Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Смешно ми е малце ова со твоите соништа. Секоја вечер по еден од нив ли сонуваш? :^) :D
    Е сега, на проблемите твои да се навратам, јас мислам дека во овој вториов дека не си заљубена туку само ти се свиѓа онака, како на секој нормален човек. :)
    А за овој првиот немам многу што да ти кажам. Другар ти е, ама изгледа малце си помешала чувства, па сето тоа преминало во нешто повеќе. Никако поинаку неможеш да го решиш тој првиот проблем, освен директно или индиректно да му признаеш што “те мачи“ и да му ги покажиш/признаеш твоите чувства. Точно е тоа дека одиш на се‘ или ништо, ама јас друго решение не гледам.
     
  2. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    девојки повторно јас... пишувавме за мојот проблем пред една недела... тогаш нели ви кажав како стојат работите и како на крајот сѐ заврши. тој дојде кај мене (кажав нели дека студирам во друг град, значи живеам подалеку од родниот град), и сѐ беше супер... нежен, мил... ептен убаво ни беше поминавме така сѐ до петокот кога си дојдовме дома. ама овие два дена пак по старо. скоро и не ме ни побара петокот и саботата, во петокот беше на ергенска, моите другарки не се тука и немаше со кого да излезам, се договоривме во саботата да се видиме, а тој одвај стана мртов пијан бил претходната вечер и пак заминаа кај другар му што се жени. не спомна никако да се види со мене... денеска бевме заедно на свадба и му го спомнав тоа дека пак по старо се однесува, а он ми се развика дека сум била многу размазена, осетлива, сум го гушела, сум му го расипувала расположението... и сл. е сега... дали јас сум во право, дали сум запоставена или пак, сум станала премногу љубоморна и зависна од него... што да правам, ако е ова второво, а мислам дека е... тешко ми е вака... скоро никогаш не сум мирна и спокојна, постојано мислам каде е, зошто не ми се јавува веќе 2 часа, зарем не мисли на мене, зарем не му недостасувам... како да го поминам овој пекол побезболно? :(
     
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И јас го имам истиот проблем. Сакам постојано да е со мене, кога го нема да ми се јави веќе 2 часа почнувам да мислам, зошто не ми се јавува, не мисли на мене и слично. Минатата недела, не знам што ми се случуваше, некако немав потреба од него. Се си беше океј, значи ако не сакаше тој да се видиме јас океј срце има и други денови и тој беше многу среќен затоа што обично се лутам кога не сака да се видиме. :)
    Пробај и ти така. Ако не ти се јавува подолго време, кога ќе ти се јави немој да бидеш лута, туку напротив биди весела, расположена. Однесувај се убаво со него. Ако не сака да се видите кажи му во ред цел живот е пред нас и слично. Пробај со оваа, па ако не успееш проблемот е во него, не во тебе. :)
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Аквариус , претеруваш! Олабави се малку и олабави го и него. Поубаво е да ти се јави еднаш во денот и да има што да ти каже, од тоа да ти се јавува на 2 саати и да добри празна слама...затоа што мора да се јави.
    Мислиш ли дека може една врска да функционира без доверба?
    И зошто бил со тебе на свадба? За да не му се лутиш? Не, затоа што сакал со тебе да биде.
    Се надевам дека на свадбата не му триеше сол над глава за неговото однесување.
    Боже драги, па другар му се жени. Еуфоричен е, мисли дека ако не е со другарите ќе пропушти нешто, сакал да биде со нив... и што?
    Никому ништо, уживај си ...и релаксирај се. И себе и него.
    Нај добронамерно, без љутиш :)
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    сѐ е во ред, имам пробано така... ама работата е што јас ќе му изреагирам така КУЛ :) ама јас ќе бидам тажна, и колку повеќе време ќе одминува сѐ понервозна станувам и сѐ потажна, ќе ме сети, ќе ме праша што е и јас пошто не можам да лажам и молчам ќе му кажам, и згора на тоа и уште ред други триста глупости за кои после ми е жал што сум ги кажала и го лутам и оттурнувам уште повеќе од мене :( знам дека сум напорна, сакам да се сменам, но моето секојдневие, досадата (кои не можам да ги сменам бидејки така сум се нашла во такви услови) прават да го барам него постојано, бидејки друг и немам кој да побарам. таму кај што студирам, немам никој од моето место, колегите колешките од тој град што ми се, некако си имаат своја шема во која не се совпаѓам никако, цимерките и тие се со дечковци и мн се мрзеливи, не сакаат ниту да се дружат, ни да излегуваат... и јас некако постојано сум осамена и имам потреба од него... кога би имала друштво мислам дека не би било така, но мојата ситуација не може да се смени во однос на друштвото... сега останува да барам друго решение :)
     
  6. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    сакам... свесна сум за сѐ, ама тешко ми е на душава... порано некако и он сакаше повеќе време да поминува со мене и да се слушаме и сѐ, а сега му смета тоа... мене тоа ме повредува :wasntme:
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Значи мислам јас го пишувам тоа. :lol: Иста сум како тебе. Постојано му се жалам дека порано и тој сакаше да поминува повеќе време со мене, а сега наеднаш не сака. Се жалам и дека не ме сака и дури и дека ме изневерува. Но ме сака знам. Ми има докажано на милион начини и тоа што сака да си поживее уште малку, затоа што е рано да се заозбилуваме толку, не е ништо лошо.
    Пробај со тоа што ти го кажав. Поминувај малку повеќе време со другарките, со самата себе. Посветувај си внимание на себе. Прави го тоа што те исполнува. И така помалку ќе мислиш на него и помалку ќе му ''досадуваш''. Тогаш тој ќе почне почесто да мисли на тебе. Верувај и ти тогаш ќе се чуствуваш многу по убаво, а и тој. :)
     
  8. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    :D пробувам, со тешко срце ама пробувам... зошто не може сѐ да си биде по старо? он настојуваше толку да се зближиме... :| како и да е, свесна сум дека е до мене и дека морам да се сменам за мое добро и за доброто на врската, но тешко ми е и целава ситуација ме повредува :(
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Тој настојувал да се зближите, а не да сте 24/7 заедно. :) Кога за некого си по недостапна, толку повеќе си посакувана. Покажи му дека ти можеш и без него да си поминуваш убаво. Нема да ти биде толку тешко ако времето си го исполнуваш со некакви активности. Било што да е. Ако немаш друштво со кое можеш да се забавуваш, забавувај се сама. И да, тоа е и за твое и за доброто на врската. Многу долги врски пропаѓаат од истите причини. Немој да дозволиш и твојата да пропадне. :)
     
  10. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    :) фала ви девојки, ми дадовте воља и сила :D најискрено! морам да се потрудам да излезам од монотонијата на моето секојдневие и тоа уште утре!
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Аквариус да се работи за тоа дека те нема побарано 2 дена или цела недела ај ај, ама ако се слушате барем еднаш дневно не гледам причина зошто да креваш паника? Најголема грешка ти е што директно му кажуваш дека си запоставена и си правиш проблми. Затоа ништо не му кажувај заради тоа што ретко кој маж би изреагирал како што треба: односно сваќам дека ти смета, сигурна сум дека сакаш да ти посветува внимание, и јас сум таква :$ дури понекогаш мислам дека сум досадна ама ете што да правам.. Многу логично е да почне да се брани и да те напаѓа дека си посесивна, љубоморна, дека го гушиш, дека нема никаква слобода бла бла бла односно ке почне да си бара самиот оправдување за тоа што го прави, а нападот е најдобра одбрана така? Се надевам дека дечко ти е нормален и дека самиот без да му кажеш ке му текне што не треба а што треба да прави..
    Но прво преиспитај се себеси, дали малку претеруваш? Направи резиме на вашата врска и фокусирај се само на добрите работи, штом до сега сте дотуркале значи се труди да биде со тебе.. со среќа и опушти се не паничи без причина..
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Аквариус и Батрфлај размислете вака, со ваквото однесување јас им давам на вашите дечковци уште некој месец два да ве трпат, повеќе мора да се ептен или заљубени или коњи (без навреда).
    Навистина е претеризам тоа што го правите и што толку ги гушите дечките. Секој сака свој живот да си има, ваш проблем е што неможете да си го пополните слободното време и шо мора стално да му дишите у врат на дечкото, а мажите несакаат вакви работи. Значи најдете си начини, занимации, хоби било што само нешто што би ви го исполнило слободното време да не мора да се окупирате со вакви „црни мисли„.
    Ова го кажав најдобронамерно со цел де ве освестам малце.
    Значи штом се дечковците со вас ве сакаат и сакаат се да биде ок, штом трпат вакво посесивно однесување. Олабавете нема никаде да ви киднат освен ако не ги избркате сами од вас со тоа однесување ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    ептен ја погоди ситуацијата, сѐ е така и свесна сум за тоа :) свесна сум дека не малку, многу претерувам...

    :D ме изнасмеа со тоа коњите!
    готово! вртам нов лист од денеска :)
     
    На srcekrsacka и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Во право си и јас сум свесна дека моето однесување не беше во ред и се променив затоа што не сакам да го изгубам. Нагласив и во претходните мислења дека порано бев таква и сега одкако се сменив многу ми е поубаво, и јас сум по среќна и тој. И постојано ми се вртеше во глава дека не ме сака, ме изневерува и слично, а сега сум сигурна дека ме сака. Секоја промена е убава. Мене оваа ептен убаво ми дојде. :D
     
    На mims-89 и aquarius34 им се допаѓа ова.
  15. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    девојки, значи пробувам да бидам посамостојна од него... резултат -----------> паѓам во депресија :( он ми вика оти не оставиш јас да бидам тој што тебе ќе те бара... ама некако, не сум некој оптимист што се однесува до врската... како може некој што му бев сѐ, сега да нема потреба да ме слушне и види??? :^) криво ми е што не сме ни обратиле внимание на тоа до каде сме ја дотуркале нашата љубов... тотално сум безнадежна... :!: згора на сѐ, и јас и он имаме проблеми дома |(
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Епа аквариус место да се разочаруваш помисли дека од ова си извлекла една голема поука, дека си научила и со ова си созреала. Немој да се секираш, чим не биднало, не било за да биде, значи дека те чека нешто подобро. ама затоа кога ке влезеш во таа друга врска, ке се трудиш да не ги направиш истите грешки, и ке знаеш како да ја одржиш таа врска, така да.. :) нема да ти речам да не паѓаш во депресија, само ке ти кажам дека ке ти помине.. колку и да е тешко, време лечи се ;)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа Аквариус кога да ти се јави кога како што приметив ти нонстоп му звониш? :^)
    Не може секогаш на два саати да ти звони, па си има секој обврски, занимации. Ти си ја дотуркала работата до каде што е, а не тој. Вака само ќе го отргнеш од себе. Остави да здивне малку, како би му била на некого интересна кога му се даваш на тацна?!
     
  18. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    :) понекогаш си помислувам дека многу подобро би ми било уште порано за некои работи да не сум премолчела и кога сум сакала да ставам крај, а он ме барал, да не сум му попуштила... полесно би ми било тогаш да оставам сѐ и да продолжам, отколку сега... сепак, во мене има барем ронка надеж дека сѐ ќе се смени и он ќе биде пак стариот тој... но, длабоко во себе знам дека морам да го извадам од памет и да продолжам сама... оваа врска многу ме унереќува :( мислам дека сѐ уште ме сака... но не доволно, не колку што јас го сакам и не колку што очекувам :) сепак, секое лошо за добро е... ;)
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    ОСтави само времето да покаже, животот не е толку предвидлив па да знаеме што ке биде како ке биде.. само остави го времето да покаже..
     
  20. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    веќе една недела јас не му звонам воопшто... но ни тој мене :) и баш вчера се видовме и се спомна муабетот и ми рече само остави, остави јас тебе да те барам... не знам како да го сфатам тоа... тој може ќе ме бара, но мене сега многу ми е тешко и не знам дали сѐ ќе биде како порано или можеби подобро, не гледам воопшто оптимистички на работите
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.