук и кажи му ја вистината за тоа што неможеш да дојдеш.Договорете се за друг ден:)Ти држам палци се да помине добро;)
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Малце звучи глупо и може не е ни место во оваа група, но како блокирате на вибер ? :)
     
  15. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    И ја тоа сакав да прашам :?:(fingers)
     
  16. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Како се блокира на вибер? :)
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.607
    Пол:
    Женски
    На фб и во живо па 80% од луѓето се различни. Од мене совет имаш да останеш приземјена да си ги контролираш чувствата овие два дена, и да се спремиш психички и за добро и за лошо. Можно е да се разочараш од изгледот, од карактерот од муабетот во живо, може да ти се допадне уште толку. Сепак биди подготвена и на двете варијанти за да не кукаш после тоа. И внимавај да не е превара типот.
     
    Последна измена: 7 мај 2015
    На Zeynep, Ulove и Adina им се допаѓа ова.
  18. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Дали би биле со некој кој не го сакате, некој кој ви е одвратен, ама тој ве сака многу и прави буквално се што сакате? Дали би биле со тој бидејки немате со кој? Тој да е грд и сиромсшен (духовно) да не се грижи за своето тело ама ете нема со кој. Тој да е едонствениот што ве разбира и прави се за вас.. Потребни ми се вашите мислења.
     
    Последна измена: 7 мај 2015
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Епа од тоа си патиме, да се гледа надворешната убавина и духовноста наспротив љубовта и честа.
    Но да не те осудувам, ти ако не го сакаш зашто се впушташ во такво нешто и му даваш лажна надеж?
    Како да не можеш без дечко.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Фразава „..бидејќи немате со кој“ толку грдо и глупаво звучи,што го уништува целото прашање.
    Зар мора да бидеш со некој,онака ради реда,да не бидеш сама? Па,полошо од тоа здравје.
    Друго,фактот дека за некој нагласуваш оти е грд само покажува колку всушност си површна.
    И како би била со некој што го чувствуваш како одвратен? Башка тоа,како може личност што ти го дарува срцето и те исполнува со среќа,да биде одвратен? Едно е да не го сакаш,друго е да имаш такво долно мислење за него.

    Знам дека ништо не ти одговорив,само филозофирав,ама најискрено нема нормален одговор на твоиве прашања.
    Генерално би ти рекла,биди со човек што те прави среќна и што си подготвена да му дариш љубов и внимание и да го третираш како тој тебе.
    Не ги етикетирај луѓето како грди и убави,убавината е релативна,за мене најубавиот,за тебе најгрд итн...
    А ако е сиромашен духовно,а тебе не ти лежи,сама ти одговараш на се,затоа постои капак за секое тенџере.
    Најбитно од се,не давај надеж на личност само поради тоа што ќе кажат другите или осаменост и стравот да не останеш стара мома.
     
    На Nausicaa и Hipica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.