Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Не знам дали сум на право место, ама ај ќе си ја пробам среќата :)

    Поминаа скоро 4 години откако раскинавме, го преболев, го заборавив, воопшто не сум го ни сретнала, може 2-3 пати онака од далеку, последен пат пред 2 години може. Тешко и болно беше, не велам не. Но, се заљубив, имам прекрасен дечко, кој за жал е далеку од мене ;(. Го сакам, среќна сум со него, а башка сега што очајно ми недостига.

    Но, од вчера ме прогонува насекаде се нешто што е поврзано со тој бившиот.

    Се будам утрово и за некое чудо се сетив што сонував, а го сонував бившиот :@
    Отварам фејсбук, заеднички другар ставил слика со него и со брат му.
    Читам Фемина хороскоп за месецов, се споменува нешто како помирување со бивши дечко. :o
    Во понеделник треба да одам да преведувам во фирмата каде што тој работи.
    Излегувам денес низ град со братучетка ми, си тераме шопинг по парфимерии и бижутерии и не знам што ме натера да и речам да одиме во Веро. И така си одам кон каса и за два чекори избегнувам судир со него. Не верувам дека ме виде...

    Немам никакви чувства за него, не сум ни помислила на него, најсикрено.
    Сепак не можам да се ослободам од мислата дека ќе имам блиска средба со него. Не сакам. А од друга страна, мојата интуиција никогаш не ме изневерила. А тука се и милион прашања кои ми се свртеа во главата, зошто сега се случува, дали и како сум ја предизвикала судбината ???
    Дали животот ми крои "заговор"? Ме става на тест?
    Не паѓам јас на такви финти, така да си знае!
    Кажете ми како да се ослободам од мислите, кои не враќаат во минатото, кое и не беше така сјајно?
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Самата си знаеш што се’ си поминала и дали сакаш да го поминеш пак.
    Си била со него, не ви успевало и сте се разделиле. Поминало толку време, ти било тешко, сигурно и солзи си ронела поради него, си патела, а еве си сега тука, силна и (се надевам) среќна и задоволна со новиот дечко.
    Направи си во главата две слики: ти со бившиот и ти со сегашниов - ама реални, како што навистина било/е, не да си правиш слики како би било кога би било.
    Спореди ги, само ти го знаеш одговорот на вредноста на разликите од тие две слики. :)

    Минатото е таму, никако неможеш да го промениш, а уште помалку да го избришеш. Спомените ќе си стојат било лоши или добри, понекогаш може ќе се каеш или ќе ти биде мило за тоа...

    А спомни си, како би ти било тебе кога сега дечко ти кој е далеку од тебе, секоја вечер мисли на бившата - онаа што ја имал пред тебе, мисли како би било доколку пак му се пружи шанса да биде со неа, што би било кога ти не би била со него - дали ќе се обидел пак со неа или...?
    Верувам дека ако си ја создадеш таа слика ќе видиш дека имаш прекрасна личност до тебе да ја сакаш и ќе ги оттргнеш непосакуваните мисли од твојата глава.
    Гуд лак! :*
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    СексиЛејди секој збор што си го напишала е на место.
    Јас не се сомневам во својата љубов кон сегашниот дечко, кој злато вреди. Верувам во него како и тој во мене. Тој е најдоброто нешто што ми се има случено.
    Да била сјајна врската со бившиот немало да е бивши,нели?
    Тука нема никаква дилема, не размислувам за бившиот како потенцијален иден, НЕ.
    Само се наоѓам во ситуација која е малку чудна за мене. Никаков контакт со бившиот 4 години и сега наеднаш како да ме прогонува и ме тера да мислам наназад и сето тоа денес. Се прашувам дали јас ја предизвикувам судбината? Дали нешто сум згрешила, па вака сега ми се враќа???
    И сега само лоши мисли и сеќавања...
     
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Sweety-Tweety за жал никогаш не може да ги заборавиме спомените.Спомените секогаш испливуваат на површина.Колку и да не сакаме тие не прогонуваат и нема бегање од нив.
    Но ако си сигурна дека повеке не го сакаш, дека ништо не ти значи и дека тој не постои за тебе нема од што да се плашиш.Макар и да дојде до средба со него, да се гледате очи во очи тој тебе не ти значи, нели?Нема од што да бегаш и да се плашиш единствено треба да се соочиш .Земи среди си ги мислите. Ова беше само еден лош ден која ќе заврши за неколку часа.Животот е пред тебе девојко ;)
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    понекогаш без да сакаме ја предизвикуваме судбината потсвесно
    никој од нас не мозе да ја контролира потсвеста(за зал)
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека тоа ти е потсвесно. 99% е потсвесно.
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Не се плашам јас од средба со него, само не ја посакувам. А нели она што не го посакуваш тоа и го добиваш, чичко Марфи така вика :)
    Хиии, во право си, уште малку денот ќе заврши, па ќе биде дел од минатото.
    Потсвесно е...проклета да е таа потсвест! При чиста свест и здрав разум вакви работи не би си направила.

    Утре е нов ден...ќе биде многу поубав од овој денес, се надевам. За сите.
    Фала ви девојки многу :*
     
    На Hiii и SexyLady им се допаѓа ова.
  8. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Магнет...

    Ја сум ви женски магнет за идиоти...у стил МАМА,имам 20 и уште ми ги брише газот,гејминг гејминг гејминг...незнам,не сум сигурен,релативно,па,можеби...
    сеа сум ви ги наброила сите мои дечковци ЛОЛ
    овој шо ми е сеа...па незнам ко дадилка да сум му не женска на секој трет збор иде да така и мама ми кажа,незнам јас тоа,и сега што...незнам ти одлучи...
    АМАН ЖЕНИ ШО ДА ПРААМ?
     
  9. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47

    Па добро КАКО МОЖЕ ДА ТЕ ПРИВЛЕКУВААТ ВАКВИ ДЕЧКОВЦИ,од самиот старт?Мислам пред да тргнеш со нив највероватно нешто од тоа мама,можеби,па што знам ,релативно .... забележуваш дека го имаат кај нив? Или не?
    Ако не забележуваш,немој да ми се лутиш но најискрено во тебе е проблемот.Ти самата се ставаш во таква ситуација.Дечковци,момци,мажи од тој калибар има многу но ИЗБОРОТ Е СЕКОГАШ НАШ,така да ....
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    На некој чуден и бизарен начин си се „саботираш“ самата себе, мислам дека БАШ такви дечковци и бараш во моментов.....некаде подлабоко се причините, вака површно глупаво е да го решаваш проблемот кога многу очигледно е дека од старт знаеш каков е, а пак одиш со главата во ѕид :)
    Направи си самоанализа и види зошто упорно сакаш да бидеш „лидер“ во врската и зошто од старт не сакаш да ти успеваат....после се` ќе ти е полесно верувај ;)
     
  11. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    мене мајка ми секогаш ми го вика ова магнет си за лоши дечковци,ама од ко си научив физика и хемија сватив дека доброто и лошото се привлекуваат... во случајов ние сме добрите ;)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LoveTheWayYouLie

    LoveTheWayYouLie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Девојки ке ви објаснам на кратко што ме мачи.... :(
    Со дечко ми одеме 1 година имавме односи и се беше супер..но во последно време тој е некако сменет..не знам што можи да му биде но како што имам наслушнато имал некои домашни проблеми(татко му е пианица,и можно е заради тоа) но тој е сменет према мене излеваме само за да се речи дека сне излегле..но и тоа време јас кое сакам да го поминиме заедно тој некако е одсутен...Во последната недела сне немале односи и пробав 2 пати јас да почнам (Да бидам казанова) но тој ме одбивасе( филмот е интересен,ке одам вода да земам и т.н.) Но синока ми рече да го измасирам на грбот и кога ја соблече блузата тој по целиот грб беше модрици(може се степал но е е таква личност) Воедно кога и да седнеме кога и да го наговорам да разговараме сошто е сменет тој некако одбегнува....не знам веке што да правам...
    Се плашам да не има друга
    Да не се степал со некој или дома со татко му па го страм да ми кажи...
    Навистина незнам премногу паничам но ..... ЖЕНСКО! :(
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Mислам дека не е во прашање друга личност туку неговото семејство. Можеби се степал со татко му и срам му е да ти каже, се срами од неговиот татко. И можеби затоа не сакал да имате односи да не му го видиш тоа на грбот па да почнуваш да прашуваш што е. Покажи му дека си тука за него, дека секогаш може да ти каже што и да посака, и дека ќе го подржиш во се, па можеби ќе успееш да извлечеш информации што се случува. Трпение треба. Само трпение. :)
     
  14. LoveTheWayYouLie

    LoveTheWayYouLie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Па се обидувам некако да го убедам да разговраме но се некако се повлекува во себе...Знам дека треба трпение но Женско како женско Слаби сне со нервите... :(
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Точно дека сме слаби, но пробај да издржиш. Не знам што друго да ти кажам. Сега можам само површно да ти помогнам, не сум запознаена со него каква личност е ниту каква ви е врската и не можам да ти кажам точно што се случува. Единствено ти останува да бидеш трпелива.
     
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Све ова ич не ми изгледа дека се работи за друга. Тоа тргни одма.
    Идеме на второто ... А тоа би било ...

    проблемот негов со негови дома . Пошто велиш дека детево е ок и дека не се тепа со други (сепак ти подобро си го познаваш) ке да е причината нешто од дома.

    Со тоа што ти кажал да го измасираш и воедно што ја соблекол маицата сакал индиректно да ти каже нешто .

    Е сега твое е
    Да собереш еден тон живци и пополека, смирено почни муабет првин одоколу со него. Ако те одбие за муабет прекини .... После неколку дена пак истото нон стоп го прави ова и ке видиш како ке се ослободи и како ке каже.

    Сепак ако тој е слаб со живци, ти најмалку треба да си, плус тоа чим си дознала дека има проблеми дома нешо треба да стегнеш заби и да пробаш ТИ да му се доближиш. Сепак женска си му... Нели со тоа значи делите и добро и лошо ... треба да си негова потпора .

    те советувам најпријателски ... Постепено наговарај го одоколу на муабет. Не се нервирај кога ке те одбива, во тие моменти се што треба да му кажеш е Дека Ти си Со него и дека ке си со него за што и да е и дека ке може да ти верува и да се потпре на тебе.

    Без нервози од твоја страна, најмалку му треба тоа, наместо нервози и губење живци глеј доближувај го до тебе пред да почне да се крие во негов замок.

    Се најубаво :*
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anonimna147

    anonimna147 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ja izgubiv mojata nevinost uste prvata sredba.So covek koj dolgo veme mi se dopagase..Toj e postar od mene 10god.Toj ima devojka.Nemase da imam nikavi ocekuvanja dokolku so nego nemav odnosi.Ama jas se zaljubiv vo nego...Posle seto toa se dogovaravme nekolku pati ali po moja vina ne bevme zaedno. A zatoa sto toj e postar od mene jas nezz kako da se ponasam so nego..Nezz sto da pravam???
    [mod-kirilica:uxnklbaf][/mod-kirilica:uxnklbaf]
     
  18. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Седни разговарај со него..види што ке направиш
     
  19. Dunja29

    Dunja29 Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    ЗДРАВО..МЕНЕ МИ ТРЕБА ВАШЕ МИСЛЕЊЕ.,, МОЕТО МАЛЕЧКО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ИМА ДВЕ И ПОЛ ГОД.....ПОЧНАВ ДА ГО НОСАМ НА ХОМЕОПАТ..ОД ПРИЧИНА ШТО СКОРО СЕКОЈ МЕСЕЦ ПОЧНУВАШЕ ДА КАШЛА И МАТИЧНИОТ ОДМА И ДАВАШЕ АНТИБИОТИК, ДУРИ ЛЕЖЕВМЕ И ВО КОЗЛЕ. СЕУШТЕ НЕЗНАМ ДАЛИ ЈА ДОНЕСОВ ПРАВИЛНАТА ОДЛУКА. МИ БЕШЕ СМАЧЕНО ОД ТОА ДА ЈА ТРУЈАМ СО АНЕЛГЕТИЦИ....ЕВЕ СЕГА УШТЕ СЕ БОРИМЕ СО ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ.....И УШТЕ НЕЗНАМ КАКО ЌЕ БИДЕ . САКАМ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ БЛАГОДАРАМ
     
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Дунја29, мисалам дека како и секој родител што го мисли најдоброто за твоето дете си ја донела правата одлука.Кога си видела дека немаш аир од традиционалната медицна си пробала со алтернативната. Искуство со хомеопатијата немам но сум со големо ДА за природниот начин на лекување и мислам дека вреди да се проба, бидејки нема никави штетни материи се е на природна база за разлика од хемиите што ги има во лекарствата, колку што сум информирана.Така да успешно лекување ке си видиш со тек на време сама се надевам добри резултати.
     
    На Dunja29 и girl.23 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.