Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Еден мој другар често ми има зборувано за еден негов другар. Според кажувањето, дечково (другарот на другаров) е 'играч'. Се додворува на девојки по клубови, се мува со една, друга, трета... паралелно. Од скоро, типот си фатил девојка. Во меѓувреме ги запознав и него и девојка му. Девојката е многу фина, иако само пар пати се имаме видено - ми има оставено прекрасен впечаток. Но, од другар ми знам дека дечково не се гледа само со неа, туку си ги врти и другиве по страна. Прашањето ми е, дали во ваква ситуација би превземале нешто? Не е воопшто мое место да се мешам, свесна сум, но девојкава стварно заслужува многу подобро. Мислења?

    Едит: Се работи за 25-28 годишни особи.
     
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Девојка на таа возраст треба сама да знае кај оди и што прави дечко и. Секс кој се случил инцидентно и само еднаш - не може да се открие. Ама константно "вртење" на други девојки без никој да дознае е неизводливо.
    Или девојката е многу глупава или така и чини, трето објаснување - нема.

    Јас не би се мешала, и онака ти си сосема небитна личност во нивната врска. Ако се одлучиш да кажеш имај на ум дека можеби ти ќе бидеш 'љубоморната' и 'дека сакаш да им ја растуриш врската'.
     
    На Gosh, theowndemon и littleflower им се допаѓа ова.
  3. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Дома ради мене имаме проблем, и тоа ради болниот ми бивши дечко и сега мојата МАЈКА постојано ми вика, збори сама дома за да ја слушам јас. Ме интересира како вие би реагирале кога вашата мајка јасно и гласно ви кажува дека не ве сака и дека сте ку**а ?
     
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.812
    Пол:
    Женски
    ПРемногу е тоа.Мислам каков и да е проблемоти за што и да се работи една мајка никогаш не би требала да го каже тоа на своето дете.
    Јас да сум би се изнервирала и тоа многу.Ке ме извади од такт.
    Нема да и простам.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Someday и 2 други им се допаѓа ова.
  5. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Ве молам некој ЛП да дојде итно!!!
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека една возрасна личност, би си дозволила да биде излажана или искористена. Во случајов за девојката, она сигурно многу добро знае што се случува ама има некои девојки кои намерно се прават дека не гледаат, само за да ја задржат врската. Мазохисти се, брзо се заљубуваат и потсвесно се обидуваат да го оправдаат партнерот. Ние девојките обично имаме добра интуиција и за вакви работи тешко е да погрешиш. Ако е на возраст од 25-28 години, сигурна сум дека има доволно искуства да знае да процени кој, каков е.
    Мислам дека нема потреба ти да и кажуваш било што, сигурна сум дека она веќе знае ама помирена е со тоа. :) Впрочем и ако се обидеш да и кажеш, можно е да има непредвидена реакција, така да подобро остави ги работите како што се. :)
     
    На littleflower му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Ако твојата мајка така хистерично реагира, на некои твои грешки од минатото, мој совет до тебе е никогаш повеќе да не и кажуваш за твојот интимен живот. Нема потреба да знае со кого излегуваш, каде, дали имаш дечко или се гледаш со некого.
    Сум имала ваков проблем. Не ескалирало да употреби таков збор, ама било блиску. Премногу го забиваше носот во мојот живот и затоа сега не заслужува да дознае ништо. Подобро за мене, помалку стрес. Подобро и за неа.
    Запомни, колку помалку луѓето знаат за твојот живот, толку помалку ќе имаат право да коментираат. Едноставно, некои работи си ги задржуваш за себе. 8)
     
    На sj *O*, marchi-cool и La.loca им се допаѓа ова.
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Дали може некој слободен да ми пише ЛП?
     
    На Petar80 и SexyGirl2 им се допаѓа ова.
  9. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ako ima nekoj na linija neka se javi vo lp... Samo deca od 14-15 godini ne! Mi treba sovet
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    246
    И мене некој да ми пише ЛП?
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Почнав да се гледам со еден тип три години помал од мене, 17 има, еве кај и да е детска градинка ќе отварам :drunk:. Океј си е се, можам да направам муабет со него, не е дотолку детинест иако си има некои моменти фала Богу, ама чуден ми е. Пример, три дена по ред ќе ме бара да се видиме, ќе седиме по неколку саати, дури еднаш се погоди два пати во ден да се видиме, зошто му пишав не баш трезна од кај другарка и инсистираше да ме испрати до дома, не можел да ме остави сама дома да си одам.

    И баш после тој ден, го снема. Имавме договор, требаше да завршиме нешто, он не стана, ама и не ни сакав да го замарам, само му пишав на фб, ама зошто ретко користи социјални мрежи не се ни ставил, а кога се ставил не ми ја ни отворил пораката. Ми се јави тек следниот ден, да ми се извини, бил зафатен, бил на работа, ќе ми објаснел во живо. Ајде, океј, помина тоа, пак си се гледавме неколку дена по ред, и во неделата бев кај него дома, вечерта кога се вратив му пишав за некој муабет што ме праша дента а немав храброст да му кажам во живо. Тука следеа реферати од негова страна, извинувања ако ме навредил, повредил со нешто, ја на него сум му значела, ние сме морале за тоа во живо да правиме муабет, утре ќе сме се слушнеле итн итн.

    И од тогаш, аш во земја пропадна. На фејсбук не се става по еден ден, и разбирам дека сега му е празник, оди на работа ама сепак за 2 минути во денот има време барем да пише една порака. Не му ја разбирам поентата со ова што го прави, и не знам како да постапам ако ме побара, како да му изреагирам, или пак јас да го побарам, да го прашам што е работата. :?:
     
  12. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Па што друго можеш да очекуваш од дете? Да дете е. Му вријат хормони. Менува мислења. На таа возраст сите прават така. Не можеш да очекуваш од 17 годишно дете да биде озбилно и спремно за врска.
     
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Појди од фактот дека ти со годините можеш да бидеш академски граѓанин (можеби и си) а тој е само средношколец. :drunk:

    Голема девојка си, не ми е јасно што муабет може да имаш до тинејџер на кого хормоните му се во хаос. :^)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    @Rebecca_R Не знам право да ти кажам, обично секогаш целам на постари, ама овој ме привлече со нешто и за некои ствари многу поокеј ми се има поставено од пола 25 годишни што сум ги имала.

    Кога ќе размислам, и јас на 17 години прв пат се заљубив, ама секогаш сум одвојувала време за дечкото. И другарка на 16 години почна сериозна врска што и траеше три години, така да може и да не е до возраста, него до човекот си е за одредено однесување.
     
    На Petar80 и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е тоа мене, точен е муабетот дека и 30-годишни мажи се однесуваат како деца и никогаш не созреваат. Ама факт е дека тинејџер од 17 години е дете, сеуште му лета паметот. Еве поаѓам од брат ми, не е детуле ама сеуште нема реална слика за животот.

    Едно е да се заљубиш на 17 години ама во личност која има 16 или 18 години, а нешто сосема друго е 20 и 17, огромна е разликата.

    Искрено од 17-годишен тинејџер не може да се очекува сериозност. :drunk: Затоа и таквото негово однесување не ме изненадува. Не можам да кажам што би можело да значи таквото однесување јер тоа e детско однесување. :D
     
    На deskarada и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Покрај се што ти кажаа друго, да не ја исклучиме и можноста дека ти можеби и си му само "повозрасна пи*ка" која ја ќарил и со тоа е пофраер од другарите. Па сега кога му помина ќејфот, не си интересна веќе.

    Инаку, греота е 17 годишно дете да го врзеш во сериозна врска. Остави го да изживее за да не биде несозреан на 30.
     
    На sj *O* и blueeparadise им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.314
    Пол:
    Женски
    Шо ќе речи Шиндре на ваквите коментари дека греота е детето да го остај, а? АХАХАХХА @СуперДевојка :lol: :rofl:
    Да не бегам со темата, @blueeparadise сум била во „врски“ со помали од мене, но нели нешто краткотрајно и можам да тврдам дека има позрели на таа возраст, а и некои ептен деца. Велам врски во наводници зошто не се нафаќам на врска ако немам сериозна намера со некој. Познавам деца кои останале во долга врска од многу порано на таа возраст и сеуште ја држат сериозноста, а и други кои баш пред некој ден имаа речено „неможам да се замислам со некоја толку долго да одам од сега“. Е сега ако три дена е срце и еден ден паузира, разговарајте со него. Можеби ете има причини. Мене лично, не ми сметало сем ако тоа со него не го сметам за врска и терам колку за ќеф, но ако ете има доволно добри причини - можиш да размислиш на каде да тераш со таа врска која си ја почнала.
    Се најдобро! :hug:
     
    На sj *O* и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.474
    Машките и така се деца без разлика на годините, машки ова сами ми го имаат кажано и тоа не средношколци. Друго него сега му вријат хормоните, за машко од 17 не верувам дека многу е зрел уште малку од напишаното стабилен. И јас лани цела година бев опкружена со средношколци 17,18год, гледав се шо прават, размислуваат едно друго.
    Друго шо си барала кај него дома да одиш.
    НЕ го барај, ако е стабилен толку и секој во денот има 5мин да пиши порака или да побара некој, а ако исчезнува и после пак те бара не ти треба таков, оти мене ако ми значи некој нема да исчезнам да ме нема па по некое време да ми текни да го побарам или ако знам шо сакам.
    И нека види дека ти не си на дугме кога ќе му текни него да те побара и ти да излезиш.
     
    На blueeparadise, Someday и Petar80 им се допаѓа ова.
  19. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем, ама најверојатно овој сериозен е. Пред неколку години имав врска со дечко во кој бев презаљубена. Мислев дека и тој е, се беше убаво, романтики на сите страни. Дури и си влегов во филм дека овој е тој “вистинскиот.“ Врската почна ептен турбулентно и нормално и така заврши. Дознав дека од сам почеток не бил искрен со мене за многу работи, имаше многу гадна навика да лажи и да извртува работи. Поради тоа и некои другари се дистанцираа од него. Кога видов како не функционираат работите решив да раскинам со него. Премногу ми беше тешко да го заборавам, трауматичен период. Од како раскинавме многу работи си криев во себе и глумев дека ми е супер пред другите. По некој месец и си фатив нов дечко, за кој немав ниту грам емоции, само физичка привлечност. Од тогаш, па до сега, сите врски кои сум ги имала се кратки, темпирани од моја страна. Во оној момент кога ќе треба да се приврзам емотивно за некого, јас се повлекувам. Се чуствувам како да сум во затворен круг, не можам да излезам од него затоа што се плашам да не бидам повредена. Не сакам некој повторно да ми го скрши срцето, ама исто така знам дека стравов не смее да трае вечно. Дали има некој друг кој поминал низ истото? :(
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.425
    Допаѓања:
    183.272
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93
    Нема човек на светов кој не одболувал скршено срце. Секој на свој начин. Ти го разбирам стравот.
    Но, евентуално, еден ден мораш да си дадеш шанса на себе си да се заљубиш од петици па се до трепките. Никој никогаш не може да гарантира колку ќе трае, ама се додека ти се чувствуваш убаво - ќе вреди. Гаранција нема. Во љубовта секогаш прво викаш оп, па скокаш и си даваш шанса да порасне нешто големо и убаво од тоа.
    Јас сум во врска, па некогаш кога ќе се замислам, смртно ме плаши помислата дека некогаш можеби ќе треба да го одболувам. Сега за сега ми е многу убаво... ама за утре кој знае што може да тргне наопаку.. :)

    За да го смениш ставот, мораш самата да ја донесеш таа одлука. И да бидеш спремна на се.
    Клише, ама некогаш треба навистина да се бакнат повеќе жаби додека се стигне до принцот. :)
    Едноставно... пушти си ја душата. Скршено срце може да се излекува и сите барем еднаш сме биле сведоци. :)
     
    На boo3, Aquamarine93 и Dust им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.