Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека не си стабилна на тоа поле, разделете си ги патиштата. Мислењето на @JollyGirl ми е детско но сепак е реално. Значи вие сте било званично раскинати и тој во момент на бес направил грешка. Нема што да се љутиш ти и тебе тоа да те повредува, затоа што не сте биле во врска. Ова не ти го напишав зашто сакав да видам дали ќе го одбраниш. И не погрешив, го одбрани. Но сметам дека и самата пиша кога сте биле раскинати го направил тоа, да не сте биле и го правел тоа, тогаш може да стане збор за неверство.
     
    На aqua-soft му/ѝ се допаѓа ова.
  2. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Само поради тоа се двоумам,затоа што тогаш бевме раскинати.Од една страна го бранам но од друга го напаѓам.Сметам дека тоа не е решение за сите проблеми,тој со тоа не реши ништо само донесе поголем проблем. А ме повредува тоа што бил со некоја на било каков начин,а можеби ете не треба. Го прашав дали тој ако беше на мое место, ќе ми простеше.Ми вика зависи,ако било за една вечер и ако тогаш сме биле раскинати,што ми доаѓа да мислам и дека сам себе се брани од една страна а од друга страна ми вика јас не се оправдувам,знам дека сум згрешил, не можам да живеам со тој товар и морав да ти кажам. Од другарки добив совет да раскинам скроз, но ги оправдувам затоа што немале таква врска до сега, и не осетиле неверство на своја кожа.Се плашам, и ако му простам и ако не му простам, се плашам од одлуката.И многу ми е тешко.
     
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ако ја имаш гледано серијата Friends, овој случај е ист како случајот на Рос и Рејчел :)
    Кога се скараа, (уште на почеток) тој мислеше го изневерува и во бес и нервоза, и тој ја изневери неа. После цело време се вадеше
    [​IMG]

    Кога се смирија, таа цело време му го вадеше тоа низ нос...ко ти што мислиш дека би правела.
    Убаво е да слушнеш и други мислења, ама сепак ти најдобро си знаеш што би направила...најдобро го познаваш.
     
    На Bender Rodriguez и aqua-soft им се допаѓа ова.
  4. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Ме насмеа :D Инаку си се знам себеси и знам дека ќе му го плескам тоа по нос.Не знам да ќутам а и не знам како да го заборавам тоа.Камо среќа животот да ни беше како во серија,многу полесно ќе ни беше.Инаку не знам што да правам, затоа и пишав тука.Ги ценам вашите мислења. Ќе почекам уште некое мислење да видам,ако треба и ќе оставам некое време па тогаш ќе пресудам. Фала ти на издвоеното време.
    Го ценам тоа.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    @aqua-soft Размисли мила, слушај си го срцето. Остави го некое време, во тој период посвети се повеке да видиш како се однесува ете како слободен. Ако флертува наоколу тогаш е најубаво да ставиш крај, но ако било само еднаш и вели дека е безначајно тогаш помири се со тоа и продолжете си со врската. Некогаш човек треба да направи таква грешка во врската за да свати колку му значи тоа што е до него. Затоа не избрзувај, и јас мислам дека заслужува шанса, затоа што сите грешиме и на грешките се учиме.
     
    На eloves, aqua-soft и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.755
    Пол:
    Женски
    Би ти рекла искрено да седнеш и со мирна глава да пробаш да ставиш на кантар цело заедничко искуство до сега, да пробаш да премериш што повеќе ти натежнува во животот дали позитивните или негативните работи севкупно во вашата долго годишна врска.

    Размисли и прецени самата без да слушаш од околу дали вреди или не за втора шанса и спокојност во врската, никој не знае како се чуствуваш ти, никој не знае што си искусила и доживеала ти во таа врска, никој не знае да ти ги разбере твоите чуства и твоите поминати моменти со никого. Затоа никој не слушај без разлика на било што ти кажуваат и советуваат, бидејки знаеш дека сите ние сме вешти во "паметнување" на туѓи проблеми но кога проблемот ќе ни дојде над глава е тогаш е тешко да се справиме со истиот и се прашуваме што всушност сме направиле.

    Разочарувањето и болката од човек што си делел се со него е многу тешка и неподнослива, тој и покрај се изиграл и постапил многу ниско и нечовечки, НО животот никогаш не е мед и млеко, розев свет, и црвени рози, сите ние грешиме (кој помалку кој повеќе) и учиме од своите грешки, грешката е голема и тежи да, но пробај да размислиш дека животот е баш таков, створен за искушенија, разочараност и борба за најдоброто.

    Ако човекот искрено се кае, моли за прошка, и од се срце се труди да го надмине тоа и пред се да си прости самиот на себеси, тогаш размисли убаво и ако навистина те додира толку многу и го сакаш, сонуваш за иднина со него, тогаш пробајте уште еднаш, дајте си уште една шанса на вас двајца, и ќе видиш и процениш самата дали треба да продолжите т.е дали ќе преболиш и ќе се смириш во целата ситуација или не, изгубената доверба тешко се враќа тоа е сосема јасно, но дади му последна шанса да се докаже и покаже и да проба да ја излечи раната во тебе.

    Ако не пробаш никогаш и нема да знаеш што ќе те снашло, и пак ќе ти речам животот е како горкото кафе, стави ги на кантар сите работи, моменти и животот со него и премери што ти натежнува.
     
    На aqua-soft и anel им се допаѓа ова.
  7. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    @natemila @vitamina Фала ви девојки на издвоеното време. Инаку,ако си го слушам срцето треба да му се вратам,го сакам и секој заслужува втора шанса.Ми се јавува секој ден,ме бара да се видиме, но како пречник да имам во главава кој не ми дозволува да попуштам.Се плашам од одлуката,се плашам и од неговите понатамошни чекори и од неговото понатамошно однесување доколку би се смириле.Се плашам дека ќе бидам повредена пак иако срцево ми вели дека не е така.А многу повеќе би се разочарала доколку видам дека не ни оди кога би се смириле или ако ме повреди пак,тогаш болката ќе биде поголема.Морам да мислам и на негативните страни,морам.Дека флертува со други и дека излегува,сега за сега нема ништо такво.Секогаш сум била балансот во врската,овој пат ќе натежнувам повеќе накај мене.Ставив на кантар,премерив, имавме преубави моменти но тој ги уништи за една ноќ. Е сега, ќе оставам вака да биде,нема да му се смирам сега за сега,да видам дали ќе продолжи да се труди. Сакам да помине извесен период, да видиме како ќе се носиме со разделбата. Ако заслужи со своето однесување, ќе му дадам уште една шанса.Фала ви многу девојки.Го ценам вашето мислење.
     
    На vitamina и natemila им се допаѓа ова.
  8. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    @aqua-soft
    Сите овде можеме да делиме совети, како да не му простуваш и како направил страшна грешка која не може да се прости, под изговор „Никогаш не простувам неверство“ и слично.
    Но друго е да осетиш на своја кожа. Посебно во твојата ситуација.
    Имате 6 годишна врска и двајцата сте возрасни, заедно сте поминале еден убав дел од животот и не би те советувала да го фрлиш сето тоа во вода заради една грешка.
    Не велам дека не е крив, во никој случај не требало да го направи тоа. Ама нели гледаш дека се кае.
    Од ова што го прочитав погоре мислам дека многу се кае и дека тој е во уште потешка ситуација затоа што е крив и поради него може да ви пропадне врската и што е најбитно од се, да те изгуби тебе.

    Мила, конците се во твои раце и од тебе зависи што понатаму. Слушај си го срцето, а мислам дека тоа ти вели да му дадеш шанса.
    Ама пред да го направиш тоа, помири се со неверството, премини преку тоа, заборави.
    Зошто ако му го набиваш тоа на секое и во секоја кавга, како едвај да си чекала, врската ќе ви стане пропаст.
    Те правел среќна, нели? 6 години сте граделе нешто толку убаво, за сега одеднаш се да се сруши.. Штета ќе биде и за него и за тебе.
    Сеедно ти е да заборавиш на се што си поминала со него? Сеедно ќе ти биде да продолжиш без него?
    Седни, со ладна глава убаво размисли и делувај. Немој да згрешиш и да си ја удираш глава од ѕид еден ден.
    Избери го она со кое ќе бидеш среќна, зошто краток е животот, не мачи си се.
    :*
     
    На MilaP, vitamina и aqua-soft им се допаѓа ова.
  9. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    @YoungandBeautiful Мила,токму и тоа е проблемот.Тој се кае,сака да му простам,но јас не можам тоа да го заборавам и ќе го спомнувам секогаш.А тоа ќе биде измачување и за двајцата.
    Секако дека не ми е сеедно се да заборавам,секако дека не ми е сеедно да продолжам без него,т.е воопшто не ми е сеедно и многу ми е тешко,до вчера си ја замислувавме иднината заедно и кроевме планови кои за многу малку не се реализираа,но ме мачи тоа што тој кога отишол со друга му било сеедно иако под дејство на алкохол.И при секоја караница решението не е да излезе и одма со друга.Искрено посакувам никогаш да не дознаев,затоа што болката никој нема да ми ја надомести.Подобро е да не ми кажеше,ќе ме поштедеше од болка,но секако го ценам и тоа што ми кажал.Ова е од една страна.
    Од другата страна пак,ќе спомнам пак,дека вреди да му дадам уште една шанса,да се потрудиме да продолжиме таму каде што застанавме.
    Ќе оставам вака како што е,ниту скроз крај ниту да му се смирам,ќе разговарам со него, ако видам дека се труди ќе попуштам.Иако знам дека со еден дел од срцето имам попуштено ама не смеам да му покажам слабост.Мора да мисли дека ме изгубил за да видам дали ќе се труди да ме врати.
    И мајка ми ме советува да не си фрлам се во вода заради една грешка,се надевам дека и таа не греши.
    Фала ти мила на советот,го почитувам и се надевам во скоро време се ќе се среди.:*
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    А зошто не си дадеш уште една шанса и себеси и него. Ако си подалеку од него не можеш со сигурност да знаеш ќе можеш или не да продолжиш. Само ако си покрај него ќе видиш дали ти смета, дали при допир, бакнеж, однос ќе мислиш нс тоа што направил, дали ќе можеш да простиш. Да заборавиш можеби нема никогаш. Не брзај, дај си малку време, ама не премногу зашто може да го одбиеш него засекогаш, не зашто не те сака, туку може да се помири со тоа дека не можеш да му простиш. Пробај, така најдобро ќе знаеш можеш ли преминеш преку тоа или не. Ако не можеш во секое време можеш да раскинеш. И него дури можеш да му кажеш дека ќе се обидеш, ама не мора да значи дека ќе останете заедно. Сепак не е малку време.
     
    На Bender Rodriguez, aqua-soft и vitamina им се допаѓа ова.
  11. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Можеби и така е најдобро,ќе го повикам утре да одиме на кафе,патем и да разговараме.Мене ми е страв само да не ме земе здраво за готово ако веднаш му втрчам во прегратки,па да си вели дека ако му простам еднаш ќе му простам и уште еднаш.Затоа и сакам малку да го оставам да видам што ќе прави.Испаѓа дека сакам да го измачувам,ама верувајте дека многу ми е тешко.Разговарав и со повозрасни од мене и сите ме советуваат да не ставам крај.Ако излезам утре со него,знам дека ќе се обиде да ме допре,да ме прегрне,па тогаш ќе видам како ќе реагирам на сето тоа.
    Фала ти многу :*
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Мила, јасно стави му на знаење дека заради минатото ќе се обидеш, ќе пробаш како ќе одат работите и дека ништо не е готово. Некој учи од грешките, не мора да значи дека пак би направил нешто.
     
    На aqua-soft му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aqua-soft

    aqua-soft Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Во право си,возрасен е се надевам дека ќе сфати ама сепак ќе го земам со резерва за да не ме повреди пак.Искрено и јас мислам дека заслужува втора шанса колку и да сакам да го негирам тоа.
    Се надевам дека постапувам правилно.Сакам некој онака да ме тресне од земја и да ми каже бори се! Или пак откажи се!
    Ќе покаже времето.Фала ти мила.Ми значи оваа поддржка,знаејќи дека не сум сама во одлуката.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Вака ќе почнам со мој проблем можеби ќе добијам некаков одговор, ако треба прашај те ме додатни прашања:Бев излезена со еден дечко, се запознававме.Во текот на нашиот разговор зборувавме за општи работи, за љубота и врските не отворивме ни во еден момент тема. Јас со тоа што не ми поставе ни едно такво прашање со цел да поткрени иницијатива да зборуваме на таа тема, си претпоставив дека не е заинтересира за мене т.е не ме замислува за ништо повеќе од една познаничка, бидејќи јас како девојка очекував дека треба тој да ја започне таа тема не знам дали и тој е страмежлив или не му се допаднав. На крајот од нашето запознавање ме испрате до дома, сакаше да ме бакни, но јас му реков дека не треба да избрзуваме бидејќи тој не отворе никава тема, не ме праша во врска со тоа ништо.Моето прашање, на кое се надевам дека ќе добијам одговор е следното: Дали да го побарам јас или да чекам тој да ме побара, бидејќи после нашата средба јас само еднаш му пишав ми врате ама не знам еве не ме има побарано не знам што да правам, а многу ми се допаѓа и физички, но и како личност ве молам помогнете ми некој совет! Ви благодарам, однапред! споделете и ваши искуства и проблеми!
     
  15. Zvezda245

    Zvezda245 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Бевме 3 години во врска,имавме прекрасна врска,убаво функциониравме последните неколку месеци и двајцата немавме добри моменти посебно јас често се карав дури ни јас незнаев зашто ..после некое време он ми кажа дека не ме сака како порано,месец пред да ми каже јас сакав да направам пауза ама не му кажав.кога ми кажа тоа јас мислев да му речам за пауза ама он сакаше да раскинеме..он е таков брзо се откажува и прифатив.он многу е добар и кога ми кажа плачеше мн што тоа не сум го видела за овие 3 год.он ми кажа да бидеме другари несакал да изгуби контакт со мене..после месец дознав дека му се допага друга што порано он мм ја критикуваше ама таа се дружеше со неговата најдобра другарка и така си излегувааа.после некое време ми кажа дека почнала да му се допага ..јас се налутив бидејки он мн ја критикуваше и му го кажав тоа он ми викаше само дека имам право да се лутам и врегам му кажав се што рекол за неа и он ми вика дека знае он тоа..моментално излегуваат а јас очекувам во било кое време и да се фатат ..се сменил мн крие и лже не бил таков.јас имам надеж за нас ама ипак си гледам свој живот се допишуваме понекогаш нормални муабети он мислам дека пак се секира за мене ми кажа што и да му требам тука е .дали мислите дека треба да прекинам се со него.он се лутеше кога му кажав немора да се допишуваме само здраво ..збунета сум бидејки нез ни он што точно сака ...
     
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Пред се важно е да знаеме која возраст сте. Ете тој бил отворен према тебе и ти кажал што чувствува за тебе, значи е добар човек и отворено ти кажал дека изладел, подобро него дури е со тебе да си проба и испита терен и со друга па ако му е сигурно да те остави тогаш.. Вака бар знаеш на што си, искрено мое мислење е дека треба да си продолжиш со животот, повремено ќе контактирате, но и тоа со тек на време ќе исбледи и ќе видиш како ќе минува времето помалку ќе боли. Сепак не се малку три години, но ќе дојдете и до само здраво, а некогаш и само до поглед и толку. За жал тоа е, многу врски со тек на време се ладат, луѓето се менуваат во различна насока еден од друг. Затоа восраста ја нагласувам, не е исто 3 годишна врска на 15 и 25. Колку побрзо ја прифатиш ситуацијата толку полесно ќе биде за тебе. Тоа е мое мислење, ти посакувам се најдобро!
     
  17. Zvezda245

    Zvezda245 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Од една страна мене ми е убаво и сама затоа што долг период ми беше тешко.он ми зборува дека ке најдам друг и се тоа ама тоа ме нервира затоа што ми е добро.он сака да проба со неа и ми го каже тоа нез дали е заљубен затоа што на таа тема несака со никого да зборуваон има 23 а јас 20 и на двајцата врската ни беше малу да речам сериозна на него прва врска претходно само мување и такви други работи имал
     
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Па добро, не сте мали, но сте уште млади, неизживеани, непрошетани, неизлумпувани, какп да речам, ме разбираш нели, Искористи го овој период, дружи се, мешај се со друштва, може ќе запознаеш друг, трет, проживеј малку пред да се врзеш сериозно со првиот кој и сама знаеш не изживеал многу, па му мрда г'зот. Подобро вака и сега и отворено да си каже, него да се плеткате со години па дури и во брак да му/ви текне еееј не изживеав јас, ај сега да пиуживам малкј. Најдобронсмерно и наискрено ти го кажувам ова, да не речам од искуство:(
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zvezda245

    Zvezda245 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    И исто така другари и дригарки мој што имаа различни мислења за ова посебно ме замисли што ми рекоа дека може сака да му бидам другарка во случај да не успее со другата.искрено не размислувам на др дечко сакам да си излегувам добро ми е некогаш ми фали затоа што мн убаво ни беше и он самиот ми го кажа тоа и му е и криво што дошло до тоа
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Те дежи на ,,стенд бај,, за ако не му успее со другата да има каде да се врати.
    Јас таков впечаток имам.
    Според мене пробај да го заборавиш.
    Ако еднаш така ти направил, што би го спречило и друг пат да направи така (тој да си шврља со други а ти да го чекаш).Не си со ништо врзана за него.
    Плус млада си, излези, види свет околу тебе, пробај да живееш без него.
    Знам дека ти е тешко,ама замисли вака утре во брак да ти прави (швалерај) !!?!
     
    На natemila, samovila.red., YoungandBeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.