Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење, ако може некој да ми пиши? Се чувствувам изморено од се.
     
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Не знам како најискрено да го започнам разговорот за мојот проблем но знам исто така дека и не можам да молчам. Обично не сум многу по тоа да се „исповедувам“ и честопати знам да ги сочувувам работите во себе но овојпат се решив да пишам. Зошто, ќе објаснам понатаму. Да речеме дека сум особа која веќе се наоѓа во години и во животот имала само една врска која траела само неколку месеци, и која заврши на крајот лошо, особено за мене, зошто од истата особа бев понижуван и омаловажуван. Од тогаш исто така и потрагата не ми оди баш најдобро и за жал досега сум налетувал само на особи кои (од моја гледна точка) гледале само да те изманипулираат и да те „дриблаат“. По природа сум си „питом и фин“ и да, не сум совршен човек иако сум „питом и фин“ но досега таа „питомост и финост“ не „упалила“ кај девојките, нажалост. Сум се обидел со секој пристап, и со игнорирање и со посветување внимание но на крајот секогаш сум наидувал на ѓубриња. Минатава година на пример ми се допадна една девојка со која работев и се решив тогаш да бидам директен и да ѝ посветувам внимание на истата зошто претходно многу пати сум играл секогаш на таа карта “да се настапи само кога е сигурно“. И додуша тој начин на анализирање на работите ме штитеше секогаш но овојпат си реков во себе „што ако грешам некаде“. На крајот сето тоа мое посветување внимание и директно пристапување ми излезе низ нос зошто и оваа почна да ме понижува и омаловажува и да раскажува наоколу на сосем трети лица како јас сум ѝ се додворувал. И од тој момент кога се „изгорев“ убаво заклучив дека всушност директниот пристап е огромна грешка и испадна дека сум во право со оглед на тоа што сега со една друга девојка ќе ми се случеше за малку истото доколку не ги изанализирав работите.

    Прашањето ми е: дали јас сум единствениот на кој му се случува ова или на многумина им се случува истото? Не знам веќе што да правам, искрено почнав да губам надеж и затоа и пишувам, со цел и со надеж дека ќе наидам на одговорот дека „не сум единствениот“. Искрено не знам и што им е на луѓево, дали сиромаштијата нè повампири или пак е нешто друго во прашање не знам. Мислам дека ова игра особено голема улога во тоа што се случува со нас младите во последно време.

    За секаков одговор сум отворен.
     
  3. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека те понижила до тоа што кажала дека и се пушташ? Па нема ништо лошо вп тоа. Опушти се малку. Изгледа си мн исфрустриран. И не мораш да чекаш цел век за да и пријдеш на типката што ти се свиѓа и ја поканиш на кафе? Па и да те одбие што има врска. Ако е вредна бори се за неа. Ако сметаш дека не е продужи даље и решен проблем. Нема фрустрација нема ништо. Поз
     
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Ти благодарам на одговорот. Камо да беше само на тоа, проблемот е тоа што многу лоши работи ми се случија особено од нејзина страна. Затоа и напоменав дека се „изгорив“. Во детали нема да навлегувам. И верувај, и тоа го направив, и се борев за неа а таа тоа го искористуваше само и на крајот од сето тоа извлеков само поука.

    Последен пат кога бев излезен со една девојка почнаа да се одвиваат работите во добра насока сè додека не дојде моментот кога отидовме на пиво (после кино). Девојкава почна да ги прашува наоколу пијани луѓе колку пијачки испиле, што мене крајно ме вџаши. Прво, нејзе не ѝ е работа да се интересира за тоа колку испиле другите. Второ ако се случи нешто (зошто секој нели е различен карактер) јас треба тука да реагирам, да ја заштитам доколку нешто се случи а таа не го зема во предвид фактот дека со тоа може да ни нанесе проблеми и на двајцата. И нема врска, си заминав дома нервозен таа вечер и чекав да поминат неколку дена за да се смирам јас а и состојбата и решив да ја конфронтирам со тоа ама на сосем пријатен начин. На крајот добив одоговор од типот на „немам јас време да се замарам со ова, имам поважни работи во животот“ и не зборувавме можеби три месеци иако јас се обидов на сосем фин начин тоа да го објаснам. И после три месеци ајде пак се обидов, ја поканив да излеземе овојпат нејќеше ми рече као „не можам“. И од тогаш веќе ја немам покането. А и верувам дека ако истава беше заинтересирана дека ќе се запрашаше малце и ќе започнеше таа самата дијалог на оваа тема. И на крајот испадна дека тоа излегување било само „маткање очи“ затоа и не се обидував понатаму.

    Искрено не знам веќе, најискрено ти кажувам изгубив секаква надеж затоа сакам да знам дали ова и на други им се случува или само на мене?
     
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе бидам сурова со ова што ќе го пишам, ама нема лутење.
    Ти или не знаеш како да се пушташ на женска или има нешто што ги брка од тебе. Некои луѓе имаат посебна харизма што привлекуваат девојки дури и премногу, ти сигурно ја немаш.
    Или многу големи барања имаш од женскиот пол па затоа и бегаат од тебе. Не знам каква личност си за да те осудувам или да кажам било што, ама тоа што си сам мора да зависи само од тебе и никој друг. Не барај ги грешките во девојките, бидејќи од многу бирање ќе си останеш сам.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Па ти па кај си нашол со таква типка да излезеш па дури и си сакал да се појаснуваш после со неа. Ама ајде. Ако она не е заинтересирана ќе биде некоја друга сигурно. Опуштено само. Не им придавај толку значење на непотребните работи во животот. Кога тогаш ќе се појави некоја што ќе ти одговара сигурна сум.
     
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Лара ти благодарам на одговорот и го почитувам твоето мислење. Секој си има различен поглед на нештата и во ред е тоа, пишав дека за секаков одговор сум отворен. Јас воопшто не се лутам. Но сметам дека забелешката не е на место зошто првата девојка што ја имав на пример физички не беше којзнае што. Не дека тврдам сега за самиот себе дека и јас сум некој и нешто, но во секој случај, кога станувало збор и за внатрешен и за надворешен изглед секогаш сум бил скромен и не сум барал од луѓето којзнае што. Ти благодарам исто така што го земаш во предвид и фактот дека не ме познаваш доволно али јас сум сепак тој кој бара совет тука а не ти и го почитувам твоето мислење не се лутам.


    Што се однесува до давање совет од твоја страна, слободно, ако имаш некој совет, дади го слободно и ќе го разгледам :).


    Ти благодарам на утехата али искрено губам надеж. Јас не знам што треба друго да направам, фала богу ниту сум вулгарен ниту сум дрзок а уште помалку горделив и арогантен. Еве Лара вели дека можеби не знам како да им се додворувам на девојки? Еве, за совет сум отворен...
     
    Последна измена од модератор: 7 јули 2017
  8. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека не знаеш да се додворуваш. Вероватно живееш во некој свет и сакаш нешто што според тебе би било нормално. Сите сме такви. Некои помалку некои повеќе затворени во некој свој свет, со некои свои мисли. Батали ги. Ако сакала таа девојка да ти наштети со тоа што го направила тоа зборува за нејзе. Ти треба да бидеш горд доколку не си направил ништо што би можело да и наштети. Во тој случај она губи а не ти. И кога тогаш ќе се појави некоја што ќе знае да го цени тоа што можеш да и го понудиш. Секоја нормална девојка, добро воспитана нема да гледа на тоа дали си сиромашен или богат. Затоа што парите идат и си одат. Се може да се постигне ако се сака. Битно е да го цени твојот карактер. Мој совет ти е да не се задржуваш на девојки како овие што ги наброја погоре. И сам си увидел дека не се добри за тебе а упорно си сакал да се појасниш. Батали и цепај напред.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Женски
    Пиши ми.
     
  10. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Еве овде мој совет после долго време доаѓање на форумот.

    Животот ти е права линија, не си го прави круг, земи одмор од се, еден ден, исклучи интернет, телефон и сите тие дистракции што те прават приклучена на една безсмислена мрежа од комфорт во која уживаш во безнадежни надежи направени од луѓе што уживаат во едно исто секојдневно.

    Земи си книга, прочитај си нови мисли, радувај се малку на тоа што го имаш околу себе, еден ден ќе биде доцна да бидеш благодарна, биди сеа, иднината е сега !

    Луѓето ќе си дојдат во твој живот, правилните, неправилните ќе си го најдат патот и они, ти гледај да излезеш кај што на сон ти е патот, кај што се гледаш себе си, купи си сладолед, наполни си ја кадата до крај, пушти си омилена песна па и нешто ново, смени малку, сето тоа што ти кажувам не мора да го направиш, туку да те поттикне да направиш нешто од твој памет, нешто што сакаш, во што уживаш, а не да се преправаш во другите мисли со цел нивниот доход на его да произлезе од твој труд.
     
    На buba4e89, pufi-cufi и Brojka им се допаѓа ова.
  11. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Imam eden problem ama da ne pisuvam javno. Ima nekoe masko/zensko nebitno, da mi pise?
     
    На Red&Black му/ѝ се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Извини што тек дури сега ти возвраќам со одговор на твојата порака. Јас (барем така сметам за себе) сум немал некои големи барања зошто како што рече тука еден член ако премногу бараш ќе си останеш и сам на крајот. Можам како и да е да кажам дека имам премногу добар карактер (барем јас тоа го сметам за себе) и честопати луѓето и тоа не знаат да го ценат. Како некој малер да ме следи, како да фрлил некој клетва врз мене не можам тоа поинаку да го сфатам. Во животот сум налетувал само на вакви личности кои ти ги споменав погоре, фолиранти и полни со злоба и фрустрации. Не сакам навистина да испаднам сега како некој кој тврди за себе дека е најдобар зошто и јас како сите луѓе си имам свои маани и не сметам за себе дека сум совршена личност. Но никогаш во животот не сум се стремел да му наштетам на некого или пак да го влечам за нос. А мене ова честопати ми се случувало нажалост. Се надевам дека еден ден ќе престане и дека ќе наидам на некоја особа која е во ред. Али искрено губам надеж и затоа и решив да се зачленам на форумов сакам едноставно да дознаам дали е тоа проблем во генерала, дали јас сум единствениот или пак и на други тоа им се случува во оваа држава...

    Поздрав,

    :)
     
  13. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Немој никогаш да ги сфаќаш премногу лично работите. Можеби на некоја девојка ете не и бил денот и ја истурила нервозата врз тебе, можеби друга била повредена од претходната врска па чувствува одбивност кон машкиот пол и сл. но секогаш мора да дадеш до знаење дека не прифаќаш такво однесување. Нема потреба никогу да молиш или да се понижуваш. Си ја повикал еднаш не прифатила, си дал втора шанса не излегло ништо - сметам дека е доволно. Секој треба да си ја знае границата и нема потрба да бараш некогу по неколку месеци. Мораш да покажеш цврст став.
    Сигурно има девојки кои ти се симпатични па превземи нешто. Можеш уште веднаш да ги повикаш на состанок и пристапи лабаво и опуштено. Не анализирај премногу. Не мора да се фокусираш многу на една девојка а и кога ќе влезеш во врска ако гледаш дека нешто мати и не те цени доволно не мора тоа да го трпиш. Верувам дека ќе ја најдеш вистинската личност.
     
    На Momichka, +++ и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  14. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ме потсетуваш на љубовта моја лога зборуваш вака за себе. Ма навистина и вир машките некогаш премногу анализирате и си ставате се на срце. Сум гледала преубави девојки несреќни во љубовта, а некои не толку убави најсреќни на светот. До убавината не е значи сигурно. Не ти се погодила некоја што навистина ќе вреди за тебе. Сигурна сум дека уште кога ќе ја видиш ќе знаеш дека тоа е тоа. Не сум за тоа да се пушташ на која ќе стигнеш. Него можеш еве да се одлучиш за некоја што навистина ќе ти де допадне со некоја што ете би можел да се видиш во иднина и да и се посветиш. Почни од малите гестови да ја привлекуваш воодушевуваш. Да бидеш посебен за таа некоја што ќе ја избереш и се ќе биде поинаку. Нема слободна девојка на светов што не би паднала на тие некои мали ситници што би те издвоиле од масата други.
     
    На +++ и ушко им се допаѓа ова.
  15. mellst

    mellst Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Кај мене ништо не се менува.Љубовта е иста.Ми се допаѓа едно машко и онака кроз муабет сватив уствари дека и јас му се допаѓам.Секогаш пробува да биде во моја близина,еднаш на паузата седеше и јас разговарав со една жена и го сврти столчето на кај мене.Погледи,флерт насмевки...Заминува во друга држава,средината на Август а јас некако многу се поврзав.Вака не сум се чувствувала,како да си ја пронајдов сродната душа а и мој тип е точно онаков каков што сакам да биде со тој што ќе го поминам животот,но никогаш не успеав да пронајдам зборови да го опишам.Чусвтвувам дека е вистинскиот но вчера многу ме збуни.
    Имам еден пријател и ќе работи со мене 2 месеци само,и овој кога ме виде со него не ми ни направи муабет.После тоа секогаш кога ќе зборнев со пријателов,тој ме гледаше и чувствував како да е вознемирен.
    После на пауза седевме надвор заедно и ме прашуваше за едно девојче ми вика : "слатка е".И викам "ќе ја прашам дали има дечко " .Незнам дали намерно ми рече така бидејќи правев муабет цело време со пријателов..Ја прашав ми рече дека има дечко а овој и рекол дека изгледа како глумица ама незнам кога..и одам да му кажам дека има дечко и се смее вика " знам " и потоа цело време гледаше на кај мене погледот не го тргнаше.Разговарав со друг пријател и тој дојде вика "искрено мислам дека вие сте сладок пар" му викам "подобро да се зафркаваш" и он ми вика "не,сериозен сум" и замина и повторно на кај нас гледаше цело време.
    Потоа надвор седевме и тој седеше до пријателов мој и си правиме муабет со пријателов и овој седеше седеше и по 2 минути замина подалеку.
    Кога ми кажа дека заминува во друга држава,ми се испушти му викам " не сакам да одиш " онака тажно и се насмевна вика " зошто ? "
    Што мислите ? Сакаше само да ме направи љубоморна? И ве молам кажете ми како би требало да се однесувам,заминува за помалку од 1 месец и се враќа дури другото лето а јас се чувствувам како дел од мене да заминува со него :(;(:|
     
  16. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Сега заминува, и незнаеш ни дали ќе си дојди воопшто.Многу време е до другото лето.Спречи пред да го лечиш.
     
  17. Maja95.

    Maja95. Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Се допишував со еден тип на фб околу 4-5 месеци. Тој е од соседниот град. Вака по слики штп го знам и по пишувањето ми има оставено многу добар впечаток за сето ова време , и баш би сакала некогаш да го запознаам . Еднаш ме викна тој да искочиме на кафе да се запознаеме подобро ,и јас прифатив, иако сеуште ништо конкретно не сме договориле, ми рече дека за идната недела може тој да дојде бидејќи оваа недела нешто зфатен бил. И зборот ми беше, после договарањево тој не е ист во однесувањето како порано, некако поладен е спрема мене и не ме бара толку и пишува, а договорот сеуште стои. Сеа не знам како да го сватам тоа, дали моја грешка е што прифатив од одма да искочиме или не знам стварно зошто така. Кај згрешив |( Како да се однесува м сега со него?
     
  18. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Никако. Ладно, не заинтересирано многу јасно. Да бил навистина заинтересиран до сега сто пати ќе дошолдо тебе. Во превод батали го не е вреден.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Порано дечко ми постојано бараше начин некако да се видиме (бидејќи не сме од ист град), се гледавме постојано.. И во денот барем еднаш зборувавме подлго од пола саат, навечер разговаравме до доцна. Порано постојано ми кажуваше дека ме сака..
    А сега во последно време не се замара дали ке се видиме, не бара начин како да се видиме.. Јас одев до пред една недела кај него секој ден со автобус за да бидеме заедно.. а сега бидејќи не сум во можност да одам, не се ни гледаме.. По цел ден е со братучед му дома гледа филмови игра игри и само на 1минута се слушаме.. И кога сакам да го прашам каде и со кој бил што правел, одма вели дека се чуствува како на суд да ее, ногу сам замарала.. А тој ме навикна така, да си кажуваме се и да се известуваме за се. Си ги бевме дале пасвордите, тој го знае мојот, но тој пред некое време си го смени бидејќи јас слушав музика и не слушнав дека ми ѕвони, не ми дава да го допрам неговиот телефон.. Вчера го поканиле на име а потоа на матурска, а тој ништо не ми кажа и сега пред полаа саат ми се јавува и ми кажува дека ќе оди, заборавил да ми каже...
    Заедно сме скоро 2години.. и незнам што му се случува, можеби ја претерувам, незнам..
    Некој совет да ми дадете ве молам?!
     
  20. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Вероватно ми досадило па си игра топло ладно. Биди и ти ладна спрема него одма ќе го смени понашањето. Луѓето се плашат кога нешто или некого губат па панично прават се за да го вратат назад. Понекогаш треба само стимул, мада јас не сум за тсква врска.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.