Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не можам да го сватам.
    Се работи за еден дечко, го свиѓав од одамна, и ова лето работеше во кафич во кој често излегував, се започна со погледи, ме адна на фб и една вечер ми пиша, пишевме цела недела, а потоа ме праша дали може да му дадам број, и ме праша дали ќе сум слободна викендот, и јас реков дека порано ќе си идам дома, а тој рече дека ќе оди во друг град и не знае кога ќе доаѓа, и ми рече дека ќе се договориме за сл.виекнд ако сакам...
    И после тоа ми пиша Вторник, најобичен муабет, дојде овој викенд и ништо, нити ми пиша, ни ништо...
    Се немавме сретнано во град, освен сношти, седнав во кафичот кај што тој работи, цело време ме гледаше, и потоа влезе внатре и не се појави. Мене сварно ми е чудна ситуацијата, до сега вакво нешто ми се нема случено....Кога најмногу очекував го немаше, а знам дека еден ден ќе ми пиши пак, но мене почна веќе да ми се одмилува, ова е смешно и чудно.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    А зошто ти не му пишиш прва? Прашај го дали си го налутила со нешто мој совет, пак ќе си пишите слушај ме пиши му ако е во градот вечер излезете :)
     
    На beautu17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе му пишам прва, искрено сакам, ама од друга страна срам ми е, мн.ми е срам...
    Разлика сме 5 години, иначе и живееме во исто мало..
    Многу се изнервирав сношти, се понашаше како разбркан, колегата го викна да наплати на една маса кај што седев блиску и тој дојде после 15 мин, и после помина откај мене и ме погледна и тоа неколку секунди траеше, цело време значи беше внатре потоа, кога станав пак ме гледаше и толку. Ама ме иритира тоа што се скри внатре, како да бега од мене, глупости.... А можеби не знае што сака, или веќе не му се свиѓам, не знам што може да е друго. Ама прва ми е глупо да пишам после цела недела, да не поминеше толку време, можеби ќе пишев ама сега..
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimibt

    mimibt Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ^ А што ако тој чека сега ти прва да му пишеш или да го побараш? И самата кажуваш дека секогаш тој прво тоа го прави , па може не сака да ти е досаден или пак си мисли дека не си заинтересирана за него и ќе се повлече , нормално. Не се срами и пиши му, барем ќе знаеш на што си.
     
  5. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Значи имам 16 години (знам млада сум).Никогаш не сум се мувала :'( а може да се каже и дека сум немала дечко.Значи знам дека не сум сигурна и се плашам,немам никаква доверба во себе.Се изолирувам од светот и избегавам одење на забави.Свесна сум дека така нема да можам да запознам некого но имам таква болест што се тресам кога ќе се најдам во просторија полна со луѓе.Ве молам некаков совет.ЗНам дека ситуацијава ми е премногу збркана :sweat::(:puke:
     
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Како викаат стари, све во свое време. И јас имам 16 и немам дечко па не е страмота. Друго е кога ќе го најдеш вистинскиот друго е ко ќе губиш време на идиоти, барајќи го вистинскиот. И јас не сум многу по забавите да ти кажам право, не е забавата повод да си најдеш дечко. Дечко може да ти стане и обичен дечко кој седи во кафуле до твоето сепаре а не шарлатант со јегер во рака.
     
    На lions, Осамената09, bella.s и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    @Осамената09 Сето тоа е нормално за твои години и тоа е нешто низ што поминуваме поголем број од девојките. Секако постојат и оние кои не им е гајле каков впечаток ќе остават битно им е да дојдат до пленот, но на долги стази тие девојки губат затоа што е докажано дека маж секогаш се позаинтересирани за оние мистериозните како тебе отколку некоја што им се нуди и на чело и пишува е* и ме.
    Дали за тоа што си несигирна и повлечена постои и некоја друга причина на пример незадоволство од физичкиот изглед?
    @x-MajaEsposito-x Мислам дека на ваши години тешко е да се зборува за вистинскиот, сепак во тој период може да се зборува за прва љубов,за дечковци со кој ќе ѓи осознаваш тајните на љубовта додела вистинскиот ќе го бараш многу покасно. Тие почетни љубови се повеќе за обука отколку за нешто посериозно.
     
    На Осамената09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Точно кажа сеуште си премногу млада за да донесуваш вакви заклучоци дека неможеш да го совладаш стравот во тебе и те плаши новата ситуација и самите нејзини моменти.
    Живееш во години каде што почнуваш да го распознаваш светот, почнуваш да излегуваш и да комуницираш со луѓето, всушност овој е тој период каде што преминуваш во фаза на излегување, комуникации и моменти што прв пат се соочуваш со сите нив, тинејџерските години се премногу возбудливи и емоционални за секоја девојка.
    Најнормално дека ќе ти биде страв од оваа нова појава и етапа од твојот живот, ова е нормално и не треба воопшто да те плаши.

    Знаеш што значи зборот спонтаност?
    Ете всушност овој збор а воедно и неговото значење ќе го применуваш во сите дадени ситуации, ти си во период каде што се оформуваш како личност и од самата тебе зависи каков карактер, став и однос ќе изградиш понатаму.

    Не треба воопшто да те плаши гужвата, ако не ја сакаш не мора да ја применуваш, немора да одиш на места што не ти се допаѓаат, има многу места каде што би можела да излегуваш и да запознаваш луѓе верувај, а единствено спонтаноста на сите дадени ситуации ќе те води и ќе го совладаш стравот во тебе.
    Ова е само период и почеток на нешто ново во твојот живот а ќе увидеш и ти самата дека нема страшно и лошо, дека ќе го пребродиш стравот и дека сето ова што те мачи наскоро ќе исчезне.... ќе се стабилизираш и ќе се прилагодиш на средината во која што се наоѓаш.
     
  9. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Пиши му, не знаеш каков му е бил денот! :)
     
  10. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски

    Сосема се согласувам на се што кажа.Но јас живеам во таква средина каде што немам некои големи избори за излагање.Јас повеќе сакам на пример да излагам некаде во природа со друштво или да одиме во некој парк.Но тука нема ништо,и сите те сметаат за ништо ако не излагаш на забави и сите зборуваат лошо за тебе ако те видат во некој парк затоа што мислат дека таму одат само оние кои што се дрогираат.Во таква средина живееме што немаме преголеми избори :P
     
  11. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски


    Па нема да негирам дека се сакам себеси.Сите ми велат дека треба прво да се сакам себеси па после некој да ме сака мене,но последниве неколку години имам многу проблеми а и накачив неколку килограми така што не сум некој голем фан на мојот изглед
     
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Ете ја причината за твојот проблем, кога ќе се прифатиш самата себе и кога нема да се срамиш од сопственото тело тогаш ќе исчезне и таа несигурност.
     
    На Осамената09 и bella.s им се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е во склоп со мојот "проблем" подкатегоријава (и темава) ама, сепак, ќе кажам.

    Веќе месец и пол искачам со "него". Нешто како во врска сме. Ме третира и поубаво отколку што заслужувам, само што ми пречи што никогаш не ми наоѓа маана... Никогаш не се пожалил за нешто, секој ден комплименти ми дава и се чувствувам лошо... Не знам, дали мисли дека ќе бидам повеќе време со него ради комплиментите или едноставно така си ги кажува...? Иначе, многу фер е, интелигентен, фин, го познавам 5 месеци уназад и од секогаш пријатно сум се чувствувала во негова околина, но никогаш не сум добивала толку многу комплименти од личност и чудно ми е, дури и сумљиво.
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Чекај, чекај, уште е рано ;)
    Подобро уживај во периодов, на секој му годи малку ласкање...Рано е уште од сега да наоѓа маани, ем стравот да го откачиш, ем не би ни требало уште од сега да ги гледа мааните...треба да е заслепен од заљубеноста :)
     
    На vitamina и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Папилон слободно опушти се ужива и живеј во моментот.
    Ова се тие први љубовни денови опсипени со љубови, милини, спокој и многу прегратки...
    За овие денови утре ќе се потсетуваш и слатко ќе се смееш..

    Врската се уште ви е на самиот почеток, и ова што ти го опишуваш т.е карактерот на дечкото е сосема нормален во самиот почеток, најнормално дека сеуште ви е рано за некакви кавги или маани, биди спокојна и не си создавај проблеми и нервози онаму каде што не е потрбно, во овој период вие сеуште се запознавате и уживате во почетокот на вашата врска, сеуште нема простор за разглабување на некои дискусии и тематики.

    Спонтаност... само спонтаност, препушти се и остави на времето да ви покаже дали се љубете и всушност колку заслужувате да сте заедно, со тек на времето се ќе се случува спонтано и ќе си доаѓаат сите чуства и емоции.. ќе се зближувате се повеќе и тогаш ќе надојдат секакви моменти, секакви случки во вашиот живот.
    Ќе испливаат на површина и разликите, и умешноста за решавање на проблемите, почитта, подршката, искреноста и довербата помеѓу вас.

    Ете тогаш...со текот на времето и самата спонтаност во вашата врска сите работи ќе си испливуваат на површина...ќе видиш и ќе почуствуваш.
    Сега засега запознавајте се и уживајте во најслатките почетни моменти од вашата врска.
     
    На Papillon.Papi и LUCERKA им се допаѓа ова.
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.468
    Пол:
    Женски
    Сум била баш во иста ситуација. Јас не знам отприлика колку време искачавме ама исто не беше многу.

    Детево цело време се однесуваше кон мене ко јас да сум божица и триста други глупости, до степен каде што изгледаше ептен лажно.
    Секако дека ние женските сакаме внимание и љубов, но до одреден степен.
    Лесно е да се примети дека тоа е само негова глума.
    Но сепак види си ти сама со каков човек си имаш работа, ако ти е убаво со него и ако видиш дека стварно ги мисли тие работи. терајте уште ќе видиш што и како ќе ви биде.
    А ако почне дури да те иритира со тоа однесување, или кажи му, или на крај краева толку :D така јас направив и искрено не жалам.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Се знаеме некои 7-8 години, пријатели од средно. На почетокот имавме обична пријателска комуникација, но тешките животни судбини беа тие што не зближија.

    Низ годините развивме мошне длабок и искрен однос, си ги кажуваме проблемите, си даваме совети. Имањето на таква личност покрај себе ми помогна да се движам низ животот.

    Иако на почетокот на нашето пријателство, имаше отворени симпатии од моја страна, таа јасно ми даде до знаење дека не е заинтересирана и јас со тоа се помирив. За сетоа ова време, таа имаше неколку врски. Имав и јас, иако доста кратки и неуспешни и мислам дека во секоја несвесно ја барав неа.

    Пред две-три години повторно ми се појавија чувства за неа, што и би било реално со оглед на честата дружба, но се обидов да ги потиснам и решив да не и кажам. Откако лани раскина со претходниот дечко, кој патем психички и физички ја малтретираше, стана посреќна и поведра личност и можеби тука беше мојата грешка што во таквото нејзино расположение јас видов флерт кон мене. И додека се враќаа чувствата и дур се мислев дали го преболела бившиот, и дали да повлечам потег, на неполни 3 месеци после раскинувањето со бившиот ми соопшти дека има нов дечко.?! Повеќе од година дена се во врска, и иако според мене карактерно не си одговараат, типот навистина ја сака и се грижи за неа, па можеби и затоа не сака да го испушти. Во скоро време планираат и веридба и искрено не знам како и со кое срце ќе се појавам таму...

    За мене таа е личност пред којашто можам да си ја отворам душата и да кажам се што мислам, а да знам дека нема да ми биде судено. Поучен од неколку разводи на мои блиски, сметам дека животниот сопатник треба да биде некој со којшто се има почит и разбирање и со кого си духовно компатибилен, а јас тоа го најдов кај неа. Иако жалам што ја немав храброста што ја имаше нејзиниот сегашен дечко, сепак мислам дека мора да го извадам ова од мене за да бидам спокоен. Знам дека многумина би рекле дека сум заглавил во friend зоната, но сум бил и во обратна ситуација и знам дека никој не е должен да биде со некого само поради чувствата на другата страна. Но истовремено мислам дека никогаш повторно не би сакал да развијам вакво пријателство со било кое женско.

    Што мислите дека би требало да направам: да и кажам искрено што чувствувам за неа и дека не треба да се гледаме повеќе, да не и кажам и да ја одбегнувам, или да пробаме да најдеме некое заедничко решение (што не верувам дека би било можно)?
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски

    Дечкото нема попаметна работа па си игра топло ладно со тебе. Можеби има и девојка па се плаши да те покани да излезите во јавност. Од вакви мангупи најмногу ми се гади. Јас мислам да го откачиш и да си најдеш некој што ќе те сфаќа сериозно :)
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано и опишано од твоја страна, но за жал и самиот си свесен и си кажа дека немаш никакви шанси таму повеќе.
    Едноставно што по ргу се помириш и совземеш со дадената ситуација тоа подобро за тебе.

    Јас разбирам дека таа долгогодишна ваша пријателска врска е многу тешко да ја "соџвакаш" и да продолжиш како ништо да не е било и да ги потиснеш чуствата, но верувај што побргу си ставиш до знаење дека тоа веќе е минато тоа подобро за тебе.

    Нема зошто повеќе да се трудиш и да ја бараш штом веќе е во озбилна врска и ќе се вери, размисли дека не би било вкусно да го продолжите ова бидејки сепак ќе биде веќе мажена жена, најдобро тргни се настрана и обиди се да ја заборавиш.

    Секако дека нема да биде лесно, но времето лечи се верувај.. фокусирај се на се она друго во животот што те исполнува и те прави среќен, излегувај дружи се и запознавај луѓе што ако си дадеш простор на самиот себе и го отвориш срцето би можел да си најдеш сродна душа и кога најмалку ќе очекуваш ќе се појави и на твојата врата, не очекувај и не ја барај девојката во други жени бидејки секоја си е приказна за себе и е убава и посебна на свој начин.

    Да така сметам дека повеќе не треба да инсистираш и да се надеваш, да пробуваш да правиш нешто онаму каде што се е изгубено. Ти размислуваш и сметаш така, но замисли се малку дали и таа размислува така? Очигледно не... очигледно таа е вљубена во друг човек и уште одамна ти разјаснила дека не си нејзин тип за врска и брак... ете размисли дека таа не очекува и таа нема исти ставови и гледишта на работите како што имаш ти.

    Заљубена е и си го пронашла човекот на нејзиниот живот, исто така треба да постапиш и ти, потисни го чуството не се бори и не имај празни надежи онаму каде што и никогаш немало поттик за борба и чуство за надеж... едноставно со тек на време заборавија и барај си ја среќата во твојот живот.
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Не, не. Сакав да кажам подобро да е еден ама да знаеш дека е вистински на 27 години отколку во тинејџерските години со сто. Сакам да кажам дека не верувам во она „додека не ја бакнеш жабата, нема да го пронајдеш принцот“ ако си доволно паметна ќе разбереш дека не е за тебе макар и прв да ти е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.