Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    А си се запрашала некад дека ти си таа грдата? Сериозно, сеуште ли се употребува зборов за кога станува за љубов? Исфрли го зборот од речник. ќе биде подобро за тебе.

    Отвори Таб во вибер
    Settings
    Privacy
    Block List
    Ќе ти се појави прозорче и ќе го пишеш бројот и така :D
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Не убаво објаснив. Тој знае дека не го сакам му кажав дека не сакам да му давам лажна надеж ама тој сакаше да биде со мене и покрај тоа. Јас го гледам само како пријател ама тој толку ме сака. Си велам не биди толку слаба да одиш со било кој само за да не бидеш сама.. Инаку верувај сум се запрашала и можеби е така можеби сум грда не велам не.
     
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Не се преоптеретувај толку.
    Ако не го сакаш, грд ти е и не сакаш никогаш ништо со него, ќе му кажеш и ќе се тргнеш од него. Негов проблем ако не знае да прифати не.

    Немој да влегуваш во бесцелни и непотребни врски само затоа што не можеш да најдеш некој друг. Ќе го повредиш уште повеќе, а и самата се ставаш во глупава ситуација.
     
    На Nausicaa, tessie, Hajdi22 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Знам дека не вредам да најдам подобар а инаку се ми е испомешано во глава.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека вредиш, не пишувај глупости.
    Секој заслужува да најде некој за него. Овој очигледно не е вистинскиот за тебе, значи продолжуваш понатаму и не се замараш толку.
     
    На tessie, Hajdi22 и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Не можам да пронајдам зборови за тоа што го чувствувам. Стварно не знам што и како да правам. Ќе треба да размислам. Како и да е фала ви за мислењата.
     
  7. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.487
    Сум била во твоја ситуација и сум ја прекинала врската. На почетокот ми беше чудно, но еве година ипол и повеќе како сум сингл, посреќна во однос на некоја одлука не сум била.
     
    На Hajdi22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Немој, неможеш со сила да бидеш со некој само оти е добар со тебе или ти немаш со кој. Јас барем не би можела, тебе те разбирам со прашањето и таман ти е на место. Остани пријателка со него оти замисли ако му пружиш прилика ќе треба да те допира, да те бацува после некое време ќе треба да имаш односи со него. Ај замисли го тоа, ако ти изгледа фино ок, ама ако ти изгледа одвратно НЕ!
     
    На Hajdi22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Токму тоа ме мачи, кога кажав одвратен мислев на тоа дека не можам да се замислам со него. Сега е на бакнежи и допири само ама сигурно нема да сака само да се бакнува и мене во тие момени ми се плаче. Знам дека треба да имаме односи ама џабе се кога не го сакам. А знам дека ако продолжам со него ќе биде во скоро и јас него потполно го разбирам не е дете па ај само за рачиња ќе се држиме. Правевме муабет и јас му реков да бидеме пријатели ама тој рече не можам да си ми блиску ама далеку и не можам да ти давам совети за дечковци.
    Сепак ќе размислам што понатаму дали да прекинам со него. Фала ви на советите. :)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Види вака: ти не си виновна што тој не ти се допаѓа и што го гледаш како пријател и ништо повеќе. И никој не рече дека вашето пријателство треба да се заснова на совети за дечковци.
    Не си должна да делиш милостина само затоа што некој е предобар со тебе.
    Ако дечкото не може да се помири со фактот дека не те привлекува и ако не може да ти биде ниту пријател, тогаш прекинете контакт.
     
    На Nausicaa, crimson и Hajdi22 им се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Гледај тебе да ти е добро.
     
    Последна измена: 8 мај 2015
  12. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    JustFan ти благодарам на искреното мислење, секогаш ја ценам искреноста.
    И немаше потреба да го изменуваш мислењето, добро си беше, мислам, сосема си беше на место мислењето, да знаеш воопшто не се навредив, не може да ме навреди некој кој не го познавам и тоа на форум. :)
     
  13. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Една работа да знаеш дека никој не е грд ама баш никој. Ти неможеш да го правиш тоа со него само затоа што ти е грд, Никаде нема да одиш со вакво размислување
     
  14. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Те молам да ми кажеш што ти е поентава на муабетов? Очигледно, не можам да те разберам.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како типот знае дека не го сакаш,а упорно сака да биде со тебе.Па за мене тоа е немање достоинство и понижување.
    Знам дека ти реплицирав остро вчера,па сега само да ти кажам да прекинеш додека не си имала односи со него,пошто не да ти биде криво,ќе се изедеш жива.
    И ако не разбира со арно,дисконектирај се комплетно од него,од социјални мрежи и од гледања во живо.
    Кога ќе види дека немаш никаков интерес,ќе се откаже.
    И не барај од него да бидете пријатели,како ќе те заборави? Замисли се во негови чевли:Ти заљубена во некој што те гледа само како другарка,нема да те боли кога ќе ти раскажува за други?
    Значи како што реков,најдобар пристап-изолација на одредено време и ќе те преболи.
     
    На Hipica и Bokchee им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    @Hajdi22 , јас навистина не можев да разберам како си можела да почнеш врска со некој за кој мислиш дека е одвратен, грд итн.
    Сами си го комплицирате животот, па после друг ви е крив.|(
     
  17. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Сигурно вие никогаш за никој/никоја не сте кажале дека е грд/а. Во тоа сум многу сигурна, да. И повторувам, не мислев грд физички.
    Јас ако одлучам да бидам со него нормално нема така да зборам за него, штом одлучам да бидам со него значи го прифаќам таков каков што е, но не сакам да згрешам да бидам со некој само поради тоа што ниту едно друго машко не ме сака (сигурно сега превтувате очи и си велите не тропај глупости секако ќе се најде некој и за тебе, но кај мене ситуацијата е малку поинаква).
    И не, не сум со него само затоа што немам дечко, туку јас немам никој, буквално сум сама, немам со кој да го прославам роденденот, немам со кој ни за н.година, нема со кој на прошетка, на кино... Верувајте многу е тешка таквата ситуација. За н.година бев сама дома. Моите со пријатели во ресторан, брат ми со другари кај еден другар, јас си лежев дома сама во темница додека сите си слават. Бев сама со темницата и тишината. Бев и сама и осамена. Во такви моменти, се прашувам која е смислата на моето постоење.
    Можеби треба да го прифатам таков каков што е, како што тој ме прифати мене таква каква што сум со сите мани и недостатоци....
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Добро ај сега да не глумиме, на сите по некој ни е грд. Убавина е релативна работа, и јас на некој сигурно сум му грда.
    Ако не ти се допаѓа, не ти се допаѓа, нема што да направиш. Колку и да пробуваш да го прифатиш, тоа е тоа.
     
    На Nausicaa, Hipica, littleflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Ете јас се пронајдов во твојата реплика, како резултат на мојот пост од претходно, па ќе ти одговорам.
    Да имам кажано за некој/а дека не ми е убава, пријатна за око, дека ми е ограничена и ред други работи, ама затоа јас навреме се одалечувам од такви луѓе, кои не годат на мојот карактер и духовно ме осиромашуваат итн.

    Моментот кој не ми е јасен, е следниов-како мислеш духовно е сиромашен, внатрешно е грд?
    Нема задоволителен степен на образование, не е романтичен, кавалер или како?
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Зошто да го прифаќаш,да се тераш себеси да ти се допадне,кога очигледно е дека не делите исти страсти.
    Па ако си осамена,барај начин да прошириш видици,да најдеш пријатели,можеби не си доволно комуникативна,можеби е нешто сосема друго,ама фокусирај се на таа страна.
    Еве веќе трет пат реплицирам,досадна станав :D
    Секогаш ќе имаме некои мрачни периоди,ама потруди се да ти биде поубаво,зар чекаш некој да ти тропне на врата и да те викне на кафе?
    Или чекаш со некој да се судриш,да ви се спојат погледите и да се заљубиш на прв поглед?
    Тргни од единствената работа што ти е јасна во моментот-дека не го свиѓаш момчето воопшто и дека не сакаш да бидеш со него.
    Кога ќе расчистиш таму,продолжи со следни цели,а верувај ќе се најде секако некој за тебе,во вистинско време и на вистински начин и ќе ги побуди вистинските чувства.
    Се внесов во проблемов бидејќи како тинејџер сум имала такви депресивни периоди и сфаќам како размислуваш,ама мора остро да ти укажам дека не е се така црно и дека не мора да правиш ништо што не сакаш.
     
    На Hajdi22 и crimson им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.