Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    фала венди. :( ... тоа е она што го знам, но тешко ми е да го прифатам. сепак, поминавме низ многу нешта, воопшто не ми е лесно. сум заборавила како изгледа да излезеш и да се журкаш соло... до сега се имав навикнато на идејата дека го најдов мојот доживотен сопатник, се чувствував сигурно. а сега се плашам од идејата дека ќе морам во нова потрага... не знам како ќе застанам на нозе, како ќе соберам сили за тоа :/ но изгледа дека ќе морам
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ништо неможеш да направиш во ваква ситуација. Не е до тебе...
    Дека чувствата му се измениле е речиси очигледно, или сака само една добра пауза од врската или има некој трет помеѓу вас.
    Јас ова го кажувам, како лично искуство низ кое што поминав многу болно, ама кратко траеше, зошто трезвено размислив и го оставив. Го оставив, не во вистинска смисла на зборот, ама онака, не го барав, не му пишев. Точно е тоа дека и тој не ме бараше толку многу, а мене тоа уште повеќе ме нервираше, а се се‘ случи заради врската на (мала) далечина.
    После моето игнорирање, ништо не се смени, и решив да превземам “акција“ така што го седнав и почнав бла-бла, како не ни оди, како не е се‘ како порано и слично. И на крај одлучивме да се разделиме. Се разделивме, на две недели. Јас значи, телефон не кренав да му се јавам. Плачев, викав, се нервирав, ама него не го побарав... Тој ме побара! И еве не и ден-денес сме заедно и убаво ни е.
    Се се‘ исплатеше...

    Ти ја раскажав мојата случка за да се пронајдеш и да сфатиш дека се се‘ случува со некоја причина. Не ја барај кривицата во тебе, ти сигурно тука ништо не си крива (освен ако не си погрешила кон него, на некој начин).
    Биди силна, тој ако е за тебе ќе бидете заедно, ако не џабе ти маки, џабе ти нервирање, џабе е се‘. Со сила убавина не бидува. ;)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не треба така да размислуваш на твоите 20 години. Си знаела дека си го нашла твојот животен сопатник? Биди во врска со некого, ама немој со такви преголеми очекувања. Се може да се случи. Мене искрено ми изгледа дека некоја друга го има заинтересирано, па ако си разговарала со него и ако не помогнало, дистанцирај се и ти. Не мора да раскинуваш, сигурна сум дека не си спремна на тоа колку и да ти велиме ние, па барем немој да го бараш ниту ти. Оди излегувај, немој да забораваш како е да се журкаш, премногу си млада за тоа (ако имаш 20).
     
  4. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    имам 21 година, млада сум, да... меѓутоа, за ова време колку што сме во врска, не ми фалело ниту излегување, ниту дружење, студирам, живеам во друг град подалеку од родното место. можеби ова зближување се должеше на тоа што до јуни оваа година и тој сѐ уште беше студент, па живеевме што се вика како маж и жена... сега сум свесна дека не требало да дозволам до толку да стасаат работите, но во тие моменти кога сѐ ни било совршено добро не сум ни размислувала дека можеби еденден ќе ме отсака или слично, а и башка шо сум млада и неискусна. пред него имав неколку момчиња, но онака... ништо сериозно.
    но како што спомнав, тој дипломираше и се врати во родното место, има сега некои обврски, постојано се жали на здравјето - што мислам дека може и има нешто, но најчесто се изговори. ќе пробам да се дистанцирам, времето ќе покаже. ако ме сака ќе биде со мене, ако не мажи колку што сакаш... :) зарем не? |(
    сепак девојки, ви благодарам што одвоивте време за да ме посоветувате и да ги споделите вашите искуства и мислења со мене! :*
     
  5. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    што да ти кажам друго освен дека те иживеаал
    тоа е тоа :)
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Девојки без навреда ама многу сте ми некако експертски настроени за решавање на врски по кратка постапка. :^) Мислам, силни сте сите кога се работи за друг тука и првото решение ви е: готово, стави крај, тој не те сака ... тој те лаже .... батали го итн. А да ве прашаат вас како вие би постапиле сигурно би било обратно од ова што го предлагате на другиве. Не сте ми искрени и прави. Полека, не секој сака да слушне ова ... и не секогаш е дојдена работава до крај. Има милион причини зашто се случува нешто. И не секогаш кога некој се оддалечува значи дека е готово, може напротив да се случи обратното. Така да и девојкава нека се дистанцира од него некое време, па ако види дека го нема тогаш нека му каже искрено и отворено како се осеќа во врската, што очекува, што мисли ... нека праша што осеќа тој, дали е работава дојдена до тенко или не. Може ќе можат да ја решат на добро.
    Само ве молам немојте одма со вашите ригорозни мерки зашто верувам кога сте вие во ваква ситуација не верувам дека тоа истото би го примениле.
     
    На aquarius34, srcekrsacka, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Џули, еве јас ќе одговорам за мене, секогаш кога давам совет го давам врз основа на она што го имам видено како чест пример во надворешниот свет, или пак го имам почувствувано на сопствената кожа.
    Еве девојчето кажа дека имала разговарано со него, меѓутоа ништо не излегло од тие разговори.
    Тој се вратил на родното место, па мене најверојатно ми изгледа дека му летнал умот по некоја друга, а имајќи во предвид дека врската е 3 годишна, и не ми е ни чудно, на секому може да му се случи тоа.
    Само што, не секогаш се остварува тој филмот што ни се прави во нашите глави, па така и на дечко и може да му потрае ова некое време, па да сфати дека не е се така лесно и едноставно и да сака пак да биде заедно со неа.
    Поради тоа и јас и реков да се дистанцира од него, да не го бара, така самите ќе сфатат со ладни глави дали треба или не треба да се заедно, бидејќи не е лесно да раскинеш туку-така само зашто ти рекол некој дека така е најдобро за тебе.
    Всушност и ние само и даваме совети колку што можеме да видиме вака од наш агол, дали ќе ги прифати или не, од неа зависи :)
     
    На aquarius34 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    упорно ми вели дека има посериозни здравствени проблеми и затоа така се однесува... дека ме сака, но сум му многу напорна, сум му звонела кога тој имал работа... можеби детски ќе звучи од моја страна, но дали да му верувам? ако здравствени проблеми има зошто навистина не се погрижи и не отиде на лекар? туку беше еднаш во август и му рекоа дека не е ништо сериозно, но тој продолжи да страда. дијагнозата му беше хелиобактер пилори. сведок сум дека понекогаш стварно му било тешко, но некогаш мислам дека тоа го користи како изговор... не знам веќе што да мислам... :worried:
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мислам дека е само изговор мада не можам да знам седни и разговарај..
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ок може има здравствени проблеми, може и лаже не знаеме ... како и да е штом така цело време реагира тогаш ти опушти се и не го барај. Дистанцирај се ... нека те нема, гледај си го животот па ќе видиш како знае тркалото да се врти. Можеш но и не мора да му напишеш една искрена но и малку сурова порака да го замисли. Верувај ќе се сецне, ако се уште има емоции. После тоа воопшто не реагирај. Ако има некаков ефект ова кажи.
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Секогаш кога советувам тоа е од моја гледна точка онака баш онака како што јас би постапила . Сигурно нема планирано да ја отерам во погршен правец . Штом сум размислувла и типкала значи сакам да и помогнам . Истото го имам и јас кажано види постот. А советот се разбира може да биде прифатен или да не биде . Девојката фино културно се заблагодари за времето и трудот . Зошто со абракадабрака бар мене не ми се пишува постов ...

    Се надевам дека девојката ќе ни покаже кој е епилогот зошто баш ме интересира иии и држам среќа .
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Секое машко што ќе стекне мислење дека девојката може да ја има вечно малку му паѓа интерес, сите сме такви така да не е до тебе. Мудра девојка стално ќе го држи во мала неизвесност (10% е доволно :) ) дека ако претера ќе го остави и ќе најде друг, така машкото стално ќе го имаш за себе.

    Тоа што веќе ти советуваа направи го, стани понезависна од него. Ние сакаме независни и способни девојки што не ни плачат туку сами со го тераат животот, тогаш ние нив ги бараме :).

    Престани да го бараш, почни да излегуваш сама и повремено спомни му колку убаво си поминала а ако може и некое машко „ко случајно“ баш сега да пројави интерес за тебе а он да дознае нема да биде лошо.

    Пробај така и ако нема од него реакција спреми се за раскинување, дечко што не ти е дечко ти е непотребно загубено време и енергија.

    Пс. Хеликобактер а гадна дека те боли стомак и ако стално го боли ќе му иде се живо и диво да утепа така да присили го да земе терапија. Не е тоа нешто банално што треба да се остави незалечено. Ако и тоа не сака стварно не знам што ќе му правиш, болен дечко што е пасивен и тебе ќе те пазивизира со тек на време а тоа нема воопшто да биде добро за тебе.
     
    На srcekrsacka, aquarius34 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Аквариус, само ова ќе ти го кажам, и јас имав хеликобактер пилори и ме кинеше желудникот и стомакот ама не дозволив тоа да ми влијае на врската и да се одалечам од партнерот, така да... не е тоа оправдување и не е некоја тешка и неизлечива болест.
    Послушај го Иксмен и остави го човекот малку да олабави од тебе. Не го абрај чекај тој нека те побара.
     
  14. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    добро, секој сме со различни карактери... и од порано кај него имам забележано дека ако не му е добро, се повлекува сам со себе од причина што не сака никој да го сожалува... овие два дена ве послушав, не го барав, се слушнавме само синоќа да ми каже дека ќе си легне и да ми посака добра ноќ - но не ме праша ништо ни зошто не му звонам, ни ништо... меѓутоа денеска и двајцата бевме вклучени на фејсбук и и јас објавив песна што ние и двајцата ја сакаме и ни е драга... и таман кога он ја лајкна, некој дечко што не знам од каде ми се нашол во пријатели ми коментираше демек многу убава песна :D и одма дечко ми искоментира: не само што е убава, и од големо значење ни е нам двајцата :) ми пишува кој е овој да го знам одма рацете ќе му ги искршам... а јас пошто го знам дека он не е насилна личност :rofl: се згазив од смеење... се распрашувал кај некои заеднички пријатели шо ги имал со дечково... не знам што... и после некое време ме праша зошто сум поладна, зошто некако ко да го игнорирам... и јас лепо фино му кажав дека он така сакал, да не му бидам досадна, да не го барам постојано. ми рече дека не мислел до толку... зборевме многу и за сѐ... му кажав што ми смета и ми вети дека ќе се поправи, не знаел дека неговото понашање толку ме унесреќувало, итн, итн... сега останува да видам колку ќе си го оддржи зборот :) фала ви на сите за советите!

    сепак повторно се вадеше на неговата здравствена состојба... за која свесна сум дека како за проклетство, таман нешто ќе му помине, па друго ќе му се закачи... ама сето тоа е поради нездравиот живот кој го водел пред да ме сретне мене, многу се коцкал и имал стресови поради тоа... сега за среќа барем во тоа се опамети...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ^^ Ете гледаш како успеваш помалце. Иако сте разговарале, не се опуштај, држи дистанца...барај го на пример еднаш во денот. Немој да го гњавиш, што демек сега разговаравте, се‘ помина и ајде сега на ред е старата ти. Немој! :!: Ќе згрешиш, нека се мисли малце сега...заслужил.
    А што викап за здравјето, вака како што кажуваш, психата ќе да е, дечково да не западнал во тешки депресии, па затоа и тебе те игнорира? :?: ...Како и да е, има стручни лица за тоа, нека се обрати и дај Боже ништо да не му е, а ти остани таква како сега, не го барај многу! Не го гуши, нека дише! :)
     
    На srcekrsacka и aquarius34 им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ете гледаш дека не е дојдено до тенко ... знаев :D . Малку дистанца, малку независност и подруго е. Види стомакот е викаат центарот на организмот, преку него се чувствуваме ... веројатно тие тегоби и психички му делуваат, ствараат и анксиозност да знаеш. Посебно како што кажуваш тие проблеми и стресови веројатно дале некои несакани резултати. Не секој може да е силен и да се справи лесно со тоа. Затоа биди по прилагодлива и разбери го. Но немој многу да го напнуваш за истото кога веќе кажуваш не сака да го тешат или сл. Живеј си како ти одговара, немој само на него да се ослонуваш, давај му простор ... опушти се и знаеш како е, ако треба да останете заедно ќе останете без ралика на се. :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana1235

    ana1235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    lugje mn sum tazna,nikojne me saka ama nikoj...nemoj da mislite deka sum pateticna izmisluvam ili bilo sto ..nz sto e problemot ,site za ednas 2 pati ke mi se javat i ke me otkacat,ili pa od dr ke razberam deka im bilo merak da me smuvaat i posle tolku ,sakaat odnosi a normalno ne im davam na nekoj sto nesum vo vrska i me otkacuvaat....posledno razbrav deka so toj sto ideme 3meseci ,i mi vika te sakam i ubavo zbori sve ,razbrav deka na dr im vikal ne ja svigjam pomala e ke ja iskoristam sea nz na koj da veruvam nego ili na dr..ama nz zs bi bil so mene tolku dolgo samo za sex,koga vo denesno vreme ima 1000 devojki sto se poslobodni i odma bi legnale so nego ..pomos mn sum tazna si placam ;(
    [mod-kirilica:2by26r50][/mod-kirilica:2by26r50]
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Девојко од мене имаш совет да се преиспиташ самата себе зошто машките те гледаат само како предмет за задоволување. Размисли за својот изглед и однесување, сигурна сум дека е проблемот во тебе.
    Верувај дека доколку покажеш цврст став за тоа која си и што си и кои се границите до каде може да оди некој дечко со тебе се ќе биде поинаку. Мене овој проблем ми изгледа на тоа дека не создаваш доволно почит кај машката популација. Тогаш дај им повод да те почитуваат, да видат дека си сериозна девојка со цврст карактер и дека неможе да те има секој што ќе посака. Аман контрола малце, што мора да се муваш со секој втор или пак да имаш односи...
    Помогни си самата на себе.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ana1235

    ana1235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    ne ste me razbrale dobro,ja ne sum takva bas na protiv ne sum imala odnosi do sega,i ne planiram dodeka ne najdam nekoj koj stv ke me ceni a ne dupne i frli....ja moze izlgedam taka provokativna sve ,ama ne sum takva.bas i so posledniov mn muabeti praevme znaci na po diskutabilni temi,znaci vika pametna si dobro rezoniras sve,te sakam ova ona...a pa od dr slusam dr rab ,ne te saka ova ona,nz na koj da veruvam...ne se veruva na sekoj stoke ti kaze moze eljubomora ,ama nz pa vaka da veruvam i magare od mene da prai lelel nz stv ....kako da otkriam sto mue celta ,da mu spomnam za ova ili
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па ако сама не можеш да го процениш не може никој баш многу да ти помогне.
    Пробај тестирај го, или разговарај со него на оваа тема, ако има нешто па нека ти разјасни или нека си ги расчисти работите со другите што се обидуваат да ви направат проблеми.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.