Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Сепак јас мислам дека има уште нешто трето во ова што го натерало типот да олади,може ти незнаеш за тоа или па само можеби си избрзала па некое недоразбирање..?
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Не знам искрено , толку многу време имав поминато размислувајќи дали некаде згрешив, а баш се трудев да бидам фина и да приоѓам и јас понекогаш , да не чекам се да биде од негова страна и пуфф ќе го снемаше одеднаш. Ах, мажи :) Сепак на крај од сите ваши мислења добив заклучок дека дечково е player и дека најверојатно не сака ништо со мене , но сака да си игра најверојатно.
    Така да во иднина ќе продолжам да го игнорирам. Мислам дека е најдобро.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Мене ми треба мислење :) Еве во последно време често помислувам на поранешниот дечко, поминавме многу убаво време заедно,јас му раскинав, мислев дека тоа е правилното нешто да го направам. Едноставно престанав да го сакам. Сега си имам долга врска со друг, кој е прекрасен и едноставно ова е таа љубов што ја барав. Ама некако се чувствувам виновна кога ќе помислам на претходниот.. Не мислам на начин дека би сакала повторно да бидам со него во никој случај ама така, помислувам дали е среќен. Бидејќи многу го повредив и би сакала да е.. Ви се случувало нешто вака?
     
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    нема потреба повеќе да му се појавуваш во животот, остај како што било до сега :)
    http://www.youtube.com/watch?v=D2U0h6ogo3Y
     
  5. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Не да му се појавувам во животот, ама така прашањето ми беше дали помислувате некогаш на претходните врски :)
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    ^ Најнормално е. Само не се преоптоварувај толку. Нека ти текне само на тоа зашто тоа тогаш било правилна одлука и ќе сфатиш дека сеуште е тоа правилната одлука. Не се преиспитувај, сигурна сум дека во тој момент си имала добри причини да ставиш крај.
    А си имаш покрај тебе некој и не му ја мисли... Едноставно уживај! ;)

    Иначе секогаш доаѓа момент да помислиш на бившите, неизбежно е, сепак ти биле дел од животот.
     
    На slatkichKa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Од мое искуство сум се навраќала на поранешни врски, доколку сум имала нешо не расчистено со типот. Така со ова последнава шо ми беше, едноставно кога раскинавме, имавме потреба и двајцата да се видиме и да расчистуваме некои дилеми и работи, па од тоа испадна другарство.

    Ете од мое ке ти кажам, земи размисли си дали има нешто што треба да расчистиш со типот и направи го тоа. Зашо сепак ако сме завршиле со некој, значи сме расчистиле со тој целосно... Во случајов размисли убаво и процени.
    А можеби станува збор и за тоа да ти фали дететво само ;)
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми веќе направивме три години. Ама во поселдниве неколку месеци многу е сменет, но само кога се караме, значи кога односите ни се ок се е нормално. Тој порано не ми дозволуваше да станам да си одам кога ќе се скаравме се додека не разрешевме, постојано ми се јавуваше и ми пишуваше пораки, беше упорен се додека се не се смири.. Но , веќе не е така. Сега не се јавува толку многу, ко да не се замара, веќе неколку месеци ме остава да станам и да си отидам, не доаѓа по мене, ми води инат, ме слуша по телефон како плачам и упорно продолжува да се кара. Вчера ме остави на дождот. Разговарав со него и само наоѓа изговори зошто го прави тоа, вика дека му било грешка ама дека бил многу нервозен. Веќе не му верувам дека ме сака, човек што некого сака не може да се однесува така. Но тој вели дека треба да гледам каков е со мене кога не се караме. Но, јас не можам да сфатам, јас да видам така некој да плаче па и најголем душман да ми е ќе отидам да му помогнам, а не па тоа да биде човекот кој го сакам. Што мислите вие девојки?
    :(
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Потполно се сложувам со твоите образложенија и те сфаќам како ти е, и јас сум била во иста ситуација.

    Но сите на почетокот многу трчаме еден за друг, не дај Боже да се скараме, а потоа веќе ни станува досадно, напорно, поготово ако караниците стануваат секојдневие. Затоа можеби така и се однесува.
    Друго, зависно кој е виновникот во проблемите. Би требало тој што е виновен да трча и моли, а не да е обратно.
    Друга пат кога ќе се скарате, ти заминувај си прва, ќе видиш како ќе му падни неубаво, и не барај го се` додека тој не те побара прв.
    Иако разговорот и разбирањето ги ставам пред се`. Не е битно каков е кога сте добри. За во `добро` сите се добри, но најбитно е кој е со нас кога ни е лошо!
    Поздрав :) ;)
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не воопшто не се согласувам со мислењето на Грл. Извини (ноу хард филингс)
    Зашо не се согласувам ? епа затоа шо на таков начин ке го натераш уше повеќе да се олади за тебе... А како шо глеам тоа не го сакаш.
    Плус тоа навикната си некој да ти трча додека ти се срдиш за нешто ? Епа за се има крај .
    Наместо нареден пат кога ке се скарате да станеш и да си одиш.. Биди ти таа која ке сака да ја разреши ситуацијата.

    Знаеш шо мислам зашо е дојдено до овој степен ? Зашо типов на почеток се трудел се прв да разреши а потоа увидел дека си незаинтересирана за ти прва да му пристапиш на решавање на проблемот.

    Засукај тоа ракавите,ако е ладно (ке се згрееш) и фрли се во решавање на проблемот, инаку замина возот.

    железото се кова додека е топло!
    И него игнорирај ако сакаш да го задржиш за себе.
    Имаме машки овде кои ке ти кажат како реагираат на поимот ИГНОР.
     
  11. GreenEyed

    GreenEyed Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Незнам дали ви дошло до моите тинејџерски романтични патетики но да се обидам :D Можете да кажете дека сум ужасна личност, и нема да се навредам бидејќи и самата сум уверена дека е така. Имено, од одамна, и тоа многу одамна имавме меѓусебни чувства со еден тип. За ова не беше известена мојата другарка. Замислете го моето изненадување, кога излеговме пред некоа вечерина целото друштво, кога другарка ми ми кажа дека има чувства кон детето веќе долго време, и дека се повеќе го засакува. Љубовната сага продолжува кога јас и детето ја поминавме вечерта заедно со интересни муабети, смеење, гледање во очи и слично. Го сакам. Сите стари чувства се вратија, само што се тројно посилни. Ваш совет и мислење ве молам.
     
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    тачно Вајлд :) секој има трпение, повеќе или помалку ако нон стоп се повторува истата песна еден ден ке пукне. појди си од себе си, би молела ли ти некого постојано? типот не го окривувам, доста те трпел па колку и да те сака неможе он тебе цел живот да те моли, ке му пукне филмот и очи нема да му видиш.

    па не си виновна, си го засакала пред да ти каже другаркати дека и она го сака, само сега е прашањето од кого си спремна да се откажеш? зашто неверувам дека другаркати ке ти рече оди со него биди среќна јас ке го заборавам :)
     
    На GreenEyed му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beauty.me

    beauty.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Вака со дечко ми сме заедно веке 4 години,Но во последно време сосема ја изгубив довербата во него.Значи секој раговор ми е кај си,со кој си.Самата знам дека грешам со моето однесување но не знам како да си ја контролирам љубомората.Пред една недела си ветив самата на себе дека веке не се замарам за нисто,но синока пак почнав.Значи стварно не знам кога и да шепоти со некој другар постојано си правам филм како се договара неш позади мој грб.На почетокот тој убаво ке ми објаснеше каде е си со кој,но синока за прв пат ми рече дека ако продолжам со ваквото однесување ке раскинеме. А премногу го сакам не сакам да го изгубам. Ве молам за совет
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Прекини со таквото однесување,ке го загубиш.Јас бев иста таква како тебе.Постојано го контролирав типот и на крај не само што се скаравме туку паднаа и јаки пцовки а верувај не е убаво чуството кога се доживува тоа.А после нема назад.Тој ти попуштал но ако му дојде преку глава верувај дека ке трпиш последици.
    Епа не мора се да знаеш што зборувал со другар му. |( А ако сакал да те изневери ке го сторел тоа до сега.
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Нема зошто да се повлекуваш заради другарката, штом сметаш дека чувствата се обострани. Продолжи со него како и досега, како што викаш - со интересни муабети, смеење итн. и мала доза на флерт. Другарката со тек на време ќе забележи дека не е заинтересиран за неа, па сама ќе се откаже.
     
    На GreenEyed му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GreenEyed

    GreenEyed Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Страв ми е бидејќи не сакам да изгубам некој што е близок до мене. А и двајцата спаѓаат во таа категорија. Овој совет ми се допадна, но јас, незнам од која причина, најверојатно за да се заштитам (колку и себично да звучи ова) ја мотивирав другарка ми за да почне да покажува поголем интерес за него, и кажав дека има надеж и шанси за нив :x Што понатаму?
     
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Ај да бевте во врска помалку време ќе те сфатев зошто си љубоморна,почеток ви е па не му веруваш.А не вака.Па ти си со него веќе 4 години,а за 4 години доволно е само да го погледнеш,па да знаеш што се случува со него.И немој да претеруваш,машките не сакаат многу објаснувања и детализирање.Па и кој сака? Нормално се си има граница.Доколку досега си му верувала,не гледам причина и понатаму да му веруваш доколку се е во ред. Често пати знаеме да правиме проблеми и таму каде што ги нема.
     
  18. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    здраво, како прво, не си воопшто уЖасна лиЧност, и не помислај така. :)
    за проблемот.
    а пак ти пробај да и објаснеш и да каЖеш на другаркати, дека многу одамна ти со тој тип си имала мегусебни Чуства итн итн.
    и известија сега :) , пробај да и подобјаснеш на другаркати за вашата ситуација на убав наЧин, и нема потреба да Чуствуваш гриЖа на совест итн итн за нешто што ни ти самата не си крива, ти посакувам мн среќа ;)
     
    На GreenEyed му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Доколку таа е вистинска другарка и не сака да те загуби сама ќе увиди дека типот се интересира за тебе и ќе се откаже.Неа ако муе дојдено до тоа да го изгуби вашето пријателство за некој типац зошто ти да глумиш мајка Тереза?Престани со тие глупите потткинување на другарка ти да оди со главата в ѕид не е фер од твоја страна и остави малце сама да свати како стојат работите.а за типот you go girl
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Е сега ми треба ваше мислење за она што ми се случи денес.

    Дојдоа моите на гости денес.
    Ми кажа мајка ми дека ке дојдат само да не видат и ќе си одат, значи седење пола час до еден час максимум и дека треба да се враќаат веднаш назад зошто имал татко ми работа.
    ОК. Дојдоа накај 12. Ме праша свекрва ми дали да ги планираме за ручек, а бидејќи ручекот само што се ставаше и кажав не бидејќи нели не планираат да седат моите многу. Ама сепак пак ја прашав мајка ми дали да ги планираме за ручек она рече : Еее не, ќе си одиме.
    И така дојде и 2 часот а тие уште беа на гости, нешто излезе мм со колата на татко ми и се задржа, па така и моите сеуште седеа. Во меѓувреме ручекот бидна. И чекавме да си отидат за да ручаме ние.
    Си отидоја околу 2:15.
    Ние дома веднаш седнавме потоа да ручаме. Свекор ми одма ме скара, ми рече нареден пат ако направам така пак ќе ме карал пред родителите. Ми рече: Тие ти се родители и да не сакаат да јадат твое е да им пренесеш, и да не го изедат јадењето, ти твоето си го завршила. Му одговорив и дека немаше за нив ставено за ручек, дека свекрвата стави толку колку за ние да ручаме и дека ги прашав јас моите за јадење и ми го кажаа тоа што ми го кажаа-дека ќе си одат рано, нема да седат на ручек.

    Кога беше готово јадењето уште додека беа моите на гости, ми текна да пренесам, ама пак немаше да има за сите, а свекор ми понекогаш е малку лев во таквите работи, ако не му е доволно може да се скараме :D

    Туку друго ме мачи.
    Како требаше да постапам?
    Ги прашав моте ми рекоа да не ги планираме за ручек, а потоа кога и кажав на мајка ми за свекор ми што ми рекол ми рече во право дека бил. Е ај сега де, ем ги прашав ем пак крива.
    И сега имам грижа на совест. :| :(
    Инаку да напоменам дека моите живеат далеку од мене,некаде околу 1 час патување.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.