Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    6 години се многу за да ги фрлиш во вода а притоа кажуваш дека го сакаш дека сте имале преубави моменти и слично, го сакаш, патеш, не е сеедно .
    Ете сте имале лош период во врската и сте се разделиле.
    Сега сте сватиле и дека всушност се сакате зошто да не сте заедно?
    За проблемот околу расправањето за ситниците јас би ти рекла дека баш на тоа поработете во врската и седнете разговарајте. Кажи му дека тоа ти смета. Едноставно стави ги сите лоши и убави моменти на кантар, па види што натежнува.
    Секој има лош период во една долга врска, но штом се навракаш на сето тоа и ужасно ти недостасува сигурно има љубов.
    Пробајте повторно, види како ке фунционирате, дај и шанса на љубовта, и едноставно или ке има среќен крај или животот продолжува.
    Некогаш баш оддалечувањето од саканиот и некои од проблемите помеѓу вас ви ја продлабочува врската и едноставно уште повеке се заљубувате еден во друг.
     
    На Friday, Lotus-14 и exoticgirl им се допаѓа ова.
  2. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    @Friday Не се седи на два стола.Добро ти кажал дечкото,не е убаво да му даваш лажна надеж.Според мене
    малце и користиш што сигурно те сака па се гледате од време на време.Да бил некој друг одамна ќе играл на карта сигурност,односно или или.Штом велиш дека повторно ти се вратија чувства,ти е убаво со него,зошто не се обидеш повторно?Сметам дека многу внимание обраќаш на ситници.Па многу нормално дека ќе имате мали несогласувања во карактерот,секој е различен,неможе во се да се согласувате.Добро ти кажаа другите,а и самата ти,на денешно време тешко ќе најдеш некој лојален,верен и кој те почитува.Размисли одлуката е во твои раце.
     
    На cresa-jagoda, Friday и vitamina им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Јас дадов мое мислење,ако побараш ти, ке ти дадам и на тебе.Не ми се допаѓа терминот што го употребувате,фрлање на 6 години....никој ништо не фрла,тоа се години живеење во кои имало секакви моменти,тоа е живот,а дали она сака да го продолжи со истиот ритам е само нејзина одлука,тука не треба памет туку срцето треба да одговори,тоа е оладено.
    Од искуство реков дека имам пријатели и тоа со кои сум била во интимни односи и верувај дека навистина ми се драги и било каков совет да ни треба или помош или ете лаф моабет на кафе, подобри ми се од некои другарки.Незнам која наука ги испитувала но ова е моја вистина и незнам зошто се жестиш.Луѓе се разделуваат и после 25 год.заедно и незнам што е проблемот ако биле 6 год.
     
    На Friday и anakonda88 им се допаѓа ова.
  4. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Дијаметрално различни претстави за светот и работите во него. Задржи го своето, јас стојам зад моето. Нити ќе те разубедам, не ни пробувам. Не ни помислувам да одстапам од својата перцепција. Поздрав.
     
    На Friday, vitamina и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Ви благодарам многу девојки, меѓутоа тешко дека ќе прифати да останеме другари, разделбата кај нас значи веќе да немаме никаков контакт освен едно Здраво...за жал.
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    @Friday Дај и шанса на љубовта, 6 години не се малку, мислам дека ќе успеете да бидете среќни и заљубени меѓусебно и понатаму, мали недоразбирања постојат во секоја врска, само треба секогаш смирено и со разговор да се надминуваат. Според тоа ти што го напиша такви карактеристики многу тешко ќе најдеш кај некој друг.
     
    На Friday му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Прашај ја бе.

    Јас мислам дека ти повеќе не го сакаш дечкото, си го побарала само бидејќи ти недостигал што е нормално. Исто така мислам дека и незнаеш што сакаш. Јас би ти рекла расчисти си сама со себе. Шест години не е мал период во никој случај. Изолирај се од се и од сите и размисли си. Дали си сигурна дека го сакаш сеуште дечко ти и сакаш да продолжите, а не се работи само за навика или повеќе сакаш да си слободна девојка?


    Што и да одбереш секогаш ќе се прашуваш како ќе беше да постапев поинаку. Останува на тебе, не избрзувај.
     
    На Friday и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    преиспитај се дали ти недостига од навика или од тоа што го сакаш ?? Мислам дека заради навика сакаш да му се вратиш , инаку го делам истото мислење со baba rada во право е , ако вистински сакаш да му се вратиш не би се двоумела туку со песна и со трчање ке одеше кај него и пресреќна што ке бидете заедно , толку од мене а ти како сакаш .Поздрав и све нај нај
     
    На Friday му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Си ја згрешил темета,оди кај психопати...опс...оди кај псигологија....мршшшшшшш
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Каснам деновиве со мислењава, ама што да се прави... :)

    Фрајдеј, далеку од тоа дека ние на форумов ја знаеме твојава ситуација подобро од тебе, ама врз основа на тоа што го имаш напишано, ќе пробам да ти дадам совет.

    Штом си прекинала 6-годишна врска, очигледно нешто не штимало. Пред да донесеш одлука дали пак да бидете заедно, потсети се на тоа што те натерало да раскинете и преиспитај се - дали причините биле навистина вредни за раскинување и дали истите тие работи повторно ќе ти пречат ако се смирите.

    Од напишаново имам впечаток дека додека сте биле во врска ти не си се чувствувала слободна. Можам само да нагаѓам зошто било тоа така. Но, не гледам причина да мораш да бираш помеѓу две работи - зарем не може да се биде во врска со некој, а притоа човек и да се осеќа слободно, да си има и пријатели со кои и понатаму ќе се дружи?

    Ако тој на некој начин те условувал или ограничувал во твојата слобода или дружење со други луѓе, тоа во секој случај не е во ред и е нешто што треба да го имаш во предвид пред да одлучиш да му се вратиш.

    Еве ти совет од мене - немој да остануваш во врска или да се помируваш со мааните на партнерот само од страв дека подобар нема да најдеш (или дека ќе најдеш и полош). Луѓето тежнеат да се противат на промени и да се задржуваат на она што им е познато - макар и да не е добро за нив. Најверојатно и твојата желба да му се вратиш (барем делумно) се должи на ова - можеби врската не ви била најсјајна, но тој ти е познат и на некој начин „сигурен“ избор, а без него понатаму во животот те очекува неизвесност.

    Барем за мене во љубовта не треба да има компромиси - ако некого сакаш, ќе го сакаш и прифатиш со сите добри и лоши страни. Ако навистина го сакаш, мој совет ти е да пробате уште еднаш. Но, ако сакаш да му се вратиш само поради стравот дека нема да најдеш подобар - тогаш, немој. Нема да биде фер ни кон тебе, а ни кон него.

    Сепак, ова ти најдобро си го знаеш и само ти можеш да одлучиш.

    Поздрав!
     
    На anakonda88 и Friday им се допаѓа ова.
  11. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Сакам да ве прашам за мислење.. За претходната врска на дечко ми имаме разговарано неколку пати онака, зошто раскинале, колку време биле заедно. Колку што бев запознаена со тоа знаев дека раскинале почетокот на октомври(2013). Тие не биле толку блиски се гледале дали еднаш во 10 дена затоа што таа не живее во нашиот град. Тој овде ја изневерувал со друга девојка и кога девојка му отишла кај него на кафе другата му пишала Срцка кога ќе се видиме пак и неговата му се налутила ама продолжиле да комуницираат и да се гледаат после тоа.Потоа тој прекинал да се гледа со другата и се скарал со девојка му и излегувал со друга. Ние се фативме една недела пред Нова година и не се знаевме добро и јас не знаев дека тој имал врска со друга дека ја изневерувал и дека додека биле скарани тој излегувал со трета. Синоќе разговаравме нешто онака за мојот бивши дечко и тој спомна нешто за таа врска што ја имал и ми го кажа ова што ви го пишав. Бев шокирана и незнаев како да реагирам кога ми кажа дека откако се фатил со мене потоа завршил со трите и останал со мене. Цела ноќ не спиев и размислував за тоа. Мислев дека знам како му завршила претходната врска... Што ако пак го прави истото ?? (facepalm):?:
     
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако дечково го направил тоа еднаш, ке го направи и уште еднаш.
    Едноставо од тоа што прочитав за ситуацијава сватив дека на дечкоти му е било преку глава и од двете па ставил крај со истите и си продолжил со тебе, и тоа не значи дека пак ке го направи истото. Животот е ризик ако не пробаш незнаеш, тука никој не може да потврди што тој ке направи во иднина, но вреди да пробаш да разговараш со него на темата и да го прашаш за искрен одговор. Па ке процениш самата. И те молам не мисли од типот "што би било кога би било" животот е неизвесност, уживај во моментот. Ако се сакате и двајцата зошто да не би биле заедно?!
     
    На Luciano му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    6.403
    Пол:
    Женски
    za @Friday Девојко, дај и шанса на врската..6 години се, не 6 дена :) Не е малку тоа. И сама кажа дека не сакаш да го изгубиш. :)
     
    На Friday, exoticgirl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Дечки ми треба совет , мојот поранешен дечко има многу пријатели и бидејќи ни е мал градот скоро со сите се дружи , комуницира , а особено со тие што се на негово ниво , е сеа мене ми се свиѓа еден , а и него најверојатно јас , ама тој многу убаво живееје со овој мојов поранешен , јас со поранешниот сум више со години раскината , но понекогаш се гледаме , а и со него не ми се расипани односите , мислам на тоа дека си комуницираме од време на време , не сме скарани . Јас сакам и со овој другиот да пробам ама не ми е убо затоа што знам дека се дружат со поранешнио , ама од друга страна и поранешнио неможам скроз да го забравам , а мислам дека и тој уште не ме забораил зашо до пред некое време се гледавме , и сеуште комуницираме . Од друга страна јасно ми е дека ако почнам да се гледам со другар му , секако веќе тешко ќе биде за смирување , а и ако не е сериозен овој другар му ќе ги изгубам и двајцата . Вие што мислите дека е најдобро за се стори?
     
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.974
    Пол:
    Женски
    @Lina Stojanoska колку што разбрав jас со бившиот имаш расчистено одамна. Така да секоj си тера своj живот понатака. Jас би си jа пробала среката со тоj другарот што ти се допага. Знам дека е мал град и секоj со секого се знае.
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Треба да си ги средеш мислите во глава. Колку што разбрав не си заљубена во ниту еден од двајцата, и се мислеш сеуште со кој да пробаш, а зошто мора баш од тие двајца да биде некој?! според ова што го кажуваш најубаво да си продолжеш со некој сосем трет, со тек на време сигурно ке запознаеш некој, немој да испадне подоцна да почнеш со едниот од двајцата па да ти фали другиот или пак да не ти е пријатно. Дај му време на времето немора да избрзуваш со одлуки, можеби твојата среќа е некаде со друг. Зошто да бидеш со еден од двајцата и притоа тој другиот секогаш да биде тука до вас околу. Ипак никој не може да ти каже како се чуствуваш ти, ти најдобро си знаеш, размисли и неизбрзувај со одлуката за да не се каеш подоцна.
     
  17. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Па неможам да кажам дека расчистив со него , пред некој месец бевме пак заедно и ми кажа дека не ме преболил уште , а и јас тешко го заборавам , ама штознам мислам дека за да го заборавам него полесно ќе биде ако пробам со некој нов пошто бившиот некако поладен е со мене, од друга страна па ако навистина ме сака уште не сакам да излезе повреден..
     
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.974
    Пол:
    Женски
    @Lina Stojanoska тогаш jас би ти рекла да си размислиш прво ти што сакаш. Дали би му се вратила на бившиот или сакаш со новиот да бидеш. Потоа и со бившиот еден муабет добср да напраите. И сама кажа никоj да не биде повреден.
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Види вака, ако сеуште официијално не си расчистила со поранешниот и до скоро сте се гледале не почнувај ништо со новиот, оти ќе испадне ептен непријатна ситуација. Од друга страна пак свиѓањето е пролазна работа, денес ти се свиѓа утре не. Многу е важна причината зошто сте раскинале со бившиот. Јас би ти рекла убаво да си расчистиш со себе и да си размислиш што сакаш. Ако со бившиот мислиш дека имате шанса пак да успеете тогаш обиди се, ако мислиш дека нема да оди пробај си со новиот. Се лажеш ако мислиш дека ако пробаш со некој нов ќе го заборавиш бившиот, може моментално ќе ти се измешаат чуствата и ќе ти биде потешко.

    Јас на твое место не би била со ниту еден. Кога сум во опција да бирам двајца, јас бирам никој. :D
     
    На Lina Stojanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Glorry-Iv

    Glorry-Iv Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devonki bi sakala da ve zamolam za sovet epa vaka jas i dechko mi sme vo vrska 1,7 meseci toj raboti vo germanija malce sme odalecheni pochnavme mnogu da se karame normalno vo sekoja vrska ima kavgi no ova ja premina granicata se mu smeta a najmnogu shto obrativ vnimanie e na toa shto mene mi docneshe a toj uspea da me prasha koja e prichinata bidejki toj ne bil vo mk shto znachi normalno e se somneva :( a posle toa prashanje mojte chuvstva se svedeni na minimum bidejki se pochuvstvuvav mnogu nisko :'( ve molam dajte sovet
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.