Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.698
    Пол:
    Женски
    Седи и разговарај со него, прашај го во што е проблемот, кажи му дека те повредува оваа негово однесување, во секоја врска постојат "кризи", можеби има некој проблем што го мачи, а ако не е некој проблем може и да е некое девојче.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    ^ Јас мислам дека тоа ти го рекол за да го оставиш на раат. Сигурна сум дека после два дена кога ќе почне да ти фали ќе дремеш со телефон во рака и ќе се јадеш дали да се јавиш.
    Сигурна сум дека му вртеше милион пати па за да те откачи ти рекол ќе ти се јави.
    Ако јас не викам дека нема да се јави, дај боже да се јави.
    Ама тој да сакал со тебе да биде и да го решите тоа заеднички нема што да размислува. А штом размислува значи се двоуми. Мислам ти мислиш дека ви е многу убаво, ама што мисли тој само бог знае.
    Самиот ти кажа дека му недостасува слобода, како што и тебе ти недостасува.
    Мислам џабе бараш совет и на сите ни викаш дека сме во право кога тераш свој инат.
    Ајде да видиме до каде ќе те однесе инатот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто што никако не ми е јасно.
    Зошто возрасен маж од 28 год. е во сериозна врска со 17 годишна девојка? Он знае дека не го сака, знае за сите нејзини глупости што ги прави. А мислам дека е он нормален, работи има повеќе блиски другари. Е стварно не ми е јасно.
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Некој за во инбокс?
     
  5. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Пред неколку месеци излегов од врска долга година и пол али го пребродив ова некако.. Еве веќе еден месец се гледам со друг и баш ми значи, интересно ми е и не сакам да го изгубам. Проблемот е во тоа што неможам да го избркам стравот за опуштање со него.. дечкото е прекрасен, со него можам баш за се да разговарам исто и тој со мене, блиски сме мн али кога станува збор за мување, пипкање и други такви ствари јас неможам да се опуштам, како цело време да се плашам од нешто а му верувам. Како да го пребродам овој страв? :(:(
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    @johnnys.girl
    летото е создадено за љубов и убави моменти .... Наздрави со момчето со освежителен алкохолен коктел .... Има да те опушти ;)
     
    На johnnys.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Зошто некому е проблем врската на далечина? Дали страв од неуспех, разочарување? Да додадам дека немањето на финансии се плус причина, дали е тоа доволно да се преќине нешто или е само изговор? Знам дека за ова има посебна тема, ама сакам да слушнам конкретни мислења за прашањево.
     
  8. МикиМаус0807

    МикиМаус0807 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет, во врска сум веќе година време и врската се до пред еден месец ми беше совршена, секој проблем се решаваше на најсмирен начин, со разговор и со разбирање, е сега последниот месец јас сум драстично променета, секој негов потег ме нервира, сама си барам мали причини за караници и кога ќе дојде до караница јас избувнувам, цркам и слично, а тој е претерано многу добар никогаш не го зголемил тонот, и јас и кога се дерам гледа да ме смири па да зборуваме мирно и денес ме седна да разговараме дека тој веќе не може да ме трпи и дека треба да се сменам,дека веќе не сум истата од претходно, и јас и тој плачеше додека разговаравме, а проблемот е во тоа што јас не можам да ја најдам причината што ме тера да се однесувам така... Никогаш до тогаш не си дозволував да се испонашам грдо спрема него а сега ми е речиси секојдневие, а го сакам премногу го сакам и ќе гледам некако да се вратам како што сум била некогаш... само не знам ни како да се извнима доволно за толку многу болка што му нанесив за тој еден месец и како да си ја спасам врската која до пред месец дена ми беше совршена.. ве молам за некој совет
     
  9. Daddy's Girl15

    Daddy's Girl15 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Девојки со партнерот сме 2 ипол години заедно но веке не можам да го трпам воопшто цело време кавги и што е најважно од се ме пцуе секој пат и ме врега и омаловажува и сега незнам дали да ставам крај а во мегувреме врската ни е монотона,досадна прееска му пишав дека не ми треба поише да си најде друга што ке го омаловажува и не сакам да го трпам поише. дали постапив правилно? Ке може ли да ми помогнете ич не сум цврст карактер секогаш му шопушам ми тррба подршка..
     
  10. Ignis

    Ignis Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    222
    Еве јас што би кажал. Од малку поинаква гледна точка затоа што сум од страна и ги согледувам работите малку поинаку од тебе.
    Твојот упорен ангажман да ја сочуваш или пак продолжиш љубовната врска е секако за морална почит. Но, мора да се признае дека е со одредена доза на опсесивност. Што сакам да кажам со ова? Јас каде што живеам има огромен број на вакви случаи кои неретко завршуваат на суд(зависно од ситуацијата секако со позитивен или негативен епилог). Вољата на поединецот мора да се почитува. Тоа дремење пред неговата куќа може да се протолкува како акт на малтретирање и нарушување на приватност и интегритет врз друга личност(секако ако реши да те тужи за тоа). Повторно ке повторам дека има многу случаи особено кога машки го прават тоа на женските заради опсесивна компулсивност. Мора многу да се внимава да не се премине границата. Работата е отидена до таму дури и кога нешто слично се случува и на интернет)односно се тужат ко луди за обични постови по социјалните мрежи). Секако менталитетот и начинот на кој што се решаваат тие ситуации во Македонија е различен.
     
  11. Ignis

    Ignis Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    222
    Во право си, ако во вашата врска се вгнездиле зборовите на непочит и омаловажување, крајот на врската завладеал.
     
  12. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба ваш совет!
    Има едно девојче од средно, се дружевме тогаш многу после тоа се одалечивме.
    Е сега ме бара пред некој ден и ми бара 2000 денари на заем, ќе идела со дечко и на некој викенд и требале, мајка и ко ќе зела плата ќе ми ги вратела.
    Јас ја излажав дека не сум ја вадела платата и не планирам деновиве ама ме напна на фб, ми пишува пораки, ми врти постојано па и викам ако немаш пари што се договараш и ми вика морала да иде.
    Не сакам да и дадам од проста причина што уште додека учевме позајмуваше од кого стигне и никогаш не враќаше. Тогаш не ми беше гајле за ниту за 50 денари пошто заработував ама денес ми е и те како.
    Кога ќе излезевме по ужинка или на кафе, ми велеше ти имаш стотка, плати јас ќе раситнам и ќе ти вратам, па така тие пари никогаш не ги враќаше. Потоа почнав да си земам од дома точно пари колку што ми требаат, па еднаш одлучив да ја истестирам демек сум си го заборавила паричникот таа да плати па ќе и вратам се направи дека не ме слуша, се намурти и ми вели па немам ми требаат за цигари, почна да се правда и си купи за себе, мене ме остави така.
    Не знам што да правам, како да ја откачам ми пишала сега на фб во понеделник ќе поминела да ги земе парите, не знам што да и кажам веќе.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.169
    Допаѓања:
    175.409
    Пол:
    Женски
    @loveyouuu кажи ѝ дека можи да помини на кафе, ама дека пари нема да добие. И да дојди, да ти напнува, не се правдај пред неа дека немаш туку кажи ѝ дека не сакаш да ѝ дајш и шо и да речи нема да го смени твоето мислење.
    Најбитно е да не гледаш да ја откачиш, туку да ѝ дајш до знаење зошто не ѝ даваш. Да знај дека во неа е проблемот, не во тебе. Мислам не сфаќам вакви луѓе, и да знај ете другарка ми дека имам пари, ако јас ѝ речам немам или планирани ми се или било шо друго, ако таа продолжи да напнува свесна е дека ќе ми цапни на нервот кој не би сакала да го помини. Ако збораме и ако знам дека нема, дека ѝ требаат и знам дека ќе ми ги врати, па јас прва ќе се понудам да зајмам, ама нели, од другарката зависи, дали враќа, кога враќа, колку напнува. Па уште да ми вели ќе поминела да земела пари. Ха-ха. Нека дојди и нема да добие.
    Познавам поќе од еден ваков пример во мојата околина и поќе пари на неа имав даено него на себе, ама кога идеше кај мене знаев да ѝ јавам од типот: Еј купи уште едно кафе, ќе ти дам пари ко ќе дојдиш кај мене. Ама нели се работи за мали пари па еднаш вака знаев да ѝ напрам да речиме на 2-3 месеци колку ќеф да си напрам.
     
    На kjukli и loveyouuu им се допаѓа ова.
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    @loveyouuu Ко прво ти не работиш нејзе да и ги плаќаш луксузите, ко второ нека и го плати дечко и викендот.
    Друга работа, зошто таа не започне со работа па се гребе од сите цел живот?
    Јас да сум ко тебе ќе кажам на мајка и, па таа нека превзема работа.
    Нема што да и објаснуваш, кажи и дека не си обврзена за да и позајмуваш секогаш пари, од причина затоа што никогаш не ги враќа.
    Како бе нема срам? Како?
     
    На kjukli и loveyouuu им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Па не и отворај врата и кажи на мајкати дека те малтретира.
    Па таа има ли родители?
     
    На loveyouuu и JustFun им се допаѓа ова.
  16. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    @theowndemon , @JustFun девојки ви благодарам за советите ама јас уште таа првиот пат ко ме праша културно ја одбив и и кажав дека не сум во можност да и позајмам, не сум ја вадела платата и не планирам, ми требаат и мене пари ама девојчето запна само две илјади па две илјади, ќе ги вратела.
    И баш тогаш и реков, ако немаш пари зошто се спремаш и договараш?
    Дечко и ќе земел нешто за храна и ќе плател спиење, а нејзе и требале 2000 онака за џепарлак да си купи нешто.
    А знам дека нема да ги врати пошто 4 години ја знам каква е,од дома и даваат пари ама таа секогаш беше алчна и скржава, па гледаше да искористи. Милион пати и имав платено и храна и кафе, таа ниту еднаш не ми врати ни денар ама си викав океј е не сум за толку пари ама па денес кога заработувам секој денар ми е важен и нема да дозволам 2000 денари да ми пропаднат туку така.
    Јас ако и ги дадам парите, таа ќе иде, ќе се врати и мајка и ќе и даде пари сигурно за да ми ги врати ама таа нема да ми ги врати, ќе се прави како ништо да не е било.
    @buba4e89 јас живеам со татко ми ама тој од понеделник таа недела нема да биде дома, фактички ќе бидам сама. Може да дојде и во момент кога ќе ме нема дома.

    Со дечко и сме колеги, можеби нему да му речам нешто?
     
  17. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Значи нема да и дадеш.Крај.Што има ти да се замараш со неа и дечко и абе кажи не ти давам и толку не мора и да и се правдаш.Колку мразам такви луѓе,па и немат срам.У никој случај да не и дадеш како сака нека се снајде.
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Ако, продолжи да си стоеш на тоа. Да си купела нешто? џепрлак? кој и е филмот нејзе? нема што да и објаснуваш нејзе, тој ден да бидеш излезена, да не може да те најде или всушност, не.. нека се снајде, нема да биде доживотен безрбетник таа.
    Кажи на дечко и или на мајка и, па нека се справуваат тие со нејзе.
     
  19. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    296
    Ми треба совет за една обична глупост: дали може да се носат бели платнени патики без чорапи?
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    :D Може, не е никаков грев
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.