Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    @Zeynep

    Те контролира зошто му дозволуваш!
    Не мора да го тераш било каде, другото кажи го, отвори уста, РАЗГОВАРАЈ!
    Девојче, не ти требаат посебни зборови за да му се обратиш. Седни кажи му вака и вака. Ми смета ова и ова. Не можам да издржам, промени се. Ако не веќе не бидува, нема што, стави и крај на оваа тортура.
    Ете дури ти кажав и со кои зборови точно да му се обратиш :tmi:.
    Страв?! Од што се плашиш?
     
  2. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Се плашам бидејќи го знам и ќе мисли дека не го сакам доволно,дека неговиот збор мене не ми значи,дека не го слушам,дека не го ценам..Тоа ќе си го помисли а воопшто не е така.
     
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Епа ако сакаш цел живот со него да го поминуваш тогаш слушај го. Намали со излегувања и изгуби ги другарките, почни ретко да се гледаш со нив и слушај го само него.
    И ти нему забранувај му да излага и кога ќе си направите свадба ќе си бидете само вие двајца среќни и весели :inlove:
     
    На tigarche1, SnowWhite8, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    Не, тој не мисли така. Тој се вади со тие изговори.
    Дај бре застани на цврсти нозе и ти!

    @JollyGirl да си жива девојко, колку ме изнасмеа. :lol: Иако не е за смеење ситуацијава. За плачење е!
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    хахаха ме насмеа стварно алал да ти е
     
  6. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Абе секогаш кога сме заедно сакам да му кажам.Таман ќе почнам да зборувам се кочам,не можам да говорам веќе се губам,и си велам во себе ќе се промени ама гледам дека како што оди тој ист ќе си остане..
     
  7. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Значи вака...Од каде да почнам?
    Не знам што се случува,ама стварно сакам да слушнам ваши мислења за ова.
    Порано многу бев ладна и буквално во никого не можев да се затрескам што се вика,асално.Кој и да ми се свиѓал да речам,се траеше кратко.Мувања,глупости и се ми здосадуваше денес ми се свиѓа утре не.Некако потајно сакав да се заљубам барем еднаш,па макар и болно да е.Никогаш пред тоа ме немаше машко одбиено или отфрлено,не знам.Зе застрескав што се затрескав во еден,сељак не виден.Зацапав и тоа убаво,баш како што правев јас топло-ладно,сакам-не сакам,тој такаа правеше.Океј,преболев некако.Ама не знам што ми стана,добив желба за стварно сериозна врска на која ќе можам да и се посветам целосно.Е веќе не можам да најдам ниедно такво машко,дури почнав сега и обратно од претходното-пребрзо се врзувам.Не знам,преку глава ми е да се замарам зашто некој не ми пишува,а сме се смувале,ми давал лажна надеж.Не сум била лесна во никој случај,ни па да си ја погазам гордоста,а сепак си ја барам кривицаата во мене.Ме фаќаа некоја депресија дека она "секое тенџерче си има свое "капаче не важи за мене,или пак сум тава.|(
     
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    @Zeynep добро бе девојче до толку ли не си способна да процениш во која пропаст те доведува тој дечко?
    Си се запнала ко слеп за стап за него и само кукаш и бараш совети?
    Нели гледаш дека дечково е закоравен до срж?
    Ем гледаш дека идинина со таков немаш никаква, ем гледаш дека имате различни гледишта кон животот и различни ставови и желби и пак си се фатила да бутнеш ѕид со глава.
    Бегај што подалеку од тој човек, арен живот со него не ќе имаш, послушај ми го зборот.
    Ако сакаш да ги трпиш неговите закоравени каприци тогаш иди даље ама не се жали, не кукај. Прифати си го и ќутиси, за друго како што гледам не си ни способна.
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Сигурна си дека сега ќе можеш да се заљубиш?
    Јас искрено како машко, би ми било страв да бидам со тебе. По ова твое кажување дека еден ден се вљубуваш, друг ден се одљубуваш...
    Јас би ти препорачал, живеј си живот, можеш да си бидеш со кој сакаш, мењај ги ако сакаш, само што лошо ќе биде за нив што ќе мислат дека си стварно заљубена во нив. Заљуби се после 30 години.
     
    На mila1111 и MiloMalo им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Премногу ти љубомори. Од една страна он е крив, а од друга, малце и ти. Премногу љубомора, не е на добро. Он сега сумња во тебе дека ќе му отидеш со друг.
    А ако си во врска и ако го сакаш, во дискотека сама без него нема да отидеш!!

    Прво види со сериозен муабет, а ако не пројде така, ондак јас ти препорачувам да не трпиш и да не бидеш роб. Не само на него, туку на никој. Раскини му. Поплачи недела дена, преболи го. И после здравје боже ќе си најдеш подобар, што те заслужува.

    Гледаш дека во коментарите сите ти го зборат спротивното, бар послушај не еднаш. Ај само јас да сум, ама 5-6 луѓе чим ти го кажуваат сличното како мене, ондак до тебе е нешто.
     
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    @Marick14 полека малку одма ја испрати во иднината та, дури 30год. хаххаха ме изнасмеа :) @Tumblr девојче, прашај се себе си прво што сакаш и дали навистина то аго сакаш без никакви хирови. А се врзуваш затоа што си се програмила така, сакаш сериозна врска, а тоа не доаѓа така само што ти си решила и оп, треба време и да видат двајцата каде сакаат да одат заедно и дали сакаат да одат заедно во животот. И намали малку со мувања затоа што се' е навика, ако навикнеш на такви врски најголем дел од момците така ќе ги гледаш и ќе се заљубуваш и одљубуваш преку ноќ :)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ова и јас би и го препорачал. Олабави малце и сфати си ја работата по сериозно.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Решил типов да те доведе у ред :) татко си е татко, тој ти верува ама маж тешко брзо да стекне доверба посебно ако му даваш повод, не знам дали врската ви е на почеток ако е така овие реакции се малку разбирливи за момак што си ја сака цурата и си го чува теренот, знаеш она држава се чува од непријатели, а жена од пријатели :) мислам дека полека ќе стекнеш доверба и ова нема да биде проблем ниту пак кога ќе сакаш сама да излезеш, ваков однос гуши ко ланец околу врат, кога ќе стекне доверба меѓу 1000 волци да те пушти ќе нема гајле, релакс штом си се сакате, не се нервирај и НЕ ПИЈ коњак ко вода, тој човек може мисли дека деца ќе треба да му чуваш утре ден, погледни малку пошироко.
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elaria

    Elaria Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ова не е љубов мила, што побрзо го сфатиш тоа подобро за тебе. Типов е страшно искомплексиран контрол фрик. Не смееш да дозволиш вака, кој е тој па да го контролира твојот живот? Ти не си негова сопственост! Сакај се себе си на прво место, ти си најважна. Вака само ќе ти набие комплекси на пониска вредност, ќе те направи зависна од него и недајбоже ќе паднеш и во некоја депресија. И тоа само дечко ти е, замисли да сте во брак или слично? Мој совет, спаси се дури можеш. Заслужуваш подобро!
     
  15. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Благодарам на сите совети.
     
  16. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Не сме се разбрале.Реков дека порано беше случајот таков.
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Што фајде ќе имаш да си оставиш дечко за бед бој? Мислам немаш ништо корист во тоа, само тоа ти останал детска, средношколска затресканост.Рече пред 3-4 год били тоа во средно, што значи сега си некаде 20+1,2 нели? Мислам дека ти поминаа деновите кога лошите момчиња ти ги пунеа гаќите со среќа.Не ми јасно, каква врска би имала ти со него, кога он иде по казина, се пијанчи? Место да бидеш сакана, како што си сега, вајда, дечко ти ти посветува внимание, те сака, те почитува. Викаш не сакаш да се скараш со него, што значи се си е најдобар ред. А ти се залетуваш како недорасната тинјечерка по лоши момчиња? Ситуацијава не ти е лоша, туку ти си лоша. Си се прашала некад тебе некој вака да ти направи? После сите машки ќе ги нарекуваш со погрди зборови.......

    Фејк љубов има насекаде. Незнам каде се брзаш, ти со сила сакаш да се заљубиш. да бидеш со некој, и некој да сакаш. Тоа не бидува туку така, со сила ништо не бидува, Мислам треба малце со тебе да си поработиш, Што е тоа што одладуваш спрема машки, може нешто не ти се допаѓа кај некој, или нешто сакаш кај некој да има ама го нема.Проработи ти за себе, запознавај се со машки, може од ведро небо, ќе се заљубиш без да знаеш. А не со сила, да се поврзуваш за некого, кога на крај може да бидеш повредена.
     
    На tigarche1 и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
  19. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Ај ако има некоја присутна феминка нека ми пише лп :hug:
     
  20. Supergirl10

    Supergirl10 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво пријатели ми треба совет .Во врска сум една година.На почетокот беше супер.Се дружевже смеевме ,шетавме,летувавмe заедно.Се запознав и со неговите.Но во последните месеци не одеше од рака.Огомна обострана љубомора.Почна и забрани да става мислејќи така дека нема да ме изгуби.Научи и дека сум голем емотивец и почна да се заебава со мене и моите чувства.Започнавме многу да се караме,започна со навредо и виyкање, се обиде и да ме удри.Покрај толку навреди не му се скарав мислејќи дека ќе се промени и не се скарав.Почна и многу самоуверено да вели дека јас нема да најдам дечко како него, а јас се чудев која ќе го трпи толку нервен.Друга работа е дека не сме од ист град, и кога ќе беше со неговите не имаше контрола му сметаше секое мое излегвање на кафе а тој се журкаше до утринските часови. Правеше се што ќе посака, а јас да направев нешто одма не е во ред .И така пред точно еден месец ми се скара тоj а јас не можев да се помирам, плачец и го молев да се смириме ,не помина недела и пак се скаравмe и веќе се помирив и почнав да си го терам животот ,а тој пак се појави. Ми звонеше упорно на мобилен, не кревав но толку беше упорен што после толку пропуштени повици кренав.И повторно попуштив. Не така сјајно но продолживме,се до вчера.Се слушнавме по телефон и правевме договори за василица и почна да ме зеза у здрав мозок ми кажа дека со мене се мајтапи и возвратив дека нема потреба да одам. И возврати дека е супер, таман ќе се ослободи место за слободно место да има да придојделе уште некои девојки. Се издери по телефон ,ме извреѓа и ми го исклучи телефонот. Денес ми звонеше преку десет пати и пораки дека морало да одам да ја платам картата ,со закани а тоа беше само изговор. Го известив дека е откажана и возврати дека сама ќе сносам последици.Ми се закани да сум бегала подалеку кога ќе го видам. Што да правам едноставно сум избезумена.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.