Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    она што мене најмногу ме мачи е тоа што, тој ја наметна оваа навика почесто да се слушаме бидејки не се гледаме секој ден. и он до скоро беше студент... да бидеш студент далеку од дома, и не е толку едноставно ниту лесно, и јас сум исто далеку од дома. работата е во тоа што лани и двајцата бевме, но во различни градови и секогаш кога он ќе имаше потреба да прави муабет, јас му излегував во пресрет, за сѐ сум имала разбирање, секогаш сум му се нашла во сѐ, апсолутно во сѐ, иако и јас сум имала тогаш обврски, учење, колоквиуми, испити, домашни обврски :) секогаш сум го ставала него и неговите потреби пред сѐ. е сега имаме промени оваа година. тој заврши и си е дома, и нема ама баш никакви обврски освен седење по цел ден во кладилници... сега јас сум таа што ги има барем сличните проблеми кои тој ги имаше до пред речиси една година и за кои јас секогаш му помогнав барем со тоа што го ислушував... само со таа разлика што јас сега наместо утеха и разбирање добивам викање, понижување, запоставување... нема време да зборува со мене, напорна сум... мене он не ми беше напорен кога имав еден куп за учење и пак бев тука за него??? синоќа му го кажав ова и мислам дека разбра... се оддалечивме многу еден од друг, неговото константно одбивање резултираше со мое постојано барање да бидам сакана и битна во неговиот живот, што фајде кога ми кажува дека ме сака и му значам, кога тоа не го покажува??? аман веќе... :(
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    А зошто тогаш кога си несреќна не ставиш крај? Кажи му дека и така сте разделени во различни градови, дека е поубаво малку да оладите.
    И ти така ќе видиш што и како е, а и така ќе видиш дали сака да е со тебе. Ако сака, ќе видиш како, ако не одма, после некое време ќе се стрча по тебе.
     
  3. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    онака стриктно никогаш нешто не сум направила, но сум му викала дека ќе го сторам тоа... на што он ми рече дека нема потреба од такви работи бидејки се сакаме :doh:
     
  4. srnamila

    srnamila Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Феминки ако може ваше мислење за моето проблемче. Идам со дечко ми 2 години. Карактерно одлично се сложуваме, уживаме секогаш кога сме заедно. Но, како и секаде и нашата врска има неколку негативности. За почеток мене многу ми пречи кога тој гледа во други девојки. Значи не се врти по секоја, но до сега сум го фатила навистина мал број пати, ама значаен за мене, како шмека други. А мене тоа ме вади од такт. И уште првиот пат му потенцирав дека кога е со мене не сакам така да се однесува. Дури и сакав уште тогаш да се разделиме, ама мислам дека некоја ептен силна емоционална врска постои помеѓу нас инеможев. И сега пред две недели пак го направи истото. Морам да признаам дека не беше до толку како првиот пат, но сепак гледаше едно девојче онака, како да видел нешто нај нај. Плус незнам ни веќе што осеќам за него. Дали дека сум традиционално воспитана и неможам да прифатам човекот кој е покрај мене да гледа во др? Навистина незнам. Но чувствувам дека ова ми ја уништува врската. Знам дека на некои ова ви звучи смечно и детско, но тоа сум јас. Барам чиста љубов. Знам дека машко како машко се врти на секоја убавица, ама тешко ми е. Некако се ми се собра месециве и премногу сум тажна.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    аквариус
    ако јас се однесувам ко тебе(постојано да му звонам и на глава да му се качувам) верувај типов колку и да ме сака ке ме откачи, затоа олади малку, и ако навистина те сака, верувај тој истиот ке трча по тебе
    по машки и автобуси немој да плачеш и да трчаш, доага следен :)

    срна мила
    машкиот мозок е програмиран да се врти по женски, така да колку и да се обидуваш тоа нема да можеш да го смениш, затоа прифати го, а што ако тој гледа други, кога е со тебе :)
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не е до традиционалното воспитување, верувај дека на секого би му пречело.
    Како прво не те почитува дечко ти, пред тебе флертува и зјапа во други девојки и тоа не е во ред, да е сам ај што сака нека прави, ама пред тебе не е воопшто убаво.
    Седни го повторно и објасни му дека тоа ти смета, ако не разбора и ако не е спремен да превземе нешто сериозно треба да размислиш за иднината на вашата врска. Што му е целта што зјапа пред тебе? Јас разбирам дека се такв машките ама може да се контролира барем кога е со девојка!
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.063
    Пол:
    Женски
    Најпрво добредојде,драга феминке :hai: .Внимателно читав ,па сега мое мислење да си кажам,твојата љубомора се должи на твојата голема љубов за дечко ти :) .Секоја девојка сака да биде најубавата и посакуваната за својот дечко,но тоа ти е некоја машка навика,мора да се загледаат во убавите девојки.Секако дека те сфаќам,и воопшто немој да мислиш дека не е во ред нешто во вашата врска.Такви се машките,не можат да сокријат кога ќе здогледаат некоја убавица,или привлечна девојка.И јас бев многу љубоморна но сфатив дека така нема ништо да постигнам.Да бидеме искрени и ние женските се загледуваме во убави машки,па никому ништо.Јас така си велев нека си гледа по други ама има и други што гледат во мене :P .
    Немој да претеруваш,биди си смирена,чистата љубов е реткост на денешно време,но не е ништо што не може да се реши.Послушај го мојот совет:кога дечко ти ќе погледне некоја девојка,запамти ја.Ако ја видите уште еднаш,прокоментирај во стил дека оваа девојка поминала покрај вас,ќе видиш дека нема ни да се сети на неа ;) .Уживај во љубовта,и не грижи се штом тој е со тебе,значи дека тебе те сака.СЕ најдобро ,поздравче
     
  8. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Аквариус тогаш дистанцирај се ... еве не го барај и понатаму. Види што ќе напарави тој ... Ама држи се до тоа дека нема воопшто да го бараш. Пробај нека те фати инат. Ќе те побара кога ќе се свести, па тогаш убаво и ладно кажи му што ти смета, како се чувствуваш во врската, што сакаш од него ... ит.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.063
    Пол:
    Женски
    Аквариус,немој да се нервираш .Тоа што го читам за дечко ти воопшто не ми се допадна.Како бре виси по цел ден по кладилници :o ?А што си му ти на него,рамо за плачење?Секс-играчка?Немој да дозволиш да те претвори во свој роб.Не може со сила да го тераш да да ти обрнува внимание,немој да му се понижуваш.Резимирај си додека ти беше стално за него достапна,што направи тој за тебе?Дали те сака?
    Очигледно е дека не се грижи како се чувствуваш ,и какви проблеми имаш или немаш.Се согласувам со тебе целосно,партнерот треба секогаш да биде со тебе,во секоја смисла на зборот,да ти биде и пријател и дечко,да те разбира и најважно од се да те поддржува!Штом немате разбирање во врската,се знае што следува.Ќе си направиш услуга ако го оставиш.Ако се заинтересира за тебе и ако се промени,тогаш смири се.Според мене ,тој е кукавица која не знае сама да се носи со себе,камо ли да гради стабилна врска.Знам дека ти е тешко,но баш ми е мило што си увидела дека тој не е за тебе.Секое добро :hai:
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Aквариус, не сакам да ти пружам негативно влијание, но јас чекав 1 година тој да се смени и на крајот знаеш што добив? Ништо! Само болки, страдања, солзи .. Не мора да значи дека и кај тебе ќе е така и искрено се надевам дека нема да е.

    Што се однесува до мене,некој од вас го знаат мојот проблем. Денес ставив крај на оваа измачување. Поточно синоќа му раскинав затоа што навистина веќе не можам, и колку и да се трудам и да чекам тој никогаш нема да се промени. Ме викна денес да се видиме, прво не сакав,но потоа со молење од негова страна отидов да разговараме. Тој се смееше и не ме сваќаше озбилно. Си мислеше дека ќе е како секој пат, ќе ме бакне и ајде ќе заборавам јас се. Не беше вака овој пат. Кога сакаше да ме бакне го турнав и му кажав дека не сакам да бидам со него. Тој пак почна да ме гушка да ме бакнува да ми кажува дека ме сака и дека ќе се смени. Дури и ми вети. :tmi: Си мисли дека пак ќе паднам на неговите ветувања. Па дури сакаше и секс. :!: Проста работа ... И сега ме избриша од фејсбук и ме блокира, но потоа ме одблокира. Сега имам потреба од него, сакам да знам каде е, сакам да му се јавам.. но не смеам. Не знам како ќе издржам без него. :worried:
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Нормално дека ти смета тоа што он се загледува во други девојки ама не се секирај за тоа, едноставно забранетото овошје е послатко. Едноставно и ти почни да гледаш машки и дури коментирај за нив па види дали ке му биде сеедно..
    Искрено не треба толку паника да креваш, една од клучните работи во врската е довербата. Ако ја нема тогаш не се залажувај дека немаш проблем. Ако дечко ти сака да гледа по други женски тоа нема да го промениш ако цело време му се спротиставуваш и имаш напади на љубомора...
    Тактички и смирено ;)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не станува збор за традиционално воспитување туку карактер. Секоја љубомора е во ред доколку е контролирана. Мислам дека не си сигурна во себе и другите ги гледаш како конкуренција.
    Не ме сваќај погрешно ама јас така ги гледам работите од страна.
    Стави го на тест и кога тој шмека коментирај и ти (во стил, леле каква нога има цурава, косата бљак и сл.) па ќе видиш негова реакција. Ќе му светне можеби дека и ти можеш а знак прашање ќе биде дали него му годи тоа ;)
     
  14. love-222k

    love-222k Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    31
    повторно јас разочарана од љубовта :((
    се свиѓавме еден со друг подолг период но тој пред две недели си ги покажа чувствата
    се дружевме многу последниве денови и се мувавме се беше совршено се додека четвртокот вечета бевме излезени со мојата другарка и решив да го видам па излезе надвор со еден негов другар(јас не го познавав и страм ми беше од него)Потоа шетавме цел саат ама јас морав да си одам и бев нанервирана ништо не зборувавме со дечково ..одненадеж ми пукна филмот и си заминаф
    другиот ден на школо не зборуваше незнам што му беше цел ден ме гледаше со едно око -.- ништо ама баш ништо не згрешив јас:(
    и пред 1 час на фб се направивме лом тој мислел нешто сериозно ама јас сум била со него од чиста досадна, а стварно јас планирав сериозна врска..и се крена наопаку:(
    ми рече ако сакам можам едно здраво да му направам во животот ако не,не.
    цел ден плачам,немам желба за ништо.секогаш ке засакам некој а потоа со денови во депресија пагам.
    вреди ли да зборувам со него,сепак да се направам на будала да попуштам..?!
     
  15. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836

    Де бре девојче, имаш само 14 години, од сега ли ќе се разочаруваш во љубовта? Не вреди за било кој да си ги уништуваш годините и младоста со разочарувања во љубота. Не дека сум многу постара, но ете. Имаш време кога ќе се нервираш, тагуваш и запаѓаш во депресии поради машко, биди силна не почнувај уште од сега тоа да го живееш. И ти е гајле, не дозволувај некој да ти каже ако сакаш можеш здраво да му кажеш, знај дека некој се моли за ти некој ден да му кажеш здраво, а не да се прави типов незнам што, така да ти вика. Не му се секирај, не плачи за машко, а посебно машко што не заслужува. Зашто ти да се правиш будала, да попушташ? Он ако те сака (ако сака да те има) он ќе попушти и нема да реагира така. :)
     
    На love-222k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Izvinete shto ne pishuvam so kirilica, no ne ziveam vo makedonija pred skoro vreme, i na ovoj kompjuter nemam kirilica. Se nadevam deka nema da ima nekakov problem.

    So dechko mi odam vekje mesec dena, i pred edna nedela pochnavme da si ideme na gosti. No sekogash koga jas sum kaj nego ili on e kaj mene i sme sami sekogash saka da se bacuvame. Mene ponekogash mi doagja premnogu toa, poshto ponekogash sakam i cela vecher da ja pominam zboruvajki so nego, a ne povekje od pola vecher bacuvanje..
    neznam dali gresham ili ne, ili dali preteruvam mozhebi? no neznam shto da pravam, zatoa shto posle toa ne se chuvstvuvam mnogu ubavo, iako go sakam i on mene me saka(barem taka veli).
     
  17. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    stefani3 зошто ти е тоа чудно да се бакнуваш со дечкото ?! Тоа ти е нормална појава си се сакате дечко и девојка си сте значи ?! Сега на почеток ви е интересно месец, два само тоа бакнување, милување и тн...но ќе видиш дека понатаму доколку останете заедно ќе се сменат работите ќе се среди се, се со тек на време ќе почнете да се опуштате да комуницирате.Така да нека не ти е чудно.Па добро гледам и дека имаш само 17 години, сега тоа нека ти е интересно уживај додека ги имаш тие години, понатаму со тек на време ќе видиш дека ќе ти недостигаат тие бакнежи и милости.Со тек на годините само муабети и муабети ќе се редат, а тогаш ќе ги бараш бакнежите :) Поздрав и се надевам ќе сфатиш што сакам да ти кажам. :hai:
     
  18. Nanna83

    Nanna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Здраво Феминки, се е исто на блискиот исток... Само ме интересираше ваше мислење. Ситуацијата е следна. Значи за Нова година, можеби цел месец зборев за тоа кај ќе одиме, што ќе правиме и слично. Реков оваа година нема јас да организирам, зошто секоја година јас го правам тоа, ќе му кажам тој да организира. И се ок, рече дека ќе одиме за Бугарија кај негов другар.. Јас среќна, никогаш нешто такво не ми се случило да ме изненади, планирања, па кој да му го чува кучето, па шопинг.. со еден збор прекрасно чуство пред Нова година... Е сега во сета таа еуфорија негова работа беше само да купи или резервира карти ... Кога дојде денот да тргнеме, на автобуска јас го чекам со торбиците надвор... и ми вели Нема карти! Се е распродадено и денес и утре!
    Што??? Па нели ти кажав пред една недела да купиш карти, мислиш незнаеш какви гужви се на автобуска пред нова година... И така мили мои, јас налево круг и си отидов дома со торбицата...
    Прашањето ми е, дали вие би се налутиле во ваква ситуација (бидејќи знаеше колку ми значи тоа патување и од самиот факт дека цела година не мрднал со прст за мене ова му беше добра шанса да се покаже а не да ме разочара..) или би простиле.
    Јас простив, седевме дома за Нова година и се обидов со сите сили да му направам да му е убаво и да се забавува... Не дека и мене не ми беше убаво, алкохолот е убава работа :)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нана, не знам што како си пишувала претходно, ама во ситуацијава не е толку за лутење или простување, колку што тебе ова треба да ти укаже дека е неодговорен.
    Не е работата ај згреши, ќе се скараме, па смириме, туку колку тебе ти одговара да бидеш со некој таков. За Н.Година карти заборавил, утре што ќе биде. Нема ваљда ти постојано се да планираш и на се да мислиш, како он да е дете.
     
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Мене така да ме заебе на денот кога треба да одиме,јас ќе му се лутам цел месец. Па јас сум била толку среќна, возбудена, сум одела во шопинк и се живо и диво и на крај што, клоца у газ и ајде дома. :fubar:
    Ти си му опростила веќе и сега е касно што и да ти кажеме, но јас да бев на твое место ќе се налутев. Не е убаво што е толку неодговорен. Што ќе се случува еден ден кога ќе имате и деца и се? Ќе треба сите обврски во куќата ти да ги завршуваш? Е нема да може така.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.