Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thegirl

    thegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Според мене, ако не реагираш уште помалку ќе се гледате во иднина, ако тој нема време во почетокот ( во периодот кога секој прави се за да импресионира и задржи внимание) кога ќе се задлабочи врската, уште помалце ќе има. Баш фактот дека работи келнер знае точно каков му е распоредот. Прашај го како би се чувствувал и дали би сакал почесто да се гледате
     
    На hulii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hulii

    hulii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Збпрубав со моја другарка ми ксжа дека така било и со претходните девојки..

    Не
    не му е толку тешко на работа..од вујко му е кафичот и плус не одат таму многу,три келнери во смена се,тој исто како и сега со мене така се гледал и со претходната девојка
     
    Последна измена од модератор: 26 септември 2017
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    Мислам дека не треба да се потпираш на тоа што зборуваат трети лица толку. Мислам ок е, ама прифаќај ги овие работи секогаш со резерва. Можеби со тебе ќе биде подруг. Јас сепак сметам дека е рано да се носат било какви заклучоци и затоа би било најубаво од твоја страна да му оставиш малку простор па ако продолжи така да се однесува разговарај.

    Повеќе нема да ти додевам, ти посакувам среќа. :)
     
    На Dust и hulii им се допаѓа ова.
  4. thegirl

    thegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Епа доколку ти не сакаш да бидиш како претходната девојка, реагирај :)
     
    На hulii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanushka

    sanushka Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба ваш совет.
    Мајка ми и татко ми се разведени веќе неколку години. Секој на своја страна , до сега се беше ок, но од неодамна татко ми почна да се гледа со друга жена,и тоа јавно. Тој никогаш не зборува за тоа кога и да го прашам вели дека нема друга, но еднаш кога се најдовме у таков муабет ми рече дека тој е слободен и може да прави што сака, но дома никогаш нема да донесе друга жена . Еднаш случајно му го фатив фбукот отворен и не додржав а да не нешто од муабетите со неа. Тој на почетокот и пишувал као демек не планира пак да се жени туку сака само онака да се гледаат , а таа упорно му се упикува цело време, како е заљубена во него, како сака да бидат заедно не знам ти што. Се изначитав глупости!!
    Ако не планира ништо сериозно со неа тогаш стварно не можам да му ја разберам потребата да излегува во јавност , башка и подароците си ги носи дома и кога ќе го прашам од кај тоа , ми вели од продавница ( си мислиш јас глупава сум не знам дека му се од неа ). Многу е непријатно, а пред се срамота , ако не друго, од луѓето. Секакви муабети кружат за него , а за женава да не зборам. Ја бие глас , со извинување , на голема ороспија.
    Се срамувам од сопствениот татко. Немам лош збор да кажам за неговиот однос спрема мене , но за она со другата не можам да му прогледам.
    Дали би го осудиле, да сте на мое место? Како би постапиле?
     
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    И мајка ми како самохрана мајка кога одеше на три работни места и едвај спиеше ја биеше глас дека е курва и сл. па на крајот воопшто не ни донесе маж во куќа, ниту пак планира да го направи тоа. А ние имаме исто така целосна доверба во неа. И не беше секако воопшто во било каква врска со некого. :)
    Што се однесува до другово тогаш можам само да ти кажам имај повеќе верба во татко ти, чим рекол дека нема да донесе жена нема ни да донесе а и ти самата си го приметила тоа по пораките. Ма да не е убаво да читаш туѓи пораки, на крај крајава татко ти не е дете али ајде, биднало веќе.
    Друго, татко ти е разведен од мајка ти и се решил на тој чекор, тој не ја изневерува неа и сл., возрасен човек е, негов живот е тоа. Ако тебе ти е дома обезбедено од него сè тогаш немаш воопшто право да се буниш за друго.
     
    Последна измена: 26 септември 2017
    На marchi-cool и sanushka им се допаѓа ова.
  7. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Па сигурно ако е таква каква што ти ја опиша татко ти нема да ја мисли за нешто сериозно!Кој маж сака таква дома да донесе,тој е луд!Повеќе од очигледно е дека тој си го пополнува времето со неа,ја користи.А и што ти е гајле луѓе како луѓе секогаш се наоѓа некој да збори, тоа кој што рекол не е важно.Не знам дали би осудила нешто такво, само знам дека чудно би ми било и тоа многу не можам да ги замислам моите разведени :^) Јас би се налутила пошто колку и да е слободен човек не е тинејџер има ќерка, ти сигурно не сакаш втора мајка...
     
    На marchi-cool, sanushka и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  8. sanushka

    sanushka Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    За женава, зборам од луѓе што лично ја познаваат и кажуваат за неа , а и за нејзиното минато. Од толку жени како можел баш со таква да се сплетка. Нема човек што не го збори, кога ќе ме сретне исто така а да не ми каже, како не му е срам како ова како она. Се понаша како некој заљубен тинејџер.
    Татко ми никогаш не беше таков, сега не можам да го препознаам. Башка јавно шетање и излегување со неа, на места на кои се движам и јас. Па како да не ти стане непријатно? Ако не планира ништо со неа зошто тогаш излегува јавно сите да го гледаат ?
    Мене дома се ми е обезбедено од него, но..
     
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Поентата ми е само да не слушаш што говорат Олјевци Дојлевци зошто луѓево многу јадат гомна верувај, го имам искусено тоа на сопствена кожа. Можеби и ти не ја познаваш неа доволно добро. Каква и да е, чим татко ти ти ветил дека нема да ја донесе дома, нема да ја донесе и треба повеќе да му веруваш зошто и самиот е свесен за некои работи. А тој е иначе возрасен човек и не си размислила дека можеби и на него му е тешко? Можеби и тој бара начин некако да го преболи разводот. Ако ти е тебе обезбедено дома од него сè и ако тој уште ти ја нема донесено таа неговата дома тогаш ти нема за што да се грижиш.

    Него ме интересира дали си тинејџерка или пак си поголема?
     
    На buba4e89, sanushka и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    42.681
    Мајка ти и татко ти се разведени, и колку и да ти е тешко тебе, животот оди понатаму и они се слободни да си најдат друг партнер и среќа во животот, исто како и ти и било кој.

    Нема ништо срамота во тоа, и татко ти е во право кога вели дека е слободен човек.

    А за тоа дека сакала да се земат, па била ваква онаква, тоа татко ти сам ќе си види, голем е.
     
    На Justicija, Glasna, "Zoki" и 3 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Кажи му! Биди отворена со него и кажи му дека ти пречи.
    Татко ми никогаш дома не донесе друга ниту јавно излезе со друга и тоа ми го кажа од старт, дека нема да донесе друга зашто јас сум му пред сите и дека нема на таков начин мене да ме понижи. Затоа и те советувам ти да му кажиш тоа што ти пречи. Мислам дека ќе си го промени понашањето.
     
    На sj *O*, "Zoki" и sanushka им се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.564
    Допаѓања:
    5.635
    Пол:
    Женски
    @sanushka Во иста ситуација како и твојата, може малку и полоша. На почетокот се лутев, не му зборував, му кажував дека ми пречи, а тој секогаш бараше изговор и кажуваше нова лага. После отрпнав, пораснав. Сега искрено не ми е гајле ама ич со која е и што прави со истата. Се додека односот татко-ќерка ни е коректен не би сакала да се оптеретувам со плус проблеми, кои реално и не можам да ги решам.

    Жената живееше со него, едно време замина, па се врати пак. После тоа пак замина и сега еве ја пак живее кај него. Многу отворено му кажав дека такви луѓе во животот не му требаат, но тој пак по своето. И се откажав од објаснувања и разговори. Башка таа има и детенце што искрено никогаш ниту сум го видела ниту сум слушнала да зборува за него.. За старосна разлика не би ни да правам муабет, 26-27 години се разлика..

    А луѓето зборуваат постојано и не можеш ништо да направиш за да ги замолчиш. Кога и да се најдев во ситуација некој да ме праша за тоа секогаш бев дрска и директна. Најдобро ти е така. Реално луѓето зборуваат кога ќе седнат на кафе, па нивото на интелигенција им е под ниво и немаат друг материјал за зборување. После си одат дома и воопшто, ама воопшто не им е гајле за твојата ситуација. Утре да ги прашаш ни самите нема да знаат што кажале. А ти ако сите овие муабети си ги земеш на срце ќе бидеш онаа која ќе си троши енергија и време на безвредни личности.

    Затоа вниманието насочи си го на други работи. Гледај си лични интереси и изгради се во добра личност. На крај и од ова можиш да научиш многу. Што не треба да им правиш на твоите деца за да не го поминуваат и тие истото како и тебе. :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, sanushka и DushkoFH им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    @sanushka
    не знам колку години имаш, но не треба да им се мешаш во изборот на партнерите затоа што твоите родители се возрасни луѓе и знаат што прават во животот, донесуваат одлуки, некогаш и погрешни, но човечки е да се греши, остави луѓето нека си зборуваат што сакаат-тоа им е работа.

    Пиша дека не можеш ништо лошо да кажеш за вашиот одност, а тоа е најбитното,
     
    На Justicija, Annora, "Zoki" и 3 други им се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Не му се лути на татко ти. И тој има право да продолжи со животот. Не може постојано да биде сам.
    Ти секогаш ќе си му на прво место. Но тој мора да има некој за дружење, некој со кој би разговарал за нешта за кои што не може со тебе.
    Што ќе кажат луѓето воопшто да не ти е гајле. Тие секако ќе зборуваат. Кога ќе ти речат нешто само кажи им дека секој си го живее својот живот и да не го туркаат носот во туѓите животи.
     
    На sanushka и Gosh им се допаѓа ова.
  15. sanushka

    sanushka Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не сум тинејџерка.
    А разводот со ова нема врска, има скоро 5 години како се разведени со мајка ми и за тој период тој никогаш не погледна друга жена, и затоа ми е сега малку несвојствено за него. Татко ми не е некој прост човек, го познавам добро и знам какви сваќања има, па ми е несватливо сега како може да се спушти толку ниско , ај што тргнал со друга тргнал но да беше барем некоја саглам. Без навреда а и настрана тоа што зборуваат за нејзе, но доволно е само еднаш да ја видиш и да и зелепиш епитет.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Делумно повеќето членки ти кажале се.
    Ти повеќе за неа се замараш и те јаде живец зашто она а не мајкати пак? М? Така?
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sanushka

    sanushka Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Од кај сеа ја извади мајка ми у целата приказна, ја спомнав ли јас некаде?
    Тие веќе долги години не се заедно и јас се имам помирено со тоа.
    Конкретно во случајов ми смета општо целата ситуација , угледот што го креира за него како и нам како негови деца, додека неговиот личен однос спрема нас е Ок. Затоа и побарав овде совет од вас , и секое мислење го почитувам.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Сигурно ти е многу тешко, ама додека одност со татко ти ви е ок, тогаш остави го да прави што сака.
    Можеш да пробаш со разговор, но ако решил да биде со неа тогаш не верувам дека ќе го убедиш.
    Разведени се твоите и нормално е ако имаат нови партнери...На секој му треба човек покрај него, на стари години во иднина.

    Тебе и смета таа дека ја бие лош глас...Те сфаќам, ама за жал не верувам дека друго нешто можеш да направиш, освен да разговараш со него и да му укажеш на грешката.

    Ако е свесен тој, ќе се тргне од неа.
    И на другарка ми сега брзо се разведоа нејзините, па татко и имаше друга жена...Ама после некој период почнала да му забранува да им праќа пари на сопствените деца и барала од него да има послаб контакт со бившата жена (со која бил во брак 25 год), а што е најтрагично во исто време таа си му праќала пари на своето дете...па тој кога ја видел каква е, ја оставил.

    Така и татко ти може ќе ја види каква е, и ќе се тргне.
     
    На +++, "Zoki" и sanushka им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    ^Татко и ќе и рече која си ти да ми кажуваш што да правам.
    Не знам што да те советувам освен да чекаш да сфати сам човекот.
     
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Само сакав да ти укажам на што сè се спремни луѓево. Но ајде, да го тргнеме тоа настрана, веќе ти пишаа погоре и да сакаш да направиш нешто не можеш, тој е возрасен човек и чим ти е обезбедено од него сè и те исчувал дур си станала полнолетна тогаш тој како родител си ја има завршено работата. Е сега тебе ти смета донекаде ова зошто се однесуваш заштитнички и нормално е тоа, сепак е твој татко но можеш само да разговараш со него и да му укажеш некои работи па тој ако го прифати твојот совет, во ред, ако не го прифати нема што да инсистираш, ќе мораш да се помириш со некои работи.
     
    На sanushka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.