1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Јас сум нова.Се надевам дека форумов ке биде добро место за да се претставам онаква каква што навистина сум.Затоа што овај виртуал свет знае да биде подобар од реалниот.Некогаш.Имам проблем.Не е љубовен.И добро што не е.Се дружам со една другарка прилично долго време.Скоро 5 години.Поминавме се и сешто додека не се запознаеме добро.Една е,други другарки немам,која се омажи,која си замина настрана.Делевме секакви тајни со неа.Се и сешто.Јас сум искрена повеќе од што треба.Се додека не и допрев до личноста многу се трудев бидејќи по природа е затворена освен со најблиски.Бев навалентна,некогаш и смешна кога инсистирав да и докажам колку сум и верна.И стварно и бев.Од срце го кажувам тоа.Набрзо се вклопивме.Викаат вистинско пријателство нема крај.Од ден на ден се сомневам во тоа.Или сум имала премногу лажна слика за неа.Звучи себично можеби но секогаш некој е поубав од некого.Слатка е и убава,секогаш и делев компилменти,и покажував колку вреди.Сум се нашла во незгодна ситуација кога повеќе рекле дека сум поубава од неа.Ете можеби сум.Имам поубави црти и многу повисока.Ама тоа мене не ме храни.Таа за мене беше секогаш најубава и никогаш пред никој не се обидев да ја омаловажам.Господ ми е сведок.Со тек на време гледам тивка љубомора од нејзина страна.Ама баш за се што убаво ке и кажам и сакам да споделам со неа.Среќата е поголема кога се дели ама изгледа не секогаш.Нејзиниот мувач ми се пушта мене.Таа го знае тоа а сеуште е со него.Не ми вели мене ништо нормално зошто не сум јас крива,ама ме гледа чудно.Почнува да биде љубоморна и ако и кажам дека еден обичен кармин нов сум купила.Го осекам тоа.Тоа е така лошо чувство.Не знам повеќе како да се поставам.Не беше ваква.Ништо не ми кажала во очи,ама јас осекам се.Набрзо сестра ми се породи.Имам сладок внук.Таа има внука две години.Бев премногу среќна за неа и тоа девојче ми беше многу слатко,постојано викав дека е преслатка,дека е душа,дека поубаво бебе не сум видела.Бев едноставно среќна за неа.Постојано слики ми покажуваше од внуката,јас бев среќна и ми беше мило како да ми е мене внук.Сликите кои ми ги покажуваше ги симнував од месенџер и после ги гледав со саати од што ми беше слатка.По две години добив јас внук.Кога и кажувам за него се смее ама не од срце.И покажувам слики од него гледа бледно и полунасмеана,осекам нелагодност и тивка љубомора.Никогаш не прашала прва како ти е внукот,никогаш не рекла колку е сладок,само гледа и се преправа дека и е мило,па ке каже по некој збор одвај колку да не молчи кога ги гледа сликите.Знам дека е љубоморна,а ваква не беше.Тврдам со живот.Едноставно осекате дека вашата среќа не е и нејзина,дека глуми пред вас,замислете колку ми е лошо што морам да се преправам дека сеуште сме како порано.Колку сум била слепа.Мирно девојче ја правеа,тивко и повлечено со добро срце,ама сум се излажала.Кога се каравме за нешто на пр.за обична глупост јас се траумирав и реферати пишував да и докажам дека греши ,и покажував многу љубов и доверба оти по карактер сум искрена,директна,брза,срцето ме води.А таа прво се контролира,чува се во нејзи и посматра.Не знаев дека таквите се најлоши дури не осетив.Последнава година осетив љубомора ама продолживме да се дружиме,сепак премногу тајни имаме заедно,многу поврзаност,некоја врска лојалност.Ама љубоморава не ја очекував.Ако не и зборам ,мислам пишувам на фб цела недела ке пише што си лута,не знам зошто си,не сторив ништо,и да ,не стори таа ништо директно што би ме навредило,ама како да и кажам лута сум зошто си љубоморна.Таа недела дури не и пишувам ништо јас се борам сама со себе,како да постапам ,дали да продолжам со ова другаство или не.Ама последниве месеци откако се роди внук ми,осетив голема љубомора.Веќе нејзината внука не е на прв план кај мене туку мојот внук.Сепак треба да дозволи да ја споделам оваа свежа среќа со неа,да дозволи да се радуваме исто како за нејзината внука.Осекам љубомора.Ова со внукот ми е најголем доказ за се што порано сум помислила дека е љубомора па сум си рекла мои бубачки во глава.Ова не е така.Се осекам нелагодно,резевирано и онака со последни конци како да глумам и го туркам ова другарство.Се разочарав скрос од нејзи.Ама чекај,нејзината сестра повторно е трудна.Го знаат сигурно полот.Не прашав и нема да прашам.Се претворив во нешто што не личи на мене.Јас не прашувам за тоа,таа не прашува за мојот внук.Ако и покажам слика се прави демек и е мило.Ама зборови ниту лажни од уста не и излегуваат.Ја уби љубомората.Не попуштам.Што мислите ,дали да го терам ова лажно другарство на начин на кој таа води,или да завршам со неа. Ама како?Немам соодветен аргумент сеуште.Сум била глупава што толку внимание сум и посветила.Ама гледам,осека и таа дека не сум иста,играм по нејзина игра,многу многу повеќе молчам,резервирана сум,и не сум како порано.Од време на време и го спомнувам внукот И ПОКАЖУВАМ слики за да ја убијам од нервоза.Да мора сосила да глуми.Па нека цркне.Цркната е и што не прашав за полот на бебето.Ама молчи.Молчам и јас.Знам дека долго се прашува во себе зошто се сменив,што ми е,ама јас не можам да и кажам сеуште.Не сакам без доказ и аргумент јас да испаднам глупава.Или можеби се треба да и налупам влице.Па и да немам после со кого да излезам сабота навечер.Барем мирна.Извинете на овој реферат,кој прочитал слободно ако сака и може нека пише совет,ке му бидам благодарна.Ова е така чудна ситуација.Ама и болна за мене која сум голем емотивец,добар другар и човек која може само со искрени и добри луѓе.Нека заврши оваа нелагодност.ФАЛА ОДНАПРЕД <3 <3 <3
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Драга @Angie24 ако тоа пријателство продолжи на овој начин, ќе треба и двете да живеете под маски сокривајќи ги своите вистински мисли и чувства, а не мислиш ли дека тоа е напорно? Имаш две опции. Едната е да седнеш и отворено да разговараш со неа за се, што се сменило меѓу вас, што се случило и зошто. На тој начин можете да го спасите пријателството. Но за тоа треба да го прегазиш егото и да се отвориш целосно, исто и таа. Втората опција е да го прекинеш пријателството кое всушност го лажираш моментално. Ако треба да глумиш, тогаш не вреди.
     
    На mira.mira и Angie24 им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    @Angie24 леле колкав роман 8-| очи да му истечат на човек читајќи.
    Мислам, сево ова си можела да го сумираш во прости 5 реченици, ама пошто на преку 30 наврати си пишала колку е љубоморна, и ладна, и колку сте се оддалечиле, мислам дека и сама си го знаеш одговорот на прашањето кое го поставуваш тука, само изгледа сакаш некој отстрана да ти го потврди.
    Епа, ако ти е од помош да ти кажам да престанеш да се „дружиш“ со нејзе, пошто ова вашево ама баш и не ми личи на пријателство - еве, ти кажувам. Сама себе си се малтретираш вака. Од страна личи дека колку што ти се обидуваш да и одиш по газот, таа тебе ти прави лице само ради реда.
    Па и последна личност да е, ако е токсична за мене, и не ги дели моите радости, туку само ми ја исцрпува сета позитивна енергија, подобро сама ќе си седам, отколку да губам време со неа. А фала Богу па не е ни прва ни последна личност со која можеш да се дружиш. Сигурно имаш и други познаници, со кои иако не си толку блиска, сепак сигурно можеш да разговараш, да се зближиш, преку нив и други луѓе да најдеш. Сум имала слични искуства во неколку наврати, со личности кои ниту на живо се смеат, ниту на мртво плачат, и наместо да им се замарам и нервирам, едноставно сум престанувала контакт, зошто не ми одговарале повеќе, и тоа е тоа, нема љутиш. Па и романтична врска да е (колку иронично што си го пишала ова во тема за љубовни проблеми :D), ако не оди се прекинува, а не пак обично другарство кое очигледно е едносмерно и дволично во твојов случај.
    Плус, штом неколку пати во рефератов спомна колку си отворена и искрена, биди искрена и кон нејзе, и кажи и се што ти пречи, ништо лошо нема да ти се деси ако и кажеш, ниту пак нејзе ќе и се срони бисерот. Ако не бива со разговор да ви се открие проблемот, чао џаци и тоа е тоа. Нема да молиш некого.
     
    На Cinderfakinrella, Angie24 и Afroditaaa им се допаѓа ова.
  4. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советот,барав каде па овде го 'плеснав' рефератов,можав и попросто да пишам ама кога сум понесена во проблемов не гледам дека се повторувам макар и што ке си го прочитам подоцна.Ова е се така чудно време за мене,се претворив во нешто што не сум.Ти благодарам сепак. :)
     
  5. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Фала драга ,напорно е да глумиш друга некоја. Мислам дека овој пат нема да можам да разговарам со неа и да си го прегазам егото зошто многу пати го правев тоа за сосема други причини.Мислам дека нема да и се објаснувам зошто не сакам повеќе да се дружиме,нека ја задоволи тоа што ке и кажам дека повеќе не ми одговара.Пишано правило никаде не постои за другарство во бескрај.За мене е ова се премногу.Фала ти :/
     
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека не и се допаѓа твојот внук? Затоа што не повторува по 100пати дека е сладок, срцест и слично?
    Еве лично за мене. Никогаш не сум трпела такви лигавешници на пример да повторуваш колку е некое бебе слатко, срцесто и колку е некој убав да даваш комплименти.
    Таков карактер сум и крај, што не значи дека тоа не го мислам. Но едноставно глупо ми е и да ми дава некој комплименти па и да давам.
    Може едноставно таков карактер е, а не злобна.
    И мувачот нејзин може ти се причинува дека ти се набацува? Па и да ти се пушта каква другарка си ти што не и го кажуваш тоа? Си се запрашала што мисли она за тоа?
    А за полов на бебето за нејзинава сестра ме изнасмеа. Што е толку битно тоа. Може не сакаат да откријат, на крај краева што ти менува тебе во твојот живот ако знаеш што пол носи сестрата на другарката?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ако мутреба на некој мислење или совет за нешто расположена сум за да помогнам..слободно пишете инбокс :D
     
  8. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски

    Можеби од што е голем рефератов си прескокнала нешто,пишав дека таа знае дека нејзиниот мувач ми се пушташе ,не е својствено за мене да не кажам,таа си продолжи со него а после мене таа ме гледаше по око и со доза љубомора.Не ми се причинува мене ништо,фала Богу ,туку таа е затрескана во него па не гледа кому тој се пушта и не и смета чим сеуште се мува со него.Имавме ситуација тој помина во диско,мене ми рече здраво и се насмеа а нејзи не,јас вратив здраво па после цела вечер збор од уста не можев да и извадам.Се смени тотално.И ЗА ПОЛОТ. Напишав дека бевме толку добри другарки што се си кажувавме секогаш,па и за таква убава работа.И никаде не напишав дека се лутам што не ми кажала,секако дека ништо не ми менува мене,таа очекува јас да прашам бидејќи ја знам многу добро,па според тоа како работите се одвиваа пишав дека и јас станав молчалива па нашата тишина стана видна и сите убави ,лоши работи повеќе не ги споделуваме.Сакам да кажам дека осекам нелагодност и љубомора,не си праам филм како што пиша ми се причинувало,каМо среќа да беше таква каква што ја запознав најпрво.Дека е љубоморна факт е.Зошто порано не мислев така? Затоа што беше се Ок. фАЛА ТИ СЕПАК
     
  9. GoldenRose.

    GoldenRose. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Некој расположен за совет/мислење во инбокс?
     
    На LanaSGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    можеш мене да ми пишеш :)
     
  11. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    за во лп некој нека се јави...
     
  12. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Слободно пиши ми ќе ти помогнам за било што
     
  13. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Слободно пишете
     
  14. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Слободно пишете
     
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Ти се зачлени на форумов за ЛП да си пишуваш со членовите или има друга причина?
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Цело време спомнуваш таа љубоморна да не е обратно.
    Ако таа не искажува нешто не значи дека е љубоморна. Освен тој збор друг не прочитав. Тебе не ти се свиѓа што таа се сменила и сега секоја реченица љубоморна е.
     
  17. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    После година и неколку месеци,заклучив дека сум во токсична врска.
    Нема доверба,си љубомориме еден на друг,се контролираме,не можеме да поднесеме оддалеченост и слично..
    А се сакаме многу,најдобри пријатели сме си еден на друг... Навистина не знам што да правам :( Врската лошо влијае на мене а сигурно и на него,а да му раскинам ќе биде уништен...
    Ве молам за совет..
     
  18. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Разделба на кратко па видете дали можете еден без друг. Ако љубоморите и двајцата.Ако само ти љубомориш не се разделувајте, ако тој љубомори разделба брат.
     
    На elimkd и Primadonna им се допаѓа ова.
  19. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Види, мора да најдете заеднички компромис.
    И што мислиш дали има причина за да постои љубомора? Поради што е сето тоа? Некој претходен настан? Бивши се во прашање? Што?
    Друго, ако сака да те извара (доколку поради тоа се плашиш) ќе те извара и пред твои очи без разлика колку и да го контролираш. Истото важи и за тебе.
    Сте си дозволиле еден на друг уште од самиот старт на врската да немате доверба еден во друг, а без доверба врска не се гради.

    Не дозволувај непотребна љубомора од двете страни да ви ја уништи врската, во спротивно пиши пропадната врска.

    Имам врска на далечина, и ниту во еден момент сме немале сомнежи еден во друг затоа што не постои причина за сето тоа. А доколку има причина кај вас тоа е веќе друга тема.
     
  20. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Нема никаква причина да љубоморам и да немам доверба.Нити има некаков контакт со било кое девојче освен некои сокласнички,ниту ништо.Недостаток на доверба има очигледно од предходни мои искуства каде мојата доверба била погазена..
    Многу од нашето однесување т.е нашата врска укажува на токсичност..
    А тој ми верува,јас него не.
    Навистина сум збунета :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.