Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Ми влезе во срцето.... не можам да го заборавам, го трпам, трпам.... сакам да знам што сака и зошто така прави :)
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @mace1 Како ќе знаеш што сака, кога ни тој самиот не знае што сака? :D Поштеди си се од таквите. Цени си се себе си и твоето време. Не го барај, не му одговарај. Секој бивши е бивши со причина :)
     
    На mace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба мислење :) Дали со некој што ви се свиѓа ако ве покани да излезете на кафе би прифатиле уште од одма или би чекале да помине некој период да не испадне дека едвај сте чекале да ве викне и да прифатите ??? Ве молам за мислења.
     
    На Jasnabasna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Јас одма излегувам, одма прифаќам покана и таму кога ке седнеме во кафич, прво го карам што толку долго ме оставил да чекам за кафе да пијам со него:)
     
    На LUCERKA, theowndemon, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Е да бе, како кокошката околу бунарот да не треба три круга да врти за да не рече петелот дека е ку*ва:rofl::rofl:
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Девојки и по некој момак, сакам да ве прашам за мислење, бидејќи ова не сакам да го споделам со некоја другарка.
    Ве имам прашувано за мислење за еден дечко, сега сум со него во врска, не знам како е можно да сме повторно заедно ( бевме во детството, но поради годините раскинав за да се дува и изживее без обврски кон мене, иако имавме одличен однос и за време на врслата и по неа). Ете, сега сме заедно, времето ни лета за секунда, еден на друг сме си најголема радост, релаксација, уживанција, имаме неверојатна хемија, љубов, доверба, разбирање, се бориме еден за друг, тука сме еден за друг, коваме планови и за иднината...Сигурна сум во мојот избор и тој во неговиот.

    Проблемот е што моите не можам да ги разберам, не знам како да ви ги доловам...
    Едноставно, не се навикнати дека е нормално да имаш дечко и се околу тоа ( иако само збореа дека е време, ама во пракса е поинаку).
    Да скратам...
    Викендов останав цела ноќ надвор, се вратив наредниот ден дома предпладне, и во текот на ноќта сестра ми ме бараше/пиша смс кога ќе се приберам се загрижила ( иако знаеше дека сум со него) и одговорив, се слушнавме, а сабајлето мајка ми кога виде дека ме нема ме побара и одма и кренав и кажав зошто ме нема и дека ќе дојдам за скоро.
    Се крена таква галама, дерења, како тоа не сум кажувала до кога планирам да се задржам, како тоа од 21ч сум била искочена, животот сум им го скратила итн, а уствари сите спиеа кога искочив, мајка ми ме побара во 23ч и и кажав со кој сум и дека незнам кога ќе се приберам, сабајлето повторно одма ме доби.. Татко ми ми рече дека они сакале да бидат известени кога планирам да останам цела ноќ надвор од дома и ТОА ДА НЕ МИ БИЛО ЧЕСТО?!?? Па мајка ми од 20 год спиела кај татко ми, а и ова е втора реакција од нив, летово се вратив во 7ч сабајле и мајка ми ме пречека со кисела фаца, со прекор, мислиш убив некој...
    Јас мислам дека претеруаат со контролата, цело време им викам дека немам 15 туку 26 год, никогаш не сум била проблематична, нит пијам навечер нит искачам со кола, знаат со кој сум ( го запознаа), не сфаќам што им е проблемот и како да постапувам со нив.. Како тоа да не преспивам кај него ( живее сам)? Сметам дека сум возрасна и дека сум во право, имам потреба да бидам со него ( иако од моите неможеш ни секс ни мекс хахха)а од др страна знам дека не се мењаат, чудни луѓе се малку... Генерално сметам дека ми ја кратат слободата и приватноста, мајка ми нон стоп се врти да види како се облакам, што сум спакувала за некаде, како во врат да ми дишат и не разбираат кога им кажувам... Глупаво ми е долна облека да перам и имам ради нив...
    Совет?
     
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    @Rubiii твоите те третираат како да имаш 16 а не 26. Девојки на твои години по две деца имаат а твоите уште ти водат ред што долен веш имаш...
    Можам да разберам родителска грижа доколку сама "скиташ" до ниедно време, ама имаш дечко, не знам што е толку чудно. Родители, може мислат ќе раскинеш па да не биде џабе шеткањето со типот (ова не е мое мислење, туку од гледна точка на овдешните родители кои сеуште се конзервативни по овие прашања).

    Не знам мајка ти каков проблем има со твоето облекување, ти ако до 26 години не си се изградила како личност, кога - на 36?

    Направи отворен муабет со нив, кажи им дека ти пречи. Најверојатно нема да разберат, ама вреди да се проба.

    Е сега, ако сте ептен сериозни со типот, доколку ти работиш, ќе имаш повеќе опции да им покажеш заби. Ама нели, не е тоа така едноставно. Знам како е да имаш родител кој ти дише во врат и е контрол фрик врз твојот живот...
     
    На theowndemon и Rubiii им се допаѓа ова.
  8. macush.

    macush. Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Треба да излезам со еден дечко но многу се срамувам таква сум на карактер скоро секогаш имам проблеми со комуникацијата настанува тишина и не знам што да зборам . Се плашам да не кажам нешто глупаво и да испаднам смешна. Ова ми е шанса да излезам со него која долго ја посакував и не сакам се да падне у вода заради мојата срамежливост. Како да се опуштам, ве молам за било каков совет.
     
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    ако знаеш што сака тогаш лесно ќе најдеш муабет. уште поубо ако имате нешто заедничко
     
  10. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    форумџики и мене совет ми треба. ова и во друга тема го имам напишано, ама....значи сакам еден тип. секогаш ко ќе го видам сам или со МАШКО друштво многу ме мерка. ко ќе го видам со женско друштво (оти и другарКИ има :^)) исто така ме мерка, но помалку. вчера исто така ме меркаше. ко застанав до него ме виде, ми упати една таква насмевка и МЕ ГУШНА :inlove::l: не се знаеме многу, само еден месец, но си немаме зборнато. од друга страна ретко сам го гледам и зато срам ми е. како да го освојам? дали ме сака? и дали вреди? шо мислите?
     
  11. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Навистина ми треба совет и мислење...
    Не знам што да правам, побудалев.
    Во врска сум 2 години и 5 месеци. Секој ден како да се одалечуваме и немав проб. со тоа..некако прифатив дека убаво е кога после се ќе се слушниш со некој.Ама на почетокот не беше така, плус започнав врска кога можеби и не требаше.Завршив исто така една долга врска, тој беше момче со порок кон коцкањето, сакав да се одалечам и претходно ама не можев оти премногу го сакав и си дадов ветување дека никогаш повеќе нема така многу некој да сакам.Сосед е сегашниот дечко.Почна на зафрканција, нешто во стилот комшии дојди на кафе, купив милка само за тебе и слично...потоа ме додаде на фб па лајкови и се договаравме да излезиме и за брзо време за смувавме. Се фативме после 15 дена откако раскинав.Не знаеше тој, мислам знаеше дека сум имала врска оти ме гледаше.Ретко се поздравувавме. Татковците учеле заедно на факултет, тој факт го знаев.Еднаш на почетокот од врската, се исповедов, и плачев и кажев се од почеток до крај...дека е шармантен и дека ме привлекува ама далеку сум од заљубена.Не знам дали вистинските зборови беа ама знам дека имаше баш резултат.Одевме во кино многу често, па ме честеше пуканки, па одевме да го шетаме кучето, па без причина ми подаруваше парфеми, кармини.Или во сити мол ќе шатавме и ќе ми речеше одбери што сакаш јас ќе ти купам...нормално, да си признаам супер ми беше тоа.Потоа имаше период секој ден кога излегувавме со ружа идеше пред мојата зграда.Се навикнав да го гледам таков.Пораки за добра ноќ или за добро утро.Ама се одалекувавме..требаше да одиме на роденден не можел тој, сама одев, потоа дојде тој по неколку часа и ништо пак се бацувавме оваа онаа...Оваа се случи пред година и некој месец.Оваа година беше различно, тој си прослави со девојката само.Aма пред една недела ајде сама бев цел викенд и ме бара кај си и викам идам накај сити мол и ме прашува кафе ќе пиеш со другарка и јас не срце, долн веш ќе земам...а добро ми вика...и викам ајде можи изморен од работа да е...после му сликам за на snapchat и му викам те чекам кај мене...и ми вика идам добро.Ама утепан беше заспа.После некако не знам...изменет е тотално.Ми се излегуваше многу викендов и му викам сакам со тебе да излезам, тој ми вика не можам... :( сакам да му раскинам и сум мислела и порано ама некако немам храброст...
     
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @aways А го праша во што е работата? Седна да поразговараш со него или и раскинувањето планираш да биде по телефон? Возрасни сте, седнете да разговарате. И може стварно е уморен од работа, но мораш да разговараш со него, пробај да ја дознаеш причината, ако сакаш врската да продолжи.
    Или сакаш да му раскинеш бидејќи сега веќе нема секој ден подароци и екскурзии во Сити Мол, па си бараш изговори, а пред тоа многу ти годело :D
     
  13. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Не е еден месец оваа. Оваа е повеќе од еден година. Разговарав и ми вика добро душо, ќе се промени...и каде е промената...
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @aways Овој дел не ми е јасен само. Не разбирам, како мислиш со девојката? :D
     
  15. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Пишав, лани бевме поканети кај еден заеднички другар. Во последен момент ми пиша дека не можел да иди, по неколку часа дојде на роденденот. Глупаво беше, се договараме не идиш па после идиш, игра игра како дете од 10 год. Додека годинава не славеше со другари
     
  16. MegiPegi

    MegiPegi Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Кога го читав ова очекував да напишеш 16-17год. Па тогаш грижата на твојте родители би била разбирлива. Според мене би требало да им објасниш на твоите дека се работи за една сериозна врска...Не секој планира да се омажи до 30г, а тоа е токму поради потребата за слобода поради тоа родителите не смеат да ти ја ускратуваат. Секако дека за нив ќе останеме мали деца и донекаде имаат право на одредена доза на контрола доколку сеуште живееш кај нив но не како во твојот случај, тоа е претерано и слободно бори се за твојата слобода
     
  17. radovanovic

    radovanovic Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ima edno momce koe e od stranstvo i nikogas me nema videno a jas go sakam ve molam dajte mi nekoj idea kako do se sretnam so nego...Mi treba nekakva pricina za toj da dojde ovde pa natamu ke bide lesno.pozz:l::l::l::l::l::l:
     
  18. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    6.399
    Пол:
    Женски
    Луѓенца совет молам.
    Може ме имате читано ..имам пишано дека дечко ми е во странство. Таму е веќе 1 месец и 1 недела. Едвај некако издржувам..стварно ми е претешко бидејќи нонстоп бевме заедно пред да замине..
    И сега се ми е празно.. што е и нормално.
    Но ...
    Здравје боже треба да си дојде другата недела, на 6ти, и почнав како некој баксуз не знам од каде да си правам филмови како недајбоже авионот да се урне или нз што.. некоја таква несреќа да се случи.. и се преоптоварувам со ова. Се нервирам за глупости. Ќе слушнам на вести некои такви работи се случиле и одма ..такви црни мисли имам.. не можам да бидам мирна. Знам дека е се во Божји раце, но ете некако премногу сум приврзана за него ..и како што поминуваат деновите се повеќе стравувам. Плус и на факултет сум под стрес,испити..не можам да се сконцентрирам.. од вакви грди мисли.. се обидувам да се смирам себеси.. дека се ќе биде во ред но психата ме убива..
     
  19. Katzi

    Katzi Нов член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет, нека пише некој лп
     
  20. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Би ве замолила за мислење..
    Во врска сум скоро година дена..до одреден момент немаше никаков проблем во врската но во последен период многу да се караме...чувствувам како јас да се трудам цело време да биде интересно да не се само монотони работи, секогаш јас сум љубоморна а никогаш тој..искрено сакам да видам некоја доза на љубомора од негова страна бидејќи таков карактер сум што мала љубомора од негова страна би ми значело дека не му е сеедно..еве сакам да пробам да се ставам на една дистанца едно време да не предлагам ништо да оставам само тој да ме бара?
    Знам дека ме сака и има сериозни намери ама мислам дека после период од една година ставот му е како " знам дека ми е сигурно со неа нема што премногу да се трудам"
    Што мислите кои ќе бидат ефектите од погоре наведеното и предложете ми ваши мислења како да постапам.
    Ви благодарам на издвоеното време :l:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.