Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Кажи си што не ти се допаѓа, не може да нема време тој за тебе во реалноста ако не сте физички далеку многу, тоа се изговори меѓутоа постаи онака какошто до сега си го држела нивото, не е единствен маж што држи девојка како трофеј или украс. Тоа не е ок.
     
    На theMidnight и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    :fubar: Седни и убаво размисли дали овој човек пред се ти навистина го љубиш или не?
    Одговори си самата на себе.
    Можеби навистина не сте компактибилни и не подударете еден со друг. Едноставно нема хемија, нема заедничко.
    Па затоа сета одбивност која ја чуствуваш е токму овој резултат со кој денес се соочуваш, можеби оваа личност ти е само една навика, а неможеш тоа всушност да го разбереш и процениш.

    Но, ако сметаш дека го сакаш и дека имате друг проблем, всушност околу вашата комуникација и разбирање тогаш треба да седнеш и да разговараш, да се потрудиш да направиш нешто околу проблемов, едноставно е со разговор си секогаш на чисто, не знам но јас сепак мислам дека според кажаново проблемот ќе да ти е она првото.
     
    На theMidnight, j......s и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Има тој многу време, но повеќето го троши во играње игри на компјутер. Разбирам дека тоа му е некое хоби и начин на дружење со неговите другари и сакам да му дадам максимална слобода.

    Доволно време помина за да сфатам дека го сакам. Ако чувствував одбивност кон него, без да размислам би прекинала. Во негова околина се чувствувам убаво, времето ни е поминато со позитивна енергија. Ми пречи тоа што толку ретко се гледаме, а кога ќе се сретнеме не ми го кажува тоа што го кажува по пораки. (а, ако каже, кажува за тоа колку сум била убава, што мене најмалку ми значи, а уште помалку зборовите (да не збориме за оние пишаните на чет))
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Оке, моја грешка, можеби сум помешала поими и постови.
    Како и да е овој ваш проблем е само во срамот, тој се срами да ти пријде и да разговара за чуствата меѓу вас, дефинитивно.

    Претпоставувам дека со оглед на годините и почетокот на врската тоа е нормално, но за се треба време нели, период и спонтаност.
    Кога веќе гледаш дека тој се срами ти превземи иницијатива во свој раце за да решиш и просветлиш нешто што ти значи, започни го ти разговорот и кажи му се што ти лежи на срце.. потоа самата спонтаност на муабетот ќе си го направи своето, што повеќе одлучност и искреност кон проблемот тоа подобро.
    Не чекај.. реагирај!
     
    На elenaeli22, deskarada, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Не гледај што кажува на чат само, како се однесува надвор со тебе да речеме на викенд или барем 5 до 6часа поминете заедно и појасна слика ќе имаш.
     
    На Papillon.Papi и j......s им се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Максимум 3-4 часа сме поминале заедно (во 1 ден). Не се однесува како сељак, баш напротив, затоа и сакам да сум во негова околина, но како поминува времето, сѐ помалце се гледаме... Претходно на секој втор ден, сега на 2 недели.
     
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Ај, еве и еден совет од машка страна. Мене од твоиве пишувања по форумов ми имаш оставено впечаток на девојка која е прилично зрела за своите години - што значи, позрела од своите врснички, а за врсниците и да не зборувам. Не знам колкав е дечко ти, ама ако сте врсници, најверојатно проблемот лежи во ова.

    Повеќето машки на тие години се практично сеуште деца, а во најмала рака, немаат благе везе како треба да се однесуваат во девојка или во една врска. Што значи, дечкото може и да си е фин и скроз ОК, ама ете, сеуште да не знае што од него се очекува во врската. Ама, тоа и не е толку страшно.

    Не знам, по мене, не треба да ставаш крај на ова, како што рече, туку едноставно да направите еден нормален муабет како дечко и девојка, и ти да му кажеш што е тоа што ти пречи во неговото однесување и што е тоа што ти го очекуваш од него, како твој дечко.

    И самата рече дека се останато меѓу вас е во ред, единствениот проблем е што не се гледате доволно. По мене, тоа не е нешто нерешливо. У секој случај, мислам дека толку најмалку му должиш, на него, а и на себе, барем да пробате да го решите ова пред да раскинете.

    Што се однесува до комуникацијата по фејсбук, барем мене ова (повеќе) не ме зачудува - помладите генерации прават све по фб - да можат, мислам нема ни да се гледаат у живо ич. Ти си очигледно „изрод“ од твојата генерација, што е за поздравување, ама ете - на дечко ти и на 99% од твоите врсници, тоа им е сосема нормално (за жал). У секој случај, и тоа е уште една работа за која треба да му кажеш дека ти пречи.

    Не е убаво да го држиш во незнаење и да го оставаш да си мисли дека се е розово. Те сфаќам дека не сакаш муабетов да го правите по фејсбук, ама бидејќи и самата рече дека живеете на 10 мин., искористи го фб да му речеш дека сакаш да се видите и да разговарате. Немој да чекаш 1 или 2 недели, додека на него да му текне дека дошло ред да се видите, а у меѓувреме тој да си живее у заблуда дека меѓу вас се е ОК.

    У секој случај, уште еднаш ќе кажам - не мислам дека ова е некој страшен или нерешлив проблем - мислам дека со еден муабет ќе успеете да ги оправите работите.

    Со среќа при вашата следна средба у живо.

    Те поздравувам!
     
    На deskarada, vitamina, Papillon.Papi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    396
    Ако него му мрда опавчето ти колку сакаш држи го, тој ќе мрдни.
    А извини ама такви нас не ни требаат, ти така ако го позајмуваш дечко ти на други и после тоа да ги го вратат, голем број девојки кои се ценат и знаат колку вредат не го прават тоа. И јас ако сакам некого не значи дека на глава треба да ми се качи, и уште помалку дека тој може да ме изневерува а јас да му простувам, за таков секаков збор би употребила освен маж.
     
    На paloma111, theMidnight и deskarada им се допаѓа ова.
  9. Eleni1

    Eleni1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    тоа ми беше зборот, на тој ако му мрда опавчето му мрда. Не значи дека одма девојките се вакви и такви. Ако он не си ја цени девојаму што ја шетал и ја држЕл за рака и сака да ја вара, зашто пак јас ако сакам да си поминам една убава нок со него и сакам само секс да не прифатам. Тоа ми беше зборот. Ако он толку ја сака и ја почитува ке ми рече девојко јас имам девојка ја сакам и не ја варам. Ете тоа е маж. А се додека и тој и јас сакаме едно исто и се согласуваме искрено ме заболе што он имал девојка. И јас да сум у случајов девојката и дечко ми доволно не ме цени и поштува и ме вара ок е. Кога ке дознаам ке го откачам. Но штом еднаш ве извара тука нема љубов, па ке се вади несакава, па ми се бутна она, абе ајде ти ако несакаш јас гола ке ти се соблечам и ништо нема да направиш.
     
    На j......s и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. Eleni1

    Eleni1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    И друго што се силат и го начукав, или имам една се ебам со друга и уште што не. Кога ке сватат машкиве дека задоволството е обострано. И дека ако таа неке бе другар ти нит ке ја ебеш нит нешто друго ке и правиш.
     
    На j......s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Не знам каде треба да се обратам.Со секој започнувам разговор и секој ме " слуша " потоа не ми дава совет. Па затоа БИ ВЕ ЗАМОЛИЛА НАЈИСКРЕНО, сега ми е потребен совет.
    Бев во долга врска, раскинавме, мн се разочарав, едноставно се затворив. Идеше постојано кај мене една другарка и ми викаше дека потребно да излегувам и некогаш и со сила одевме на кафе/ чај.Потоа се опуштив. По 3 месеци започнав како на излегување со еден така близок другар.Ми требаше мене некој кој ќе ме разбери и тој беше опцијата. Му кажав се, ама баш се. Со има и презиме, знам дека го знае..Излегувавме, и му реков дека ми треба мене другар, не ми треба мене дечко поради тоа што сум разочарана во љубовта. Ете, пред 7 месеци настинав ( како и сега што сум болна ) ама тогаш си пишувавме на чет и ми вика почекај малце и ми се јавува на телефон. Иди и ми вика земи ја кесава.Од кеса од веро испазарено имаше зеленчук малце и овошје, созонско, се разбира.
    Потоа од чантата од лаптопот вади кафетин колд и ме гушна.Ми вика, наскоро да оздравиш и да се возиме со ролерки.
    Значи некој до сега другар вака ми немаше направено, некој ! а сум имала многу другари во мојот живот. Потоа бев шокирана.Не ми ни текнува дали му се заблагодарив, само го гушнав. Се качив во станот, потоа видов не е Online па си реков мамка е, за да го побрам по телефон.
    * иначе нонстоп на телефон бевме...
    Го барам, исклучен му беше.
    Во тоа време, се јавив на една моја другарка која ми е како сестра и кажав, како ме изненади.И таа почна со ставот демек му се допаѓаш. Остај го тоа можи нема батерија. Можи нема нет моментално.После како да ми ги отвори другарка ми очите и навистина како да чуствував како се грижи за мене, како за некоја по драга личност.
    Беше петок, излеговување демек за в град. Немавме никој познат во кафичот.Беше преполно и ми шепнува демек ако излезиме ќе си поминиме поубаво.И што излеговме ме бакна во образ.Па мување итн.... Многу набрзина се зближивме. Значи после месец дена имавме односи, потоа одевме на викенд, па мајка му правеше операција во Словенија, па јас се грижев и знаеше колку ми е грижа за мајка му па затоа тоа многу не зближи.Но, сега еве 2 месеци како да не го интересира ама баш ништо за мене. Пробувам да разговарам ама сама како да зборувам.Значи ќе оди на семинар во Италија и можеше да земи кој сака од фам. Или другарка/другар. Тој никој не зема. А 100 пати му реков дека сакам да појдам во Рим. Имам појдено во Ванеција и Верона. Семинарот е еден викенд. Се му е платено. Не ме ни бара телефонски, сега еве настината сум и ми вика да излезиме демек и реков дека утрово имав темература и лошо ми е цел ден и ми вика па што има врска..не знам што му се случува :/
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    @aways на почеток кога прочитав баш помислив дека вистинска реткост е да се пронајде момче кое навистина се грижи за тебе, твоето здравје. Најдобри врски се тие што прво сте пријатели после тоа и партнери. Но неккао кога продолжив понатаму да читав сфатив дека нешто тргнало малку наопаку со неговото однесување. Можеби ова е уште една игра од типот топло-ладно или едноставно го добил тоа што го сакал те освоил па сега изгубил интерес. Тоа што тој ќе оди на семинар во Италија и не те зема со него не е проблем затоа што може му треба слобода барем додека врши работни обврски. Но загрижувачки е тоа што велиш дека кога збориш со него е исто како да зборуваш сама што значи не допираш до него.
    Пробај отворено разговарај со него или повлечи се и дај му време да размисли , биди и ти ладна кон него како тој што е. Друго не знам што да ти кажам не би сугерирала дали тој има друга или ен па затоа вака се понаша. Засега вака делува како игра топло-ладно.
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Само искрен разговор му е мајката, разговорот и комуникацијата е секогаш најисправно решение за било каков проблем помеѓу двајца партнери.

    Велиш сте имале одличен однос, разговори во секој поглед, епа тогаш зошто се плашиш од искреноста и од неговите одговори?! На овој начин само се мачиш и одолговлекуваш ситуација што порано или подоцна ќе исплива на површина.

    Оди и разговарај со него, биди одлучна во себе, и не чекај премногу, дур не е доцна, со молчење и кукање не се решаваат проблеми.
     
  14. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Далеку беше врската и на почетокот од совршена. Ама не сакав да навлегувам во тоа...Имав голема рана и тоа можеше секој да ја забалежи. Не рана во вистинска смисла на зборот. хаха ахахаха. Му ажав што е проблемот. И да, беше добар и грижлив. Многу пати пример немаше што да правиме и ќе речеше ајде до Солун, па тој полнел бензин па јас сум честела гиро и така...значи за брзо време се зближивме.Па ете пример, ќе одам на роденден кај моја добра другарка и ќе правиме селфи и одма почнува кој е до тебе онај вака така...Не знам што му е? Не знам ни дали игра топло-ладно ни ништо. Еднотавно сум збунета. Еве, не го барам од вчера вечер бевме договорени за на кафе денес да одиме. Го нема да ме бара. Го откако и дојдов дома го исклучил тел. Што да правам ? Не можам да не го мислам кога за малце време ми даде многу спомени. Настрана викенди, излегувања...Еве моментално додека седам на лаптоп ја гледам првата наша слика и тој и јас ја имаме во рамка... Не сакам да раскинам
     
  15. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет..се гледам со едно момче 1 недела и среда му е роденденот..навистина ми е глупаво да му купам голем поклон затоа што не сум му ни девојка,ама глупаво е да појдам без ништо...совет некој,што можам да направам ?
     
  16. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Не се плашам јас.И ние колку толку пак имаме разговор. Само јас треба да го барам, јас треба да одам кај него, јас треба да му пишувам и сето тоа. Пред месец дена ( можи и повеќе ) кога почна да се мунува имав енергија и не ми беше проб. сега ми е смачено.Па нека кажи... Вчера му пишувам на чет и фраеров по 30 мин ми врати. Ама нема врска..Не се лутам за на сцијлните мрежи. Само глупаво ми е.Додека моја другарка ми кажува како ја изненадил дечко е што одат 4 години, јас си викам со овај идиотов нема такво да дочекам.А сепак ми е драг и мил и кога ќе го видам се тоа пропаќа во вода...
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Јас се те разбирам.
    Можеби доживува некаков период.. можеби има работа.. можеби му е стресно.. си има некој личен проблем.. "можеби" има колку сакаш, не си му во кожа и не знаеш што му се случува. Побарај го и направете асален искрен муабет.. можеби ќе ти се отвори и ќе разговарате.
    Ако немате разбирање, доверба.. разговор, не гледам тука иднина со дечково.
     
    На aways му/ѝ се допаѓа ова.
  18. xxxm

    xxxm Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба помош...вака сега,со дечко ми поточно бившиот идевме 3 години и неклку дена. Тој еднаш ме изневери,се покаја и му простив летово тој многу лошо се однесуваше со мене,па не бевме баш во добри однос. Бевме во врска,ама како да не бевме секој ден карање и слично. Јас направив една глупост го изневерив се каев многу,тој ми прости барем така викаше. Некое време беше се добро,ама после тоа почна да ми го спомнува цело време,за тоа дека не може да заборави и слично. Ама добро теравме некако се сакавме и двајцата. Пред некој ден сакаше да раскинеме,ама не сфатив зошто ми кажа ќе бидеме другари вака така. Сабајле ми призна дека си фатил девојка од саботата мислам. И пред тоа ми збореше како ќе најдел некоја која знае да го цени. Во саботата излеговме,ама не знаев дека се фатил со таа. Денеска пак ме викна да излеземе и јас глупа од што го сакам прифатив,се онака беше меѓу нас како да сме сеуште заедно. Го прашав зошто со мене сака пак чим ја сака и им е убаво,он само ми кажа може и да раскинам не ми се знае мене,а и ти самата ми кажа дека некои наши моменти не се забораваат. Значи уште ме сакал. И сега знам дека направив грда работа,ама па не сум само јас виновна барем јас така размислувам. А и ја изневерубава со мене.(не ме осудувајте поради ова)ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ДАЈТЕ МИ СОВЕТ КАКО ДА ГО ВРАТАМ ШТО ДА НАПРАВАМ ГО САКАМ! :'(
     
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Мене не ми е јасно зошто сакаш да го вратиш?
    Те изневерил и си му простила како ништо да не било, после ти си го изневерила и као тој не можел да заборави дека си го изневерила, а тоа дека тој те изневерил заборавил.
    Друго ти раскинува, а ти не знаеш и си фајќа женска во саботата и ти дури сабајле дознаваш?
    Јас овдека не гледам ни една причина за да го вратиш назад, ако ти го сакаш не значи дека тој може да прави што сака.
    Вака мила јас мислам дека и така сте раскинале продолжи си со животот, боли ама ќе помине, укажи му дека ти не си играчка па тој да си прави како сака.
    И тој како одма ја нашол женската во саботата оп, не се најдува туку така, тој сигурно бркал работи пред време зад твој грб.
    Најубаво продолжи си со животот, ќе најдиш некој што те цени, а не цело време да се занимаваш со некој кој не знае што сака, се карате само и плус изневерува, не знам како си поминала над тоа.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Сте ја оплескале дебело ... според мене секој на своја страна најдобро ќе ви биде, не се мачисамата себе... љубов-омраза и обратно и незаборав и ... сте си ја зезнале љубовта, едноставно не било речено.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.