Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Дечкото има 23 години и имал женска пред мене...ај да немал никоја не би ми било чудно.
    Не знам сварно можда ќе му дадам последна шанса и тоа ќе зависи од него. Ептен ми е глупо вака, цела хемија ја снема...баш ми е криво, али тоа е.
     
  2. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Здраво на сите... Ќе ве замолам кој сака да ми каже мислење и што би требало да направам бидејќи ни самата не сум паметна што е правилно во оваа ситуација веќе. :) Вака значи со дечково се запознавме случајно,од различен град сме и почнавме на фб да пишиме.Значи преубаво ми се однесуваше,фино културно се,Ама јас сум таков тип што многу сумљиво гледам на работите и чудно ми беше како може човеков ни ме знае ни ништо толку да е заинтересиран да биди со мене. Дури после 2 месеци му дадов број и почна да ми се јавува секој ден.Ептен озбилен ми делуваше.Бевме неколку пати на кафе и после 2месеци негде одлучивме да бидеме заедно. Првиот месец се беше супер и покрај тоа што се гледавме само еднаш во неделата кога ќе имаше слободен ден од работа бидејќи и јас во меѓувреме бев на факс и тогаш двајцата бевме слободни. Јас уште на почетокот му кажав дека додека не се знае на што сме јас нема да одам таму и затоа цело време тој идеше тука. После првиот месец некако чувствував како повеќе да беше заинтересиран за мене пред да бидеме заедно отколку потоа. Некако наместо да се зближуваме ние се повеќе и повеќе се оддалечувавме. Секако дека тука влијание си имаше тоа што не можевме често да се гледаме и нормално не е доволно еднаш што ќе се видиш на неколку часа да надохнадиш за цела недела. Искрено поголема ппврзаност чувствував со него кога ќе разговаравме на тел отколку кога ќе беше до мене. После некое време почна да му смета зошто јас не сум одела таму и покрај тоа што помина само еден месец (значи не беше некој период голем па да му се смачило тој да иди,беше дојден само 3-4пати). И ајде конечно која јас се решив да појдам вечерта нешто на тел се каравме и ми рече нешто као ќе се дотераш ќе се нашминкаш како ти што си знаеш, и ќе дојдеш овде да те видат другаркиве мои. И муабетот ми дојде као овој само сака да си се исфали со мене и ништо друго. Тој велеше као демек јас погрешно сум го разбрала,ама мене ми остана во глава тоа цело време и почнав уште повеќе да сумљам која му е целва со мене што е и пак јас не отидов.
    Значи вториот месец повеќе се расправавме отколку што разговаравме, цело време викавме ајде ќе правиме муабет кога ќе се видиме и кога ќе дојдеше тоа значи незнаеш што побрзо,дали да се расправаме,дали да се видиш,гушниш и пак ништо. Се така само си се трупаше. За на крај мене ми дојде преку глава тоа што беше постојано со другарите,значи и да имав муабет со него не можев да направам од нив, и кога ќе му го кажев тоа тој не го разбираше тоа,за него тоа не беше некој проблем. И затоа јас му раскинав. Тој ми рече као не сака вака да завршиме,ќе дојдам јас да се видиме да направиме убаво муабет па што ќе биди нека биди,очигледно во погрешно време се имаме најдено и јас и ти сме зафатени,само сакам да знаеш дека ако можам да бидам со некоја сега сакам тоа да си ти. И јас му реков бидејќи не се знае колку време ќе помине ти додека дојдеш тука,најдобро е да не се слушаме дотогаш и двајцата да размислиме што сакаме всушност,а кога ќе одлучиш да дојдеш слободно побарајме и ќе се видиме. И од тогаш ни дојде човеков ни ништо. На фб неколку пати ми пиша, пред 2недели негде ми пиша као демек што правиш како си и после нешто као демек пошто не се видовме сакам да ти кажам дека ти си супер девојка,без разлика што испаднаа работите помеѓу нас вака,јас секогаш ќе бидамм тука за тебе. И нешто почна да ме напаѓа као ти не се трудеше да бидеш со мене,демек се било поради мене.(јас признавам дека поголемиот товар беше оставен на него,тој требаше да иди и сл,ама имаше многу работи во кои и тој не беше во право и затоа сметам дека и двајцата сме подеднакво криви. Некако здраво за готово си ја зедовме врскатаа и доцна беше кога се освестивме за тоа). И цело време во муабетот те ме напаѓаше као да му е криво што се така испаднало а после ајде небитно секако е, поминало..можеби понатаму ќе можеме да бидеме заедно.(како да не му е гајле воопшто). И синоќа доцна сабајтето гледам на свадба бил,слика објавил и ми пишува на фб кога сакаш да се видиме и да се смуваме како никогаш досега? Јас се стаписав,што му е на овој?? Му пишам што ти е и тој вика,можи или неможи. И уште толку повеќе ме изнервира,као ја да сум некоја што кој сака може да се мува со неа. И после ми пиши ајде утре ќе пишиме добра ноќ. И денеска ми се јавува како ништо да не било,што правиш,како си и кога му спомнав за сабајле ми рече епа не сакам да правам муабет за тоа,дали сум бил пијан или трезен мој проблем е,сум го кажал тоа што сум го мислел и тоа е,се деси. И цело време ми менуваше тема и само после ми рече што ме напинаш толку ете сум мислел сум рекол, да не сакав да те побарам немаше,некако се преценуваш па ми викаш вака не можит да се однесуваш со мене така неможи.Ако не ти се свиѓа муабетов ќе ти искл и чао пријатно и јас на тоа само чао и му исклучив јас. Кај нас проблемот е што двајцата сме горделиви и сега работата е кој појак ке излези на крајот. Ама навистина не разбирам како може толку идиотски да се однесува.Тој не е тој што беше со мене.
    И сега прашањето ми е дали да му пишам" зошто јас и ти неможеме да разговараме како луѓе и да се разбереме убаво " бидејќи чувствувам како да сака да биди со мене само гордоста не му го дозволува тоа и ако ми се испонаша пак ќе го блокирам од секаде или да не правам ништо??
    Извинете стварно што текстов е предоолг ама пробав да го објаснам главното.. :(
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    221.721
    Пол:
    Женски
    На кратко кажано. Сте пробале и сте виделе и двајцата дека таа потребна "хемија" и пред се разбирање во една врска ја немате, едноставно не сте на една иста брановита должина и тоа е тоа секој по свој пат.
    Ако постојано се "разбирате погрешно" и не можете воопшто да пронајдете заеднички јазик за муабет тури му пепел.
    Ти не си за него, тој не е за тебе.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    @vitamina
    Те разбирам... Само знаеш што ме мачи од една страна знам дека правилно постапив со тоа што се разделивме,а од друга страна осеќам како да не се потрудивме доволно. :(
     
  5. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    @srcence123 Тогаш послушај го срцето и пиши му. Знам дека сакаш.
    Ако не му пишеш сега, секогаш ќе те мачи едно „што ако?“
    Затоа, пробај уште еднаш ако мислиш дека има надеж, барем ќе знаеш на што си.
     
    На srcence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.637
    Пол:
    Женски
    @srcence123 јас имам впечаток дека можеби и не е баш до него проблемот. Ете тој доаѓал за да се видите, се трудел за врската, а ти си таа која не се трудела. Очигледно премногу непотребни сомнежи си имала зошто е тој со тебе, дека сакал да се пофали пред другите. Вие воопшто не сте ја ни искористиле шансата за врска. Викаш и двајцата сте горделиви. Во љубовта не треба да има гордост. Ако навистина го сакаш дај му шанса и однесувај се како што треба во врска, односно и ти да даваш и придонесуваш како и тој.
     
    На emmacool, kjukli и JustFun им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Кратко и јасно би ти рекла само едно: Заборави ја гордоста и види до кај сте.Пробај да бидеш крајно сериозна.
    Прашувај отворени прашања.Барај од него отворени одговори.
    Не дозволувај да се одолговлекува сето тоа, за да не те става во мат ситуација (да ти предлага мувања или ,,онака,, да се слушате).
    Средина нема.Или сте или не сте заедно.
    Покажи му заби.
    Ако те сака, ќе се канализира врската.
    Ако видиш дека нека фајде од муабетот ОДМА заврти му грб и почни со преболување.
     
    На srcence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Сакам да му пишам, да пробам ако може да се разбериме како што треба. Ако се испонаша пак како што има обичај во последно време,го блокирам и крај. Барем ќе знам дека јас сум пробала да средам нешто.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Сите се повикувате на таа хемија а физиката како намерно да ја запоставувате. Јас мислам дека преку добар физички процес може да се добијат некои хемиски елементи кои се неопходни за квалитетна врска. Зошто очекувате уште на самиот старт да постои хемија? Физиката е она прњку кое обата партнери се запознаваат себеси, без добра физика хемијата е мртва.
    Еве ви пример погоре, имало хемија ама кога физиката не функционира џабе е се. А замислете да сте невини и се чувате се супер, хемија растура и ип кога ќе дојде до физика се разочарувате комплетно и се пага во вода? Деца вие замижете што сте под 18 а вие останатите добро читајте, се треба прво да се проба па да се каже дали е добро или не и јаболкото на око е убаво ама внатре црвливо. Без добар секс нема добра врска и точка, поминало времето кога сексот бил само за да се испразни мажот.
     
  10. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Фала ви девојки, ќе ве известам како ќе помине се.. Држете ми среќа :) хехе
     
    На YoungandBeautiful и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    И јас го мислам тоа, за врска се потребни двајца и ништо друго, ако едниот се обидува цело време во врската пиши пропало, ништо од тоа.
    Таа сакал да види како ќе оди, тој да доага па таа кога ќе види дека врската тоа е тоа и таа ќе му оди на гости.

    Ваљда се навредила со тоа што тој рекол "да те видат другарките" со тоа не мислел лошо туку можеби само се изразил лошо и погрешно и од овде започнало се.

    Тој пијан или не ја прегазил гордоста што и рекол да се смуваат пак, па од кај да знае? можеби тогаш ќе разговарале повторно ќе ги средиле односите и толку,
    Најголемиот непријател во врската се гордоста и инаетот, а со тоа и пребрзите одлуки.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Да точно ја прегазил гордоста и ми пишал ама зошто сега не сака да разговара за тоа ако тоа е она што ги сакал??
     
  13. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Иначе да ви кажам додека јас да се решам да му пишам тој ми пиша. Хахах

    Ми пишал на фб гледај друг пат понормален разговорот да биди, не одма в гради да се чукаш. Ајде имам работа,убав ден. И јас му вратив зошто не можеме да направиме муабет како луѓе и да се разбереме убаво? И тој нема потреба од навлагање сега,тоа што сакав ти кажав.Батали помина нашето време здравје може ќе дојде понатаму пак. И јас на тоа вратив ако се прави муабет да се направи сега ако не тука завршуваме.

    Неможам да разберам што му е филмов на човеков. Значи од вчера размислил како се испонаша и пиша за да го поправи тоа.
    Ако поминало нашето време што се труди да ми објаснува пак уште повеќе и да ми пишува за мување???
    БОГ Да ЧУВА..
     
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Го сакаш? оди кај него, кажи му во лице, потруди се малку.. Машко ко машко ќе се обидува и ќе се откаже, нормално е тоа, бидејки ти на почеток лабаво си се однесувала, ништо лично против тебе, и не слушај што ти зборува тој, дејствувај.
     
  15. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9

    За да сум заљубена во него,не сум. Со оглед на тоа што само 2 медеци бевме заедно мислам дека е краток период за да се заљубиш во некого. Работата е во тоа што мислам не си дадовме шанса за да видиме дали може да излезе нешто големо и убаво од сето тоа.
    А сега прави, те пиши ми те ете ко ќе му дојде кажи си што мисли и на крај ми вика помина нашето време, можда ќе дојде некогаш пак.
    Што мажи ќе беа ова денешниве не разумем...
     
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @srcence123,
    Те исчитав и искрено сфаќам зошто некои машки се кретени.

    Извини ама не е мал период два месеци за да се заљубиш во некој. Него му е криво што вложувал, ти очигледно не си сакала да се потрудиш, и да вложиш. Како да е негова обврска ако сака да биде со тебе да доаѓа?! Па за една врска се потребни двајца. Нормално дека ќе почне да оладува и да се оддалечува ако гледа дека не сакаш да се потрудиш. Си раскинала, нека остане на тоа. Ни си заљубена, а ми делува и дека не си спремна за врска, така што расчисти засекогаш со дечкото. Очигледно е дека почнал да има чувства за тебе кои не се возвратени.
     
    На MiloMalo и emmacool им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Фино лепо ти пишал: Батали помина нашето време...значи стварно батали...не му пишувај веќе, не му се јавувај, заборави го и ќе си најдеш друг. Штом викаш не си заљубена, би требало полесно да го заборавиш. Не му кревај и во случај ако се јави, за да ти биде полесно.
    ТОа што го пишал тогаш бил може пијан и затоа така се понашал, ете сега трезен убаво ти кажал што мисли, и не се замарај веќе со него.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Па јас не ни го барав,ниту му пишував, ништо од кога се разделивме. Тој е тој што ми пишува по извесно време. Затоа не разбирам што има да ми пишува ако поминало нашето време,како што вика сега.
     
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Затоа што има чувства кон тебе. Тоа е толку тешко да се сфати?
     
  20. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Логички е тоа.. Затоа пробувам да направам муабет со него ама ја има здрвено главата..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.