Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.835
    Допаѓања:
    173.258
    Пол:
    Женски
    И не заборавај:!:
    Не е само таа вечер..треба да и посветиш внимание секој ден додека си тука... (ако се враќаш назад пак во странство)
    Ако не, сепак, прави и го секој ден посебен:)
     
    На sj *O* и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  2. Monisrce123

    Monisrce123 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво Девојки Искрено ми треба вашата помош ве молам
    Имам дечко одиме 10 месеци. На почетокот се беше океј но сега тој не е заинтересиран некако за мене и за нашата врска. Секогаш јас го викам за да излезиме на пример денес ке се видиме и утре тој е слободен му поминал редот ... Понекогаш јас се чуствувам премногу напорна и досадна како да го напнувам не сакам секој ден да се гледаме ама барем во текот на денот нека напише порака срце злато незнам јас ке бидам најсрејкна. Незнам што да правам кога и да се видиме тој мисли само на секс ми ги допира градите и се... како да ме сака само за секс
     
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    Си разговарала со него за ова? Оти според мене тотално не е океј без разлика дали сте во брак, врска секоја девојка заслужува внимание.
     
    На blond.bunny, sj *O* и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Има различни типови на машки. Некои се романтични и се врзуваат (ова ретко и ако ти се погоди таков, значи дека е кец на десеттка :D), други глумат на почеток на врска, па после оладуваат, а трети (воедно и најлоша категорија) романтика не им е потребна, битно им е само физичкото. За жал девојче, твојот дечко најверојатно е во трета категорија. Како тоа не те бара да излезите? :^) Значи тоа дека само ти си иницијатор? :( Ако е така, најверојатно почнал да губи интерес, ама не одбива излегување во надеж дека ќе падни секс. Од лично искуство знам дека машко нема да се смени, без разлика на тоа колку би му укажувала на лоши особини и навики. Ама ете, за да не ти биде криво, следен пат разговорај со него и кажи му се што ти смета. Не знам колку би помогнало, ама нека биде последна шанса.
    Ако и после тоа си продолжи по старо, фино-лепо откачи го.
    Има и добри момци, не вреди на си го трошиш времето на таков. :nod:
     
  5. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден искочив на кафе со еден дечко, со кој претходно се допишувавме извесен период на фб.
    Многу се двоумев дали да искочам вака на слепо , дека преку социјалните мрежи, но на крај сепак прифатив, и не погрешив.
    Дечкото ми остави многу убав впечаток , толку ми беше убаво и пријатно во негово друштво , иако тој беше тој што го водеше муабетот цело време , а јас повеќе ќутев :doh: што од срам. Мислев дека после ова повеќе нема да ме побара.
    Истата вечер кога се разделивме ми пиша на фб, не спомна ништо конкретно за средбата како си поминал и сл. освен за некои муабети што ги правевме па сега коментиравме околу тоа.Покажуваше заинтересираност за муабет. Утредента беше уклучен на фб се до поручек, не му пишав си велев ај вечер ќе го барам да не испаднам нападна .. и после поручек го снема наеднаш и го нема долго време. Се прашувам што се случило, ова му е прв пат до сега да го нема околу време. Не знам дали да го побарам или да чекам на него тој пак да ме бара , ако е сепак заинтересиран.
    Не сакам да го испуштам дечкото ,но не сакам ниту да бидам наметлива или досадна. Како да откријам дека му се допаѓам, да чекам на него или јас да преземам нешто?
     
  6. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Сте контактирале веќе некое време на фб и претпоставувам дека дечково нема девојка, во спротивно неговото однесување би го сфатила како “шарање на страна“. Судејќи по твоиве зборови, детево било баш на место, ти пишувал те викнал на кафе и пристојно и шармантно се однесувал. А ти занесената не ти текна ни еден фидбек да му дадеш како си си поминала? Сте дошле дома, пак ти пишал веројатно очекувајќи да му кажеш впечатоци и ти пак ќутенката? Веројатно си помислил дека не си била нешто воодушевена и сега само оддржуваш контакт на фб чисто поради куртоазија.
    Сместа да му пишеш на фб дека убаво си си поминала и дека се надеваш дека пак ќе се видите.Нема ништо нападно во тоа, баш напротив, ќе го охрабриш пак да те викне ако веќе е заинтересиран. Можеш и да иницираш наредна средба, пример кажи дека сакаш да шеташ таму и таму, да пробаш некој сладолед што го има само таму и таму итн. И труди се да правиш муабет со него во живо како што правиш на социјални мрежи,биди послободна, биди своја.
    Среќно
     
    На mira.mira, +++, emmacool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Тој е од друг град што е плус проблем за да се гледаме почесто, и дојде специјално во мојот град за да одиме на кафе. Ме праша кога да дојде и во кое време, така и беше.
    После средбата се разделивме, т.е. тој рече да станеме од кафичот и одма си отиде , и за тоа ми е најмногу криво , што не изреагирав некако, кога веќе поминал толку пат за да дојде овде. Се надевам ќе се вклучи пак.:(
     
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Колку време го нема вклучено?
    Можеби е тоа само за да те замисли кај е и со кого е во што и успева, да го мислиш.
    Но можеби и нема интернет, можеби е зафатен со работа, можеби обврски.
    Му го имаш бројот? Јави му се.
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Пријателски однос делел со тебе.
    Така го сфаќам јас.
    Па ништо, пиши му здраво како си што правиш бла бла...
    Ништо страшно.
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    epa ne moze sekogas da cekas na nego,ednas toj bil prviot koj pristapil posle ako se ceka pak na nego covekot moze da pomisli eve samo jas ja baram i ke se otkaze
     
    На emmacool и sj *O* им се допаѓа ова.
  11. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Цел ден а и повеќе , го немаше.
    Се вклучи синоќа и му пишав ,зборевме, онака општ муабет. Инаку имав чувство како да се труди околку муабетот цело време, да каже нешто да биде интересен, да привлече внимание, постојано имаше некоја тема за разговор.
    Не знам како да го сватам ова дали како само љубезен пријателски гест или нешто повеќе..бидејќи за она другото не рече ништо. За средбата не коментиравме воопшто.
     
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Прашај го што мисли за излегувањето, дали му се допаѓа разговорот со тебе. Најдобро биди отворена да знаеш на што си. Ако сеуште покажува интерес можеш ти овој пат да договориш излегување. Немаш што да изгубиш.
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Досадна ќе бидеш ако го бараш по пет пати на ден а не ако го побараш еднаш после подолг период. Се било ок и искрено чудно е така наеднаш да го снема. Побарај го, види што е работата, можеби наеднаш му испаднале некои обврски, можеби отпатувал некаде... Сепак вие не сте биле во врска па да има должност да те извести за се што му се случува. Не сакам да те разочарам но може и да си почнал нешто со некоја па сега не сака да се плетка со други девојки дури ни преку фб. Или пак едноставно има такви карактери ги има па наеднаш без причина ќе ги снема. Ништо не губиш ако пишеш.
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emmacool

    emmacool Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Се врати..и му пишав јас , зборевме. Општ муабет , ништо посебно, но покажуваше заинтересираност за муабет.
    После оставив на него го немаше цели 2 дена да ме побара, и денес сабајле пак ми пиша, зборевме. Покажува дека муабетот му годи. Но пак едно не ми е јасно, ако му годи се тоа и ако е заинтересиран за мене зошто го немаше 2 дена да ме побара? Јас го барав ден за ден. И сега не знам како да реагирам, нејасен ми е .
     
  15. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    Најверојатно му е досадно и тепа време со тебе. Ако ти е убо така терајте, ама ако сакаш нешто повеќе откачи го што побрзо.
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Затоа што веројатно не си му приоритет и не чуствува потреба да ти посвети такво внимание како ти што му посветуваш на него. Не би сакала да те разочарам но голема е веројатноста дека сака само да си пополнува време. Веројатно понекогаш му е пријатно со тебе но тоа не мора да значи дека е незнам колку заљубен и заинтересиран за тебе. Ако тоа не ти пречи тогаш продолжи вака. Но мој совет ти е да немаш некои преголеми очекувања за да не ти биде после многу потешко.
     
    На Someday и emmacool им се допаѓа ова.
  17. Epov88

    Epov88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно треба интимни допирања. Штом 2 години сте заедно без интимни допирања - да знаеш дека те сака премногу и дека не е како повеќето машки кои сè би направиле за секс.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tigergirl1992

    tigergirl1992 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво моментално се наоѓам во тешка ситуација. Идев со дечко ми година и месец, како што кажав пред некое време врската ни беше со караници и нервози, но завчера се решивме на крај, односно за две недели пауза. Бидејќи ја не верувам во паузи, му реков да се видиме уште еднаш и да стаиме крај на се. После тоа го барав ама он постојано беше ладен и кажа дека е подобро вака. Јас одма почнав со шетање и правење муабет со други машки зашто се уништив од помислата дека нема веќе да бидеме заедно и морав да мислам на нешто друго... Он сабајлево отишол за Охрид, му вртев во 6 сабајле и тогаш ми кажа дека отишол. Зборевме неполни 30 секунди ми рече демек ајде врти ми после. Јас после ова не планирам да го барам и заедничките слики ги избришавме, но многу е тешко и незнам како да го преболам, премногу боли. Ако можете дајте ми некој совет многу би ми помогнало...
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    25.542
    Пол:
    Женски
    Боли , да . Но ќе помине :nod: не се оптеретувај премногу со тоа да го заборавиш , бидејќи треба време за тоа . Со тек на време ќе го заборавиш . Остани доследна да го заборавиш сама , не си фаќај дечко само за да го заборавиш побрзо бившиот . Сум била во слична ситуација пред 6 години и верувај ми , нема подобро чувство од тоа кога ќе сватиш дека си го заборавила него , а немаш дечко во меѓувреме . Еве што ми се случуваше мене :
    Идев со дечкото 1 година . Се беше океј до последните месец-2 , кога почувствував дека ме лаже . Така и испадна . Ок , раскинавме и се тоа , ама многу нормално , не можев да заборавам . Една година беше во прашање , не 1 месец .. А и таква сум , веднаш се приврзувам за личности .. Излегував и се тоа , признавам дека периодот откако раскинав со него ми беше најалкохоличарски период во животов ( со што ни најмалку не се гордеам :( ) , но сепак не излегов со друг дечко само за да го заборавам . Една вечер ми пукна филмот и се што ме поврзуваше со спомените за него фрлив . Слики , подароци , букви , сеќавања .. буквално се . И тоа на трезно . Баш таа вечер испив едвај една чаша алкохол , потоа се префрлив на безалкохолни пијалоци , решена бев да си поминам убаво без да сум потпивната . И тоа беше најубава вечер дотогаш . Откако ги фрлив спомените , се осетив како да ми паднала карпа од душава . Товар кој сум го носела година дена . Мало камче кое неосетно станало карпа . Подоцна почнав да излегувам со машки , за да се омажам за дечко со сосем спротивен карактер од оној на кој потрошив цела 1 година :D
     
    На mira.mira и marchi-cool им се допаѓа ова.
  20. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Знам дека ич не е лесно една година за некој си правела се си го сакала.Јас би се согласила со членката над мене да не си фаќаш моментално момче биди си самостојна ,искачај со другарки,иди по журки,живеј си го животот најди си хоби кое ќе ти го исполни времето и ќе те отргне од мислите.
    Жена си можеш се биди јака се поминува во животот понатака ќе имаш поголеми проблеми од едно раскинување не вреди да си кинеш нерви веруј ми.
    Во животот се доаѓа и си оди ништо не вечно и не вреди за машко да паѓаш во депреси.
    Имав и јас врска во која се надевав на се многу го сакав али во еден ден животот ми го направи пекол ми го скрати за 10 години бев аксизна,не разговарав со никој во еден збор бев жив мртовец али се борев против се тоа за да останам на нозе шетав идев по дискотеки пробував сето тоа да го преболам другарките ми се чудеа како не паднав психички .Ме болеше како и тебе го колнев затоа што душата ми ја зема косата почна да ми паѓа да слабеам и да стигнам до 39 кила али пак се борев.
    За по неколку месеци да го сретнам сегашниот дечко кој животот ми го направи розев ми беше сила која ме држеше ми беше најголема подршка да се здебелам успеав и ден денес си викам кај ми беа очите за кого ли се нервирав.
    Еден ден и ти ќе се распрашаш себеси за кого за еден обичен себичен дечко.
    Али сето ова не учи на нашите грешки и за сл пат очите да ни бидат отворени да не бидеме слепи.
    Кога најмалу очекуваш ќе се појави некој кој ќе те цени,ќе те сака и ќе те чува,а до тогаш биди своја,биди среќна и уживај во животот.
     
    На mira.mira и marchi-cool им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.