Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Мушки фори(facepalm):lol::rofl:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Не е битно и не биди хистерична
     
  3. *Mariposa

    *Mariposa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум нова на форумов најпрво да ве поздравам сите.. Епа вака, неодамна се вратив од одмор и на патувањето го засвиѓав водичот, но бидејќи бев на фамилијарен одмор освен обострани погледи (кои скоро сите во автобусот ги приметиле) немаше простор за нешто повеќе. На паузите секогаш кога сакав да останам сама за да започнам муабет со него нешто се случуваше. Само името му го знам и дека е од Струмица. Го барав на фб, но не успеав да го најдам, дури и размислувам со другарка да отпатувам повторно на истото место преку истата агенција, но полека започнуваат испити, така да спречени сме. Ептен го засвиѓав и не знам веќе како да дојдам до него. Совет???
     
  4. Doris123

    Doris123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2016
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Пробај да го најдеш со името,пиши град дека е од струмица или најди ја страната на агенцијата можеби таму пишува презиме
     
    На *Mariposa и anaja1 им се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.252
    Допаѓања:
    50.840
    Пол:
    Женски
    Побарај го пак на фб, ако толку сакаш да го пронајдеш пиши му го неговото има и сите што ќе искочат на тоа име отвори им го профилот и можеби ќе го познаеш на профилната слика.
     
  6. *Mariposa

    *Mariposa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Веднаш ќе пробам
    Веќе го сторив тоа, но ниеден што постои на фб со тоа име не беше тој.
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Јави се во агенцијата и прашај или оди на лице место и побарај го водичот
     
    На *Mariposa и КикиМаус им се допаѓа ова.
  8. tea20

    tea20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    366
    Срцка ај пиши ми во ЛП за случајов
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Некој за во инбокс побрзо?
     
    На GoldenRose. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GoldenRose.

    GoldenRose. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    За во инбокс некој да се јави? Итно ми е .
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    221.671
    Пол:
    Женски
    @mynameislove да не должам со коментари бидејки потполно се согласувам со @Nausicaa . Би ти додала само еден дополнителен совет да ти пробаш да бидеш малку подрска ао човекот и следен пат кога ќе го видиш да го изигнорираш за почеток, ако продолжи, застани и кажи му на човекот дека сето тоа подбуцнување ти смета и не ти се допаѓа и дека немаш намера да продолжиш са комуницираш со него на било каков начин, ако му дошло на ум за дрољи и сексање кажи му дека не се наоѓа на вистинското место, дрско јасно и гласно.
    Ма да сум на твое место еднаш штом сум упреметила таков понашај би се тргнала веднаш не у кола да му се качувам и муабет да му правам па не пријател и рода да е.
    Ако продолжи закани му се дека има институции каде што може да биде лесно пријавен и подобро за него да си побара друга занимација.
    Срамота е ова што го читам а уште посрамота е човекот, девојче абе не почит има дрско да му ае обратам и веќе очи да не му видам нит да ми виде.
    Свашта.
    Гадно.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    @vitamina За тоа во кола во право си, но има моменти кога не знаеш како да реагираш, барем јас често останувам без збор од некои постапки, после ми е криво, но тоа е. Барем открив повеќе за него, дека човек не е секогаш како што изгледа. Многу успешно веројатно луѓето ги носат маските. Фала на советот :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.На одмор запознав дечко.Многу беше интересно но да не должам ќе кажам се во кратки црти.Почнавме ние муабет едно друго и го запознав два дена пред да се вратам во Македонија.Тој е од Србија.Ништо не се случи,имаше хемија,се гушкавме си правевме муабет по цел ден но тоа беше се.Од како се вративме почнавме муабети по фб,се гледавме нон стоп на скајп и тој дојде во Скопје , од каде што е братучедка му.Таа правеше свадба и тој остана недела ипол тука.Секој ден идев за Скопје бидејќи јас сум од друг град,се гледавме постојано, по цели денови заедно и одлучивме да пробаме заедно.Многу ме почитува премногу е мил и добар.Јас претходно имав долга врска и после него ми беше многу тешко да се вратам во нормала,беше тоа баш бурна врска.Реков нема да се заљубам,реков нема да бидам повеќе со друг,но ете се случи.Се врати тој во Србија, постојано се слушаме,но мене многу ми е тешко да верувам. Токму поради причината што дечкото претходно ме лажеше многу и сега многу ми е тешко да му верувам на овој.Кога и да излезе јас мислам лаже,а тој со ништо не ја прокоцкал мојата доверба.Не знам како да се справам со несигурноста дека тој лаже и прави далавери.И самиот од почеток правеше се за да имаме искрен и отворен однос,да бидеме пред се другари а после се друго.Да си веруваме еден во друг.Му гледам во очите колку ме почитува и колку сака да поминува време со мене.Гледам и колку му е тешко што сме далеку.Но јас неможам да престанам да размислувам за понатаму.Постојано ми се врти во глава што ако ме изгори и тој,што ако ме лаже , што ако ме превари,што ако ... И по цел ден само тоа и тоа и тоа.Дури доаѓаме до расправии ради мене,бидејќи постојано се оптоварувам со работи кои можеби воошто нема да се случат.Толку многу ме боли минатото и страв ми е да се впуштам во нова врска.
     
  14. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    17.733
    Седодека гледаш назад нема да можеш да направиш чекор напред !

    Сите сме биле некогаш повредени, можеби и уште многу ќе не повредуваат, ама ако си со толкава резерва ништо не правиш.
    Препушти му на времето да ти покаже и докаже дали дечкото вреди да бидеш со него или не.
    Не размислувај премногу на тоа што би било кога би било.
    Уживај со него, препушти им се на убавите моменти и не размислувај на тоа што кога ќе дојдат лошите :)
     
    На Скопјетесакам и Љубав Ник им се допаѓа ова.
  15. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Преку заеднички пријатели неодамна се запознав со еден дечко. Забележав дека има симпатии и дека првиот впечаток беше добар. Набргу после тоа започнавме со виртуелна комуникација, неколку телефонски повици и кафе.

    Немаше никаков притисок за нешто повеќе од разговор од негова страна. Типот ми обрнува внимание, културен е и се труди околу мене, не е се совршено но не може ни да биде. Имало моменти кога доцна возвраќа на пораките после саат или два, кратки одговори или нешто слично, но незнам колку тоа е правилно да се смета за замерка. Сомнежот кој јас го имам лежи во тоа што сум слушнала дека бројот на бившите му е за ,,машала,, :D, а и истите се колку толку девојки познати како лесен плен. Низ разговор ми призна дека комуницира и со други девојки ( тука ги подразбирам и состаноците со нив ) , што ми се чини сосем нормално со оглед на тоа што се знаеме малку време и тој е со статус слободен, но доколку преминеме на повисоко ниво секако дека би сакала тоа да се смени.

    Она што ме мачи е дали во ваква ситуација би гледале потенцијал за нешто посериозно?
     
    Последна измена: 21 август 2016
  16. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    @Possibility Неговото минато не може да го дефинира твојот однос со тебе ниту пак како ќе се однесува во иднина. Немој веднаш да го осудуваш и да носиш заклучоци. Но од друга страна немој да мислиш дека ако тој не е тип за сериозни врски, ти ќе бидеш таа која ќе го смени. Тоа никогаш не функционира. Најдобриот совет што можам да ти го дадам е да го оставиш самото време да покаже каков всушност е тој. Ако сакаш да провериш дали секогаш оди по лесниот плен немој да се претставуваш како лесен плен - дај си повеќе време да го запознаеш, излегувај со него, зборувај со него на најразлични теми. Флертувај со него но немој да брзаш. Знам дека ти се допаѓа и дека одвај чекаш меѓу вас да се случи нешто повеќе но штом имаш сериозни намери подобро е да останеш резервирана и да дознаеш дали сето тоа внимание кое ти го посветува е искрено или само некаков вид на маска.
     
    На Possibility му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    6.841
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење за нешто, доколку некој е слободен, нека ми пиши лп:)
     
    На Sunnny и GoldenRose. им се допаѓа ова.
  18. GoldenRose.

    GoldenRose. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Pisi mi
     
  19. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    724
    Ако може некоја девојка во инбокс да се јави?

    Фала :)
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Мозокот на женските е страшна работа. Сами си правиме филмови некои и тешко ни е. Реалноста е друга. Ако дечкото има сериозни намери со тебе, пробај гледај се со него почесто ако можеш, не си прави сценарија во главата. Многу пати и јас сум мислела како тебе.
    Треба да мислиш на нешто друго и мислите да ги насочиш кон работа, испити и сл.
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.