Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Аууууууууууууууу страшно! Јас во момент на афект, одма ке го отерам у пичку матер.. Не викам дека би била во право, ама искрено толку ли не му значело тоа патување па морало се да остане во последен момент? Мислам знаеме дека машките, не се многу многу одговорни, ама верувај ако му значело барем малку ке се потрудел.. Он нели го цени тоа што ти одвојуваш време за него?
    Искрено ова ти укажува дека он не е стабилен човек, мое мислење,немој да ме сватиш погрешно..

    Планирањето однапред или пак имањето некаква цел во живот е клучот за стабилна и врска исполнета со љубов, а со тоа и таков живот.

    Не треба да се знае точно до детали што ќе се прави во наредните 10 години, но една груба претстава би била добра, дури и ако не испадне како што треба и кога треба...
     
    На Nanna83 и BettyBoop25 им се допаѓа ова.
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас да би била на твое место одма би го отерала таму кај што не треба бидејки многу мрзам кога некој ми ветува еден прекрасен помин негде и после оп нема карти е јас на твое место одма би се налутила не ти викам сега да ме послушаш и така да постапиш ти најубаво си знаеш како мислиш така нека биде
     
  3. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    чекај полека застани :!: другар ти е или дечко?
    хаххах па недај боже да навали да се сексате :tmi: можам да замислам што ке пишеш
    идиотот го викнав на кафе муабет а он сакаше да ме силоваа |(

    ако ти смета постојано да се љубите биди искрена и кажи му :) ма да незнам зашто ти смета али верувај понатаму у животот ке бараш да ти се врати ова време
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Ајде девојки, ми треба под итно некој добар совет, оти не знам више што да правам сама со себе, само се измачувам! :doh:

    Значи вака ... Со дечко ми сме заедно 6 месеци. Сме се карале за ситници, но никогаш не била ваква ситуацијата. Во последниве 3 недели премногу се оддалечивме, не ни личиме на тие што бевме порано. Пред тоа, се беше океј, а сега ... Некако и двајцата се согласивме дека таа почетната искра ја нема повеќе, дека веќе не сме толку возбудени да се видиме и дека можеме да издржиме и без да се видиме и по недела дена (секако по телефон тоа време да се слушаме, оти ни тој, а ни јас, не можеме ден без да знаеме како поминал другиот). Некако ептен ги заладивме односите и по сите знаци, најверојатно и љубовта полека ја снемува :doh:. Мене ми се кине срцето и при самата помисла на тоа, но ете, тоа е што е. Кога сме заедно, во некои моменти е се ко порано, но во други моменти ја гледаме таа разлика.

    Зборувавме веќе овие 3 недели, многу пати за оваа ситуација. И на двајцата ни е тешко, нo и не знаеме како да го решиме ова. Само се измачуваме и не знаеме што понатака. Тој сака да продолжиме да се гледаме бар уште некој месец, за да ги решиме работите и да се стабилизираме, за да знаеме на што сме. Јас прво се согласив на ова, но секој ден се премислувам, веќе 2-3 пати му кажав дека е готово, но после тоа, откога ќе сфатам дека више нема да го гледам, срцето ми се кине и почнувам да плачам без да се сопрам :(. После тоа, или тој ме бара, или јас него, едноставно не можеме да ставиме крај на ова, а само се измачуваме :(. Тој ми е прва љубов, никогаш порано не сум била заљубена, а ни повредена, па затоа може ми е неверојатно тешко да прекинам со се.

    Најтешко е што се сакаме, тоа го знам. И мораме да се слушаме, тоа ни е ко потреба, ко завист. Едноставно, ко дел од мене е, кој ако ми се оддели, не би знаела што да правам :(.
    Но, не сакам да потрошам уште месец, два, па и три, на нешто што можеби више постепено го снемува. Не сакам и по тоа време, пак лошо да се чувствувам ко сега, па и полошо.
    Никој не ми дава конкретен совет, само вртења од типот, ти си знаеш.
    Многу испишав, се надевам нема да ви здосади читањето :), али ми треба ваш совет. Некој што го поминал ова, оти јас не сум го поминала и не знам што да правам со ова што ми се случува :|
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Прво и основно треба да седнете и да решите што се причините за вашите кавги?? И да пробате да ги решите, ако е можно. Но кога ке ги решите да не се враќате на истите.. И самата викаш дека се сакате и не ми штима кога пишуваш дека оладиле односите. Едноставно не иде едното со другото ..или се сакате или не! Можеби е само период или барем јас така мислам.. слушајте се, ама не толку често, искачај со другарки, и он нека искача со другари, оладете малку, а ако видете дека не можете еден без друг, едноставно нема да можете да идете против тоа така да..
    Јас кога оладив, буквално ја немав таа потреба да го барам постојано или да се гледаме, туку баш напротив, не сакав да го гледам ми беше смачено да бидеме секој ден заедно.. а кај тебе не е истото така да земете малку време и двајцата.. :)
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Tака е, во право си. Знам дека ни треба малце време одвоени, или без комуникација и да, го направив тоа, му реков да не ме бара некое време. Но после 2 дена, ми пиша тој. Игнорирав некој ден и пак се скршив и му вратив и така се одново, и одново .... Мене затоа ми е тешко, што ни заедно не можеме, а пак ни одвоено не не бива. Фала за советот, ќе пробам да се раздалечам колку можам некое време :)

    И да, и секакви други мислења и идеи се добредојдени :)
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Зошто да не потрошиш уште еден месец,два,три па и повеќе ако е потребно? Велиш дека се сакате зарем нема да се бориш за таа љубов? Мислеш ли дека без него помалку ќе се измачуваш? Јас не мислам така..
    Сите врски поминуваат низ таков период мила. Сите мораме да го поминеме тоа за да сватиме што значи нашата љубов и колку вистински се сакаме.
    Не откажувај се! Ако мислиш дека уште закопана некаде постои вашата искрена љубов, најди ја. Направи се што е во твоја моќ за да не ја изгубиш таа искрена љубов.
    Зборувај и со него. Кажи му дека ЗА НИШТО НА СВЕТОТ нема да дозволиш да пропадне вашата љубов. Кажи му дека нема да се откажеш од него никогаш. :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Оф леле. Слушај вака, кога се сака се се` може. Значи доколку сакате можете да успеете. Почнете со правење заедно некои работи кои предходно не сте ги правеле, воведувајте нови нешта во врската. Сепак одете само 6 месеци и тоа е мал временски период за да се заладите толку. Или пак љубов воопшто и не постоела, само сте мислеле дека сте заљубени а всушност не сте. Јас би ставила на пауза некое време, кога велам пауза мислам на избацување на пораки, повици, и четување, значи никаков контакт за да видете на што сте. Велиш сте издржувале да не се гледате по цела недела, па за жал изгледа станува збор за исчезнување на љубовта ако воопшто ја имало. Ако сте сигурни и двајцата дека се сакате, тогаш треба само да си посветете повеке време еден на друг. Верувај ти зборува паталац, јас направив огромна грешка неможеш да замислиш колку голема, но и двајцата сакавме да успееме па сега сме 24/7 заедно и еве веке 4 години тераме со дечко ми, и да не чуе гаволот, нема ни траг од здосадување. Поблиски сме сега од било кога. Значи кога се сака, се може. Гуд лак :*
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Мунлајт, а зашто наместо да се жалите и разговарате цело време дека не е исто, не преземете нешто за да биде различно? Излегувајте на места каде што не сте оделе на сега, ако можете отидете некаде на викенд или на прошетка на планина, излезете со друштво, едноставно сменете некои навики. Ако само си кукумачите, нема да ви тргне на подобро само од себе. Од вас си зависи како ќе биде понатаму.
     
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Девојки, прво фала ви на советите :* :)

    И вака ... Решивме да си дадеме време. Да не контактираме, да не се слушаме, ни гледаме некое извесно време, додека не почувствуваме силна потреба еден за друг, и додека и двајцата не утврдиме дека само било некоја криза, и дека едвај пак чекаме да бидеме заедно :)
    Ако не осеќаме некоја силна потреба и покрај оддалеченоста, се знае што ќе следува :)

    Вака дефинитивно не оди, презаситени сме еден од друг, стално на фб, на телефон, поради факултетов во последно време не се гледавме многу често, не се потрудивме изгледа никако за да тргне работава кон подобро, туку останавме во место и од тоа веројатно ни следи таа заладеност. Љубов има, тоа го знаеме, но веројатно не ја негувавме ко порано :)

    Како и да е, фала ви уште еднаш и среќни празници девојки! :)
     
  11. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Мунлајт и мене ми се има случено ова во три годишна врска... Мислам дека, според тоа што ти го напиша, чувства и тоа како постојат. Јас на твое место, не би се измачувала со паузи и уште поголемо оддалечување, туку веднаш би вложила сѐ што имам на располагање во повторно зближување (секако, доколку видам дека и другата страна т.е. дечко ми, се согласува на тоа, бидејки нели, доколку тој сака пауза нема начин да го присилам) :) Мене два пати ми се има случено ова, и секогаш палеше финтата со зближувањето :D , најдете време од денот кој ќе го поминете заедно, правете нешто што ќе ви биде забавно и ново, да не се повторувам, девојките пред мене ти го напишаа истото...
    Сакам да кажам дека, ако сте сигурни за постоењето на вашите чувства, само ќе се измачувате за џабе, подобро да ја вложите таа енергија во зближување ;)
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Ах Акваруис, чувства постојат, да не постоеја немаше да ни биде тешко :)
    Само што, во моментов, тие чувства се раштракани, секакви мисли имам во глава, и не знам, стварно чувствувам дека е време да ни се разбистрат малце главите. Башка и тоа што студираме на ист факултет, но сме од различни градови, испитите мене од 20ти натака ми почнуваат, и не сакам, а и не е возможно некое такво зближување да се направи преку фб, или мобилен, оти треба физички да сме присутни за да се реши ова. А ако се слушаме овие 2-3 недели, познавајќи не и двајцата, мислам оти само уште повеќе ќе ја влошиме работава. Затоа дефинитивно, бар 2-3 недели нема да комуницираме, се надевам дека таквата далечина после тоа повеќе ќе не зближи :). А ако се оддалечиме уште повеќе, тогаш веројатно не се заслужуваме еден со друг, нели? :)
     
  13. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Во секој случај ;) , мада, ти велам, ептееееен познато ми звучи ситуацијава, така да, штом не сте во можност веднаш да преземете акција :D , подобро остави работите сами нека течат, помалку се нервирај, помалку размислувај, повеќе занимавај се со нешто друго... Времето сѐ ќе покаже :)
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Точно така, времето ќе покаже :), но да можев да го убрзам времето и уште сега да знам што ќе се случи, ќе беше многу добро :D. Како што сум ептен нестрплива по природа, ваквата ситуација ич не ја поднесувам, али што се мора, се мора :)

    И да, планирам ова време да се фокусирам на книгите, и така отворено ме чекаат :D , на другарките, и што е можно помалце да размислувам за ова. Фала ти и позз :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    незнам дали ова е на соодветно место во соодветна тема но дефинитивно ми треба ваше мислење.
    епа вака ..
    има еден дечко , ме премоли да се мувам со него , ме свиѓал па после демек ме засакал , дома примав подароци од него секој ден , телефонот не ми го остаи на раат не само он него и неговите другари ми ѕвонеа да ми потврдат дека ме сака , бидејќи не верував (затоа што претходните врски од преголема доверба и љубов што ми искажуваа на крај ме оставаа ко куче бездомник)
    после сите овие гестови едноставно ми се засвиѓа , и пошто ме чекаше сиротиот му реков да .
    вчера вртевме моабети и дојдовме до моабет за врска .. вртевме од ваму од таму и он отворено ме праша, го цитирам : “ после мувањево , ти сакаш врска или зависи “ .
    ова ми го скрши филмот и ме стави во мислење дали он стварно ме сака или ја сум му дел од некоја кладба со другарите му во која треба да победи . Јас му одговорив :“тоа ти го оставам на тебе како сакаш ти“, затоа што ако ме сака мислам дека после мувањто би биле у врска .. стварно незнам што сака . е сеа ми треба мал совет , дали ја да му верувам илии он едноставно си игра игри со мене .!?? и дали тој мене ме праша дали јас сакам врска затоа што можеби тој нејќее ??! :worried: :worried:
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Од страв така те прашал :) Не бил на чисто дали го прифаќаш како мувач или дечко ;)

    Ех што ни беше нас лесно , категоријата мувач не постоеше :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Па ако не сакал врска немал да ти ја предложи и сама си кажа дека си изгорена од предходно,но тоа не значи декаи типов исто ќе ти направи , а од кај па ти текнало дека е само кладба?
     
  18. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    незнам ете не сум баш најсигурна дека ме сака , па може се кладел со другари дека може да ме освои , пошто сите мои другари се кладат некои на заебанција некој не ама по моиве знам дека така прават.
    сега чекам да ми се јави , откако му кажав да едноставно како да пропадна во земја :) моиве другарки бидејќи сум малце загрижена затоа што не се јавува ми викаат или премногу те сака што се плаши од тоа или само сака да те изигра. сега ми преостанува да чекам да ми се јави , ако не се јави тој прв јас ќе му се јавам крај краева xP :D
     
  19. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. И јас овде да си ја искажам маката,кога веќе ја има темава! :)
    Однапред ви се извинувам за многописот и ќе ви бидам благодарна доколку издвоите малку време за мене. :)
    Значи вака,ќе почнам од почеток..Првпат се мувавме пред околу 1 година и 3-4 месеци..јас не го сакав ни самата незнам зошто се смував со него..беше премногу упорен во врска со мене и најверојатно затоа бидна шо бидна! Тој од ден на ден де повеќе ми ја докажуваше својата љубов кон мене,но јас се повеќе и повеќе го злоупотребував тоа (не дека сакав да го повредам,туку на некој несвесен начин го правев тоа..) :(( ..ми беше симпатичен и се тоа,не дека несакав да пробам и да успеам со него,туку бев премногу повредена од мојата претходна врска и несакав повторно да поминам низ нешто слично..Тој ме увверубаше дека ме сака,ми велеше дека претходнат аврска ми била само едно лошо искуство ( сепак не бев тазе раскината со бившиот имаше поминато 1 година..) Но,во сето ова имаше уште еден проблем,мојот постар брат беше против јас да бидам во врска со дечково шо ме сака(не ги знам причините,сега не се ни битни бидејќи јас го знам од малечка дечкото и знам дека е добар и се тоа ) пополека,но сигурно јас го засакав..веќе 3 месеци сме во врска,почна 4-тиот ( мислам врска без проблеми и се тоа,инаку целосно гледано од почеток заедно сме повеќе од година)
    Но тој мене не ми верува целосно,тешко му е да ми верува и го сваќам..знам дека многу го повредував,бев со него само тогаш кога јас ќе посакам,кога ќе имам потреба од љубов и разбирање.. сега се каам за тоа ,но што е -тука е! :/

    Сега сум сигурна дека го сакам..а тој мене уште повеќе! Имам 17 ,а тој 20 години..сака да имаме односи ,но јас не се чувствувам спремна за тоа и сметам дека не сум доволно возрасна да го направам тоа...Тој ми кажа да размислам да темава (за секс) и исто така ми кажа дека што и да одлучам(без разлика дали че му дадам или не )-тој ќе биде со мене,затоа што ме сака! Ве молам за совет од 'ваша гледна точка' ( вака да се изразам :) ) ,незнам како да постапам ,а притоа да го уверам дека го сакам. Како да му се обратам да му дадам до знаење дека несакам секс,но го сакам него.. ве молам дајте ми некој совет,мислење..било што!..
    Поздрав!
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Па види вака ... Тој ти рекол дека те сфаќа и дека што и да одлучиш ќе биде со тебе, затоа што те сака и со самото тоа е спремен да те чека! :)

    Јас мислам дека воопшто ти немаш проблем :), единствена работа што те мачи веројатно е дека на тој начин ти мислиш оти он ќе помисли дека не го сакаш. Тој сигурно не го мисли тоа драга, оти гледаш и сама, никаков ултиматум не ти дал, а ни никаков повод да го мислиш тоа.

    Е сега за уверување дека го сакаш ... Па, биди нежна кон него, повторувај му дека го сакаш, можеш и некако да го изненадиш со нешто, некој мал знак на внимание што ќе му укаже дека ти е важен :)
     
    На tea94 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.