Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Прашај го дали е тоа вистина. Не мора да значи дека ако е три месеци со тебе и нема да те искористи. Има некои што одат по 1-2 години само за да го добијат тоа што го сакат. Штом си поминала низ повеќе што така те искористиле можеби и тој мисли дека ќе успее во тоа. Се согласувам со советот на mims-89. Треба малку да се преиспиташ зошто тие се однесуваат така со тебе. Крени ја главата високо и не вели на секој ДА што ќе те праша да си со него, биди малку ладна и цени се себеси. Додека велиш дека никој не те сака и до дека му веруваш на секое машко што ќе те помоли малку да си со него, ништо нема да направиш. Значи само главата горе и цени се себеси, да видиш како ќе се подобрат работите. И никако не му давај на тој што си сега со него. Нека си почека малку повеќе. ;)
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Фини совети ти дадоа девојките, јас ќе надополнам :).

    Машко може така да се понаша ако те смета за глупичка, простичка, премногу наивна или грда, друга варијанта не ми текнува. Ова под услов сите така да ти се понашаат и под услов да немаш некој здравствен проблем кои они го приметуваат а и ти не :).

    Затоа што не знам што е кај тебе и дали воопшто имаш проблем почни да ги надградуваш сите четири работи па може случајно ќе покриеш некоја од нив. Штета нема да имаш а корист секако :) .

    1) Читај книги и тоа читај редовно. На секои три обични обавезно една класика како Војна и Мир, Ана Каренина, Идиот, Клетници, Повик на Дивината, Квазимодо (Ѕвонарот) итн, итн, итн. Имаш и помодерни кои се добри така да ќе си најдеш да ти е интересно читањето.

    2) Прочитај неколку биографии на успешни жени.

    3) Послушај повремено класична музика. И да ти е мака прочитај кратко на нет кој е авторот и зашто е делото вредно, убаво е да го знаеш за општа култура.

    4) Намали со турски шпански и не знам какви серии и наместо тоа запиши се на курс по танцување. Класичните танци обавезно помини ги а додатно ако сакаш иди на хаус, хип хоп, што и да е.

    5) Ако седиш многу пред ТВ намали на максимум три часа на ден. Ако седиш цел ден на нет намали на два саата на ден.

    6) Запиши се на зумба, пилатес, тае бо, аеробик, едно одбери што ти прави ќеиф и вежбај редовно (може и дома ама поубаво во теретана за друштво и мотивација).

    7) Запиши се на борбена вештина. Во моментов имаш само карате или аикидо како избор. Не одиш да научиш да се тепаш туку да добиеш цврсто тело и дисциплина на духот. Може ќе зајакнеш и карактер а ако најдеш и друштво уште поубаво.

    8 ) Ако посебно те влече некој друг спорт запиши се и таму ама пази да не ти дојде премногу спорт, затоа подели го времето убаво.

    9 ) Шминкај се, дотерувај се ама во граници на нормала. Нападна шминка и минич до под гз избегавај извесен период. Треба да изгледаш убаво и секси ама не претерано и ниедно машко да не помисли дека со тебе освен за секс ќе нема за што друго да прави муабет.

    10) Најди некоја добра книга за мотивација и саморазвиток и почни да ја читаш и применуваш. Има многу, нека ти препорачаат некоја добра соодветна за тебе.

    11) Читни на нет нешто за правците во филозофијата, најди некоја книга за духовен развој и прочитај ја.

    12) Почни да медитираш секој ден и да си поставуваш животни цели кои треба да ги исполниш.

    13) Смеј се што почесто и што повеќе. Шали се ако треба и на свој рачун ама секогаш сметај дека си најдобра (во себе).

    14) Никогаш јавно не се фали и не се самосожалувај.

    15) Може не е лошо да појдеш на психолог да си направиш муабет. Не е срамота а психологот е баш и за вакви проблеми. Никој нема да те збори а може и ќе ти помогне.

    Доста ти е за сега. Ако си стварно на 22 би требало ова заедно со советите на девојките да даде резултат. Плачи си ако ти олеснува ама почни да работиш на себе :) .

    Пс. Пиши на кирилица :)
     
    На srcekrsacka, WildCherry и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    девојки што кога ке излезеш со дечко со кој се допишуваш 2месеци и постојано убави зборови,останување цела ноќ будни за да си пишувате...и кога конечно излеговме беше преубава ноќ...смеење со солзи,внимаваше на СЕ,ми подари чоколада ( имавме муабет дека обожавам слатки ) запамтил кои песни ги сакам и ги пушти...се случи и бакнеж за крај ( јас го бацив )...и толку беше,се прашувам зошто го снема кога правеше многу работи.си докажавме дека си се свиѓаме многу пати...сега сум збунета што сака да направи зошто го нема веќе неколку дена? :( ве молам за совет
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.063
    Пол:
    Женски
    Ништо де...Можеби детето не ни помислило на нешто повеќе со тебе,можеби има друга,можеби ти треба да го преземеш следниот чекор.Јави му се ,немаш што да изгубиш ;) .И пиши што биднало,ај со среќичка :*
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Немој да се вознемируваш за такви проблеми. Можеби чека сега ти него да го побараш. Можеби и тој се прашува сега, што ја нема да ме побара. :lol: А можеби и не сакал ништо повеќе со тебе. Ние не можеме сигурно да ти кажеме што сака, но ти можеш сама да дознаеш. Прашај го, се согласувам со хермоса дека ништо не губиш ако го прашаш. :)
     
  6. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    јас само го поздравив на фб и ми возврати на поздравот :( незнам како би го прашала што се случи а стварно ме интересира,траеше долго и не заспивавме без да си пишеме. сепак мислам дека е доволно тоа или..незнам навистина сум целосно збунета.дали да превземам уште нешто или јас моето веќе го направив :(
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Направи уште нешто, ама последно да биде. Пиши му пак или па подобро јави му се, ако му имаш број и ако не ти е срам. Прашај го дали е слободен да излезете. Ако те одбие, клоца во газот и ај чао, нема што повеќе да се трудиш. Да е заинтересиран за тебе, верувај нема да те одби. Пробај си среќата. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Фотографија јас би те советувала да почекаш на негов потег, ете си го поздравила. Чекај на него, немој да го бараш пак да не му станеш нападна и веднаш премногу загреана. Олади малце и ти, нека тупи мозок он зошто тебе те нема.
    Обично така одат овие работи пред средбата се е прекрасно, после среди прекрасна средба и бакнеж и се, а после тоа.... молк. Сум имала многу вакви случки многу слични на твојава, и никогаш не сум се јавила прва, но сум дала до знаење дека сум заинтересирана за понатака и дека средбата ми била супер, така да ако е тој заинтересиран ќе те побара верувај. Само сигурно не сака да брза и одма да ти се јавува нареден ден...
     
    На fotografija20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Мојот тако звани проблем е малце комплициран, или барем јас го оценувам како таков.
    Мислам дека лека-полека се заљубувам во мојот најдобар другар, со кој се знаеме добри десетина години.
    Не знам што и како се случи, ниту пак сум свесна што ми се случува, а гледам дека и нему не му е баш сеедно, ама страшно многу ме копка дали и тој чувствува барем маалцичка од она кое го има кај мене.
    И сега, прашањето ми е - како да ги пронајдам тие знаци на можна заљубеност, како да откријам дали воопшто чувствува нешто за мене? :^)
    Сакав отворено да разговарам со него, ама се плашам дека би останала и без она кое сме го граделе со години, уф, тешко ми е стварно, а се прашувам како би било кога само би знаела дека и тој почнал да забегува накај лудите патеки.
    Едно нешто ми беше сомнително, значи досега никогаш не сме се поздравувале со бакнежи (во образ), а пред некој ден кога се видовме ме бакна и си започнавме муабет, а после дотичниов се утепа од извинување за ''недоличното'' однесување и како ме ставил во непријатна ситуација, што јас дури и му кажав дека непотребно крева прашина за обичен ''испад''. И да, си продолжува со ваквите поздрави, и ај сега, како да го протумачам ова, жити бога !? |(
     
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Не знам искрено дали си заљубена во него, или само ти годи неговото присуство. Можеби баш поради таа блискост ти си се збунила, а можеби и стварно си заљубена а не сакаш да си признаеш од страв да не го изгубиш.
    Според мене можеш да почнеш разговор на таа тема од околу, не мора ти одма да му кажеш Е СЛУШАЈ ЈАС МИСЛАМ ДЕКА СУМ ЗАЉУБЕНА ВО ТЕБЕ! Прашај го дали се гледа со некоја, дали некоја му се допаѓа, и по разговорот ќе заклучиш дали сте на иста бравова должина.
    поздрав и со среќа :)
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Ако сакаш да му дадеш некои знаци дека и тебе ти се допаѓа тогаш не го прекорувај за постапки како што се поздравување на образ . Лека полека се почнува па макар и со поздравување на образ. По напишаново и јас имам впечаток дека не му е сеедно ни него , затоа само полека , за да бидеш сигурна дека и тој чувствува нешто . Давај му мали знаци , онолкава доза колку да се замисли :D
    Само внимавај да не претераш во случај машково да не е заинтересирано за ништо повеќе отколку за приајтелство па да отиде се јабана по вода.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мишела почни со оние муабети леле синоќа сум те сонувала као сме праеле ова она :D ќе ја видиш неговата реакција. Машките си се перверзни, нема шанси да не мислел и он на такви работи со тебе. Пробај со допири, бакнежи, гушкања, масажи, врти му муабети од тој тип. Прашај го дали му се свиѓа некоја девојка.... ако пак не сфаќа кажи му отворено, па подобро да го изгубиш како другар одколку да не го имаш никогаш како нешто повеќе ;)
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Па штом сте другари толку време, сигурно го познаваш добро. Почни со разговор на тема љубов. Прашај го дали му се допаѓа некоја, дали е заљубен и слично. Однесувај се како да те интересира само другарки, што прави во неговиот љубовен живот. Според неговиот одговор ќе одлучиш дали да му кажеш или не. Сепак внимавај. Овде се ставаш на ризик. Можеш да го изгубиш сето тоа што сте го стекнувале со години, а можеш да добиеш и многу повеќе од тоа. Ако си спремна на тој ризик, направи го првиот чекор. Ако не си, остави, почекај тој нека реагира. :)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Би почнала таков муабет, ама искрено ми е страв од реакцијата негова, не е типичен дрти-мајндед мен, значи комплициран е, дури и тешко ми е да ви го опишам. Повлечен е малку повеќе, можеби и затоа го имам тоа чувство на страв. И дефинитивно е нешто повеќе, не е само до близината, верувајте, се преиспитувам веќе 2 месеци и све је то због љубави, за жал. :D

    Напротив, јас не го прекорив што ме поздрави со бакнеж, дури му кажав - абе ај, слатко изгледаше, што се потресуваш толку ...
    Инаку, ми има спомнато во повеќе наврати, дека девојчето што му се допаѓаше подолго време всушност не е за него, имала као демек шупав карактер и што ти знам и нон-стоп вели дека ќе си бара некоја слична на него и во истиот момент му се менува и поглед и му црвенеат образите и се по ред - истото се случува кога го прашувам дали му се допаѓа некоја, со намера ''да му ја местам'' - се штрепнува и автоматски вели, ма ќе си најдам јас некоја слична на мене, не се секирај.

    Е во вакви ситуации се подзамислувам дали всушност мисли за мене, па аналогно на тоа се срами, или пак се срами од самата помисла што би можела да помислам дека тоа се однесува на мене. :@
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Па веројатно има нешто. Ти кажав, ако си спремна да ризикуваш, пробај. Мали се шансите дека ќе изгубиш нешто. :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мишела а фино лепо ти да си го пољубиш во уста па после да видиш реакции :D
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Мишела,мене ми е сумлив он поради тоа што се извинувал за поздравот со бакнеж,бидејќи мислам дека ако он те гледа само како другарка не би обратил толку внимание на тоа,но вака можеби мисли дека ќе сфатиш дека има чувства за тебе,па самиот прави голема работа од тоа,за да се оправда и веројатно од истиот страв што ти сега го имаш - дека има шанси да го загубите пријателството што сте го граделе со години.. Ваљда сфати што сакам да кажам :lol:

    Јас би му признала се,отворено онака..не би можела да издржам друго..
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    И јас веќе не можам да издржам, ме јаде психата, ама уште немам муда да му врачам пољубац, мислам, ќе го дамлосам. :D
    Ќе го происпитувам однесувањето и оваа недела, ќе дејствувам после празниците, здравје боже.
    А совети и слични ваши искуства се добродојдени, верувајте. :)
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    11.669
    Пол:
    Женски
    Во право е Мимс, баци го. Јас мислам дека он чувствува нешто повеќе од обично другарство кон тебе.
    Впрочем, јас така го ќарив дечко ми ;) :wasntme:
     
  20. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    2.592
    Вака сега...ова се уствари два проблема па помогнете колку можете
    Првиот:Заљубена сум во еден мој другар веќе 3ипол години.Незнам што да правам.Тој има женска,веќе 8 месеци.Едно време западнав во депресија,плачев по него,не јадев ништо,не излегував надвор,цело време го сонував итн..Близок другар ми е и страв ми е дека ако му признаам дека го сакам ќе го изгубам и како другар.Милиоооон пати пробував да го заборавам,да го избегнувам,ама џабе,никако не ми оди.Наместо да престанам да мислам на него,јас се повеќе сакам да го видам,да го гушнам.Паметот ми е само во него.Што би направиле на мое место девојки? :(

    Вториот проблем е што во последно време како да засвиѓав еден дечко поголем од мене една година.Во школо некако почесто одам кај него пред училница да го видам.Неколку дена по ред го сонувам.И денес цел ден имам некоја желба онака убаво да го изгушкам(ајде утре во школо :D )..На моменти знам да си се замислам во врска и со едниот и со другиот,ама се некако ме влече кон вториот,немам појма зашо.Незнам што ми е проблемот.Дали е ова привремена привлечност или па се заљубувам? Иначе сеуште ја чувствувам истата љубов кон првиот,ни малку не ми избледеле чувствата...Многу сум збунетаа ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.